IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Мистериозни археолошки наоди
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Мистериозни археолошки наоди

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Командантица Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Командантица Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Мистериозни археолошки наоди
    Испратена: 15.Март.2009 во 20:58


Некакви чудни „светилки“ претставени на рељеф во храмот на божицата Хатор во Дендера (Египет). На нив е прикачено нешто налик на кабел поврзан со некаков генератор.



Неколку метри подалеку од „светилките“ во истиот храм на Хатор во Дендера, изгравирани се овие четири објекта. Тие се поврзани со некаков вид на кабли со објект кој наликува на батерија или електричен акумулатор. Помеѓу два од објектите се наоѓа сфера во која се забележува нешто што потсетува на електрично празнење.
најголемото парче изделкан камен на лицето на земјата.





Чекан сраснат со блок од песочен камен, откриен во Kingoodie,MyInfieldво 1844 година од страна на физичарот David Brewster. Песочниот камен е датиран од страна на dr. A. W. Med од’British Geological Research Center’ и е сместен во периодот од пред 360- 460 милиони години.


Школка на која е изгравирано рудиментирано но сепак препознатливо човечко лице на нејзината надворешна страна. Како што стои во извештајот на геологот H. Stopes до Британската Асоцијација за Напредок во Науката, оваа школка од формацијата Red Crag во Англија, која припаѓа на периодот на Плиоцен, датира отприлика од пред два милиони години.



Метални сфери од Klerksdorp (Јужна Африка), најдени се стотина кои имаат некакви гравури на нив, најчесто паралелни линии околу еквадорот или вдлабнати точки. Пронајдени се во минералните лежишта од Пре-Камбријскиот период, датиран на 2,8 милијарди години во минатото. Некои од нив имаат тенок слој налик на школка кој ако се отстрани открива сунѓераста внатрешност која во контакт со воздух се претвора во прав.Според Roelf Marx, (к*ратор на Јужно Африканскиот Клерксдорп Музеј), сферите кои тој ги има во поставката ротираат сами од себе, иако се заклучени во изложбена витрина и немаат никаков допир со надворешни вибрации.


„Геодата од Косо“ древна геода (празнина во камен чии ѕидови се обложени со кристали) пронајдена во близина на Olancha (Калифорниа) во која е пронајден многу чуден објект, направен од метал и порцелан. На сликата А се гледа геодата поделена на два дела прикажана од надворешната страна, на сликата В е приказот од внатрешната страна. Сликата С е фронтална радиографија на објектот; таму се гледа метална структура, невообичаена за толку древен објект (фосилната школка која ја обиколува површината е стара речиси половина милион години!). И конечно на сликата Dсе двата прикази на металната структура која се појавува во внатрешноста на геодата во бочна радиографија.



Подводни структури во близина на брегот на Yonaguni (Јапонија), кои евидентно не се природна формација. Стари се речиси 8000 години.



Ѕидот од Sacsahuaman во Перу, кој на одреден начин наликува на подводните конструкции од Bimini. Тој е археолошка мистерија прво, бидејќи датира од древни времиња и второ, заради начинот на кој се наредени камените блокови, изгледа како да се сраснати заедно. Никој не може да објасни како толку големи камења, со такви екстремни внатрешни и надворешни агли биле транспортирани, измерени, исечени и совршено наредени да пасуваат, а сепак во некаков нерегуларен манир на предисториските луѓе, толку древни што дури ни Инките немаат никакви записи за нив.



Некои од многуте линии во Nazca (Перу). Линиите во центарот на фотографијата продолжуваат паралелно во права линија со километри, иако на својот пат наидуваат на планини и долини. Кој и со каква цел ги трасирал?



Хиероглифите од храмот во Абидос (Египет) кои потсетуваат на хеликоптер, тенк, подморница и карго авион!


Хиероглифи (околу 250) откриени во шумите на Националниот Парк, Hunter Valley, 100 км северно од Сиднеј (Австралија), познати веќе од 1900. Тоа се архаични египетски хиероглифи и меѓу нив непогрешливо се наоѓа претставата на Анубис, древниот Египетски бог, судија на мртвите! Дали Египќаните стигнале до Австралија?!


Еден од черепите кои доаѓаат од (Перу) иMerida (Мексико). Еквивалентни се на денешните черепи со неколку непропорционални фактори. Очните шуплини се за околу 15 % поголеми од оние на денешниот човеков череп, но од поголемо значење е капацитетот на внатрешноста на черепот која зафаќа помеѓу минимум 2600 и максимум 3200 ccm (нашиот денешен капацитет е околу 1450 ccm! )


Златен предмет од пред-Колумбиска гробница, стар околу 1800 години, необично потсетува на макета на авион со делта крила, има место за моторот, кабина, штитник за ветер, опашка, сите делови на современ авион. Ова е само еден од многуте слични предмети пронајдени во Јужна Америка.


Еден од илјадниците пронајдени насликани камења пронајдени во пустината на Ica (Перу), илјадници години стари. Докторот Javier Cabrera стрпливо собирал и каталогизирал околу илјада во својот музеј. Субјектите претставени на оваа слика изведуваат трансплантација на срце. На некои други примероци има претстави на диносауруси или друг тип на предисториски животни и луѓе кои ги ловат.


Необични, најчесто во спирална форма објекти се пронајдени 1991 – 1993 година во малата река Нарада, на источната страна на планината Урал (Русија). Нивната големина се движи од максималните 3 см па се до неверојатните 0, 003 мм! Поголемите од нив се од бакар, додека малите и многу малите се од ретките метали tungsten или wolfram и molybdenum. Точното мерење на овие често микроскопски мали објекти, покажало дека димензиите на спиралите се во. пропорција на златниот пресек. Сите тестови направени за датирање на објектите покажуваат дека се стари 20.000 и 318.000 години во зависност од длабочината и ситуацијата на наоѓалиштето.


Бутна коска на Токсодон од периодот на Плиоцен од пред 2,6 – 1,8 милиони години. Стрелката покажува на трага од стрела втисната во коската. Фосилот е пронајден во Плиоценските формации во Аргентина.


Мумија пронајдена 1932 година во планината SanPedro 60 милји југозападно од Casper, Wyoming (САД). Мумијата е со темно бронзена боја, многу набрана и кога било живо суштеството не било повисоко од 35 см! Со помош на X-зраци се знае дека суштеството (кога било живо) тежело околу 5,5 килограми, дека било од машки род, имало комплетно развиени заби и било старо околу 65 години! Мумијата тежела само 350 гр. нејзиното чело било многу ниско,носот широк и со проширени носници, и со многу широка уста со тенки усни. Мумијата била многу помала од било која позната човечка раса. Некои тамошни жители им сугерирале на истражувачите дека тоа е човек, припадник на раса составена од мали суштества кои го населувале регионот во минатото.
Огромен квадратен камен блок лоциран во близина на градот Baalbek во Либан, лежи напуштен во каменоломот од каде требало да биде изваден пред илјадници години. Тежи околу 1050 тони, а долг е околу 30 метри, „Монолитот“ е најголемото парче изделкан камен на лицето на земјата.
..Живеам за да умрам..!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2009 во 19:35
Командантица, imash naredeno mnogu interesni naodi, od najrazlichni delovi na svetot i od najrazlichni vremenski periodi.

Za nekoi ima objasnuvanja ili pretpostavki... Sega kje ja spomnam samo onaa od Nasca (Peru) bidejki e moshne popularna i za nea pishuavle i govorele mnogu avtori.

Koga bev vo juzhna Amerika se sretnav so eden shaman i vo muabetot go spomnav ovoj del na svetot i tie gigantski shari na zemjata. Koga mu rekov deka mozhebi toa se simboli nameneti za vonzemjani, kako sto tvrdi Deniken vo negovite knigi, ovoj se nasmea... mi reche deka toa e mesto kade sto se obuchuvale novite shamani. Vo taa obuka spagja i veshtinata na oddeluvanje na dushata od teloto I nejzino neprecheno "letanje" (ako ste go chitale Kasteneda kje vi bide pojasno).

Terenov se koristel za testiranje na nivnata veshtena - trebalo na svoite uchiteli tochno da im gi opishat sharite na zemjata i postavenosta na uchitelite vo odnos na sekoja od niv. Toa bilo dokaz deka nivnata dusha (svest) bila vo slobodno prostorno dvizhenje, nezavisno od polozhbata na nivnoto telo.

Изменето од Messenger - 16.Март.2009 во 19:37
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Astra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 297
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Astra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2009 во 12:10
Bravo za postot Komandantica
What you see,hear and feel is not always true.
Кон врв
YODA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 205
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај YODA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2009 во 01:48
а бе одсекогаш сум мислел и сум бил уверен дека сме барем милион години стари како раса, како Homo Sapiens, не како некоја примитивна раса предок на денешната наша биолошка форма, пошто за такви биолошки форми на таква старост веке има докази.
Ама некои податоци погоре наведени велат дека не имало милијарда години уназад. Е тоа е веке многу. Или можеби ние не сме ги изработиле тие работи, можеби се остатоци од некоја друга раса, што е многу поверојатно.
Ако е така прашањето е дали таа раса на суштества била домородна за планетата Земја, па сега се веќе отпатувани или изумрени, а можеби се кријат па...
Илиии....работите се заборавени од некои дечки на поминување.
Било како, ептен интересни информации...
и то...
Кон врв
Popi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Popi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2009 во 13:17
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Командантица, imash naredeno mnogu interesni naodi, od najrazlichni delovi na svetot i od najrazlichni vremenski periodi.

Za nekoi ima objasnuvanja ili pretpostavki... Sega kje ja spomnam samo onaa od Nasca (Peru) bidejki e moshne popularna i za nea pishuavle i govorele mnogu avtori.

Koga bev vo juzhna Amerika se sretnav so eden shaman i vo muabetot go spomnav ovoj del na svetot i tie gigantski shari na zemjata. Koga mu rekov deka mozhebi toa se simboli nameneti za vonzemjani, kako sto tvrdi Deniken vo negovite knigi, ovoj se nasmea... mi reche deka toa e mesto kade sto se obuchuvale novite shamani. Vo taa obuka spagja i veshtinata na oddeluvanje na dushata od teloto I nejzino neprecheno "letanje" (ako ste go chitale Kasteneda kje vi bide pojasno).

Terenov se koristel za testiranje na nivnata veshtena - trebalo na svoite uchiteli tochno da im gi opishat sharite na zemjata i postavenosta na uchitelite vo odnos na sekoja od niv. Toa bilo dokaz deka nivnata dusha (svest) bila vo slobodno prostorno dvizhenje, nezavisno od polozhbata na nivnoto telo.
 
Vo konteks na boldiranoto, mozham da kazham deka MENE mi se ima slucheno takvo iskustvo a vo eden navrat duri na moment me isplashi.....pa se vrativ vo normala, t.e. "spushtiv na zemja".  Vo toj moment osetiv kako neshto t.e. jas kako dusha valjda stanuvam mnogu lesna i se izdigam nekako nagore so shto teloto ne go osekav...t.e. mozhev komotno da si go vidam dooolu nekako. голема%20насмевка
 
Da se objasnam za onie skeptichnite, deka ne se raboti za nikakvo zemanje droga ili neshto slichno...nitu pak nekoj sex-trans....голема%20насмевка  Isto taka psihata mi e na zavidno nivo. голема%20насмевка
 
 
Кон врв
3207 Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 42
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај 3207 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2009 во 13:54
Popi bash me interesira kako go postigna letanjeto, zashto imam iod drugi slushnato deka doziveale slicno iskustvo?
Vo galaksijata polna so cuda, lugeto ja izmislile dosadata....Kakva Kreativnost....prosto da ne veruvash....
Кон врв
Popi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Popi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2009 во 14:33

Teshko e da se opishe.....a osekam deka tuka veke pochnuvaat da si stvaraat fantazii i tolkuvaat po niven terk, zatoa najdobro e sami da si go pochuvstvuvate zoshto SAMO togash ke znaete kako e, bilo shto da kazham bi mozhelo pogreshno da se protolkuva. голема%20насмевка

големо%20гушкање


Изменето од Popi - 02.Јуни.2009 во 21:59
Кон врв
nikita Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1610
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nikita Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2009 во 15:48
za tie "svetilkite" davaa na national geographic....nekoi naucnici se prasuvaa kako egjipkanite znaele za svetilka pred tolku iljadi godini...pa najlesno im bese da zaklucat deka stanuva zbor za nekakov kontakt so vonzemjanite
She sells seashells by the seashore...
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2011 во 16:52

Пронајдена е Атлантида?


Меѓународното здружение на научници, предводено од американски археолози, претпоставува дека во мочуриштата на подрачјето на јужна Шпанија конечно ја пронајде Атлантида, митскиот град кој според претпоставките бил потопен од гигантски цунами.

За да ја реши повеќевековната мистерија, групата археолози работеше две години користејќи дигитални мапи, подземни радари, подводна технологија и сателитски фотографии од потопениот град во близина на Кадиз во јужниот, атлантски дел на Шпанија. Овде во потопените и пространи мочуришта во националниот парк Донан, научниците сметаат дека ја пронашле древната Атлантида.

„Тоа е силата на цунамито“ рече главниот истражувач професорот Ричард Фреунд. „Тешко може да се разбере дека бран може да избрише остров со должина од сто километри“ - додаде тој.

Фреунд вели дека во средна Шпанија е откриена чудна низа од „меморијални градови“ кои побегнатите жители од Атлантида ги граделе по примерот на Атлантида. Тоа за научниците претставувало дополнителен доказ дека во близина на Кадиз го пронашле „главниот град“.

„Жителите на Атлантида кои успеале да се спасат побегнале на копно и таму изградиле нови градови“, рече Фреунд. Откритијата ќе бидат претставени вечерва во посебната емисија „Барајќи ја Атлантида“ на телевизијата National Geographic.

Иако со сигурност не може да се знае дека се работи токму за Атлантида, Фреунд вели дека пронаоѓањето на спомен градовите ги убедило дека се во право „Пронајдовме нешто што никој не го видел, нешто што ни дава дополнителна веројатност, особено во археологијата, а на целата приказна и дава многу повеќе смисла“ - рече тој.

Фреунд и неговото здружение планираат дополнителни ископувања на местото за кое се верува дека се наоѓа Атлантида и околу таинствените градови на шпанското копно оддалечени 200 километри.



превземено од www.time.mk
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.