|
Зошто ЉуБчо се враќа во политиката??? |
Внеси реплика | страница <1 89101112 25> |
Автор | |
Goran71
Сениор Регистриран: 08.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 99 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ljubco ima mnogu negativnosti vo negovata politicka kariera. Ama ima i mnogu pozitivnosti. Prasanje e na izbor dali ke mu veruvas ili nema da mu veruvas. A zosto e sega aktuelen povtorno, pa lugje be imame izbori za mesec dena, kakko nema da bide aktiven. Koj politicar ne e aktiven pred izbori.
|
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За да продолжи со реализација на зацртаното од 1994 година кое го зацртаа со Бранко регистрирајкија истата година фирмата Мак Лог во Благоевградскиот Окружен Суд.
Изменето од orlov - 08.Април.2009 во 17:10 |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Љубчо Георгиевски ќе се кандидира за претседателЉубчо Георгиевски открива дека планира да се врати во политиката и тоа на голема врата. Во разговорот за „Дојче веле“ најавува претседателска кандидатура на наредните избори по пет години. Мотивот за политичко активирање Љубчо Георгиевски вели дека го наоѓа во политиката на власта, која според него, ја води земјата во погрешна насока. Признава дека победата на неговата поранешна партија е триумфална, но смета дека е нелогична. Власта не покажува резултати ниту на економски план, ниту на евроинтегративен, а сепак победува на избори, оценува Георгиевски. „Оваа ирационалност произлегува од некаква замислена проекција на македонскиот гласач, дека актуелната влада му е некаков заштитник по едно единствено прашање, тоа е за името. А од друга страна СДСМ се промовира како партија која сака да направи компромис по тоа прашање, во контекст на тоа има едно потпрашање, дека актуелната влада на македонскиот гласач му е некаква заштита за спас на она што се нарекува новокомпониран идентитет кој произлегува од некаква античка Македонија“, објаснува Георгиевски за „Дојче веле“. Георгиевски предупредува дека иднината на Македонија е неизвесна ако земјата веднаш не влезе во НАТО. Опасноста ја гледа во отворените регионални прашања и ги споменува состојбите во Босна и Херцеговина и во Косово. Смета дека се‘ уште не е затворено ниту албанското прашање во Македонија. Затоа препорачува промена на името за решение на спорот со Грција. „Името Северна Македонија за мене е идеално. Ако сега го испуштиме, повторно еден ден ќе се вратиме на опција од типот „Нова Македонија“, „Република Македонија-Скопје“, „Горна Македонија“, кои според мене се помалку достоинствени и понеприфатливи отколку „Северна Македонија“. Вториот момент на кој треба да се задржиме е проблемот на идентитетот, нацијата и јазикот, ако тука ја посветиме енергијата, ако тука ги анимираме нашите пријатели кои сакаат да помогнат, мислам дека лесно можеме да дојдеме до компромис.“ Георгиевски одбива да зборува за неговите национални чувства, со оглед на контроверзите што го следат. Вели дека го иритира да се докажува како патриот кога во изминатите години зборувал и работел за Македонија како независна држава на македонската нација. Не открива ниту зошто и дали воопшто земал бугарски пасош. --------------------------------------------------------------------------------------------- Во текстот не пишува дали ќе се кандидира за претседател на Македонија или на Бугарија?! “Војводата“ кој до вчера се колнеше во својот патриотизам и љубовта кон Македонија, наеднаш го смени к*рсот, па сега за многу добро и идеално решение му се гледа Северна Македонија, а нашиот идентитет за него е новокомониран?!! А притоа одбива да каже каков е неговиот?! На овие избори не му успеа ни да собере поддршка да се кандидира за градоначалник. Што испланирал контроверзниот војвода во својот долгорочен петогодишен план?! |
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во содејство со контраверзниот Б.Ц да ја докусурат Македонија. Затоа се враќа во Македонија и затоа се обидува да делува политички. Самои е на Македонија од такви.
|
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не читам Фокус па ова не сум го прочитала. Долго е но треба да се прочита.
Колумна на господинот Љубчо Георгиевски во неделникот Фокус од 27 Март 2009 година
За внуците на Аминта
До распадот на Југославија во Македонија ретко среќавав Антички
Македонци, додека на почетокот на деведесетите почнав да ги запознавам
повеќето во дијаспората. Со текот на времето некои од нив ми станаа
пријатели или познајници, но никогаш не ми пречело нивното лично
убедување ниту сум се обидувал да ги разубедувам во нивните ставови. Но
за жал, последниве две години во една масовна владина кампања преку
медиумите тие се обидуваат да ме присилат да мислам како нив. Оттука
произлезе потребата да го изложам мојот став околу ова прашање. Колку крв има во нас од Античките Македонци
Тоа е исто така актуелно прашање и претставува еден од аргументите на
аналитичарите! Не е исклучена можноста и да тече некоја капка крв во
вените на денешните Македонци, но под услов ако на територијата на
Република Македонија имало Антички Македонци кога се населувале
Словените. Да продолжиме со географија. Античка Македонија во периодот,
седумдесеттина години пред Филип Македонски се наоѓала на просторот над
Олимп, така што издолжувајќи се во полумесечина над Пела, свртува кон
Солун, завршувајќи негде кај Халкидик. Во наредните години преку разни
притисоци и династички спојувања се проширила приближно до денешната
Грчко-Македонска граница. Тоа проширување се нарекува Горна Македонија.
Понекогаш намерно се прават грешки дека Горна Македонија практично е
нашата Република Македонија, но и Долна и Горна Македонија географски
буквално се наоѓаат во денешна Грција со исклучок на земјата на
Ленкистидите која бива освоена дури од Филип. Нетрпението меѓу
основната Македонија и Горна Македонија продолжува перманентно, а исто
така има многу извори што потврдуваат дека Горномакедонците етнички се
разликуваат од Долномакедонците. Значи, ако направиме етничка
фотографија на Република Македонија наспроти Античка Македонија, одвај
некои села близу грчката граница ќе можат да се повикаат на таа
традиција. Но каква е состојбата во нашата Македонија? Во Охридско и во
некои делови од западна Македонија имаме Илири; во источна Македонија
вклучително и цела Пиринска Македонија, без никаков историски
прашалник-Траки; на север, вклучително и нашиот главен град Скопје во
период од илјада години пред и по Александар-Дарданци и акцентирани 60%
од денешната Република Македонија-Пеони,(најверојатно тракиска гранка)
така што вистинското прашање во тој контекст треба да биде колку
илирска крв тече во охриѓани, колку тракијска крв-во струмичани, колку
пеонска крв-во кавадарчани и колку дарданска крв има во скопјани. Сега
ќе го допрам прашањето на Власите. Ако некој во Македонија може да го
поставува прашањето колку Античка крв тече во нивните жили, тоа се
Власите ако воопшто имаат потреба од тоа, затоа што тие поседуваат
јасен код на Римската цивилизација и се дел од големиот Латински свет.
Оттука, неосновано ќе биде поставувањето на истото прашање ако неговите
потомци се бегалци од Москополе, затоа што базата на романизирањето
таму е Илирска. Неосновано е повикувањето на тоа прашање и на штипските
Власи затоа што таму пак, базата е пеонско-тракијска. Теоретски, такво
прашање може да постават Власите од Ениџе-Вардарско и евентуално од
Мегленско. Римската Империја
Ако во светската историја некој асимилацијата ја промовирал и
концептуално применувал, тоа биле Римјаните. Имено, наложувале мешање
на народите, вршеле преселби на племињата од една на друга страна,
интервенирале населувајќи војници на одредени територии како на пр. во
Стоби и во Скупи, спроведувале насилно латинизирање. Резултатот е
познат-целиот Медитеран е латинизиран! По падот на Античка Македонија
настапува речиси осумвековен период на римско владеење. Во рамките на
Римското владеење се одвивале и дополнителни процеси. Во III-тиот век
на Балканот дошле Готите. Тие се присутни приближно сто години.
Најголемиот притисок паднал врз римските провинции Македонија, Тракија
и Мизија. Ги пустошеле, ги населувале и ги расселувале, владееле со
нив. Рим склучувал договори со Готите, им предавал под управа цели
области. Балканот бил поделен. Провинциите ги нарекле Готски федерати.
Историјата го вклучила во употреба терминот - Готизација на Балканот.
По нив дошле Хуните на Атила, продолжувајќи со уште поголема жестокост
и разрушување; потоа-Аварите, а по нив Словените и Бугарите. Во тој
контекст историјата запишала вакви настани: во 270 год.н.е императорот
Аурелијан заповедал цела Дакија - (денешна Романија) да се иссели од
останатото Романско население и да се пресели кон територијата на
Тракија и Македонија; 447 година Теодосиј потпишал капитулирачки
договор со Хуните да го иссели целото романизирано население од Белград
до Свиштов; Византијците 498 година го поразиле моќното племе на
Исиврите, преселувајќи ги од Мала Азија на Балканот. Римските и
Византијските хроники од тој период изобилуваат со масовни расселувања,
масовни колежи и масовни држења на заробеници 50.000-150.000 од страна
на Готите, Аварите. Проблемот на обезлуѓувањето на римските провинции
на Балканот е застапен кај секој можен хроничар. Од тие причини уште во
I Август спроведувал политика на трето дете. Но слободно можеме да
кажеме дека и првите населени Словени се неколкупати дополнително
расселувани. По неколку големи победи на Византијците, се вршат масовни
преселби на Словенски племиња во Мала Азија; со повлекувањето на
Пиколомини и Големата преселба на Црнојевич неколку стотини илјади
Словенско население од Косово и од северозападна Македонија се
преселени на север; Во 1924 година во размената на население помеѓу
Грција и Бугарија неколку стотини илјади Словенско население
имигирираат таму, а во размената со Турција пак, повеќе десеттини
илјади муслиманизирани Словени се селат во Турција; Во Титова
Југославија повторно неколку десетини илјади муслиманизирано население
пак бива преселено за Турција. Какви биле збеговите на населението на
Балканот типично сведоштво е кога пред триесет години за две седмици
300.000 Муслимани емигрираа од Бугарија во Турција. Имало ли населување на Словените?
Кај новокомпонираните експерти една од главните теми на
себеисмејувањето е еден детал од хрониката на императорот Маврикиј каде
што ја опишува вештината на Словените да пливаат под вода со трска.
Најверојатно тој добро ги запознал Словените затоа што неговите хроники
сведочат дека целиот свој живот се борел со Словените, така што, во
зимата 602 година кога ги пратил војските да го спречат нападот на
Словените преку замрзнатиот Дунав, војската се побунила убивајќи го
подоцна. Значи, доаѓањето на Словените претставува посебна инспирација
на внуците на Аминта III при што прават разни мистификации како воопшто
Словените успеале да патуваат толку далеку; како го поминале Дунав и
сл. Најверојатно многумина Дунав го поминале по мостови, зашто уште I
век Рим градел мостови на Дунав. Аварите во V век кај Белград исто така
изградилe мост на Дунав. Покрај тоа го преминувале и со разни типови
бротчиња, со сплавови на истиот начин како што пред нив го сториле тоа
Готите, Хуните, Аварите и малку подоцна Бугарите. Во IV век Вандалите
тргнале негде од денешна Унгарија, ја поминале цела Германија, цела
Франција, цела Шпанија, преку Гибралтар, половина Северна Африка и
дошле до Картагина - (денешен Тунис) и од таму го нападнале Рим, го
ограбиле и се вратиле назад имајќи потоа уште сто години цивилизација.
Денес никој не знае каде се Вандалите. Во историјата тоа време е
познато како Големата преселба на народите. За некои мистификации
Дали македонското име е вечно? Се прават миситификации околу
континуитетот на името Македонија географски и етнички. За жал,
реалноста потврдува друго. За разлика од етничкиот, географскиот термин
Македонија можеме да го следиме подолго време, но најчесто преку
картографска определба на тој простор. Интересен е фактот дека секогаш
кога биваат востоличени словенските владетели во Македонија,
вклучително и автохтониот цар Самоил, не е евидентирано името
Македонија; Во 802 година во наредните 250 години Византија името
Македонија го пренесува на областа близу Одрин. Подоцна, во XV век на
овој простор Турција ги основа Косовскиот, Битолскиот и Солунскиот
вилает. Името Македонија како географски простор и политички проблем
воскреснува дури по Берлинскиот конгрес. Кога станува збор за етничкиот
континуитет проблемот е уште посложен. Од Новиот Завет па до Крсте
П.Мисирков, ние имаме тежок проблем да ја пополниме јамата од 2000
години. Тешко ќе најдеме настани, процеси, институции наречени со тоа
име. За жал, виртуелните поими кои што ги измисли комунистичката
историографија од типот на "старомакедонски" наместо старословенски,
"македонскиот цар" Самоил, "Македонската" православна црква (пред 1945
год.) или "македонските" преродбеници Миладинови, Прличев, Шапкарев,
логично придонесоа новата видео гаме генерација, виртуелните настани да
ги претвора во виртуелна историја за интерна употреба. Навистина е
чудна оваа наша амбиција од епитетот "најмлада нација во Европа" да си
го припишеме атрибутот "најстара нација во светот". Народот кој што од
Новиот Завет па до К.П. Мисирков не може да наведе еден институционален
процес за својот континуитет; народот кој што од Османлиската Империја
никогаш не побарал да му даде посебен Македонски милет; (Власите 1905
година бараат од султанот Влашки милет и тоа им е дадено); народот кој
што првпат некаква институција (Коминтерната) го има признаено во 1934
година; народот кој што својата прва книга поезија на сопствен
македонски јазик ја има издадено 1938 година, а својот прв роман 1951
година, одеднаш претендира да биде најстар. Затоа, молам за малку
скромност. П.С. Спомениците на Филип и
Александар веќе ги триплиравме, а воопшто не го спомнуваме Аминта III.
Не смееме да го пренебрегнеме и него затоа што без Аминта III не ќе
постоеја ниту син му Филип II, ниту внук му Александар III. Ете затоа
инсистирам - една биста и за него! |
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сега ЉуБчо стана и историчар...
Или само чита текст припремен од неговите ментори... |
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сега со Бранко се слободњаци и можат да пишуваат се што им душа сака. Само не верувам дека кје јан напишат вистината планираниот распад на НАкедонија усхте во времето на нејзиното осамостојување. Вистината за погоре напишаното е во Благоевградскиот Окружен суд каде е регистрирана фирмата МАК ЛОГ, а врза која сега од Флорида целокупната контрола ја има Драган Пацинов. |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зошто се враќа ?????
Па за да го земе и Груевски со него..... во историјата |
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
aman vishe!zarem ushte e zivo govedovo?!.po antipatichno stvorenje ,..nemam videno ,..
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Љупчо Георгиевски е пропадната политичка фигура со маргинални политички влијаниа на денешната политичка сцена во Македонија,се обидува да повлече членство во негојта гајтан партија и тоа му е и целата,само многу погрешен начи бира.
Со неговине написи,државјанство бугарско и слично тешко некој дека ќе му се приклучи освем припадниците на радко.
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Која ли храброст ја има човекот, верувале или не секој би се прашувал каде е границата меѓу фикцијата и реалноста.
Со таква смиреност, со таква отвореност синоќа кај Миленко зборуваше за моралот и удобноста на политичарите. Колку ги разголи, колку ги демантираше сите оние големи патриотски изјави на оние кои секојдневно не пренесуваат жедни преку вода, не раскаруваат. не делат уздуж и попреку. |
|
abnormalen
Сениор ... Регистриран: 05.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 168 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"Која ли храброст ја има човекот, верувале или не секој би се прашувал каде е границата меѓу фикцијата и реалноста."
па, да видиш и која храброст треба?! кога си меѓу овци и овени ? а тоа ,тој идиот најдобро го знае. |
|
Gluposta e najneobična od site bolesti - od nea NE pati bolniot tuku, SITE OSTANATI!
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вчера тврдеше кај Миленко дека 300 чуда за државава,вакви сме биле,такви сме биле,а заборавил веројатно кога велеше на почетокот од 90-те дека наредниот конгрес на Вмро ќе биде во Солун
Човекот е тотално измешан во сваќањата.
Колку ли само се губи некој кој вил на врвот кога ќе падне во подножјето пример е Љупче.
Прочитал доста историја овие години,но се му се измешало и си го толкува како што му одговара нему.
Синоќа мислам дека се закопа самиот себе си во политичката и национална тиња во која самиот се валкаше до сега.
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И јас мислев дека се закопал, ама еве упорно го воскреснуваат, да им покаже на неговите некогашни (и сегашни ако ги има) следбеници во каков изрод верувале и се колнеле! Тема: Зошто ЉуБчо се враќа во политиката??? И зошто и кој секогаш го воскреснува пред одлучувачки моменти, да ја мати водата? |
|
Внеси реплика | страница <1 89101112 25> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |