![]() |
|
ГРЧКА ПРОПАГАНДА, притисоци, уцени, инциденти... |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 4445464748 62> |
Автор | ||||||
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Иако сето тоа не сум го доживеал, можам да разберам во каква ситуација биле, низ кои премрежиња поминале, што се изгубиле ... Не дека не е важно материјалното што го изгубиле (куќа, земја, имот ...), но можеби уште пострашно било чувството на луѓето кои биле понижени, на кои им било скршено човечкото достоинство - да те бркаат од дома. Само можам да си замислам како им било на тие родители немоќно да си ги гледаат расплаканите деца, а да неможат да им помогнат, да неможат да им објаснат зошто ги бркаат од дома. Страшно! Добро е што Тито тогаш ги прифати и им овозможи услови за живот. (Ова немораше толку да го објаснуваш во твојот пост. Знаеме кои и какви биле тогаш приликите ![]() Но, ако гледаме од друга гледна точка, во тоа време во МК имало доста луѓе кои (како и бегалците) немале ни куќа ни стан, биле црни сиромаси. Но ним не им дале, затоа што не биле бегалци. ![]() Е сега, тоа што велиш, да бев на нивно место што би направил!? Бидејќи поселе 60 и кусур години многумина од сопствениците на тие имоти се веќе починати, и нивните деца не знаат кои и какви имоти имаат (освен прку тапиите, ако ги чуваат) и каде се тие имоти, сигурен сум дека тие не ни очекувале дека некогаш ќе им биде вратен имотот. Се помириле со судбината дека некогаш ќе им бидат вратени. Доколку се случи ова враќање што сега се навестува (во што јас лично чисто се сомневам гркот да попушти и да прифати) тоа ќе им дојде како богатство „од небото“, богатство на кое не ни помислувале. Значи тие си го живееле нивниот живот и без тоа богатство. Знам, пари секогаш не се доста, каму повеќе да ги има, но во овој случај јас со и без тие пари би си бил истиот, и затоа тие пари би ги донирал за да се направи, како што реков во претходниот пост, некој објект (зграда со станови, фабрика ...), па тие згради можеби би се нарекле „егејски“, како што има на пример „влашки“ цркви. Како на пр. тие луѓе (власи) донирале за изгерадба на цркви? И тие давале сопствен имот, сопствени пари за да нешто се направи. Зошто давале? Зарем сега „егејците“ не би можеле со тие пари (или барем дел од нив) да направат тоа што го реков? Или поинаку да се изразам, за да бидам подобро разбран. Ако сте на квиз (еве на пр. на Милионер) и имате прилика да освоите 125.000 денари (значи веќе имате „сигурни“ 64.000 кои можете да си ги земете), но при следното прашање вие давате погрешен одговор и ги „губите“ сите пари - дали навистина сте ги изгубиле? Едноставно тие пари и така - и така сте ги немале. Како да сте ги донирале некаде. Е сега најважното! Да бидам реален, сето ова мое зборување, сиот овој мој алтруизам, го правам од позиција кога немам пари. Но, незнм дали исто така ќе се однесувам и размислувам кога би имал пари? ![]() ![]() ![]() |
||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||||
![]() |
||||||
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Заборавив да дадам коментар на овој пасус.
Точно е дека во 1982 година грчката влада го забрани студирањето на грчките студенти во Македонија. Сите од Скопје се (ги) префрлија во Ниш и Белград. Овој податок може да им послужи на нашиве политичари (ако можат така да се наречат тие кои се во владата и парламентот) за да видат и научат како се води политика. Имено, овој акт на повлекување на грчките студенти во 1982 година се случи (речиси) веднаш после смртта на Тито (1980). Значи, колку биле далекувиди нивните политичари. Тие (претпоставувам) знаеле што ќе се случи со Југославија после Тито. Знаеле дека ќе дојде до распад и до осамосојување на републиките, а со самото тоа и на Македонија. Тоа само по себе значи загрозување на Грција. Иако со тешко срце, сепак мораме да признаеме дека навистина ги бива за водење политика. Алал нека им е! Така се брани држава. Впрочем, затоа и се таму каде што се. Заради тоа и ние сме таму каде што сме! ![]() Р.Ѕ. А само да знаете колку убава колешка гркинка имав во I година! Прекрасна. Се викаше Георгина! ![]() ![]() |
||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||||
![]() |
||||||
pcelka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Бакојани последниве денови повторно се размавтува со некои
тајни документи ...
![]() ![]() Таа жена не може да седи мирна, се нешто ја ,,боцка,,
![]() |
||||||
секој нов ден, носи нова надеж...
|
||||||
![]() |
||||||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
|
||||||
![]() |
||||||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Златник, прашањата ти се сосема во ред и нормално е да бидат поставени. Едниот родител ми потекнува од Егејска Македонија, па затоа ќе се потрудам преку нивното искуство да одговорам. Моите не дошле во Македонија 1949 година од причина што Тито ги затвори границите и само дел од фамилијата претходно се префрли во Југославија, а дедо ми и баба ми кои се бореа, се повлекоа во Албанија, па од таму во Советско Сојуз. Кога дојдоа во Македонија во 1967 прво ги сместија во бараки , за подоцна да добијат стан, за кој плаќаа симболична ќирија, меѓутоа сепак плаќаа, а станот беше државен. Баба ми и дедо ми ( сега се починати ), добиваа боречка пензија, дедо ми се бореше и во Вардарска Македонија, заедно со партизаните овде и против Балистите на Џемо и против бугарскиот окупатор, а од 1946 година и во Граѓанската војна, а баба ми само во Граќанската војна. Сепак тие се бореа за да можат да бидат Македонци, да можат слободно да говорат македонски , па нели некои од нив бараа и обединување со тогашна НР Македонија. Откако се осамостои Македонија им беше понудено тие станови да ги купат, па баба ми собра пари и го откупи тој стан. Бесплатно ништо не сме добиле. Не знам како е со оние кои први дошле овде, па би сакал да слушнам и ако има некој таков. Дел од мојата фамилија кои дојдоа овде, Југославија ги згрижи само неколку месеци, па подоцна ги прати во другите републики, а некои пак и надвор од границите. П.С. Ние дури и не тужевме, нема шанси никакви да го повратиме имотот |
||||||
![]() |
||||||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Едно прекрасно видео, како контраодговор на грчките лаги.
I am MacedonianИ поздрав за одлуката на Youtube, Македонија да фигурира на сајтот под уставното име, наместо досегашното со референцата.![]() |
||||||
![]() |
||||||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Ејјјјј, има некој луѓе бугаромрзци кои ништо не знаат ама плукаат ли плукаат по Бугарија. Ете ви линк до книгата што ја промовирала Дора Бакојани. книга со „тајни“ документи Дали некој виде за што се работи? Книгата има 320 страни. Во почетокот предговор, од 15 до 33 стр. претставување на историските настани за времето по Втората светска војна, од 33 до 230 се преведени бугарските „доверливи“ (повеќето од нив ги имам читано пред неколку години) документи 21 број, неколку снимки на Т.Живков со Тито, Хрушчов, Брежнев, Кр.Црвенковски и до крајот на книгата се дадени скенирани тие „секретни“ документи. Гледам некои малку им е подребно и испаѓаат во антибугарска хистерија, а Бугарија нема направено ништо антимакедонско. |
||||||
![]() |
||||||
novace ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
За да нема вакви недоразбирање и понатаму..ако си ги читал тие „документи„....прати ни и нам линкови... од најинтересните документи..еве нека бидат според твој вкус и разбирање..
![]() |
||||||
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
||||||
![]() |
||||||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
novace,
Дадов ти линк кон книгата, каде пишува книга со „тајни“ документи од претходниот пост. Не знам што те интересира има 21 документи, пленуми на БКП, говори на партиски функционери, разговор помеѓу Живков и Црвенковски, има ги на бугарски од 230 стр. до крајот на книгата. Има ги и на грчки од 33 до 230 стр. Тие документи не се толку доверливи, реков некои ги имам читано одамна. Секој може да оди во архивата и да чита документи. Дали се малку македонските историчари кои истражуваат во истата архива? |
||||||
![]() |
||||||
novace ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Македонските „Историчари„..ете баш сега се при крајот на „разработка„ на V-та Непријателска Офанзива...од 2-та WW.
пс
Извини ме..ете.. не забележав дека (веќе) имало дадено линк..
Но сепак останува барањето мое за испраќање на сите достапни линкови од документи во Архивот таму..а се однесува на комунистички антифашистички „борци„ кај нас..независно дали се живи или покојни..
За да (си) знаат генерациите сегашни Македонци..кои и какви им биле предците нивни...
![]() |
||||||
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
||||||
![]() |
||||||
zambija ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 21.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 224 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Pa ti vrska nemas so zborvas,odi bugarski propagator na drugo mesto da ja falis Bugarstinata |
||||||
![]() |
||||||
novace ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
![]() |
||||||
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
||||||
![]() |
||||||
Popi ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Катимерини: Атина и Скопје ја продолжуваат смешната игра иницирана од Грција во 1991
Најавеното поставување споменик на Александар Македонски во центарот на Скопје е последниот потег од играта меѓу Грција и Македонија, што Атина ја почна пред 18 години, за обезбедување на правото врз името и симболите на Македонската династија, пишува грчкиот весник Катемерини.
- Вистината е дека во таа смешна игра ние бевме тие што влеговме со најголема жестина. Атина уште во 1991 година со два-три потега го изненади младиот северен сосед. Во одекот од демонстрациите за да се докаже дека Македонија е грчка, беше формирана Македонската прес агенција во Солун, која денес никој не ја спомнува бидејќи се слеа во државната агенција АНА. Една година подоцна аеродромот Микра во Солун беше преименуван во Македонија, а аеродромот во Кавала во Александар Велики. Истата година беа воспоставени и тн. македонски авио линии на Олимпик ерлајнс, се вели во коментарот на Катемерини. Поставувањето на споменикот на Александар Македонски, според весникот, властите во Скопје досега го држеле како строго доверлива тајна за да не ја дразнат Грција и поради домашните критики околу цената на проектот и неговата целисходност. Se ubavo si kazhuvaat i samite, koga i zoshto pochnale da preimenuvaat i natprevaruvaat so nas, zarem treba ushte da se dokazhuvame?
![]() ![]() ![]() |
||||||
![]() |
||||||
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Незнам дали овакви (и слични) информации доаѓаат до претставниците на ЕУ и сите други белосветски политичари? Ако не се запознати директно од медиумите, дали нашиве преговарачи тоа го поставуваат на маса? И, како тие (странците) реагираат по нив?
Настрана со службените информации кои ги објавуваат на пресовите. Тие се небитни. Ме интересира што мислат „позади сцената“? |
||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 4445464748 62> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |