|
Пратеничка функција-етика и морал |
Внеси реплика | страница 123 9> |
Автор | |
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 25.Април.2009 во 07:39 |
По неодамнешната одлука на владата за ’стегање’ на ременот и барање начини на справување со кризата први реагираа нашите пратеници. Сакаат штедење, треба да има рецесија, ама никако тоа да не важи за нив. Нека се избркаат договорците, нека се намали платата на административците, нека не се дадат оние останати 10% покачување на плата за кои гласавме , ама никако да не се чепне во нивната плата, односно во нивната вкупна заработувачка. Толку ми падна жал за Рафиз Алити, Роза Топуровска, Бучковски и другите ’јадници’ кои прокукаа , проплакаа пред камерите и не гледаат зошто во време на економска криза би си ги намалиле своите плати?!Нашите ако, ама нивните, таа светост треба да се чува, да не се чепне. Замајани пред катадневните афери на укинати закони, закони/незакони, одлуки/неодлуки, организирани хајки на оние кои како така барем си ја вршат работата подзаборавивме на овие 120 ’апостоли’ . Заборавивме дека сите овие дејанија во државата се случуваат токму по нивна вина. Законите се нивно промашување, биле тие позиција или опозиција (не се гласани да бегаат од парламентот како пишман невести која го напушта мажот кога ќе и текне и зошто ќе и текне). До кога овие наши избраници ќе земаат плата која не ја заслужиле затоа што сиромаштијата е длабоко навлезена во нашите домови? До кога овие наши избраници ќе се местат себе во комисии, управни одбори, ќе патуваат во странство ко ние што одиме до маалското гранапче? Ката дневно слушаме, читаме изјави за непочитување на закони, за самоволија, за однесувања кои не одговараат на функцијата која ја имаат. Очигледно е дека овие поклоници на титовата максима - За мене постои само судот на мојата партија!? треба малку да закочат, да сватат дека не се избрани од народот за да го иритираат, туку да работат за доброто на народот. Имаат ли тие некој лимит во своето однесување. Има ли шанси тие да научат дека на народот водата му дојде не до грло, туку над вегите и веќе се дави. А давеникот го повлекува со себе и оној кој е до него?! Додуша овие наши мили избраници одамна не се до нас, тие се некаде горе, и со однесување и со плата. До кога?
|
|
lane62
Сениор Регистриран: 08.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 7583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
po noviot zakon...samo so lekarsko opravdanie ke mozele da si gi pravdaat svoite otsustva od parlamentot, ama isto taka i posle prestanok na funkcijata na pratenik ke se vrabotuvale kako drzavni sluzbenici....znaci si pravat ednas pratenik...dozivotno pratenik!
|
|
Daj više odmora jeziku nego rukama!
|
|
abnormalen
Сениор ... Регистриран: 05.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 168 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
lekarsko ( psihijatriski pass!) treba da pominat , uste i pred da stapnat u sobranie, a ne koga vekje ke bide kasno.
|
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Одлична Анкета мамамд...
Инаку збороте МОРАЛ и ЕТИКА очигледно се непознати во МАКЕДОНСКОТО ОПШТЕСТВО не само кај ПРАТЕНИЦИТЕ... Инаку секогаш ама секогаш токму поради ЕТИКА и МОРАЛ кога се работи за РЕСТРИКЦИИ се тргнува од СЕБЕ... Мегутоа ете ако е за утеха тоа не е само во Македонија така... Најдобар пример се БАНКИТЕ и нивните Менаџери кои не доведоа на оваа дереџе , тие први лапнаа од државните колачи наменети за излез од кризата... |
|
abnormalen
Сениор ... Регистриран: 05.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 168 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"Мегутоа ете ако е за утеха тоа не е само во Македонија така..."
e da, tesete so toa sto ne e samo tuka bezmoralno i neeticko. Nasekade e taka, bas kako tuka , nema nikakva razlika! Изменето од mamamd - 26.Април.2009 во 19:53 |
|
Gluposta e najneobična od site bolesti - od nea NE pati bolniot tuku, SITE OSTANATI!
|
|
chuchuliga
Сениор Регистриран: 27.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Насекаде има отклонувања. Има и по белиот свет непотизам, извесна корупција, врски....Ама, има еден основен ред и закони кои се почитуваат, спроведуваат и оние кои тоа не го прават - одговараат за тоа. Постои и нешто што се вика име создавање, или по народски лице, образ, ниво, држење на истото. И сето тоа постои и важи во Германија. На крајот, по секој голем скандал оној кој бил одговорен, во најмала рака дал оставка, а некои посегнуваат и по сопствениот живот... Ако ги споредам Македонија и Германија - ... ..... ... ........ е па , не се споредуваат. Оддалечени се со светлосни години. Во полза на Германија. Во МК како се развија работите, треба да почнеме од А, за жал... Изменето од chuchuliga - 25.Април.2009 во 18:00 |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Несомнено дека на народните избраници треба да им се одземат голем дел од привилегиите кои ги уживаат и тоа повеќето од нив сосема неоправдано; да се повикуваат на одговорност за неработа и неоправдано отсуство од законодавниот дом; да се отповикуваат од функција за сторени грешки...
Но, кој ли јунак тоа ќе го направи? Кој би се осудил да оди против својата гласачка машинерија, која наместо да биде над власта, се поставува во улога на нејзин верен служител?! Сами да си донесат закон на своја штета?! А бе ајде, тоа кај нас е научна фантастика ЕТИКА и МОРАЛ??? Која етика и морал да се очекува од лицемерни политичари, кои на цел глас критикуваат и ги повикуваат (обично) конк*рентите на одговорност, штедење, обвинуваат за скандали , корупција, криминал... а себеси забораваат да се погледнат во огледало?! |
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Проштевај ама само делумно можам да се сложам со тебе, односно онаму каде велиш: (......дека на народните избраници треба да им се одземат голем дел од привилегиите кои ги уживаат и тоа повеќето од нив сосема неоправдано........). На становиште сум ние, ЕЛЕКТОРАТОТ да се избориме по секоја цена да го вратиме ,,ЗАКОНОТ ЗА ОТПОВИКУВАЊЕ НА ПРАТЕНИКОТ, и тоа под истите услови по кои постоеше се домоментот додека сенилниот со закупено место во ПАРЛАМЕНТОТ другар Стојан Андов исплашен сам од себе успеа по брза и неодложна постапка на Собраниска Процедура да го укине тој закон и со тоа си/им обезбеди апсолутизам на ПАРЛАМЕНТАРЦИТЕ. Тој заборава, но ние остарите паметиме ако тој го остави Амбасадата во ИРАК во 1990 година а со тоа ја напушти територијата која беше во сопственост на тогашната СФРЈ. А сега такви како него ќе ги застапуваат нашите интереси. Ноторна политичка лага. Стојан Андов кого го изел забот на времето, оној Стојан кога правејки училишта каде нема деца, порачуваше од говорницата....,, школи секкако че правиме, а ако нема деца и деца че направиме,,. Затоа ние да си ги земеме работите во свои раце и под хитна постапка да бараме : ЗАКОНОТ ЗА ОТПОВИКУВАЊЕ НА ПРАТЕНИКОТ да се врати назад во функција. А пратеничката функција треба да има етика (моралот избришетего од причина што ценетиот Кирил Темков ако сме негови студенти ќе не врати назад, од причина што етика и морал имаат исто значењње), но тие се далеку од етиката. Кај некои парламентарци има делумна естетика, но парламентот не е место за парада и презентирање на финансова моќ. |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Jas sum zadovolna od nekoi a pak ne od drugi...pa zatoa glasav za ocenuvanje na nivnata rabota po odredeni kvartali, pa sekomu spored zasluga.
|
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ne samo da im se odzemat privilegiite tuku i se ona sto go steknale so steknuvanje na pratenicki mandat ..... od osamostojuvanjeto pa do den denes .......... UA LOPOVI ............ DA ZIVEE 1 - vi MAJ , DENOT NA RABOTNOT COVEK
Изменето од miroslav_g8 - 01.Мај.2009 во 13:45 |
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Само ако се врати назад ЗАКОНОТ ЗА ОТПОВИКУВАЊЕ НА ПРАТЕНИКОТ во функција. Само тогаш може да се случи тоа што го посакувач не само Ти, него и сета наќша јавност- целиот ЕЛЕКТОРАТ ќе им кажи СТОП на ,,избраницитет,,. |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
a be elektoratot se OVCI .............. da imaa i malku UM , kje gi bojkotiraa site izbori
|
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Затоа друже, ние сме тука. Да делуваме и укажуваме. А епилогот ќе си дојде сам по себе. А, одшто тоа си ? Немој човече. Па сега сме ние на ред на сцената. Ние сега тек треба да делуваме. Нермој мани се од таа, верувај дека лошо е по тебе.. А и народот што ќе помисли? |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И сега никој не кажува чија иницијатива беше донесување на закон со кој самите пратеници сакаат да си обезбедат вработување на државна функција по истекот на мандатот?!
Колку до вчера никој немаше против, денес нешто сите топката си ја префрлаат од еден на друг: Пратениците на владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ пак се на различни позиции, а овој пат камен на сопнување се новиот Предлог-закон за Собранието и одредбата со која пратениците по завршувањето на мандатот треба да се вработуваат во државната и јавната администрација. При подготовката на законот сите пратенички групи биле за предложеното решение. На координациите никој немал забелешка, ниту сметал дека треба да се избрише таа одредба. Сега, пратениците, со исклучок на тие од ДУИ, се откажуваат од поддршката за предвидените привилегии и никој не кажува чиј е предлогот и кој го подготвил предлог-законот. Новите бранувања почнаа откако ВМРО-ДПМНЕ преку партиско соопштение се изјасни дека нејзините пратеници нема да поддржат привилегии за пратениците. Вчера тоа го повтори и пратеникот Влатко Ѓорчев. - Неприфатливо е да имаме посебен закон со кој ќе биде регулирано пратениците задолжително да бидат вработени во државната администрација и да имаат гарантирани места, а со тоа и специјален третман - рече тој.Неофицијално, во ДУИ коментираат дека се вчудовидени од повлекувањето на партиите од предложената законска одредба и го толкуваат тоа како додворување на електоратот за дневнополитички потреби. Според нив, недозволиво е на координациите да се говори и прави едно, а пред јавноста да се практикува сосема друго. Шефот на пратеничката група на ДУИ Тахир Хани вчера изјави дека станува збор само за работна верзија на законот: Треба да дебатираме, бидејќи имаме забелешки и амандмани.Од привилегиите за пратениците уште во минатата недела прв се откажа СДСМ, со образложение дека сега не е време за тоа. - Прашањето за решавање на статусот на пратениците по истекот на нивниот мандат со вработување во државната администрација не е идеја на СДСМ - вели нивната координаторка Цветанка Иванова, која најави амандмани што треба да ја зајакнат улогата на Собранието. Во Собранието вчера никој од координаторите на пратеничките групи не кажа чија е иницијативата и кој ја има изработено работната верзија на предлог-законот. |
|
Внеси реплика | страница 123 9> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |