|
Панихида на Гоце Делчев |
Внеси реплика | страница 123 11> |
Автор | |
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 06.Мај.2009 во 18:16 |
Со панихида со која чиноначалствуваше архиепископот на МПЦ г.г. Стефан вчера во црквата „Св. Спас“ во Скопје пред саркофагот на Гоце Делчев беа одбележани 106 години од загинувањето на идеологот на македонската револуционерна борба... (повеќе)
Ме чуди како секоја година МПЦ си дозволува да извршува верски обреди над луѓе за кои нема никакви податоци дека биле припадници на нејзината верска организаиција?
За Гоце Делчев не постои ниту еден документ, ниту еден историски податок дека тој бил православен верник. Ниту една негова изјава не е поврзана со православната црква, никаде не го спомнал Исус Христос, никаде не ја спомнал Библијата или нешто слично. Никаде не застапувал интереси на ниедна црква, па ни на православната.
Тогаш зошто МПЦ обавува верски обреди пред неговиот саркофаг? Зошто му прави панихиди секоја година?
Можеби човекот си бил атеист, или пак си имал некоја своја специфична индивидуална вера, па оттаму, зарем не сметате дека ова е малку неетички, неморално да му се прави сега откако е мртов?
Како би ви било на вас откако ќе починете некој да ви врши некои харе кришна обреди над вашиот гроб или слично иако вие не сте биле никогаш припадник на таа религија? Изменето од EvAngelos - 06.Мај.2009 во 19:03 |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со оглед на тоа што Гоце Делчев е роден и израснат во Кукуш, градот кој беше предводник на тн. Кукушка Унија, односно движење за отфрлање на православието како кочница за исполнување на вековните желби за самоопределување на македонскиот народ, постои голема веројатност и Гоце Делчев да не бил припадник на „православната“ вера.
Со оглед на фактот што голем број на македонски револуционери и преродбеници (како Партениј Зографски, Теодосиј Гологанов, браќата Миладинови, а во поблага форма и Јане Сандански, Кирил Пејчиновиќ и други) ја сметале „православната“ црква за окова над македонскиот народ и идентитет, за чудење е до каде оди самобендисаноста на МПЦ да се тутка таму од каде што е изгонета и да се кити со туѓи перја. |
|
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ги замолувам администраторите да реагираат на оваа тема, односно да ја отстранат, затоа што е спекулантска.
Повторно се среќаваме со исмевање на неколку личности, коишто Црквата смета дека се достојни да бидат канонизирани за светители, повторно има навреда упатено кон Православната Црква, и повторно имаме лукаво исмевање. Впрочем, каква врска има оваа тема со вероисповест? Какво исповедање на верата има во оваа тема? И зошто дозволувате неправославни членови да се замараат со Православната Црква во Македонија? Би било во ред, да си ја промовираат својата деноминација, а не да блуват во нечија друга. Понекогаш се умира и од сопствената блуваница (особено ако си пијан!). А и Господ допушта, но допушта одреден период - а ако некој не се покајува... може да бира срп или сатар. п.с. Мојата прабаба е од Кукуш, а мојот прадедо е од Морарци (кукушко), па нивните семејства биле православни. Изменето од makarios - 06.Мај.2009 во 19:22 |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пак рекла-кажала. До вчера некои тврдеа атеист, дека ја кинел Библијата и се мајтапел со Бога, ама документи за тоа не видовме воопшто, значи се остана на рекла-кажала. Сега пак и панихидата за Гоце им сметала, а како доказ за тоа го наведуваат Кукуш како центар на унијатството. Еве еден факт кој на многумина ќе им помогне да расчистат со тоа дали Гоце бил унијат или Православен Христијанин. Гоце Делчев учел во ЕГЗАРХИСКА машка гимназија во Солун, а Егзархијата била Православна. Значи јасно е дека до тој период бил Православен. Дека подоцна ја сменил својата вера во ниту еден документ не е наведено, а оние кои сега тврдат дека Гоце можеби не бил Православен ги предизвикувам да ми покажат документ каде што јасно ќе утврдиме дека Гоце не бил ПРавославен, а била атеист, унијат или нешто друго. Доколку не се најде документ, повторно ќе остане се на рекла-кажала.
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се читаш ли што пишуваш?! МИТРОПОЛИТОТ Теодосиј Гологанов и МИТРОПОЛИТОТ Партениј Зографски ја сметале Православната Црква за окови над македонскиот народ?!?!?!?!? Е ова е врв. Земи си историја и читни малку, не се брукај вака пред сите. Оди и види против што се борел Теодосиј Гологанов па после зборувај дека се борел против Православната Црква, прочитај и за Зографски затоа што вака само го покажуваш непознавањето на македонската историја. |
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Исто така - отидете понекогаш до Универзитетска Библиотека, прочитајте по нешто пред да пишувате што ќе ви текне...
За односот на Кирил Пејчиновиќ, Јане Сандански и Браќата Миладинови кон Православието, можете да прочитате од нивните преписки со други луѓе. Има бројни писма од сите горе наведени, кои потврдуваат дека биле приврзаници на идејата за обновување на Македонска Православна Црква. Во документите во военото училиште во Софија, Гоце Делчев е заведен како Православен по вероисповед. За подоцнежниот период, можете да прочитате повеќе од два извора - преписката негова со Пејо Јаворов (познат бугарски поет, кој бил во неговата чета), како и од Биографијата објавена од Јаворов за Гоце, по неговата смрт. Затоа - не се срамете непотребно со вакви глупости. |
|
Do what is right, come what may...
|
|
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
jас еднаж читав овде дека Георги Делчев бил влав |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ne mislam deka temata treba da se odstrani i deka nema nishto so religijata od nasheto podnebje, osobeno koga se raboti za javen nastan.
Dali ima neshto spekulantsko vo nea? Ne znam, za toa treba da se izjasnat onie koi ja postavile temata, kako i onie koi ja organizirale panahidata. Postavuvachot na temata so pravo prashuva za podaci koi nedvosmisleno bi potvrdile deka Goce Delchev bil aktiven pravoslaven vernik, koj eventualno svojata borba protiv osmalniite ja temelel na religijski osnovi, shtom MPC mu pridava tolkava vazhnost so religijskiot obred. Tuka nikoj ne go poreknuva Goceviot patriotizam, tuku se postavuva prashanje za negovata religioznost. Dali crkvata pravi vakvi panahidi na site onie koi se smetaat kako zasluzhni patrioti i chlenovi na nasheto opshtestvo? Dali vakvi neshta treba da ochekuvame i na grobot na Chento, Kolishevski, Boris? Kakov kriterijum taa koristi koga planira kade da se pojavi, a kade ne? |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За оние кои биле православни верници, се разбира дека е сосема нормално и во ред да отслужи панихида во нивна чест. А за примери како Колишевски, кој отворено беше анти-христијански настроен и отворено се залагаше за уништување на православни храмови, или Трајковски, кој беше свештеник на друга деноминација, не гледам причина, ниту можност да се врши служба.
|
|
Do what is right, come what may...
|
|
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
E Evangelose, Evangelose ... osnovno nepoznavanje na istorijata ili.....ti ucese nekoja druga istorija, a da toa mora da e istorija koja e napishana od tebe....ccccccc.... |
|
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не туку гракајте "EvAngelos EvAngelos", повелете наведете било каков аргумент дека Гоце Делчев бил православен верник, пред да го направите светец и да се клањате пред неговата икона Кога веќе zidarski спомна бугарски документи, деновиве ќе побарам еден бугарски извештај (доколку го има он-лајн) каде Јане Сандански го укорува Гоце затоа што тој кинел листови од Библијата и ги употребувал како ризла за виткање тутун. Но дотогаш ве молам ова нека остане како шпекулација, затоа што истото и мене ми е пренесено од некој што буричкал по тие бугарски документи.
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Никој нема намера да прави од Делчев светец, затоа што не бил таков.
Колку до бугарските документи - одлично сум запознаен со нив, затоа што поминав 7 години таму, од кои 5 во документарна работа (претежно на овие теми). Знам за "извештајот" кој го спомнуваш - но автентичноста на тој извештај е оспорена уште многу одамна (не е писмо од Јане, ниту пак од некој близок, туку е извештај од некој кој начул дека некогаш Јане рекол такво нешто...). Но - бил православен верник - има документи за тоа во Софија, има директни писма од него, и до него на таа тема. БИЛО КАКОВ документ кој потврдува дека Делчев бил припадник на друга деноминација не постои! Изменето од zidarski - 06.Мај.2009 во 21:23 |
|
Do what is right, come what may...
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Темплариус - за личните обраќања до членовите, користи лични пораки.
|
|
Do what is right, come what may...
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Појасни те молам, ако можеш?! |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Внеси реплика | страница 123 11> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |