IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - 95  ГОДИНИ ОД СМРТТА НА  ЈАНЕ САНДАН
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

95 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ЈАНЕ САНДАН

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 12>
Автор
Порака
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: 95 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ЈАНЕ САНДАН
    Испратена: 20.Април.2009 во 09:05
И по 94 години од смртта....

ОМО ИЛИНДЕН И ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН НА РАЗЛИЧНА ЛОКАЦИЈА

ДЕВЕДЕСЕТ И ЧЕТИРИ ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ЈАНЕ САНДАНСКИ

Изминаа 94 години од смртта на македонскиот револуционер Јане Сандански, лик кој се уште ги бранува односите помеѓу Бугарија и Македонија.

Чествувањето по повод годишнината од смртта на Сандански создаде забуна и кај македонските претставници во Бугарија. Денеска во Роженскиот манастир, каде се наоѓа гробот на Јане Сандански, го посетија припадниците на организацијата ОМО Илинден. Политичката партија на Македонците ОМО Илинден Пирин наредниот викенд ќе ја одбележува годишнината, но не во манастирот туку во Мелник. Место каде е поставен споменик на револуционерот, во близина на селото Влахи каде што е роден Сандански.

Претставниците на организацијата ОМО Илинден велат дека немале никаков проблем од бугарските власти за време на одбележувањето на годишнината. Напротив откако ја слушнале музиката дел од мештаните им се придружиле во прославата, а чест на гробот на Сандански му оддале и 50-тина туристи од соседна Србија кој го посетиле манастирот. На чествувањето не присуствувал никој од македонскиот државен врв. Јане Сандански е познат по неговите размислувања и борба за создавање на слободна и независна Македонија.

- „Не бугарска Македонија сакаме ние, туку Македонија на Македонците, Македонија ослободена од тиранијата." Пишува Сандански во писмото кое во 1904-та го упатил до неговите жители на Мелник.

Тој е учесник во Илинденското Востание, Младотурската револуција и балканските војни. Поради својата непроменлива борба за слободна Македонија убиен е во 1915-та година во Пирин.


Кон врв
Popi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Popi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 10:16
Zapisi i sliki po povod godisninata od smrtta na Jane Sandanski od stranicata na OMO Ilinden Pirin.
 
 
 
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 10:19
Гардијан тврди дека во Бугарија се зборува македонски јазик
недела, 19 април 2009, 18:48
Освен бугарски, главни јазици се македонскиот и турскиот. Вака, влијателниот лондонски „Гардијан“ во профилот за Бугарија пишува за јазиците што се зборуваат кај нашиот источен сосед.
Профилот во кој Гардијан ги претставува фактите за Бугарија вклучувајќи историски, географски, економски и други податоци со кои се дава слика за состојбите во државата, ја возбуди бугарската јавност. На популарните интернет страници се коментира дека Гардијан е весник кој ја претставува традиционалната британска антибугарска политики. Прашуваат каде се зборува македонски јазик и дали тој воопшто постои, а за Гардијан се вели дека е весник на неписмени.

Возбудата од Гардијан не се пренесе во Роженскиот манастир каде денеска традиционално се чествуваше годишнината од смртта на Јане Сандански. Било мирно и без масовно полициско присуство.

Бугарската држава не го признава македонскиот јазик. Тоа и беше причина што двете земји до 1999 година немаа потпишано ниту една спогодба, иако Бугарија беше меѓу првите земји што ја призна независноста на Македонија. Во февруари 1999 со спогодбата потпишана меѓу тогашните премиери Љубчо Георгиевски и Иван Костов јазичниот проблем беше премостен со формулацијата „јазикот во уставот на земјата“. Со проблеми се соочува и партијата на македонците во Бугарија. Веќе три месеци ја чекаат одлуката на Врховниот Суд откако софискиот не им дозволи да се регистрираат како политичка партија.

Среќко Поповски
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2009 во 12:07
На денешен ден, пред 94 години, е убиен непомирливиот борец за слободна Македонија, Јане Сандански. Го застрелале од заседа поддржувачите на големобугарската државна доктрина. Луѓе осудени цел живот да бидат слуги. На царот Фердинанд, на бугарската партиска и политичка партизанизација која мечтаеше за Солунската царинарница и за „Бугарија на три мориња“. Втемелувачите на обидот ги оправдуваат организаторите и физичките убијци на Сандански. Еден од нив дури направи и партиска кариера и стана народен пратеник. На погребот на Јане, пак, се собрале 3.000 луѓе. Од тогаш до денес гробот на херојот до Роженскиот манастир, над градот Мелник, Пиринска Македонија, е објект на судбински собитија. Меѓу пиринските Македонци, за чијашто еманципација, слобода, независност се бореше и загина Сандански. И, потомците на убијците со судбинските безличија и сите, така државно овластени, финансиски обезличени и големобугарски задопени. Народот оди таму за да ја потврди својата заклетва пред духот и идеите на Јане. Поддржувачите на големобугарската државна доктрина одат за да се уверат дека нивниот непријател се уште не воскреснал. Бидејќи од неговото убиство до денес неброени се нивните обиди да го застрелаат и духовно. Во бугарската варијанта на „википедија“, Сандански е претставен како „бугарски револуционер“. Во графата „националност“ уредниците одат уште подалеку бидејќи „секогаш се самоопределувал како Бугарин“. Како доказ тие нудат некаква негова недатумирана изјава за италијанскиот весник „Секуло“ за „слободна бугарска Македонија“. Од друга страна, го обвинуваат „дека ја уривал бугарската кауза во Македонија“. Затоа бил осуден на смрт и егзекутиран. Е, тоа последното е вистина. како и фактот дека една година пред да биде убиен бил амнестиран од бугарскиот парламент. Впрочем измамата и дволичноста се основни црти во бугарскиот (не само политички) менталитет. Самиот Фердинанд беше рекол нешто уште пострашно - дека под тенкиот слој цивилизираност Бугарите кријат азијатска жестокост. Сандански соодветно на илјади Македонци во Бугарија, пред и по него, беше отфрлен како неподобен за бугарските националистички интереси. Во неговите кратки спомени таа вистина е категорично утврдена. Измислените додавки на неа од страна на бугарската пропаганда и статиите публикувани во престолнината, брошури, книги и електронски сајтови имаат вредност нула за историјата. Како и паметникот подигнат неодамна до гробот на револуционерот. Спомените на Јане Сандански се запишани во 1904 г. од штипјанецот Љубомир Милетиќ, што заедно со тие на други револуционери гледаат бела виделина дури во 1927 година. Во тоа време Милетиќ е виден „Бугарин“ и дури претседател на Бугарската академија на науките. Повеќето од неговите Македонци собеседници, пак, се одамна во гроб, т.е. се гледа погодна можност нивните раскажувања да бидат редактирани. Зборовите искажани од Сандански, значи, се толку силни што не се подложни на никакви деформации. Еманципацијата на Војводата почнува во 1897 г. откако на двапати (претходниот во 1895 г.) е принудуван од бугарски офицери да влезе со чети во Македонија. „Тогаш дадов заклетва дека додека не се уверам каква е таму ситуацијата со делото, дали внатре има организација и слично, нема да бидам орудие никому - нема ни да мрднам повеќе!“ Сандански недвосмислено поведува борба против дејноста на бугарските врховисти во Македонија. Тој гледа на Бугарија и на Македонија, на Македонците и Бугарите како на различни субјекти. Често споменува, за една или друга чета, дека „се врати во Бугарија“. Или посочува: „Во Божово беше раководител Бугарин, „ Дуката“... Во Шатрово раководител беше Димитар Кеја, во Лопово “ Васил Инџето “ сите Власи“... Михаил Бојаџиев, сега учител во гимназијата, Македонец, многу добар...“ Војводата увидува дека еманципацијата од Бугарија бара и целосна финансиска и организациска независност. За таа цел е спроведена акцијата „Мис Стон“, при што Сандански се покажува како голем дипломат и искусен тактичар. Тој аргументирано и директно ја заштитува идејата дека македонското прашање „не е бугарско прашање, туку европско прашање...“ Не случајно на 27 декември 1902 г. легендарниот Македонец крстил едно новородено девојче со името Автономија. Сандански со негодување го пресретнал предвременото решение за востание во Македонија во 1903 г. бидејќи преку него ги гледал интригите на бугарскиот државен национализам. Дури и повеќе. Успеал да го убеди Гоце Делчев дека е во право и да наметне решение само за дејства на четите за да се зачуваат животите на населението. А со тоа и силите на револуционерната организација. Судирот меѓу Сандански и бугарската големодржавна доктрина станал особено видлив во моментот кога врховистичките чети предводени од бугарски офицери влегуваат во Македонија „на помош“ на илинденците. Војводата барал од поручникот Стојанчев, „родум од Бугарија“, војниците да ги извадат бугарските грбови и еполети. Поважно е дека не само Сандански гледал со непријателство на бугарското непожелно мешање во македонското ослободително движење. Претходната година, во спор со бугарскиот полковник Јанков, војводата Чакаларов рекол: „слободата ние ќе си ја извојуваме, не ја сакаме од тебе“. А Атанас Поп Николов додава: „Тие еполети и таа униформа ние не можеме да ги почитуваме “ и почна да му ги кине еполетите“. Фактите до тука јасно покажуваат колку се неточни тврдењата дека едвај по Илинденското востание Сандански ја прифаќа идејата за автономна Македонија. Тие тврдења се обврзувачки за автономијата и како резултат на тоа за борбата за балканска федерација со влијанието на левичарската идеологија на војводата. Очигледен е стремежот конфликтите во ВМРО да се третираат како „меѓусебни“ меѓу левицата, што ја предводел Сандански и десницата. За „меѓусебни“ пишува и Милетиќ само што тој ги сместува во времето по младотурската револуција. Во конкретниот случај, значи, термините левица и десница се условни. И до денес ги користат тие што сакаат да го стават Сандански во еден кош со луѓе како Гарванов, Сарафов, Матов. Всушност, станува збор за судир на две спротивставени точки за иднината на Македонија. Сандански и т.н. левица се за нејзино институционално оспособување, а противниците нивни “ за присоединување кон Бугарија. Во таа смисла, Сандански е продолжувач на делото на Гоце Делчев, чиешто „вјеруј“ е: „Македонија има свои интереси и своја политика. Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи на соединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или кон Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не за добар Македонец“. Ете зошто во лицето на Гарванов и Сарафоф војводата не гледа конк*ренција за власта во БМРО како што го обвинуваат големобугарските средини, а оружје на бугарската агресија и непријатели на слободна Македонија. Рилскиот конгрес на револуционерната организација во 1905 г. постави јасна разграничувачка линија меѓу Македонија и нејзините соседни држави. Во чл. 1 од Уставот се посочува целта: „целосна политичка автономија“. А во чл. 2 се додава дека „организацијата се спротивставува на стремежите за поделба и освојување на тие области (Македонија и Одринско - моја заб.) од која и да е држава“. Тоа претставува организациско финале на македонската еманципација. Тоа е и во согласност со решенијата на Солунскиот окружен конгрес и на Серскиот окружен конгрес, и ја озаконува борбата за престорување на Македонија и Одринско во самостоен државен организам. А бидејќи орудијата на големобугаризмот ги оспоруваат решенијата на Рилскиот конгрес од 1907 г., Сандански им нанесува двоен удар. Физичкото елиминирање на Даев, Гарванов и Сарафоф е лесен плен во споредба со подготовката за престорување на Македонија, освен во политички и во национален субјект. Идеја што активно ја застапува и Крсте Мисирков во својата книга „За македонските работи“, Пробугарски настроениот летописец на Илинден Христо Силјанов со незадоволство забележува дека според Сандански „сите кои агитираат, било во Македонија било надвор неа, врз основата: ослободување и обединување на Бугарите, треба да бидат пречекани непријателски од ВМРО, како што биле пречекувани од Организацијата српските и грчките агитациони чети“. Но најмногу: „дека треба да се работи за разбудување на масите за своја слобода без да се потпираат на туѓа помош, бидејќи тие што ќе дошле да ги ослободуваат ќе дојдат всушност за да ги поробат“. На таа позиција Јане Сандански опстојува дури и за време на еуфоријата на почнатата балканска војна. Со чета од 500 луѓе тој го ослободува Мелник. Денешната бугарска пропаганда со задоволство го истакнува фактот дека на 8 ноември 1912 г. на чело со 300 четници “ кавалеристи Сандански влегува во Солун како своеобразна претходница на седмата пешадиска рилска дивизија. Но смислено го премолчува грандиозниот конфликт на банкетот по повод ослободувањето на градот. Сандански наздравува; „Да пиеме за слободна и автономна Македонија, за што се бореше и даде скапоцени жртви сојузот на балканските народи!“. И за малку не бил застрелан од разгневените бугарски офицери. Младотурската револуција во 1908 година се наметнува како круна на револуционерната и политичката дејност на Сандански. Таа ги предизвикува и најдлабоките негови идејни и филозофски предвидувања, чијашто актуелност е ненадмината до денес. За Јане лозунгот: „Слобода, братство, еднаквост“ на Комитетот „Единство и напредок“ е не само амбиција за востановување уставно-парламентарно управување во Османлиска Турција. Во идеите на младотурците тој гледа продолжување на решенијата од Рилскиот конгрес на ВМРО: „да ги сплоти во една целина сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народноста“. Поучен од грешките на илинденците кои не успеале да ги привлечат на своја страна не само онеправданите турски народни маси, туку и останатите христијански етноси, Сандански сфаќа дека кренатата револуција дава голема можност Македонија да ја зачува својата целовитост како дел од мултиетничко општество. Дури и повеќе. Мултиетничкиот модел е единствена шанса за просперитет на целиот Балкански Полуостров. Тие идеи, авангардни дури и за нашето време, ги споделуваат и други современици на Сандански. На митингот во градот Лерин, кон крајот на 1909 г., војводата Ѓоле Стојчев рекол: „Браќа треба да придонесеме за отоманизмот. Сериозно треба да придонесеме. За да ја зачуваме територијалната целовитост на Македонија. Бидејќи во тоа е нашето спасение. Инаку ние ќе бидеме плен за освојување на дивите инспиратори и претенденти на Македонија, кои ги посакуваат богатствата на нашата држава“. Не случајно најсилната поддршка на младотурците доаѓа токму од Македонија. Во исто време младотурскиот режим е пречекан на нож освен од реакционерните кругови во самата Турција и од балканските соседи. Внатрешните „чувари“ се против бидејќи не сфаќаат дека единствената шанса на империјата да ги зачува европските територии е да се трансформира во мултиетничка држава. Бугарија, Грција и Србија гледаат, пак, како испаруваат нивните надежи да си ги поделат Македонија и Одринско. Така младотурците биле изложени истовремено на внатрешен и надворешен притисок. На 22 септември 1908 г. Австроунгарија ја анектира Босна и Херцеговина. Следниот ден бугарското кнежевство, зависно од султанот, објавува независност. Грција, пак, го присоединува островот Крит Во самата Македонија Јане Сандански и Народната федеративна партија што ги поддржувала младотурците водат тешки битки со бугарски уставник клубови, финансирани од Бугарија. Последните ја провоцираат новата власт со редица атентати. Тоа создава напнатост и ја враќа заемната недоверба меѓу Турците и христијаните. И младотурците и Македонците ја пропуштаат шансата да го решат проблемот помеѓу себе, без надворешно мешање. Силата на еден народ, значи, зависи од тоа дали се учи на своите грешки. И дали ги следи заветите на своите големи херои. Животот и идеите на Јане Сандански може да служат не само како пример, туку и како предупредување. Пример за љубов и преданост кон Македонија. И предупредување за нестивнатите амбиции на волците во овчи кожи, кои под маската на пријателство ги острат забите за нејзината територија и народ. Целосната реализација на заветот на пиринскиот орел за мултиетничко и мултикултурно општество и толерантност во Македонија е најсилниот отпор против нејзините прикриени и јавни непријатели.

Авторот е универзитетски професор
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2009 во 12:28
Федеративна народна  партиjа - "Бугарска секциjа"


Изменето од да бе - 22.Април.2009 во 12:34
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2009 во 12:32
Всушност, станува збор за судир на две спротивставени точки за иднината на Македонија. Сандански и т.н. левица се за нејзино институционално оспособување, а противниците нивни “ за присоединување кон Бугарија. Во таа смисла, Сандански е продолжувач на делото на Гоце Делчев, чиешто „вјеруј“ е: „Македонија има свои интереси и своја политика. Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи на соединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или кон Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не за добар Македонец“. Ете зошто во лицето на Гарванов и Сарафоф војводата не гледа конк*ренција за власта во БМРО како што го обвинуваат големобугарските средини, а оружје на бугарската агресија и непријатели на слободна Македонија. Рилскиот конгрес на револуционерната организација во 1905 г. постави јасна разграничувачка линија меѓу Македонија и нејзините соседни држави. Во чл. 1 од Уставот се посочува целта: „целосна политичка автономија“. А во чл. 2 се додава дека „организацијата се спротивставува на стремежите за поделба и освојување на тие области (Македонија и Одринско - моја заб.) од која и да е држава“. Тоа претставува организациско финале на македонската еманципација. Тоа е и во согласност со решенијата на Солунскиот окружен конгрес и на Серскиот окружен конгрес, и ја озаконува борбата за престорување на Македонија и Одринско во самостоен државен организам. А бидејќи орудијата на големобугаризмот ги оспоруваат решенијата на Рилскиот конгрес од 1907 г., Сандански им нанесува двоен удар.
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2009 во 12:34
А во Солун за времето на младотурскта револуција Сандански и четата му го пееле татарскиот марш "Тих бел Дунаф"


Изменето од macedon_alex - 22.Април.2009 во 16:52
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2009 во 12:50
Документи од аферата Мис Стоун

коj знае зашто дипломатските комуникации по аферата били со Бугариjа.збунетост

абе читаjте и си ги вадете заклучоците коj коj е
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2009 во 12:52
№ 25

Шифрована телеграма од блгарския дипломатски агент во Петербург до МВРИ в Софиja

№ 810, 25 септември 1901 г.
 

Зиновиев телеграфира и објаснува дека киднапери на Мис Стон се здружени со Бугарско-македонскиот комитет се потврдуваат


ПС

10x за преведуванетоголема%20насмевка



Изменето од да бе - 22.Април.2009 во 16:38
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2009 во 12:53

№ 26

Шифрирана телеграма од бугарскиот дипломатски агент во Цариград до МВРИ во Софија

№ 1567, 25 септември 1901 г.

Во американското пратеништво и сите дипломатски кругови, изјавата дека дека киднаперите се Бугари-Македонци , дека тие се луѓе на Македонскиот комитет и дека сега се на бугарска територија се потврдуваат за точни

ПС
10х за преведуването


Изменето од да бе - 22.Април.2009 во 16:39
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2009 во 12:54
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Во таа смисла, Сандански е продолжувач на делото на Гоце Делчев, чиешто „вјеруј“ е: „Македонија има свои интереси и своја политика. Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи на соединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или кон Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не за добар Македонец“.


Тоа верују му е наметнато на Делчев од некој друг. Во зборовите на Делчев нема Срби и продолжуваат ТАКОВ БУГАРИН ИЛИ ГРК....

Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Ете зошто во лицето на Гарванов и Сарафоф војводата не гледа конк*ренција за власта во БМРО како што го обвинуваат големобугарските средини, а оружје на бугарската агресија и непријатели на слободна Македонија.


Дали Сарафов лажел кога рекол
Ние Македонците не сме ни Срби, ни Бугари, ами просто Македонци. Ние ги симпатизираме и едните и другите, кој ќе не ослободи, нему ќе му речеме благодарам, но Србите и Бугарите нека не забораваат дека Македонија е само за Македонците.

—Борис Сарафов, 2 септември 1902

ИЛИ ИГРАЛ НЕКОЈА ПОЛИТИЧКА ИГРА?

или
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2009 во 12:56

№ 33

Нота од привремено-управувачкиот МВРИ М.Сарафов до американскиот генералек конзул во Цариград Ч.М.Дикинсон

№ 348, 28 септември/11 октомври 1901 г.
 

...

Ова, дека четата киднаперди, според Вашите сведочења, била составена од Бугари и дека сакала исплаќањето на еде откуп во Самоков, како што е одбележано во писмото на Мис Стон, може ли да биде вистински признак и доказ дека злосторството било подготвено во Бугарија, од некој "таен комитет"

ПС
10х за преведуването


Изменето од да бе - 22.Април.2009 во 16:41
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2009 во 13:04

[5:41:58 PM] Macedon: Лондон ( 2-ри Април )- Виенскиот кореспондент на Тајмс соопштува дека нови подробности за Сарафов ( македонскиот раководител ) биде дознаени во врска со киднапирањето на Елена М. Стон. Водачот на разбојниците кои ја киднапирале Мис Стоун, се нарекува Сандански и е млад следбеник на Сарафов. Сите 29 соучесници  на Сандански се Бугари, со исклучок на двајца Грци

..... 

В. „New York Times", 2 април 1902, с. 1.



Изменето од да бе - 22.Април.2009 во 16:42
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2009 во 13:41
Еве ви го оригиналот-да не кажете дека е бугарски фалсификат.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.