IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5354555657 157>
Автор
Порака
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2009 во 14:49

Бубачки во главата

 

        Многу древни култури верувале дека секој човек си има своја бубачка заштитничка и дека секоја си има свои сопствени одлики. Египјаните верувале во волшебната моќ на бубачката Скарабеј, а пак други народи ја претскажувале иднината набљудувајќи ги пчелите.

 

             Сигурно ти се случило да ти удрат бубачките во глава и тогаш никој не  знае што се си спремна да направиш. Откриј ја својата бубачка.

 

Комарец ( 1-31 јануари )

 

Ти си весела, по малку расеана, а со текот на годините се потврдоглава. Најверојатно никогаш нема да пораснеш. Се правиш од своја рака. Се однесуваш наивно и ништо не може да те спречи во она што сакаш да го оствариш. Секогаш си директна и искрена и не ти е важно дали некој ќе те разбере или не. Тешко моше некој да ти го промене мислењето. Можно е да се случи да добиеш напад на бес и тогаш приредуваш сцени.

 

      Во љубовта создаваш долги и бурни врски со жестоки расправии. Од партнерот бараш постојани докази на љубов зашто се вљубуваш страсно и стануваш болно љубоморна. Никако не дозволуваш да се почувствуваш запоставена.

            Слаби точки – поради немирниот карактер подложена си на мали повреди од паѓање и удари. Можни се проблеми со забите и анемија.

            Омилена боја – темно-црвена

            Среќен ден – сабота

            Идеален партнер – оса

 

Пеперутка ( 1-28 февруари )

 

        Ти си “светска девојка”. Многу си интелигентна, љубопитна, сакаш да патуваш. Нестабилна си и затоа никогаш немаш само една професија. Поседуваш двојна природа која тешко може да се запознае. Ако ти се појави можност за нешто, никако не ја пропушташ. На прв поглед делуваш површна, но ти си поетски надарена и живееш во свој свет на фантазии и соништа.

 

            Во љубовта секогаш бараш апсолутна духовност. Ја идеализираш личноста што ја сакаш, а поради тоа често се разочаруваш.

            Слаби точки – екстремитетите. Постои опасност од сообраќајни незгоди. Страдаш од минливи, периодични болести ( пр. грип ).

            Омилена боја – портокалова

            Среќен ден – сабота

            Идеален партнер - мравка

 

Болва ( 29 февруари )

 

        Посебна си по многу нешта. Сигурна си во себе, амбициозна и ретко да не успееш во она што си го замилила. Ти си “чудо од дете” и во интелектуалени и во физички поглед. Убедена си во своите намери затоа секогаш успеваш да ги оствариш. Сакаш другите да ти се восхитуваат и не се плашиш од нивната завист. Чувството за хумор те приближува до другите кои никако не те сметаат за претерано совршена, ладнокрвна или нехумана.

 

            Во љубовта рано се врзуваш за едно момче за кое мислиш дека е за цел живот не поради тоа што си претерано заљубена туку од практични причини.

            Слаби точки – страдаш од температурни промени и лесно настинуваш зашто уживаш во топлина.

            Омилена боја – виолетова

            Идеален партнер - болва

 

            Виолинскао коњче ( 1-31 март )

 

            Леташ исто како и виолинското коњче. Сигурна си во себе и урамнотежена. Сакаш да се осамостоиш. Често ја менуваш професијата, лесно наоѓаш работа и секогаш се раководиш од своето ”шесто сетило”. Поседуваш ентузијазам и моќ на зближување. Само она што те интересира може да ти го задржи вниманието и да те мотивира.Не можеш да се задржиш на едно место подолго време, често се селиш, но секогаш копнееш по родното место. Рано го напушташ родното огниште.

 
            Во љубовта си внимателна и традиционална. Тешко се врзуваш за едно момче, а кога ќе го најдеш никако не флертуваш со друго.

            Слаби точки – имаш брз метаболизам и никогаш нема да се здебелиш зашто јадеј умерено. Проблеми со бубрезите и џигерот.

           
Омилена боја – розева


           Среќен ден
– недела

           Идеален партнер
- комарец

 

Мува ( 1-30 април )

 

Ти си храбра, тврдоглава и често ги нервираш другите. Никогаш не ги менуваш ставовите- невозможно е некој да влијае на тебе. Нечувствителна си на совети, дури и од најблиските. Никогаш не прифаќаш пораз, не си подготвена на компромиси и поради тоа лесно влетуваш во непријатни ситуации и си создаваш непријатели. Одиш од една крајност во друга. Храбра си, но не и бестрешна. Екстравертна си. Секогаш ја кажуваш вистината, дури и да е на твоја штета, за што во друштвото, како и во љубовта важиш за здодевна и недоделкана личност.

 

Во љубовта можеш да доживееш огромна страст која може да започне со љубов на прв поглед, а да заврши на груб начин.

Слаби точки - подложна си на опасност од сообраќајни незгоди и инфекции поради својот карактер.

Омилена боја - небесно-сина

Среќен ден - понеделник

Идеален партнер- пеперутка

 

Мајски бумбар ( 1-31 мај )

 

            Поседуваш неодолив шарм и харизма. Одлучна си, а понекогаш и нежна. Љубезноста и убавото воспитување се вродени карактеристики. Секогаш си резервирана и уживаш во моментите на осаменост. Одлуките ги донесуваш авторитативно и ладнокрвно. Поседуваш особини на водач и би била добра во дипломатија, политика или некоја слободна професија.

 

  Во љубовта си воздржана и никогаш не го правиш првиот чекор, но затоа можеш да чекаш долго и да го избереш вистинскиот миг.

                 Слаби точки
- депресии и проблеми со гениталиите и уринарниот тракт. Можност од алергии.

Омилена боја - сина

Среќен ден - вторник

Идеален партнер - вилинско коњче

 

Бубамара ( 1-30 јуни )

 

Симпатична, добродушна и верна пријателка. Лесно создаваш пријателства, никогаш не остануваш без друштво зашто не поднесуваш самотија. На прв поглед делуваш наметливо, многу зборуваш, но затоа љубоморно ја чуваш сопствената приватност. Те привлекуваат далечни и напуштени места.

 

Во љубовта си романтична и дури и најмалите вниманија ти значат многу. Сакаш да се чувствуваш заштитена и од сите бубачки имаш најголема среќа во љубовта.

Слаби точки - имаш солидно здравје, но можни се проблеми со респираторните органи (бронхитис и запаление на белите дробови или синусите).

Омилена боја- огнено -црвена

Среќен ден - вторник

Идеален партнер - мува

 

Скакулец ( 1-31 јули )

 

       Ти си голем сонувач. Непредвидлива си, а тоа е причината за честите конфликти со околината. Кога си бесна не умееш да се контролираш, многу брзо избувнуваш, но и брзо се смируваш. Не обрнуваш внимание на парите, сакаш да трошиш и да даруваш. Обожаваш луксуз, поседуваш вкус и елеганција, а понекогаш имаш и преголеми барања. Често ти се случува да те измами надворешниот изглед, без разлика дали се работи за предмет или личност и ваквата површност ти создава лични проблеми.

 

            Во љубовта понекогаш си расеана. Немаш правила и ред во сентименталните односи. Често ги занемаруваш внатрешните мотиви.Оригинална си и темпераментна, а тоа ти се најсилните оружја.

            Слаби точки - склона си кон реуматични промени и артроза, затоа треба да се занимаваш постојано со спорт. Не се храниш правилно, јадеш малку и нередовно.

            Омилена боја - зелена

            Среќен ден - среда

            Идеален партнер - мајски бумбар

 

            Штурец ( 1-31 август )

 

Поседуваш двојна личност- едната страсна, весела, оптимистичка, а другата срамежлива, пречувствителна, скоро тмурна. Некои штурци многу зборуваат, импулсивно реагираат и го сакаат “слаткиот живот”, а други се затворени и бегаат од луѓето зашто уживаат во самотија. Гласот е твоето најсилно оружје и затоа како идна професија можеш да одбереш несто поврзано со глума, адвокатура, говорништво. Поседуваш дарба за музика.

 

Во љубовта си голема заводничка. Доживуваш најголема страст. Но понекогаш брзо се заситуваш и изморуваш од заведувањето, а тоа е причина да се откажеш. Секогаш си во потрага по нешто совршено.

Слаби точки - вртоглавица и главоболки. Деформитети на рбетот.

Омилена боја - црна

Среќен ден - среда

Идеално момче - бубамара

 

Светулка ( 1-30 септември )

 

Сите бараат поткрепа од тебе, ти им влеваш доверба. По природа си рационална, љубезна, искрена. Во состојба си да се соочиш со секаква ситуација и да останеш прибрана. Тешко е некој да те налути, ретко го губиш трепението, но тоа не значи дека си спремна на компромис, Поседуваш моќ за раководење, одличен си организатор и програмер. Би била добра како научник или хирург. Ја сакаш природата - растенијата и животните, имаш барем еден домашен миленик. Обожаваш големи пространства.

 

Во љубовта си верна, а ако те напушти продолжуваш да живееш со спомените. Никогаш нема да се обидеш повторно да го освоиш, колку и да го сакаш.

Слаби точки - склона си кон еднолична храна и затоа се можни проблеми со гастритис. Проблеми со крвниот притисок – многу низок или многу висок.

Омилена боја - бела

Среќен ден - четврток

Идеален партнер - скакулец

 

Пајак ( 1-31 октомври )

 

Добродушна си. Го сакаш домот и можно е да посакаш да се омажиш многу млада. Но, од друга страна си голем авантурист и те привлекуваат патувања и опасни ситуации.

 

Во љубовта целосно се предаваш и секогаш си подготвена на жртви. Но, нека внимава оној кој што ќе те изневери или неправедно те навреди зашто кога-тогаш ќе му вратиш “мило за драго”. Во состојба си со години да смислуваш префинета одмазда.

Слаби точки - нервни проблеми поради преголемата емотивност. Астматични напади и проблеми со варењето на храната.

Омилена боја - сива

Среќен ден - четврток

Идеален партнер - штурец

 

Оса ( 1-30 ноември )

 

Никој не може да ти оддолее.Физички ти си најпривлечна меѓу бубачките. Се водиш од сопствените инстинкти кои ти овозможуваат да ја одбегнеш работата и да не размислуваш. Секогаш си ги поедноставуваш работите- ги користиш предностите, ги одбегнуваш опасностите. Се потпираш на “шестото сетило”, а тоа те прави непостојана. Темпераментна си, се интересираш за различни работи, но не си во состојба да се соочиш со тешкокиите.

 

Во љубовта не се врзуваш лесно за една личност, а ако тоа се случи, ќе биде по долго и упорно додворување. Несвесно заведуваш, но не забележуваш кога тебе те заведуваат другите.

Слаби точки - подложна си на сезонски болести. Проблеми со очите уште од раѓање, затоа не се исклучуваа можноста од сообраќајни незгоди.

Омилена боја - жолта

Среќен ден - петок

Идеален партнер – пајак

 


Мравка ( 1-31 декември )

 

Подготвена си секоја работа да ја извршиш без размислување. Работлива си и неуморна. Ретко правиш непромислени грешки. Се соочуваш со секоја ситуација со голема прецизност и огромно чувство за обврска. Препознатлива си по овие карактеристики.

 

Во љубовта имаш потешкотии зашто бараш совршенство и не ги толерираш грешките и недостатоците кај партнерот кој има чувство како да е под лупа. Верна си и доверлива, но можеш да станеш здодевна поради тоа што си голем перфекционост.

Слаби точки – си наметнуваш преголеми обврски, а поради тоа страда срцето, крвотокот и нервниот систем. Проблеми со органите за варење и спиењето.

Омилена боја – црна

Среќен ден – петок

Идеален партнер - пајак

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2009 во 13:15
Заведување по хороскопски знак
 
 
 
Еден од начините да ги усовршите тактитиките на заведување е и да ги прилагодите на хороскопскиот знак на личноста која ве интересира. А откако зодијачкото заведување ќе ви успее, може да ја искористите следната листа и за да одберете подарок или патување за вашиот партнер.

aries-body-art-everts.jpgОвен
1. Пристепете смело - Овенот ќе ја цени вашата директност
2. Закочете и уживајте додека вашиот Овен ве вовлекува во виорот на страста
3. Бидете подготвени да ве осветли сјајот на вашиот патнер - Овенот ќе биде ѕвездата на ваше сопствено приватно шоу
Како се бакнува: Бакнежите се брзи страстни парчиња соблазиво задоволство што во еден миг се тука, а следниот исчезнале.

Скапоцени камења: аквамарин за родените во март, дијамант за родените во април
Бои: црвена
Цвеќиња: анамска рака (honeysuckle)
Метал: железо, бакар
Држави: Англија, Франција, Германија, Полска


Бик
1. Згответе му го омиленото јадење - комплетирајте го доживувањето со убава музика, интересни чинии и свеќи
2. Гушкајте се, ова е секогаш добар избор за Бикот.bik_taurus.jpg
3. Давајте суптилни комплименти, а наскоро Бикот ќе ви покаже колку задоволувачка може да биде врската со него.
Како се бакнува: Бакнежите се внимателни, бавни и од срце, и може да траат и траат...

Скапоцени камења: Сафир, смарагд за родените во мај, дијамант за родените во април
Бои: светло сина, розова, лимон жолта
Цвеќиња: фрезија, ружа, љубичица
Метал: бакар
Држави: Ирска, Швајцарија, Шведска, Русија

bliznaci_z.jpgБлизнаци
1. Забавувајте се во играта на флертување со Близнаците
2. Бидете недопирливи, заводливи и секогаш со едната нога во бегство. Близнаците ја обожаваат потерата
3. Стимулирајте го нивниот ум - а потоа и нивното тело. Близнаците не можат да одолеат на интелигентен љубовник
Како се бакнува: Бакнувањето е испрекинато со насмевки, кикотење и забавни коментари.

Скапоцени камења: ахат, бисер, смарагд за родените во мај, месечев камен за родените во јуни
Бои: жолта, боите на виножитото
Цвеќиња: момина солза, лаванда, ружа
Метал: жива
Држави: Австралија, САД, Велс, Шкотска, Ирска, Англија

rak_art.jpg
Рак
1. Испланирајте тивка вечер во домашна атмосфера.
2. Опсипете го Ракот со добрина и внимание - Ракот ќе возврати десетпати повеќе
3. Покажете дека сте ранливи и Ракот ќе ви го покаже патот до вистинската емоционална сигурност во љубовна врска
Како се бакнува: Бакнежите се топли и нежни и никогаш нема да поскате да престанат

Скапоцени камења: смарагд, бисер, месечев камен за родените во јуни и рубин за родените во јули
Бои: сребрена, морско зелена
Цвеќиња: хризантема
Метал: сребро
Држави: Јужна Кореја, Шкотска, Холандија, Нов Зеланд

leo.jpg
Лав
1. На вашиот Лав кажете му колку е сјаен, прекрасен и златен
2. Отстапете му го центарот на вниманието и тој ќе посака да го подели со вас
3. Бидете кротки и покорни. Лавот ќе ве поттикне да се препуштите на вашите најчудесни фантазии
Како се бакнува: Диво и без инхибиции, со гризење и зграпчување, Лавот очекува аплауз по изведбата

Скапоцени камења
: рубин за родените во јули, оливин за родените во август
Бои: златна, портокалова
Цвеќиња: сончоглед, невен
Метал: злато
Држави: Франција, Италија, Перу, Романија

Девицаdevica_virgo_art.jpg
1. Појавете се со беспрекорен изглед. Перфекционистичката страна на Девицата ќе ја привлече вашето внимание за детаљи
2. Кажете им колку сте импресионирани од нивната остроумност и моќни аналитички способности
3. Покажете колку ви се допаѓа нивната постојана потрага по совршенството
Како се бакнува: Бакнежите се суптилни и уредни, како и самата Девица

Скапоцени камења: карнеол, син сафир, оливин за родените во август, сафир за родените во септември
Бои: темно сина, кафена
Цвеќиња: Крин
Метал: жива
Држави: Грција, Турција, Крит, Бразил, Кариби, Уругвај

vaga_z.jpg
Вага
1. Покажете дека сте заинтересирани за уметност и литература. Вагата ја сака музиката, визулените уметности и поезијата.
2. Барајте го нивното мислење за секоја тема. Вагата се залага за еднаквост во врската и сака да се чуе што има да каже.
3. Разгалете ја Вагата со екстравагантност и комплименти, а потоа уживајте во восхитување и сензуалноса што сигурно ќе ги добиете за возврат
Како се бакнува: И тоа како знае да ужива, тогаш кога не е премногу зафатена.

Скапоцени камења: сафир, жад, опал
Бои: розова, зелена, лаванда
Цвеќиња: ружа, маргаритка (бела рада)
Метал: бакар
Држави: Јапонија, Бурма, Австрија, Тибет и Кина
scorpio_.jpg

Скорпија
1. Изгледајте привлечно, Скопрпијата го цени приордниот сексипил
2. Инвестирајте во сатенски чаршави и ароматизирани свеќи. Скорпијата ќе се погрижи за музиката и масажата
3. Отворете се. Скорпијата ќе сака да ги дознае сите ваши скриени желби - и ќе ја исполни секоја од нив.
Како се бакнува: Ги прескокнуваат бакнежите и веднаш одат на... следното нешто

Скапоцени камења: опал, топаз
Бои: црна, темно црвена, костенлива
Цвеќиња: гераниум, гербер, анамска рака (HONEYSUCKLE)
Метал: железо, челик, магнезиум
Држави: Египет, Сирија, Алжир, Мароко, Норвешка, Холандија и Замбија


strelec.jpg
Стрелец
1. Бидете ентузијастички расположени, енергични и секогаш подготвени за авантура
2. На Стрелецот дајте му емоционална и физичка слобода
3. Бидете подготвени за патување. Стрелецот веројатно ќе ве одведе на егзотична (и еротична) дестинација
Како се бакнува: Бакнежите на Стрелецот се изненадувачки и спонтани, а другиот секогаш ќе бара повеќе...

Скапоцени камења: топаз за сите, цитрин (жолт кварц) за родените во ноември, тиркиз, син топаз и циркон за родените во декември
Бои: виолетова, светло сина
Цвеќиња: лале
Метал: калај
Држави: (медитеранска клима) Шпанија, Австралија, Јужна Африка, Португалија, Мексико


Јарец jarec_z.jpg
1. Навистина треба да има го погодите вкусот, изгледот му е многу важен на Јарецот
2. Подарете им нешто што ќе ја покаже вашата посветеност и способност да ги менаџирате финансиите
3. Бидете трпеливи. Кој чека, ќе дочека. Ќе дочека вистински убави нешта
Како се бакнува: Бакнежите се интензивни мигови на сублимирано опуштање од стресниот ден

Скапоцени камења: рубин за сите, тиркиз за родените во декември
Бои: темно кафена, црна, сива
Цвеќиња: бршлен, каранфил
Метал: сребро, олово
Држави: Индија, Авганистан, Пакистан, Мексико, Куба

vodolija.jpgВодолија
1. Изненадете ги. Подарете им нешто необично и ретко.
2. Поврзете се со нивниот ум, пред да се поврзете со телото. Ќе ги маѓепсаат вашите мисли и целосно ќе ве заинтригираат
3. Покажете дека ви се допаѓа нивната посветеност кон идеалите. Тие ќе ви ја откријат вредноста на создавање подобар и покреативен свет
Како се бакнува: Сочно и непредвидливо

Скапоцени камења: аметист
Бои: сина, тиркизна
Цвеќиња: Орхидеја
Метал: алуминиум
Држави: Канада, Русија, Норвешка, Финска, Шведска, Индија, Иран

Рибиribi_z.jpg
1. Рибите ја ценат чувствителноста и особено ќе им се допадне ако забележат дека сте трогнати од прекрасна музика
2. Комуницирајте преку илјада изразувања на љубовта - без да кажете ни збор. Рибите ќе ја прочитаат вашата душа преку вашите очи
3. Покажете им дека љубовните приказни од класиците може да постојат и ден денес.
Како се бакнуваат: Бакнежите се долготрајни и чувствителни.

Скапоцени камења: месечев камен, аметист
Бои: зелена, нежно виолетова, сино-зелена (аквамарин), виолетова
Цвеќиња: љубичица, лотус
Метал: калај, платина
Држави: Перу, Бразил, Аргенитна, Венецуела, Скандинавија, Португалија
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2009 во 22:58
да риба и лав не можат никогаш да живеат заедно
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
Кон врв
HonDa Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 16.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај HonDa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2009 во 01:13
Абе не сфакам...шо е форава со ова хороскопов, некои викаат дека личноста и карактерот на човекот се гледаат преку подзнакот а не преку хороскопскиот знак...И ако Може некој да ми каже Кој знак највише одговара со Близнаци
Кон врв
DarlinG Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*Lara*Croft*

Регистриран: 09.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1621
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DarlinG Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2009 во 20:48
-”Тебе, Риби, јас ти ја предавам најтешката од сите задачи. Јас сакам да го собереш сето човечко страдање и да ми го дадеш Мене. На крај, твоите солзи треба да станат мои солзи. Страдањето, кое ќе го почувствуваш е резултат од човечкото неразбирање на Мојата Идеја. Ти треба да му понудиш на човекот разбирање и сомилост, за да може тој да се соочува со проблемите повторно и повторно. За таа најтешка задача, јас ти го давам и најголемиот подарок. Ти ќе бидеш единственото од сите мои дванасет деца кое ќе ме разбере. Но тој дар на Разбирањето е само за тебе, Риби, зошто кога ќе се обидеш да го пренесеш тоа на луѓето, тие нема да те слушаат и разбираат”.
Кон врв
ANITA11 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANITA11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 16:20
a oven i vaga
Кон врв
snegulka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 3201
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај snegulka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2009 во 22:13
Овенот се релаксира во согласност со својата авантуристичка и импулсивна природа. Вообичаено тоа е маунтин бајк или планинарење по кое следува обилен оброк.

Типичниот Бик неверојатно многу ужива во слободното време кое си го посветува себе си. Целодневно уживање во луксузен спа центар е еден од најочигледните избори бидејќи Бикот ужива облечен во мек пењоар да се шета од масажа на педикир и обратно.

Двојната личност на Близнаците им овозможува да се чувствуваат пријатно и кога се сами и кога се опкружени со многу луѓе. Близнаците ги опушта шолја кафе во самотија, читање весници и решавање крстозбори, но и прошетка и играње фризби со пријателите во парк или на плажа.

Ракот се чувствува најудобно кога го минува времето во семејна атмосфера. Совршенството значи лежерни 24 часа во кои ќе руча со семејството, ќе поиграат некоја игра и најважно, ќе се потсетуваат на „добрите стари времиња“.

Драматичниот Лав сака да собере група пријатели со кои ќе оди во театар или на целодневен шопинг маратон. За што и да се одлучи, типичниот Лав ќе бие најсреќен ако носи впечатлива облека што го привлекува целото внимание.

Девицата ужива во средување на куќата. По долгото и темелно чистење следува наздравување со омилениот пијалок.



Секогаш во потрага по баланс, Вагата е спокојна кога вежба јога, кога останува сама дома за да се опушти пред телевизор со омилената програма или кога се одлучува да оди на масажа на целото тело.

Скорпијата својата релаксација ја бара меѓу пријателите и во центарот на разговорот. Едно попладне минато со бескрајни разговори и пиење кафе е доволно за полнење на батериите.

Стрелецот оддишката ќе ја побара крај вода - без разлика дали тоа ќе виде под туш, крај езеро, во море или пак, зад шанк експериментирајќи со коктели со мраз.


Јарецот најдобро се релаксира при креативна работа, а најдобро се изразува преку бои. Идеалното опкружување секогаш е природата со сиот свој раскош.

Водолијата ќе ја опушти ден минат во кујна, готвејќи необични јадења со свежи состојки. Типичната Водолија не може да одолее на примамливите вкусови, егзотичните зачини и аромата на тазе печените колачиња.

Рибите ги опушта разгледувањето и прередувањето фотографии кои ќе ги потсетат на некои убави денови, особено од летните одмори. Минуваат многу време во подготвување нов редослед на спомените во омилениот албум.

Кон врв
Popi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Popi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2009 во 12:49
Кон врв
G1RL Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 103
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај G1RL Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2009 во 16:43
ZDR KE MOZE LI DA MI KAZE NEKOJ STO SUM VO PODZNAK
24.2 9:20 SUM RODENA...
Кон врв
Popi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Popi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2009 во 11:33
A jas se chudam zoshto jas moram stalno da ispravam nechii krivi-drini, namesto da si uzhivam vo moite shto samata sum si gi ispravala. тага  збунетост
 
A toa ete....takva mi bila "misijata". голема%20насмевка газење%20од%20смеење
 

-”Девицо, ќе те замолам да следиш внимателно се што човекот направил со Моето Творештво. Треба внимателно да ги набљудуваш патиштата кои ги одбира човекот и да му напоменуваш за неговите грешки, за да може, преку тебе, Моето Творештво да биде усовршено. За тоа коешто ќе го направиш, те дарувам со Чистата Мисла”.

 
A ako se dodade i misijata na podznakot...lele mori majko.... тага голема%20насмевка
 
 
Кон врв
DarlinG Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*Lara*Croft*

Регистриран: 09.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1621
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DarlinG Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2009 во 11:12
Раковите викаат едно а прават друго, Скорпиите викаат едно и го прават од упорност. Рибите зборуваат премногу и прават што по ѓаволите сакаат.
Кон врв
DarlinG Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*Lara*Croft*

Регистриран: 09.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1621
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DarlinG Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2009 во 08:22
Originally posted by *moon* *moon* напиша:

да риба и лав не можат никогаш да живеат заедно


па како да живеат кога лавот е олку егоцентричен а рибите се толку дарежливи?
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2009 во 08:51
Рибите колку се дарежливи знаат оние кои ги имаат покрај себе. Попустливоста како особина, повлекување од конфликтни ситуации, препуштањеето друг да ја заврши работата за нив можеби да.  Затоа тие си бираат Вага, да им реши се а тие да се шлепаат покрај нив.тага
Кон врв
DarlinG Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*Lara*Croft*

Регистриран: 09.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1621
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DarlinG Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2009 во 08:59
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Рибите колку се дарежливи знаат оние кои ги имаат покрај себе. Попустливоста како особина, повлекување од конфликтни ситуации, препуштањеето друг да ја заврши работата за нив можеби да.  Затоа тие си бираат Вага, да им реши се а тие да се шлепаат покрај нив.тага

па се повлекуваат од конфликтни ситуации затоа што се глас на мирот, а со вагата баш тешки односи имаат, затоа што вагите мораат се на кантар да ставаат, а рибите неможат да го сфатат тоа затоа што самите тие би се дале себеси за некој близок.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5354555657 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.