|
F1 Вести |
Внеси реплика | страница <1 2425262728 55> |
Автор | |
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Двократниот светски шампион Фернандо Алонсо го обвини својот неуспех и економската криза за празните седишта на Шпанското ГП. Организаторите очекуваа 100.000 фанови на патеката Каталуња, помалку од рекордните 140.700 од 2007 година, но и од минатогодишните 132.600 фанови. "Мислам дека кризата има ефект, а можеби не е добро да го кажам тоа, тоа е и поради тоа што не победуваме. Да бевме во добра форма трибините ќе беа полни", вели Алонсо. |
|
|
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Берни: "Формула 1 = Ферари!"
Формула 1 и Ферари се "брак направен во рајот" и една од тие работи кои навистина одат заедно, вели Берни Еклстоун по заканите на претседателот на ФИА, Макс Мозли дека спортот може да преживее и без најстариот и најпопуларниот Ф1 тим. "Не верувам дека Макс го мислеше тоа што го кажа. Тој само му враќаше на Лука Ди Монтеѕемоло. Формула 1 е Ферари, а Ферари е формула 1. Тоа е брак направен во рајот", вели 78-годишниот Еклстоун. Изменето од Iron Man - 12.Мај.2009 во 21:13 |
|
|
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тојота и Раиконен најавија откажување во знак на протест!
Тимот на Тојота нема да влезе во формула 1 шампионатот следната сезона доколку новите правила на ФИА не се променат, вели претседателот на тимот Џон Хаует. "Ако ништо не се промени, нема да поднесеме барање за влез во 2010 до крајниот рок на 29 мај. Но, мислам дека не сме единствени во ова мислење", вели Хаует. Хаует е потпретседател на Асоцијацијата на Ф1 тимови (ФОТА), кои луто реагираа на обидот од 2010 да се воведе доброволен ограничен буџет од 40 милиони фунти. Предходно на сличен начин реагираа и тимовите на Ферари и на БМВ, бидејќи тимовите со ограничен буџет ќе имаат значајна техничка слобода во споредба со тие кои ќе сакаат да трошат колку што сакаат. "Тоа е двоен шампионат и мораш да одиш на ограничен буџет. Но, не се работи само за буџетот туку за вредноста на формула 1. Со ограничен буџет значи мораме да отпуштиме многу луѓе", вели Хаует. Светскиот шампион од 2007 година, асот на Ферари Кими Раиконен исто така најави дека ќе се откаже од спортот ако се случи ограничување на буџетот. "Ова веќе не е формула 1! Задоволен сум во Ферари, имам договор за следната година, но таква формула 1 не прави смисла за мене", вели Раиконен. Изменето од Iron Man - 12.Мај.2009 во 21:09 |
|
|
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Донесена ли е конечната одлука?
На ден 30 април, по состанокот на светскиот совет за моторспорт на ФИА во Париз, беа објавени правилата за следната сезона. Во членот 6.1 беше образложено дека титулата ќе се решава според тоа кој има најмногу победи во сезоната, односно поточно, “титулата ќе припадне на оној возач кој завршил прв на најголем број трки”. Со тоа повторно се разбранува Ф1 јавноста, при што интуитивна претпоставка е дека речиси сите кои се на било каков начин инволвирани во спортот, од возачите до телевизиските гледачи се против таква разврска на шампионатот. Но, бидејќи ни тоа не беше доволно, по официјалниот протест на неколку тимски шефови, ФИА донесе одлука повторно да го врати бодовниот систем за следната сезона, покажувајќи конфузност и неодлучност. За потсетување, хронолошки, првично ФИА го воведе новото правило за тековната сезона, па откако наиде на неодобрување од ФОТА, правилото беше прекомандувано за да дебитира во 2010 година, но со овој потег на ФИА, повторно неговото можно воведување во иднина се остава во неизвесност. Можеби предлогот е добар и во некои натпреварувања добро функционира, но покрај се, Формула 1 е спорт во кој традицијата е многу значајна, па според тоа е потребно да се задржи истата и да се остане на бодување на првите најдобри возачи. Бидејќи традицијата ни говори дека секојпат шампион бил оној со најголем број на бодови собран во трките, а не најголемиот број на победи. Во секој случај, не можеме да бидеме сигурни дека ФИА тука ќе стави крај на ова фијаско. Се покажа дека одлуката која била донесена на состанокот не е исправна, а ФИА требаше да го има тоа на ум, земајќи го в предвид фактот што првичниот предлог помина очајно лошо и веднаш, впрочем како и овој пат, беше повлечен. Конфузноста на ФИА не води никаде, а тоа на духовит начин го кажуваат и натписите на повеќето светски Ф1 сајтови, малку адаптирани на македонски сленг - “Сад га видиш, сад га не видиш!!!” |
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Розберг специјалист за петоците
Џенсон Батон на Браун и Нико Розберг на Вилијамс се двајцата возачи кои имаа најдобри пласмани на првите два тренизи возени на европска почва годинава. Нико Розберг покажа дека е најрасположениот возач во петоците, но за жал перформансите не успева да ги валоризира и во официјалните наптревари, односно во трката. Ова му е 5 пласман на првото место во вкупно 10 возени петочни сесии сезонава, и со исклучок на Кина, на секоја трка бил прв барем на еден од петочните тренинзи. Во секој случај, првиот тренинг помина во доминација на Браун, односно нивниот возач Џенсон Батон, кој немаше посериозни проблеми да постави време од 1:21.799 и беше единствениот кој возеше под минута и 22 секунди. Претходно, долго време на врвот беше Јарно Трули, кој на крајот излезе како второпласиран. Добра трка најавија возачите на БМВ Заубер, кои ги зазедоа 3-то и 4-то место. Победникот од Кина, Себастијан Фетел е 13-то пласиран, додека вториот болид на Браун, возен од Рубенс Баричело е 10-ти. Од, условно кажано, фаворитите, Фелипе Маса го има најдобриот пласман - 9-то место, додека Кими Раиконен со 11-то место го заокружи тренингот на Ферари. Мекларен, пак, со Луис Хамилтон и Хеики Ковалаинен ги зазема само 14-то и 19-то место. Во втората сесија, тимот на Вилијамс покажа најголема брзина и покрај Розберг, второпласиран беше вториот возач, Казуки Накаџима. Јапонецот доцнеше речиси две десетинки од реперот кој го постави неговиот колега, 1:21.588, кој притоа е резултат на денот, односно најдобро постигнување во двете сесии заедно. Сепак, со механички проблем, Розберг мораше да застане при крајот на сесијата. Силно трето место имаше возачот на Рено, Фернандо Алонсо, додека 4-ти беше Рубенс Баричело. Џенсон Батон и Себастијан Фетел финалните активности во петок ги завршија како 6-ти и 7-ми. Ферари и Мекларен, веќе стандардизирани во средината на поредокот, имаа слаби постигнувања. Кими Раиконен беше 10-ти, а од 13-та до 15-та позиција се пласираа Луис Хамилтон, Хеики Ковалаинен и Фелипе Маса. Единствен возач без време во втората сесија беше Адријан Зутил, кој поради проблем со горивото не се појави на патеката. Марк Вебер доби казна од 6 400 евра, поради пребрзо возење низ боксот. Зачудувачки е што максималната брзина дозволена во боксот е 60 км/ч, а Австралијанецот во втората сесија успеал да ја пречекори за дури половина од вредноста, при што возел 91,5 км/ч. Генерално, сите возачи се задоволни од подобрувањата на нивните болиди, со што утре се очекува поизедначена квалификациска сесија, споредена со претходните четири трки. Интересно е што болидите на Рено не беа опремени со КЕРС, а претходно беше најавено дека овој уред ќе се користи. Рено реши да ги следи стапките на БМВ Заубер, и да ја стопира употребата на КЕРС, фокусирајќи се на негова надоградба. |
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Браун ГП тимот се договори за промотивен договор со Сони Пикчрс за промоција на новиот Терминатор Салвејшн филм, кој ќе излезе во САД на 21 мај. Болидите на Браун ќе бидат пресликани со мотиви од четвртото продолжение на Терминатор, а ова не е првпат во Ф1 да се промовираат филмови, обично во Монако. Јагуар, а потоа и Ред Бул помогнаа во промоцијата на Оушнс 12 и на Стар Ворс 3, додека Тојота лани го промовираше Црниот Витез на Британското ГП. Се шпекулира дека и новиот Трансформерс ќе биде промовиран во Монако. Себастијан Фетел и неговиот Ред Бул тим не смеат да си дозволат да “фрлат” нови поени оваа година бидејќи сега се во борба за титулата, вели Германецот. “На секоја трка можеш да освоиш 10 поени и е дел од борбата за титулата. Не смееме да дозволиме да губиме глупави поени”, вели Фетел. Возачот на Вилијамс, Нико Розберг побара итна ревизија на тежината на болидите откако возачите продолжуваат да слабеат за да имаат поконк*рентен болид. ФИА веќе најави зголемување на минималната тежина на болидите за 15 килограми за следната сезона, но Германецот вели дека е предоцна. “Во Бахреин некои возачи ја губеа свеста поради тоа што имаат помалку килограми. Знаеме дека КЕРС додава 30 килограми, но тоа не значи дека ние треба само да слабееме”, вели Германецот. Луис Хамилтон доби посебна почест од патеката Каталуња во Барселона, една година откако беше цел на расистички напади од гледачите на патеката. Тој сега како светски шампион ќе добие место во Авенијата на шампионите, приклучувајќи се на имиња како Михаел Шумахер, Аиртон Сена, Најџел Менсел, Фернандо Алонсо и Нелсон Пике. “Навистина е фантастично да се биде тука на една од моите омилени патеки и да се добие ваква награда”, вели Хамилтон. |
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Возачите со поддршка за Ферари во битката со ФИА
Возачите застанаа на страната на Ферари, а не на претседателот на ФИА, Макс Мозли, кој посочи дека спортот ќе преживее и без Ферари. Моќните тимови се вклучени во битка за моќ со ФИА околу контроверзите со воведувањето на ограничен буџет од 2010. “Без Ферари нема формула 1 повеќе”, вели Џанкарло Физикела од тимот на Форс Индија. Двократниот Ф1 шампион Фернандо Алонсо исто така изјави дека да се размислува за модерната Ф1 без италијанскиот тим е “невозможно”, додека актуелниот шампион Луис Хамилтон исто така вели дека “не може да замисли таква ситуација”. Фелипе Маса од Ферари вели дека не сака да се постави во “средина” на дебатата, но призна дека не му се допаѓа политиката во Ф1. “Би било подобро да имаме подобар спорт. Со помалку политика и повеќе спорт”, вели Бразилецот. |
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На Алонсо сега му недостасува Хамилтон?
Фернандо Алонсо зборуваше позитивно за својот поранешен колега и актуелен Ф1 шампион, Луис Хамилтон пред Шпанското ГП, откако и двајцата возачи се мачат да остават впечаток по стартот на сезоната 2009. Добрите зборови за Англичанецот дојдоа кога Алонсо се потсетуваше на дуелот во Мекларен во 2007. “Имавме добра конк*ренција што на двајцата ни помогна да ги најдеме нашите граници. Можам да кажам дека ми недостасува таа конк*ренција на некој начин бидејќи беше забавно. Секогаш ја кажувам истата работа - имав проблеми со Мекларен и никогаш со Луис”, вели возачот на Рено, Алонсо. Откако освои две титули во 2005 и 2006 со Рено, Алонсо замина во Мекларен, каде што во контроверзна сезона полна со ривалство со Хамилтон заврши зад него и зад Кими Раиконен во Ферари во борбата за титулата. “Проблемите кои ги имав во Мекларен со големите шефови и со филозофијата на тимот значеа дека морам да си заминам. Луис секогаш бил голем возач и сега е голем шампион. Се бореше за титулата во првата сезона и ја освои во втората. За да си ја поправи својата оштетена репутација од оваа година треба само да победува. Тоа е најважно”, вели Алонсо. |
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Розберг, пак, најбрз за Вилијамс на стартот
Нико Розберг го предводеше својот тимски колега Казуки Накаџима во 1-2 пласман на вториот тренинг пред Шпанското ГП откако лидерот во генерален пласман, Џенсон Батон беше најбрз на утринската сесија. Германецот Розберг сега е најбрз на 8 од 14 тренинг сесии до сега во новата сезона без да заврши повисоко од шестото место на трките. Розберг имаше време од 1:21.588 пред својот колега Накаџима со 0.152 секунди поспоро време, додека третото место го освои Фернандо Алонсо во Рено. Батон имаше добар старт со најдобар круг од 1:21.799 во првата тренинг сесија, а во втората сесија беше шести. |
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
В НЕДЕЛА (14.00) ПОЧНУВА ЕВРОПСКАТА Ф1 СЕЗОНА СО ШПАНСКОТО ГРАН ПРИ
Во Барселона многу работи ќе станат појасни Шпанското ГП в недела ќе биде вистински показател колку успеале новите храбри правила на ФИА за подобрување на претекнувањето во формула 1. Мазните гуми, смешните задни крила, преголемите предни крила, сите тие ќе добијат вистински тест на патеката Каталуња овој викенд. Причина за ова е што Шпанското ГП обично е една од подосадните трки во формула 1. Претходно имаше три вакви досадни патеки: Сан Марино (убава и досадна), Шпанија (ветровита и досадна) и Унгарија (само досадна). Имола си замина, но Барселона и Будимпешта остануваат предизвик за носителите на техничките правила. Ако повторно има трка без многу претекнувања во Шпанија, тогаш целосниот редизајн на болидите под директива на ФИА ќе се смета за неуспех. Добрите вести се што тимовите не можеа да тестираат пред трката и сè уште има многу работа која треба да се заврши во петокот и во саботата, а сега на неколку болиди ќе има и КЕРС. БМВ засега се откажаа од системот, Мекларен речиси сигурно ќе го носат, додека КЕРС-от на Ферари работи само кога ќе посака, како што дозна Фелипе Маса во Бахреин. Но, од овие три тима нема да се очекува на првиот ред во Бахреин бидејќи Браун ГП тимот ќе направат ново подобрување на својот најбрз болид, а Ред Бул и Тојота исто така најавија нови делови. Браун исто така откри неколку нови спонзори, откако Берни Еклстоун реши да не им ги даде парите од ТВ правата кои требаа да одат кај Хонда. Џенсон Батон ќе биде повторно човекот кој ќе мора да се победи откако во Бахреин со сигурно возење стигна до третата победа во четири трки. Рубенс Баричело имаше поинаква стратегија и не успеа да остане на врвот, а ќе биде интересно да се види дали Тојота ќе продолжат со стратегијата на квалификации со малку гориво како во Бахреин со Тимо Глок и Џанкарло Физикела. Во Барселона знае да има доста инциденти на првата кривина, така што ако излезе сигурносното возило, тие со празни болиди нема да бидат во предност. Но, со разлика од 1.5 секунди од најбрзите до најбавните, одлуката за тоа со колку гориво ќе се влезе во последните квалификации е клучна за целиот викенд. Марк Вебер можеби има најдобра шанса оваа година да стане светски шампион (без Мекларен и Ферари на врвот и со можеби најдобриот болид), но мора да почне да освојува повеќе поени од импресивниот колега во Ред Бул, Себастијан Фетел. Младиот Германец е сè подобар. На Ферари сè уште им треба добар резултат да се надеваат на нешто оваа сезона и традиционално се брзи во Барселона, а лани Кими Раиконен доминираше во трката. Мекларен повторно влеат дека нема да имаат многу шанси во Шпанија, но барем тие се сигурни во перформансите на својот КЕРС систем. На Вилијамс им требаат исто така брзи поени за да ја искористат предноста на дифузерите пред сите да имаат солидни верзии, додека БМВ мора да излезе од амбисот во кој падна. Работите немаше да бидат толку проблематични ако останеа во партнерство со Вилијамс како пред пет години. Тимот доби целосно нов болид за Шпанија и тоа навистина им треба. |
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со трката на патеката Каталуња близу Барселона, започнува европската турнеа на Формула 1, на чие тло всушност, се возат најмногу трки во сезоната. Покрај фактот што е прва европска трка за 2009-та, трката ќе биде одбележана и по тоа што треба да разреши неколку мистерии, а тоа е дали големите имиња, пред се Ферари и Мекларен ќе можат да се приближат на неприкосновениот Браун ГП. Тимовите се подготвуваат за вистински старт во Европа, откако некои од најголемите фаворити на хартија доживеаа дебакл во Австралија и Азија. Во погоните се работеше напорно изминатите недели, со што речиси сите имаат нов дизајн на задниот дел од болидот, секако поткрепено со дизајн на фамозниот двоен дифузер. Рено и Мекларен први воведоа почетна верзија на дифузерот, а најава има и од таборот на Ферари дека на оваа трка прв пат ќе го употребат. И БМВ Заубер ќе настапи со ревидиран болид, во кој главните промени се на предното и задното крило. Иако без двоен дифузер, очекувањата се големи. КЕРС-от сеуште е непозната за тимовите, откако мислењата се поделени. Најави има само од Ферари, Рено и Мекларен дека ќе го имаат во двата болида, откако БМВ Заубер привремено ја отфрли употребата на уредот. Во пресред на трката во Шпанија најавени се и неколку нови спонзорски договори. Тимот на Вилијамс договори “дил” со енергетскиот пијалок Хел, додека Браун со компанијата за сигурносни појаси Виланс. Дополнително, на задниот дел од болидот на Браун ќе има реклама за четвртото продолжение на култниот филм Терминатор, кој наскоро ќе излезе во кино салите, под името Спасување на терминаторот. Во меѓувреме, Хеики Ковалаинен за прв пат се враќа на патеката, откако минатата година имаше страотен судар на свијокот број 9. - Веќе имав тестирано овде и не се навраќам. Немам сеќавање од овде, немам ни траума - вели Финецот. Инаку, организаторите најавија дека зоната за излетување, т.е. песокот крај свијокот девет е проширен за 1,5 метри, додека зоната крај третиот лев свијок е асфалтирана, со цел полесно контролирање на болидот при тешко излетување. Исто така, околу целата патека, на површина од речиси 4 км се поставени слоеви на заштитни гуми. Најуспешен возач на патеката е Михаел Шумахер. Пензионираниот Германец има 6 победи и 7 пол-позиции. Успеси на патеката Каталуња има и поранешниот возач на Мекларен, Мика Хакинен кој има 3 последователни триумфи од 1998-2000 година. Покрај главните фаворити, Кими Раиконен има мотиви за победа на патеката на која досега има остварено две победи, во 2005 година со Мекларен во и лани во болидот на Ферари. Инаку, минатогодишната победа на Кими Раиконен во Шпанија е последна во кариерата на Финецот, барем засега, а ова година шампионот од 2007 влегува со пост од 18 трки без победа. Иако првичните прогнози за времето говореа дека нема да има услови за дожд, денес метеоролозите излегоа со прогноза за можни врнежи за време на трката, нешто што претходно е видено на Каталуња. Квалификациите се предвидени за 14 часот по средноевропско време. |
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Членовите на ФОТА побараа итен состанок со ФИА, во кој ќе се решат сите работи по кои двете страни имаат спротивни мислења. Ова е одлуката по средбата во Хитроу, во Лондон, каде биле присутни претставници од сите тимови во Формула 1. И претходно беше навестен револтот кај тимовите, особено изразен кај финансиски посилните производители, како Ферари и БМВ Заубер. Италијаните и Германците не го криеа разочарувањето, јавно апелирајќи дека не само што се противници на идејата на ФИА, туку е можно да го напуштат спортот. Покрај споменатите проблеми, тема на разговор бил и Конкорд договорот, кој сам за себе е контроверзен. При тоа, тимовите генерално бараат поголеми пари за самото учество во шампионатот. Бидејќи веќе истекува постоечкиот договор, се шепекулира дека некои тимови ја продолжиле верноста со ФИА и со Формула 1 менаџментот и со тоа се обврзале на подолг рок, додека други очекуваат позитивни промени од новопотпишаниот договор. Асоцијацијата ФОТА доцна синоќа објави соопштение, во кое на конкретен и директен начин е искажан ставот. - Извршниот одбор на ФОТА се состана во Хитроу со цел да се разгледаат новите правила предложени од ФИА за 2010 година и да се оцени напредокот на преговорите со сопствениците на маркетиншките права за обновување на Конкорд договорот. ФОТА имаше позитивен и конструктивен состанок и постигнат е договор да се продолжи со заедничката работа за дефинирање на понатамошните мерки за намалување на трошоците во 2010 и 2011 година, со што ќе се пробива патот започнат во 2008 година. Имаме грижи поврзани со одлуката која беше донесена на седницата на светскиот совет за моторспорт на ФИА, а се однесува на правилата за 2010 година и оттаму бараме итен состанок со ФИА - се вели во сооопштението. Реакцијата на ФОТА следи по минатонеделната објава од страна на ФИА дека се расположени да воведат двоен принцип за распределување на буџетите на тимовите, а дополнително се вжешти атмосферата со враќање на првично отфрлениот систем на одлука на шампионатот - “winner takes all“. Берни Еклстоун ја критикуваше ФОТА, изјавувајќи дека имаат погрешен став кога е во прашање ограничувањето на буџетите. - Големите тимови не го сакаат предлогот бидејќи не им е во гените да добиваат пари од Формула 1. Сè што сакаат да прават е да трошат - ироничен е Британецот. Тој се надоврза и на предлогот на ФИА, со кој од 10 тимови се проширува квотата на 13, но тој смета дека новите натпреварувачи треба да се изберат внимателно. - Нема да одиме според принципот “прв дошол-прв услужен”. Не треба да се враќаме на времето кога било кој можеше да дојде, да извози неколку трки и да исчезне кога ќе снема пари. Потребни ни се само три тима. Некои од големите играчи не се среќни, но никој не изјавил дека се повлекува - додава Еклстоун. Во целата бркотница која ја створија и ФОТА и ФИА и Берни Еклстоун, директорот на Мерцедес, Норберт Хауг ја смири ситуацијата со изјавата дека големите производители не размислуваат за излез од Формула 1. - И Ферари сака да заштеди пари. Можеби се загрижени за условите на ограничување на буџетите и пристапите на ФИА во минатото. Но во моментов, повлекување не е тема на разговор - изјави Германецот за сајтот spox.com Во секој случај, не се очекува брза реакција од главниот човек на ФИА, Макс Мозли, кој доживеа семејна трагедија, при што го загуби постариот син. Интересно е што нема официјален коментар за тоа дали Рос Браун ќе продолжи како технички директор на ФОТА, по несогласувањата кои ги имаше со неколку тимски шефови, а претходно беше најавено дека неговата позиција ќе биде разгледана на седницата. |
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Себастијан Фетел е новиот возач во Формула 1 кој ќе го добие признанието Лоренцо Бандини, именувано по трагично загинатиот италијански возач во 1967 година. Според Ла Газета дело Спорт, доделувањето ќе се изврши на 31-ви мај на плоштадот во гратчето Брисигела, близу Имола.
Минатата година Фетел ги имаше својата прва пол-позиција и победа на легендарната Монца, а притоа стана најмладиот со ова постигнување. Тежина на резултатот даде и силниот дожд кој беше присутен во Италија целиот викенд. - Ги прифаќам работите чекор по чекор и шпекулациите не ми влијаат. Целта ми е да возам во најдобриот болид и да победувам на трките. Во моментов сум среќен каде што сум - вели младиот Фетел за новинската агенција СИД, запрашан за неговиот иден статус. Од 1992 година, родниот град на Бандини, Брисигела еднаш годишно доделува признание за истакната фигура од светот на моторспортот, а обично ја добива човекот што на било каков начин ја обележал годината, со напомена дека доделениот трофеј во тековната година се однесува на годината претходно. Имиња како Дејвид Култхард, Жак Вилнев, Џанкарло Физикела, Јарно Трули, Џенсон Батон, Хуан Пабло Монтоја, Михаел Шумахер, Кими Раиконен, Фернандо Алонсо, Марк Вебер, Фелипе Маса и Роберт Кубица го имаат трофејот во своите витрини. Единствено во 1997 трофејот е доделен на претседателот на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, додека во другите случаи признанието го добивал возач. Минатата година беше крунисан Роберт Кубица од БМВ Заубер. Иако претходно беше поврзан со Ферари, Фетел изјави дека земал совети од неговиот пријател од Мекларен, лекарот Аки Хинтса. Германскиот Билд објави дека Финецот, кои исто така е близок пријател со Кими Раиконен, му доделил нов фитнес тренер на младиот возач. Сепак, сеуште е рано за прогнози дали овој чекор на Фетел е подготовка за евентуално идно седиште во Мекларен. Себастијан Фетел е моментално трет во генералниот пласман, со 19 поени и една победа во четири настапи. |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кими подготвен за победа по една година пауза
Иако е можеби тешко да се поверува, помина цела година откако Кими Раиконен последен пат победи во формула 1 шампионатот. Сите очекуваа Финецот да доминира во сезоната 2008 откако како актуелен шампион победи на Шпанското ГП на 27 април за втора победа во новиот шампионат, но за несреќа на неговите фанови и на Ферари од таму се тргна надолу. Тој на крајот ја заврши сезоната на третото место, далеку зад шампионот Луис Хамилтон во Мекларен и неговиот клупски колега од Ферари, Фелипе Маса. По ова следуваа критиките дека "Ајсмен" едноставно ја загубил жедта за победа, а дури и од Ферари велеа дека "не го познаваат човекот во болидот на Кими". Лошата среќа продолжи и оваа сезона и тој моментално се наоѓа на 12. место во генерален пласман со само 3 поени од првите четири трки од сезоната. Но, по се ова Раиконен инсистира дека не ја загубил "страста за победи". "Помина повеќе од една година од мојата последна формула 1 победа. Во Барселона во 2008 го имав најдобриот викенд со Ферари - пол-позиција, победа и најбрз круг. Од тогаш неколку пати бев блиску, мислам во Мањи-к*р, Монтреал и Спа, но поради различни причини не успеав. Но, и покрај тоа возачот никогаш не ја губи страста за победа и сакам да го добијам тоа чувство што е можно побргу", вели Раиконен за официјалниот сајт на Ферари. Ферари ќе воведат неколку клучни подобрувања на својот болид за трката овој викенд откако го имаа најлошиот старт на една сезона по повеќе од 20 години, и Раиконен верува дека со тоа ќе може да добие нов старт. "Навистина ми се допадна кога слушнав каков нов аеродинамички пакет имаме за Шпанија и првите знаци се позитивни. Ќе биде интересно да се излезе со болидот на петочните први тренинзи. Возевме на патеката во март оваа година, но секогаш е тешко да се сфати кој е навистина силен на тие тренинзи. Од тогаш многу болиди целосно се променија. Ќе имаме далеку поголема надолна сила со новиот пакет во споредба со првите четири трки, но скоро сите ќе се појават со некои подобрување. Сега ќе видиме кој завршил подобра работа", вели Раиконен. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Внеси реплика | страница <1 2425262728 55> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |