IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Крстоносци, масони, темплари...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Крстоносци, масони, темплари...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4567>
Автор
Порака
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2009 во 21:19
Но дури и ние, или ангел од небото да ви благовестеше нешто друго од она, што ви благовестевме ние, нека биде анатема!
Како што рековме порано, и сега пак велиме: оној што ви благовествува нешто поинаку од она што го примивте - нека биде анатема!
(Гал. 1:8-9)

Тие што се во потрага по таква ѓаволштина и беззаконие, какво што е масонството, и сите кои паѓаат во заслепеноста и грешките (на масонството), да бидат одлачени и проколнати од Отецот, Синот и Светиот Дух!

Свети Кипријан, архиепископ кипарски

Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2009 во 21:23
Руска задгранична Црква, синодско соопштение од 1932 (само едно делче):

Масонството е тајна, интернационална организација чија цел е да се бори против Бога, христијанството и сите началства, особено христијанските началства.
....
Заради сите овие причини, забрането е на сите православни христијани да станат масони.
....
Се препорачува до сите епископи да го известат клирот со сите информации за поучување на верните, во врска со горе споменатите ереси и доктрини на масонството.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2009 во 21:30
Синодско соопштение на Грчката Православна Црква од 1933 година:

...Очигледно, поради сето речено, православниот христијанин треба да го отфрли масонското движење и да отстапи од него, ако веќе стапил од незнаење.
....
Масонството не е филантропска унија или философска школа, но се состои од мистагогичен систем, што прилега на античките пагански мистични религии и култови - од кои и потекнува и претставува нивно продолжение и регенерација.
....
Масонството води директно потекло од египетските жреци.
....
Па така, масонството го сметаме за мистична религија, многу различна, одвоена и туѓа на христијанската вера.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2009 во 21:36
Синод на ГПЦ (21 век):

... Како последица на ова, на свештенството му се забранува да зема учество во масонството. Секој клир кој учествува, сметаме дека се деградирал самиот.
....
Сите оние пак (мирјани и свештенство), кои станале масони без да размислат и да испитаат што е тоа масонство, да ги прекинат сите врски со него, затоа што христијанството ја учи апсолутната вистина и ги исполнува сите верски и морални потреби на човекот.

Синод на РПЦ (21 век):

Кој и да е православен, кој се приклучува на масонеријата, ги губи сите права и привилегии во Црквата.

Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2009 во 21:50
Од богослужбените книги:

Молебен чин - Торжество на православието.

Анатематизми:

На масоните, окултистите, спиритистите, маѓесниците, вражарите и сите оние кои не веруваат во Единиот Бог, но ги почитуваат бесовите и него предаваат смирено својот живот на Бог, но со призив на бесовите сакаат да ја узнаат иднината - ним, анатема!
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2009 во 22:28
Како што реков - непознавањето на тематиката доведува до бесмислени осуди.
Сеуште чекам валиден аргумент за било која од овие писанија. Според тоа што го цитираше од Галатјаните - јас само можам дека апсолутно се согласувам со цитатот и не гледам какво место има во конкретнава дискусија?!?!
Do what is right, come what may...
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2009 во 22:34
Тоа го цитирал наведениот светител. Зидарски, сакаш да кажеш дека синодите и светителите се недоволно просветлени и без раководство на Светиот Дух, та да не знаат што зборат?
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2009 во 23:10
Сите луѓе се грешни по својата природа... и како такви можат да направат грешки, зарем не?
Во конкретниов случај е така. Со оглед на тоа што ниедна од горенаведените причини не е валидна (ниту точна) - не можам да изведам поинаков заклучок.
За да можеш да изнесеш такво категорично мислење за нешто, мора да го познаваш истото. Владици кои имале познавања (Егзарх Јосиф, Његош, Св.Николај Жички итн.), биле дури и членови на братството. Со што заклучуваш дека тие не биле водени од Светиот Дух да го сторат тоа?!

Изменето од zidarski - 25.Мај.2009 во 23:10
Do what is right, come what may...
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2009 во 23:19
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Сите луѓе се грешни по својата природа... и како такви можат да направат грешки, зарем не?
Во конкретниов случај е така. Со оглед на тоа што ниедна од горенаведените причини не е валидна (ниту точна) - не можам да изведам поинаков заклучок.
За да можеш да изнесеш такво категорично мислење за нешто, мора да го познаваш истото. Владици кои имале познавања (Егзарх Јосиф, Његош, Св.Николај Жички итн.), биле дури и членови на братството. Со што заклучуваш дека тие не биле водени од Светиот Дух да го сторат тоа?!


Oд математичка логика, ако сите луѓе се грешни, заклучуваме дека и ти си грешен, а со тоа и твоите поимања за светот може да бидат грешни. Епа ако е така, зошто мислиш дека твоето убедување е безгрешно, а на другата страна од кантарот ја ставаш Црквата, и тврдиш дека таа погрешила?

Истото го велат и протестантите за себе - Црквата до 15ти век не постоела, кога ние дојдовме тогаш се појави.

Како можеш да велиш дека ниедна информација не е валидна? Што не е валидно? Синодите формирале комисии од владици, клир и верници да ја испитаат работава околу масонството, и тоа што го кажуваат во своите синодални соопштенија се заклучоците.

Искуството на Црквата е доволно големо да препознае што не е во склад со нејзиното учење, што е искривено, а што не. Да мислиме дека во одреден момент, Црквата е без Светиот Дух.. не е баш православно поимање.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2009 во 23:22
И уште нешто би додал...
Ако е точно дека масоните се "во потрага по ѓаволштина и беззаконие", тогаш зошто истите тие синоди не ги забранат и делата и откритијата на масони - тие сигурно се исто толку "ѓаволштини и беззаконија"... како на пример - Црвениот Крст е формиран од масон, пеницилинот е откриен од масон, двонасочната струја која ја користиме денес е истотака откриена од масон, како и половината од уредите во енергетиката... зошто не се забранат песните кои се пеат во речиси секоја православна црква, како - Тебе Поем, Многаја Лета, Буди Имје Господне - истотака напишани од масон (Мокрањац). Зошто не се забрани целата литература и книжевни дела напишани од масони, како детските басни на Доситеј Обрадовиќ, или романите на Иво Андриќ, пиесите на Мирослав Крлежа или поезијата на Пушкин... или пак да се забрани користењето на принципот "еден глас - една буква" во азбуките на Србија и Македонија, исто така поставен од масонот Вук Караџиќ...
Како тоа овие луѓе, водени од "ѓаволштина и беззаконие", направиле дела кои ден денес Црквата активно ги користи, а некои од нив биле и нејзини видни членови?
Очекувам искрен и личен одговор, не цитат од некаде.
Do what is right, come what may...
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2009 во 23:25
Originally posted by makarios makarios напиша:


Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Сите луѓе се грешни по својата природа... и како такви можат да направат грешки, зарем не?
Во конкретниов случај е така. Со оглед на тоа што ниедна од горенаведените причини не е валидна (ниту точна) - не можам да изведам поинаков заклучок.
За да можеш да изнесеш такво категорично мислење за нешто, мора да го познаваш истото. Владици кои имале познавања (Егзарх Јосиф, Његош, Св.Николај Жички итн.), биле дури и членови на братството. Со што заклучуваш дека тие не биле водени од Светиот Дух да го сторат тоа?!
Oд математичка логика, ако сите луѓе се грешни, заклучуваме дека и ти си грешен, а со тоа и твоите поимања за светот може да бидат грешни. Епа ако е така, зошто мислиш дека твоето убедување е безгрешно, а на другата страна од кантарот ја ставаш Црквата, и тврдиш дека таа погрешила?Истото го велат и протестантите за себе - Црквата до 15ти век не постоела, кога ние дојдовме тогаш се појави.Како можеш да велиш дека ниедна информација не е валидна? Што не е валидно? Синодите формирале комисии од владици, клир и верници да ја испитаат работава околу масонството, и тоа што го кажуваат во своите синодални соопштенија се заклучоците. Искуството на Црквата е доволно големо да препознае што не е во склад со нејзиното учење, што е искривено, а што не. Да мислиме дека во одреден момент, Црквата е без Светиот Дух.. не е баш православно поимање.


Не го реков тоа. Јас сум исто толку грешен, како и секој друг. Разликата во случајов е што имам познавања и од двете страни на проблематиката. Никогаш не би помислил дека Црквата е без Светиот Дух! Но зарем не не предупредува истата таа Црква дека понекогаш некои работи иако мислиме дека се од Светиот Дух, може да не се и да не подведат?
Во претходниот пост мислам дека дадов доволно добро објаснување... одговори ми на тоа, те молам...

п.с. Да додадам еден пример... Сум слушнал како многу свештеници велат дека компјутерите и интернетот се дело на ѓаволот... а од друга страна други свештеници (и синоди) ги користат активно и секојдневно.
Како решаваме кој во случајов е воден од Светиот Дух, а кој погрешил?!

Изменето од zidarski - 25.Мај.2009 во 23:28
Do what is right, come what may...
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2009 во 23:29
Прво ти искрено одговори во врска со Светиот Дух.

Ако одиме по таа логика, муслиманите имаат откриено многу работи кои денеска сите ние ги ползуваме, исто и будистите и која било друга религија/вера. Да не зборувам за протестантите и римокатолиците.

Но, тоа не го оспорува фактот дека масонеријата е синкретистичка религија, во врска со некакво супремално битие, некаков си идеолошки и апстрактен бог.

Ваквите мистици на Црквата и се познати од многу порано, затоа и беше многу лесно да го препознае лажниот плашт на масонството.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2009 во 23:36
Одговорив за Светиот Дух и ти дадов пример кој често се сретнува денес.
Споредбата со муслиманите и будистите не е адекватна, од проста причина што во конкретниов случај се тврди дека масоните се водени од "ѓаволштина и беззаконие".
Затоа прашањето е многу едноставно - зошто се користат откритија кои се направени од луѓе кои се водени од ѓаволот? Зошто се користат во самата Црква песни во Слава на Бога, а истите тие се напишани од човек кој е воден од ѓаволштина и беззаконие?
Многу едноставно е прашањето - Зошто?

Масонството не е религија и нема ниту идеолошки, ниту апстрактен Бог. Терминот кој се користи (Големиот Архитект на Вселената) е само и исклучиво за да не се навреди или исклучи некој член. Употребата на тоа име - секој член си ја користи во рамките на сопственото разбирање за Бог. За Христијанинот, тоа е Бог - Светото Троиство (зарем не е тој Архитектот, Создателот на Се?), за муслиманинот, тоа е Алах, итн...
Но - тој термин не повлекува НИКАКВА догма, не повлекува никакво обожување различно од она на поединецот!
Do what is right, come what may...
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2009 во 23:41
Јас само знам дека Светите Отци дале анатема за оние кои се молат со луѓе кои не се дел од Црквата, и се водам по тоа.

Не сакам да испитувам и да влегувам во нешто што Црквата го смета за опасно. За мене спасение е Христос, и до Него можам да стасам преку православната Црква.

Тоа ми е доволно. Не ми е потребен никаков спиритизам ниту интелектуализам. Доволен е Христос!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4567>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.