|
kejt-d-grejt |
Внеси реплика | страница <1 89101112 40> |
Автор | |
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И зошто зборам? на глава ничкум стојам? за кого творам? За тебе е шум зуење, не пеење - мува досадна! Велиш ,,Гледам филм! дај за вечерва доста филозофирање!,, |
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
У ствари, се' што ми треба е најтемен ќош, колена - главата да ја потпрам, пепељара - и со неа што следи. (денес Тутунски ќе има убав промет) Во воздухот штама, смрзнат, вкочанет мир, ехо само на зборови - шамари. Патетична, нужна помиреност со судбината. На крајот сепак, некој трет најслатко ќе се смее. Среќата е демоде! Досада жива! Ќе бидеме ли ликови од Шпанска серија? Боже пази!!! Еј, има некој упаљач??? |
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НЕЗАБОРАВНО Јас и ти би требало да спиеме наизменично! Уживам да те гледам како спиеш на секоја пора од твоето лице и раскажувам колку ја сакам и полека... сосем тивко... те бакнувам, -не како допир, туку како шепот за да не те разбудам. Ние двајца би требало да спиеме наизменично! Уживам, кога се разбудувам, низ трепките тебе да те видам како уживаш да ме гледаш дури спијам - мммм....кафе во кревет, миличко? - мммм..нее... имам подобра идеја Изменето од kejt-d-grejt - 20.Април.2009 во 13:08 |
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Твојот костум маде ин Капали Чаршија само мислиш дека е господски. Твоите образи со капилари испукани и муцките тенки бунтовно стиснати иронично се смешни, патетично безнадежни. Достоинството, мил мој е различно од инаетот, Племенитоста е вродена категорија. Ај врви си по патот! |
|
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
srcka si |
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗА ЕДНО ДЕВОЈЧЕ НА КОЕ МУ СЕ ПОТРОШИЈА КИБРИТЧИЊАТА
Брановите ме исфрлија пред твојата врата,
завиткана во шал од морски треви,
достојна за презир и дување во пазуви
на случајни и небитни скелети од ластик.
Што се случи потоа, навистина не памтам
измешани слики, несредени фолдери
стварно - имагинарно...
стварно - имагинарно...
Што е стварно? Што имагинарно?
Дали ме препозна, или ме прескокна?
Дали ми ги позајми твоите гради место перница,
или немо гледав како хоризонтот те лапнува
...полека...
Изменето од kejt-d-grejt - 02.Мај.2009 во 16:27 |
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Утрово случајно, додека жонглирав хаотично од соба во соба со расфрлани алишта, тетратки и немиени чаши, погледот ми го стаписа една слика испратена од рајот директно пред моето огледало. Една минијатурна самовила првпат во животот сама си ја чешлаше косичката и си редеше внимателно шнолички со невештите рачиња. - Ми пораснало девојчето. И уште, убава на мајка, си потпевнуваше дел од некоја песна на неправилен англиски. Откако се најадов со поглед од убавината, полека и' се приближив, и' ја прифатив полутивко песната и и' помогнав со непослушното праменче. Се гледавме двете во огледало и јас и' реков, ,,замисли мамиче, колку сум јас среќна мајка - од сите бебиња во болница, баш мене ми се падна најубавото,, а тоа устичето малку се намршти и ми вели, ,,не сум јас најубава - Ивана е најубава и сите дечковци од градинка неа ја сакаат,, Силно си ја гушнав и и реков, ,,што знаат тие мрсулковци,, а во себе си помислив, ми растеш брзо пиле мајкино, што ли ќе ти донесе животот, ќе можам ли да те одбранам? Изменето од kejt-d-grejt - 20.Мај.2009 во 14:06 |
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НЕ ЧИТАЈ ЈА - ГЛУПАВА Е!!!
Тебе ти е лесно, дождот ти ја освежи главата, мене мојата ми остана вжештена. Приклештени спомени на розово коњче на одамна напуштен рингишпил се движат во ритамот на глупава музика повеќе патетична, никако весела. Ме изеде тагата. Не ми остави сила, ни смисол, ни надеж да ја победам. Тебе ти е лесно дождот ти ја освежи главата... |
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Омар,
|
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БЕЛОТО Е ВАЛКАНО
Го турам млекото во кафето, да не ми пара очи белината. Бело беше за свадба бело беше за принова беше и чистина, белина, убавина. Во душава ми клокоти пекол сулфурен. бело е за шмркање, бело за инфекција бело врвче од бубуљица бели празни ѕидови, и на нив бела неонка - што од после пали |
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
PULP FICTION
Имам нешто безвезе да ти кажам Холивуд одби да ја снима нашата бајка - вели такви имало три за сто. Јас сепак сакам секоја вечер да ми ја читаш за добра ноќ, со бакнежче во чело и ,, ... happily ever after,, на крај. Не е докажано, ама се верува дека ќе бидам првата што умрела од букви. Не чуди се, не мурти се што не можам да ја одвојам нежноста од себичноста, ни среќата од стравот. Мојата потреба од твоите одговори на бескрајни прашања глупави, бесмислени знак е само на паника и од таму - драматичност. Љубовта понекогаш е посурова од омразата. |
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НА МОЕТО СОНЦЕ
На коцкарска маса, во валкана биртија, сред клошари, маски и луѓе без имиња го ставив во залог мојот мирен сон. И најлесно е сега по Ѓаволот да пцујам демек не сум знаела, демек сум се успала демек тој ме подбуцнал, а јас не сум сакала. Не ме боли тоа што чемер сега пијам ни што лузни образи ми грдат ќе ја изедам јас лесно порцијата кошмар ме боли, мое мило, што те гледам како идеш што со себе мирно лажица си носиш - за да ми одмалиш |
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЖЕД
Од оној ден, кога ме поведе за рака на прошетка по хоризонтот, од оној ден јас сум жедна. За бакшиж ти ги донесов моите нецензурирани сонови, а ти грижливо ги прибра. Мојата љубов има звук на тивок допир на мала игла на црна плоча Првин мало грчење како исчекување како оплакување ко по душа гребење а потоа - музика... Сите портокали на светов да ги исцицам, нема да ме напојат. Изменето од kejt-d-grejt - 04.Јуни.2009 во 10:51 |
|
Внеси реплика | страница <1 89101112 40> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |