|
СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ - здружение |
Внеси реплика | страница <1234 6> |
Автор | |
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Tokmu toa i go pravi zdruzenieto "SRCE ZA ZIVOTNITE", vo sorabotka so COSMOFON ima broj preku koj moze da se donira, na TV vo posledno vreme dosta cesto ima akcii i press konferencii, no podetalno za toa ce izvestam vo narednite postovi. Изменето од Majkl - 23.Март.2009 во 16:38 |
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Od sajotot na zdruzenieto:
Вдомете нерасно кученце – спасете живот и ќе добиете верен пријател! За да им излеземе во пресрет на сите оние граѓани кои сакаат да вдомат(посвојат) или подарат некое животинче на кое му е потребнa грижа (и сè она кое би помогнало за добробит на природата и животните), во рамките на WEB-страницата е отворен овој мини-огласник за таа намена. Секој, кој сака да даде оглас на нашата WEB-страница, едноставно нека ни пише или нека ни испрати СМС на тел. 075/800765 (огласот набрзо ќе биде ставен на WEB-страницата, секако БЕСПЛАТНО и без никаква обврска). Огласот, освен она што се огласува, би требало да ги содржи и податоците за контакт. Напомена: Огласи со кои некој планира продажба на животни и сл. нема да бидат објавувани, бидејќи Здружението не ја поддржува трговијата со животни, за кои сметаме дека ниеден човек не би требало да си даде за право тоа да го прави со нив. Истото важи и за секој оглас кој се коси со целите на Здружението. Za povece informacii i kontakti klikni tuka Изменето од Majkl - 28.Март.2009 во 21:06 |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Celosno korektno. Zivotnite ne treba da se prodavaat.
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
ВАЖНА
Сениор Оптимист Регистриран: 09.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
pa ne no bi sakala
|
|
konan
Сениор Регистриран: 27.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 749 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ako znais so sakas eve na
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ne ja upropastuvajte temata
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Izvadok od kruznoto pismo(april 2009) na zdruzenieto za zastita na zivotni "SRCE ZA ZIVOTNITE":
Со цел да ги акцентираме проблемите на животните и да иницираме нивно решавање, во саботите на месец март, април и мај, беа предвидени и се организираат повеќе активности на здружението во центарот на Скопје. Во рамките на истите на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје ќе биде поставен штанд (доколку дозволуваат временските услови и има доволно активисти) со транспаренти и бесплатно ќе биде делен разновиден инфо–материјал. Во месец април ќе се организираат акции (градот веќе ни ги одобри бараните термини) на 4.4(сабота-денес), 11.4(сабота), 18.4(сабота), 22.4(среда), 24.4(петок) и 25.4(сабота); сите акции се со почеток од 13:00 часот.(лице за контакт и координација: Вангел 070-465-213) - ВЕ ПОВИКУВАМЕ АКТИВНО ДА СЕ ВКЛУЧИТЕ! (оние што живеат во други градови, можат БЕСПЛАТНО да нарачаат материјал и по пошта да им го испратиме, за да го делат на своите сограѓани). Во рамките на овој тримесечен проект потребно е да се подготви и отпечати обемен информативен материјал (кој се дели бесплатно), кој тековно се подготвува. На него интензивно работат активисти на здружението. Но, за негово печатење се неопходни и финансиски средства. Заради тоа, се обраќаме и со апел за финансиска помош и донатори за таа намена (кој сака да дознае како може да помогне, може да кликне тука). Во март беа поделени над 4500 летоци. Изменето од Majkl - 04.Април.2009 во 16:10 |
|
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Од пред неколку години во Р.Македонија дејствува непрофитното невладино здружение за заштита на животни и животната средина:
Kolku godini funkcionira zdruzenieto i koi se dosegasnite rezultati? |
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Резултати има разни, за нив повеќе можеш да се информираш на некој од состаноците во здружението кои се одржуваат во Скопје, секој четврток од 19:30 до 21:00 во ресторанот ХАРМОНИЈА(Т.Ц. СКОПЈАНКА - подземен премин), или на штандот на Саем на книга од 8-14 април 2009 год. Не дека не би можело тука поконкретно нешто да се напише, но јас сум само пасивен член, така да неснам детално што се случува. Во секој случај најважен резултат е променетата свест кај луѓето. Имаме повратни информации дека многумина по запознавањето преку брошури и списанието ГЛАСОТ НА ЖИВОТНИТЕ станува вегетаријанци и/или згрижувале животни соодветно своите можности. Верувам дека таквите допрва ќе се множат уште повеќе... |
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
има свој мал штанд во анкесот помеѓу 2 и 3 хала во рамките на саемот на Книга кој трае од 8-14 април 2009 година со работно време од 10:30 до 20:00ч. (уште петок, сабота, недела, понеделник и вторник) Влезница на саемот е 30 ден. за ученици 20 ден. На штандот можат да се добијат неколку бесплатни брошури, а на продажба се сите(освен првиот - распродаден) броеви на списанието ГЛАС НА ЖИВОТНИТЕ. Достапни се и ДВД документарците: - Јас јадам месо: тоа морам да го видам - КЛАНИЦА ВО ЖИВО - ЈАДЕЊЕТО МЕСО ВЕ ПРАВИ БОЛНИ - ЛОВ: Терор во Шума и на полјана И десетина разгледници на тема животни и нивна заштита. Повелете! Изменето од Majkl - 10.Април.2009 во 13:33 |
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Повод предстојните Велигденски празници, здружението СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ на градскиот плоштад во Скопје со почеток во 13:00 ќе настапи со свој штанд и ќе организира делење флаери со апел да не се колат и јадат тнр. велигденски јагниња.
Изменето од Majkl - 10.Април.2009 во 22:13 |
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На 13.4.2009 год. „СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ“ упати писмо до г.г. Стефан и МПЦ со апел јавно да ги повика верниците да го изостават месото на своите Велигденски трпези и да објасни дека не постои невина крвна жртва во името Божјо. Писмото беше објавено и во медиумите, во кое се вели:
До Неговото Блаженство архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан Ваше Блажество г.г. Стефан, Се наближува најголемиот Христијански празник Велигден, ден кога се слави Христовата милост и жртва за добробит и спас на човештвото. За нас верниците на овој свет ден му се дава уште поголемо значење на Животот во сите негови облици и форми. Но токму во деновите на духовниот и телесен пост, кога најмногу треба да стремиме кон телесно и душевно прочистување, покајание, смирение, молитва, љубов и милост кон сите Божји битија, се пристапува кон масовно колење на симболот на кроткоста Исусова – јагнињата. Со желбите за мир, благосостојба и среќа се заборава секојдневното страдање, болка, страв и сетта таа неопислива агонија која ја “преживуваат“ животните, кои со своите животи ја плаќаат човечката алчност за јадење на нивното месо и месото нивните деца – водејќи се и повикувајќи се при тоа на Божјото име! Зарем не е лицемерие да во деновите кога ја славиме добрината, правичноста и милоста на Исус Христос, заборавиме и бидеме соучесниси на неопислива физичка болка и агонија, страв и колење на животни? Зарем тој масовен геноцид на јагнињата не е симбол на нашата се поголема духовна пустелија? Ве молиме огласете се проговорете за спас и на тие Божји созданија и повикајте на нивно не убивање! Ако немаме милост кон оние кои токму од нашата милост зависат, како ќе стремиме кон патот на Божјата големина, непресушна добрина и мудрост? Како преку таква алчна бесчувствителност, апатичност и инертност кон послабите да му се доближиме на Оној кој заради нас го даде својот Живот? Зарем преку Исус Христос не се обновува и востановува чистата жртва, бескрвниот принос кој нему вистински му е мил, сакрамент на благодарност, принос од нафората што го претставува Неговото тело и виното што ја претставува крвта Неговата? А ние веднаш по светата Причест со телото и крвта на Господ Исус Христос прибегнуваме кон конзумирањето на невините, измачени и искасапени тела на тие кротки созданија Божји кои подеднакво како и ние луѓето чувствуваат љубов, радост и приврзаност но и страв, депресија и физичка болка! Зарем секое беспотребно убиство нема огромно влијание врз човечката душа, правејќи ја истата отуѓена, затапена и индиферентна, чекор по чекор, се подалеку од Бога? Ваше Блажество, со нашата молитва денес и Вам Ви се обраќаме, бидејќи Вие со Вашите зборови можете да влијаете и да ги повикате верниците да отстапат од месо на своите свечени Велигденски трпези, и на мирољубив начин со Живот да го прослават Вечниот Живот. Ве молиме да ги повикате верниците на прослава на Велигден во мир, сомилост и без насилство, со вегетаријанска храна и колачи, а животните да ги оставиме да живеат. Ширум светот луѓе умират од глад, но во празничниот дух скапува храна која секоја година се приготвува во прекумерни количини. Воедно месната индустрија е директно поврзана со гладта во светот и со искористувањето на природните ресурси, а наспроти тоа, со прифаќањето на безмесната исхрана директно се вклучуваме во борбата за човекови права и на сиромасите насекаде во светот! Ве молиме огласете се и повикајте ги сите да ја имаат Христовата милост како критериум! Кажете ја Вистината дека не постои невина крвна жртва во името Божје! Секој Ваш збор, мисла, обраќање на оваа тема би не исполнило со огромна радост и среќа. За милостлив и среќен Велигден! Срце за животните Изменето од Majkl - 24.Април.2009 во 16:47 |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Убаво што пробале...ама чисто сумњам дека на ГГ Стефан и слични им стало до тоа да проповедаат против неколање на животните. За жал.
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Деновиве здружението упати уште едно писмо до премиерот на Република Македонија. Во него се вели:
ПРЕДМЕТ: Итно обраќање за справување со неконтролираната бројност на бездомните кучиња во град Скопје (посочување и на преголеми неправилности во спроведувањето на концептот на стационарот Вардариште како хумана и ефикасна алтернатива за справување со неконтролираната бројност на бездомните кучиња во град Скопје, каде стапката на усмртување е дури 55,8%). Предлози и укажувања за ефикасно решавање и справување со овој долгогодишен проблем. Почитуван Премиерe Груевски, длабоко сме загрижени за состојбата на бездомните животни во град Скопје и воопшто во Македонија. Заради тоа, Ви се обраќаме со конкретни предлози за стратегијата за хумано, цивилизирано и успешно соочување и решавање на проблемот со неконтролираната бројност на бездомните кучиња во град Скопје, согласно со Законот за благосостојба на животните и другите закони на Република Македонија и Ваши овластувања како градоначалник, а во склад со директивите, одлуките и одредбите на Европската Унија. Сметаме дека единствено Владата и Вие, како Премиер, можете да помогнете ситуацијата да се промени, со оглед на тоа што најчесто промените се условени соработката меѓу институциите и повеќе ресорни Министерства во државата. Длабоко сме убедени дека со тие мерки, ефикасно и со заеднички напори, во догледно време би успеале да се воспостави контрола и решавање на овој проблем, применувајќи најсовремени европски и светски модуси. Иако во град Скопје од 2007 година постои еден транзитен центар (стационарот Вардариште), тој со своите капацитети НЕМА никаква моќ да се справи со бројката на бездомни кучиња во целиот град! Смешно е да се очекуваат сериозни резултати кога таму има само 1 служба за заловување и 1 ангажиран ветеринар (потенцираме дека апсолутно сме убедени во компетентноста и моралноста на истото лице, и дека зборуваме поточно за фактичката неизводливост еден човек и покрај сопственото максимално вложување и расположивост САМ да се справи со толкава бројка!). Од официјалните податоци за “третирани” кучиња испаѓа дека (Официјална статистика од 9.2007 до 1.2009 год.) 1976 кучиња се заловени, од кои 1105 се еутаназирани, 711 се третирани , 130 се посвоени - од вкупната бројка, значи, се усмртиле 55,8 %. Испаѓа дека таму се третирале дневно (работни денови) едвај 4,9 кучиња - од кои 2,76 кучиња се усмртени – знач,и во најдобар случај, им било инјектирано средство за усмртување - ПОРАДИ ОВА ТВРДИМЕ ДЕКА ИНСТИТУЦИЈА КОЈА ТРЕБА ДА СЕ СПРАВИ СО БРОЈКАТА ОД РЕЧИСИ 10.000 БЕЗДОМНИ КУЧИЊА НЕ СМЕЕ ДА СИ ДОЗВОЛИ ТАКВО ТЕМПО, НЕЕФИКАСНОСТ И ОСКУДНИ КАПАЦИТЕТИ и САМО ЕДНО КОМПЕТЕНТНО ВЕТЕРИНАРНО ЛИЦЕ! Доколку се погледне само законот за ветеринарно здравство (член 43) за да постои една амбуланта, клиника и слично, НЕОПХОДНО е работење во смени што би вклучило најмалку уште еден ветеринар, а знаеме дека во една амбуланта се потребни капацитети далеку помали од капацитет во установа која има за цел третирање на огромна бројка на бездомни кучиња и да реши градски проблем! Очекување на позитивни резултати со вакво темпо е сосема илу-зорно, а во меѓувреме се губат и неповратно трошат огромни суми на пари! Сметаме дека никако не треба да се занемари и фактот што освен ветеринарното лице ангажирано во стационарот, ниту едно друго лице не е компетентно за пропагирање и посочување на вдомувањето бездомен миленик како солуција (ова за жал ни го имаат потврдено огромен број на граѓани, а и ние повеќе пати имаме увидено дека ангажираните лица од ЈП “Комунална хигиена“ и самите не веруваат дека бездомните кучиња треба да се вдомуваат!) а доколку сакаме да ги следиме методите во модерниот свет вистинскиот пристапот и инволвирањето на лица од НВО и волонтери - љубители на животни биле значаен фактор практика на вдомување да оди во евидентна нагорна линија! Заради тоа ние ИНСИСТИРАМЕ дека само со реорганизација и итно зголемување на капацитетите (просторно), и пред се, со ангажирање на најмалку уште 5 стручни ветеринарни лица, во услови кога би се практикувало третирање на најмалку 20 кучиња дневно, во рок од една година би се истретирале, т.е. стерилизирале и кастрирале 7500 улични кучиња (при тоа потенцираме: зборуваме за хипотетички услови, кога би немало ниту една потреба од еутаназирање! На тој начин би можеле да гарантираме максимално ефективно, хумано и исплатливо инвестирање во оваа проблематика, со која потоа ке се воспостави ТРАЈНА контрола на кучињата и сигурно намалување на нивната популација! Потенцираме, ние стоиме во секој момент на располагање да побараме дополнителна финансиска помош од фондации кои се грижат за правата на животните, да поканиме стручни лица од странство и стоиме како организација на располагање за секаква поинаква помош за која би биле компетентни! Во прилог на ова, неопходно и итно е: 1. Итен прекин на масовната еуатаназија/убивање на кучињата. Според официјалните податоци за работата на стационарот, 55,8% од сите заловени кучиња се еутаназирани.Тоа во никој случај не може да се оправда, ниту од етичка гледна точка, ниту во однос на Законот за благосостојба на животните. Почитуван Премиеру ние како здружение и јавноста длабоко сме убедени дека е невозможно повеќе од секое второ куче во нашиот град да е болно или прекумерно агресивно и со тоа дека е оправдана таквата стапка на усмртување! Со таквата геноцидна пракса мора веднаш да се престане, и тоа не само од етички причини, туку и заради тоа што тоа е спротивно со законот и веќе се покажала како неефикасна во минатото. За таквата состојба да се промени, потребна е помош од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Ветеринарната управа; 2. Вклучување на повеќе ветеринарни и стручни лица за извршување на интервенциите и заловување на кучињата, а воедно и лица кои би се залагале за поефикасна стапка на вдомување – во спротивно е илузорно и сосема необјективно да се сметаат и очекуваат некои видливи резултати со она што тој како алтернатива го нуди (една служба со едно возило и еден ветеринар). Конкретно, предлагаме секоја општина да ангажира ветеринар и заловувачка служба со возило. На тој начин, програмата за стерилизација многукратно ќе ја зголеми својата ефикасност, и за многу пократко време ќе се намали нивната популација. На долгорочен план заштедите би биле значителни и евидентни, бидејќи системски би се надминал проблемот! Владата би можела финансиски да ги помогне општините и Зелс за оваа програма да може да се реализира. 3. Помош во организирање на кампањите за подигнување на јавната свест на граѓаните (видео спотови, билборди, постери, флаери и др.) Исклучително би ја акцентирале важноста за учество на Владата во овие кампањи, заради искоренување на лошите навики кои се спротивни на Законите на Р.Македонија (масовни труења животни ...). Акцентираме дека е неспроводливо тие обврски да се препуштат само на волонтерски здруженија и на граѓаните. Наш предлог: ТВ КАМПАЊИ ЗА ПОХУМАН ОДНОС КОН ЖИВОТНИТЕ која ќе оди по ТВ медиумите со цел да се влијае на свеста на луѓето да ги сакаат и почитуваат животните и да им помагаат, а оние од другата страна (нехуманите) да сфатат дека постојат казни за нехуманото однесување кон животните (МАЛТРЕТИРАЊЕ, УБИВАЊЕ). Исклучително важно е Вие, како претседател на Владата на Р.Македонија јавно да се заложите за откривање и санкционирање на сторителите на такви дела, кои ги ставаат во опасност луѓето, посебно децата (вообичаена е праксата на користење отрови кои и кај луѓето за многу кратко време би довеле до фатален, смртен исход – потсетуваме, ДОСЕГА НЕМА НИТУ ОТКРИЕН, НИТУ САНКЦИОНИРАН СТОРИТЕЛ НА ТАКВО КРИВИЧНО ДЕЛО. Се наметнува прашањето: ЗОШТО?). h 4. Градот Скопје е единствена метропола во Европа без ниедно прифатилиште за животни. Отворање прифатилишта за бездомни животни водени од граѓанските здруженија од оваа област е потреба на сите градови во Р.Македонија, а посебно во Скопје и Битола. За ваков проект, неопходна е помош од Владата со буџетски средства на годишно ниво, за основните трошоци (за дополнителни средства, може здруженијата да аплицираат за грант средства од светски фондации и здруженија); 5. Мораме да напоменеме дека државата и дел од Јавните претпријатија претрпуваат големи финансиски загуби поради нерешавањето на овој проблем. Ќе наведеме само еден пример: ЈП „Македонијапат“ по завршните судски постапки во 2007 и 2008 год. по основ на штети кон граѓани, за сообраќајни незгоди со кучиња, мачки и сл. има исплатено 36.000.000,00 денари = 600.000,00 евра, а во тек се постапки за спорови во вредност од 52.000.000,00 денари = 850.000,00 евра. Тоа се огромни загуби на буџетот. Б 6. Дополна на „Законот за благосостојба на животните“(донесен 2007 год., а стапен во сила 1.1.2008 год) и изработка на правилниците за спроведување на законот (во овој дел ја нудиме и нашата помош). Поради неприменување на Законот (или немање правилник за негово спроведување) многу сегменти од него не се применуваат, посебно делот за казнување на луѓе кои повредуваат, малтретираат животно или во најлош случај го отруле,односно убиле. Во многу земји тоа се смета за убиство е и строго казниво, а во Р.Македонија не е откриен ниту еден сторител, а да не говориме за негово санкционирање. За овој дел мора да нагласиме дека има премногу заинтересирани граѓани кои се обраќаат со поплаки. Ве молиме: Ова е од исклучителна важност, бидејќи во моментот ситуацијата е очајна; Ви нагласуваме дека сме на располагање за контакт и соработка како здружение “Срце за животните“ во справувањето со овие и ред други проблеми, кои се однесуваат на заштитата на животните и заштитата на животната средина, преку кои заедно, со сите наши капацитети би придонеле секоја општина да ја направиме поубаво, побезбедно, похумано, организирано и чисто место за живеење! Сите наши ресурси Ви ги ставаме на располагање: стручни соработници, контакти со видни и реномирани светски здруженија и организации од оваа област, за да придонесеме за решавање овие проблеми. Убедени сме за Вашата свесност дека ова се проблеми кои секојдневно и директно ги засегаат сите граѓани, а, со тоа, дека ќе Ви претставува приоритет решавањето на истите! ВО ИМЕ НА СИТЕ ЉУБИТЕЛИ НА ЖИВОТНИТЕ И ЗАГРИЖЕНИ ГРАЃАНИ, се надеваме дека нашите предлози ќе бидат прифатени ЗА ПОДОБАР И ПОХУМАН ОДНОС КОН ЖИВОТНИТЕ. Срце за животните 24.6.2009 Изменето од Majkl - 25.Јуни.2009 во 22:02 |
|
Внеси реплика | страница <1234 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |