|
За Иконите (само текст, без слики!) |
Внеси реплика | страница <1 3839404142 57> |
Автор | |
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Значи тоа што го пишува во Стариот Завет го пишува исто така и ние да принесуваме жртви, но откако Исус беше откупителна жртва, немаше потреба од жртвување на гулаби и јагниња и слично, да не ги гледаме толку многу тие книги Мојсееви, бидејќи таму има и многу обичаи и спомнато дека треба да има правосвештеници и слично!
|
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Добро, но не ни е кажано ништо со што ни се забрануваат иконите така? Патем, откриени се ранохристијански катакомби, кадешто на ѕидовите има фрески, а првата икона ја има нацртано Светиот апостол Лука.
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
makarios, извезените херувими не биле икони. Никој не се молел пред нив, никој не се поклонувал пред нив, никој не си правел бизнис со нив итн. затоа не ти држи паралелата на денешните православни икони со старозавените извезени херувими во Израелскиот храм.
Тие херувими си имале своја симболика како и се друго во Израелскиот храм. Целиот тој храм бил слика на Новозаветното време. Тоа време се исполни, Божјото симболично присуство сега не е помеѓу извезаните херувими на непостоечкиот Ерусалимски храм, туку е во телото на секој христијанин, затоа што телата на христијаните се новите храмови на Светиот Дух.
Ако православните милуваат да превземаат работи од стариот завет, тогаш зошто не земат и да се обрезуваат, да принесуваат жртви за грев, за очистување, да го држат Шабатот итн.?
Точно, во Стариот Завет, Ерусалимскиот храм, храмот на Јахве, го претставувал Бог и Божјото присуство меѓу останатите други идолски храмови и жртвеници кои ги претставувале измислените богови на паганите. Во горниот стих царот Езекија им заповедал на Јудејците и Ерусалимците да не се поклонуваат на паганските идоли и жртвеници, туку да идат на поклонение во храмот на вистинскиот и единствениот Бог и таму да ги вршат своите религиозни старозаветни служби (како што било кадењето).
Но во Новиот Завет е драстично поинаку. Кога самарјанката го прашала Исус каде и кон што треба да се поклонуваат вистинските верници, Исус не и рекол ниту пред оваа, ниту пред онаа икона, ниту пред овој, ниту пред оној храм, туку и рекол:
"Исус и рече: „Верувај Ми жено, дека иде часот кога не ќе Му се поклонувате на Таткото ниту на оваа планина ниту во Ерусалим. Вие не знаете на што му се поклонувате; ние знаеме на што му се поклонуваме, зашто Спасението доаѓа од Јудејците. Но доаѓа час - и веќе е тука - кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Таткото во дух и вистина, зашто Таткото сака такви поклоници. Бог е Дух, и кои Му се поклонуваат, треба да Му се поклонуваат во дух и вистина."
(Исус Христос во Ев. Јован 4:23-24) |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ев, немам намера да правиме повторно копи - пејст на исцрпени дискусии.
Мене ми е доволно да ја следам Црквата, т.е. да ги почитувам нејзините одлуки. А таа на Вселенските собори убаво и недвосмислено кажува дека иконоборството е ерес. А ти најмалце имаш право да зборуваш против иконите, затоа што сеуште имаш икона за аватар. |
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Следи си ја ти црквата, и адвентистите си ја следат црквата, и католиците си ја следат црквата, и мормоните си ја следат црквата, па сепак во различни насоки ве водат. Но вистинските христијани го следат Христос и Божјиот Збор, а не човечките зборови и гласањето и препуцувањето на ткн. васеленски сабори (на кои 4 пати иконите ги прогласиле за ерес, за потоа по пат на сила да бидат прогласени за "богоугодни"... една недвосмисленост хаха абе што да ти распраам ).
Аватарите се слика, а не икони. Јас не се молам пред мојот аватар, ниту се клањам пред него, ниту му кадам, ниту го осветувам, ниту го изложувам на црковни тезги итн. Бог не е против сликите, ниту против уметноста, Бог е против иконите т.е. против оние слики кои се користат во религиозната употреба како медиуми во пристапот до Бог.
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
иконите и иконостасите во нашите стари цркви се вистински уметнички дела, кои често пати ти го одземаат здивот и ја прават атмосферата внатре величенствена.
Духовните пораки можат да се перцепираат со различни сетила, слух - проповедта, вид - иконите, мирис - темјан-босилек, (вкус - кркање блага пченица) и зошто било кое од нив би било погрешно??? Изменето од kejt-d-grejt - 28.Мај.2009 во 22:39 |
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Точно така, од уметнички или пак фолклорен аспект, иконите се вистинско богатство. Тие се вистински претставници на византиската уметност и затоа сметам дека нивното место е во музеј или пак во уметничките атељиња, но не и во храмовите каде што христијаните му служат на Бог. Христијаните се собираат за да го слават Бог и Тој е во центарот на нивната слава и истиот не смее да биде дефокусиран од некакви човечки ликови, а да не збориме пак за оние кои имаат слабост и да се поклонуваат пред тие ликови. Еднаш еден Корнелиј кога го виде познатиот апостол Петар паднал пред неговите нозе да му се поклони, но Петар веднаш го укорил заради тоа...
" кога Петар влегуваше, Корнелиј му излезе во пресрет, падна пред неговите нозе и се поклони. А Петар го подигна, велејќи: „Стани! И јас сум само човек!"
(Дела 10:25-26) Од оваа случка можеме да се поставиме сосема логично прашање: Ако Петар не дозволувал луѓето да му се поклонуваат Нему (кој во себе го имал и Светиот Дух), колку помалку треба да се поклонуваме пред некое мртво дрво на кое е насликан неговиот лик??
Духовните пораки можеби и можат да се перцепираат преку слики, темјани, босилоци итн. но христијанската порака се прима преку слух - проповедта, а не преку икони, темјна, босилок и блага пченица. Христос проповедал со зборови. Христос не им цртал на насобраните, ниту пак им мафтал со темјан, босилок
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
аха..... ами кога ја претворил водата во вино??????
и со рибите имаше нешто такво?????? ете ти перцепција вкус, јали така? п.с. држ едно цмокче оти си многу умен |
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
marija_magdalena немој да си не бришела, ние само си разменуваме духовни пораки преку нашите сетила за вкус
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Евангелос, се повторуваш, и навистина дебатите со тебе се веќе бесплодни и досадни.
|
|
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мене не ми се досадни.!
|
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Прочитај од првата страна навака, ќе видиш цело време истото го кажува. 40 страници истото да читаш ќе ти стане досадно.
А башка што оправдува ерес. |
|
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Такви сме си ние Протестантите, се држиме сите заедно до ставовите Библиски, а не како свештениците во Православна, прашај еден ќе ти каже вака, прашај друг ќе ти каже онака и тоа и е многу слаба страна...
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не му обрнувај внимание на makarios, тој негодува на темава затоа што истата му ја боцка совеста заради идолопоклонството што го практикува па затоа гледа по секоја цена да ја задуши дискусијата тука.
Повели, доколку имаш некое прашање за или околу иконите прашај, а ако имаш и некој соодветен коментар, сподели го со нас.
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Внеси реплика | страница <1 3839404142 57> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |