IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - kejt-d-grejt
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

kejt-d-grejt

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 40>
Автор
Порака
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2009 во 11:30
               
                 И зошто зборам?
                 на глава ничкум стојам?
                 за кого творам?

За тебе е шум
зуење, не пеење
- мува досадна!

        Велиш ,,Гледам филм!
        дај за вечерва доста
        филозофирање!,,




Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2009 во 09:40


У ствари, се' што ми треба
е најтемен ќош,
колена - главата да ја потпрам,
пепељара - и со неа што следи.
(денес Тутунски ќе има убав промет)

Во воздухот штама,
смрзнат, вкочанет мир,
ехо само на зборови - шамари.
Патетична, нужна помиреност со судбината.
На крајот сепак, некој трет најслатко ќе се смее.

Среќата е демоде!
Досада жива!
Ќе бидеме ли ликови од Шпанска серија?
Боже пази!!!

Еј, има некој упаљач???


Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 13:06
               
                  НЕЗАБОРАВНО

Јас и ти би требало да спиеме наизменично!

Уживам да те гледам како спиеш
на секоја пора од твоето лице и раскажувам колку ја сакам
и полека...
сосем тивко...
те бакнувам,
-не како допир,
туку како шепот
за да не те разбудам.

Ние двајца би требало да спиеме наизменично!

Уживам, кога се разбудувам, низ трепките тебе да те видам
како уживаш
да ме гледаш дури спијам

- мммм....кафе во кревет, миличко?
- мммм..нее... имам подобра идејаплазење







Изменето од kejt-d-grejt - 20.Април.2009 во 13:08
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2009 во 15:46

Твојот костум маде ин Капали Чаршија
само мислиш дека е господски.
Твоите образи со капилари испукани
и муцките тенки бунтовно стиснати
иронично се смешни,
патетично безнадежни.
Достоинството, мил мој е различно од инаетот,
Племенитоста е вродена категорија.
Ај врви си по патот!





Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2009 во 17:56

srcka si
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2009 во 16:01
  ЗА ЕДНО ДЕВОЈЧЕ НА КОЕ МУ СЕ ПОТРОШИЈА КИБРИТЧИЊАТА
 
Брановите ме исфрлија пред твојата врата,
завиткана во шал од морски треви,
достојна за презир и дување во пазуви
на случајни и небитни скелети од ластик.
 
Што се случи потоа, навистина не памтам
измешани слики, несредени фолдери
  стварно - имагинарно...
       стварно - имагинарно...
Што е стварно? Што имагинарно?
 
Дали ме препозна, или ме прескокна?
Дали ми ги позајми твоите гради место перница,
или немо гледав како хоризонтот те лапнува
...полека...
 


Изменето од kejt-d-grejt - 02.Мај.2009 во 16:27
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2009 во 14:06

Утрово случајно, додека жонглирав хаотично од соба во соба со расфрлани алишта, тетратки и немиени чаши, погледот ми го стаписа една слика испратена од рајот директно пред моето огледало.
Една минијатурна самовила првпат во животот сама си ја чешлаше косичката и си редеше внимателно шнолички со невештите рачиња. - Ми пораснало девојчето. среќаИ уште, убава на мајка, си потпевнуваше дел од некоја песна на неправилен англиски.
Откако се најадов со поглед од убавината, полека и' се приближив, и' ја прифатив полутивко песната и и' помогнав со непослушното праменче. Се гледавме двете во огледало и јас и' реков, ,,замисли мамиче, колку сум јас среќна мајка - од сите бебиња во болница, баш мене ми се падна најубавото,, а тоа устичето малку се намршти и ми вели, ,,не сум јас најубава - Ивана е најубава и сите дечковци од градинка неа ја сакаат,,
Силно си ја гушнав и и реков, ,,што знаат тие мрсулковци,, а во себе си помислив, ми растеш брзо пиле мајкино, што ли ќе ти донесе животот, ќе можам ли да те одбранам?





Изменето од kejt-d-grejt - 20.Мај.2009 во 14:06
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2009 во 21:16
  НЕ ЧИТАЈ ЈА - ГЛУПАВА Е!!!

Тебе ти е лесно,
дождот ти ја освежи главата,
мене мојата ми остана вжештена.

Приклештени спомени
на розово коњче
на одамна напуштен рингишпил
се движат во ритамот на глупава музика
повеќе патетична, никако весела.

Ме изеде тагата.
Не ми остави сила,
ни смисол, ни надеж
да ја победам.

Тебе ти е лесно
дождот ти ја освежи главата...


се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2009 во 21:19
мечтаењеаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплауз
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2009 во 21:27
Омар, бакнеж
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2009 во 19:36
          БЕЛОТО Е ВАЛКАНО

Го турам млекото во кафето,
да не ми пара очи белината.
Бело беше за свадба
бело беше за принова
беше и чистина, белина, убавина.

Во душава ми клокоти
пекол сулфурен.
бело е за шмркање,
бело за инфекција
бело врвче од бубуљица
бели празни ѕидови,
и на нив бела неонка
- што од после пали

Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2009 во 20:22
            PULP FICTION

Имам нешто безвезе да ти кажам
Холивуд одби да ја снима нашата бајка
- вели такви имало три за сто.
Јас сепак сакам
секоја вечер да ми ја читаш за добра ноќ,
со бакнежче во чело и ,, ... happily ever after,, на крај.
Не е докажано, ама се верува
дека ќе бидам првата што умрела од букви.
Не чуди се, не мурти се
што не можам да ја одвојам
нежноста од себичноста,
ни среќата од стравот.
Мојата потреба од твоите одговори
на бескрајни прашања глупави, бесмислени
знак е само на паника
и од таму - драматичност.
Љубовта понекогаш
е посурова од омразата.






Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2009 во 20:03
     НА МОЕТО СОНЦЕ

На коцкарска маса,
во валкана биртија,
сред клошари, маски и луѓе без имиња
го ставив во залог мојот мирен сон.
И најлесно е сега
по Ѓаволот да пцујам
демек не сум знаела,
демек сум се успала
демек тој ме подбуцнал,
а јас не сум сакала.
Не ме боли тоа што чемер сега пијам
ни што лузни образи ми грдат
ќе ја изедам јас лесно порцијата кошмар
ме боли, мое мило, што те гледам како идеш
што со себе мирно лажица си носиш
- за да ми одмалиштага



Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2009 во 10:37
                              ЖЕД

Од оној ден, кога ме поведе за рака на прошетка по хоризонтот,
од оној ден јас сум жедна.
За бакшиж ти ги донесов моите нецензурирани сонови,
а ти грижливо ги прибра.

Мојата љубов има звук на тивок допир на мала игла на црна плоча
Првин мало грчење
како исчекување
како оплакување
ко по душа гребење
а потоа - музика...

Сите портокали на светов да ги исцицам,
                                нема да ме напојат.



Изменето од kejt-d-grejt - 04.Јуни.2009 во 10:51
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 40>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.