|
Изградба на црква на плоштад Македонија? |
Внеси реплика | страница <1 6061626364 114> |
Автор | |||||||||||||||||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
Прашањево е за на вероисповед, но штом тука е поставено, ќе дадам кратко видување. Црквата кога е солидна во верата, чиста во својата Света наука и доследна на своите учења, е единствениот начин едно општество да го победува злото меѓу себе. За жал, „црквата“ за која сега станува збор, во 21 век во Македонски услови, ниту е солидна во верата (повеќе се бави со хотели, политика и фолклор), ниту е чиста во својата наука (дозволува да биде влечена за нос од политичката елита, наместо таа да ги укорува и усмерува), ниту пак е доследна (клерот е преполн со луѓе без интегритет, подмитливи, алчни, арогантни и неписмени по веронаука). Во такви услови, „црквата“ станува проблем. Колкава катастрофа е, кога судовите стануваат поправедни и поголеми борци за доблесното од „црквата“? Сега останува уште и партиите да станат подобри, па слободно да ја погребеме таквата „црква“. |
|||||||||||||||||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
|||||||||||||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
Моето прашање се однесуваше на ОБЈЕКТОТ на црквата кој треба да се гради на плоштад, затоа само на кратко ќе ти одговорам на репликата.
Има доста вистина во твоите зборови. Има многу работи што и мене не ми се допаѓаат но сепак и таква, со сите свои проблеми, Македонската Православна Црква е духовен храм кој го обединува мнозинството од Македонскиот народ, што се докажало и низ историјата. И покрај сите проблеми, кои се надевам еден ден ќе се надминат, на “погребување“ на црквата некој може само да се надева... |
|||||||||||||||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||||||||||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
Не би рекол баш дека е "духовен" храм. Јас наместо тој збор би ставил: политички, националистилки, етнофилетистички, фолклорен, традиционален и сл.
За која историја збориш? МПЦ постои од 1959г. (или од 1967г.). Доколку мислиш на историјата пред тоа, тогаш кажи СПЦ, БПЦ, ГПЦ.
А и овие не се докажале баш како лојални спрема народот. Православните цркви секогаш шурувале со власта. Тоа неспорно го прават денес, тоа го правеле и во минатото со тукашните окупатори.
Православниот монах Кирил Пејчинович во својата книга "Огледало" пишува како поповите се побратимувале со турските аскери и кога напатениот македонец немал пари да плати за црковните услуги, тогаш попот го викал аскерот за да му изнуди пари. Ова не ми личи на некоја обедителна пракса на православната црква.
|
|||||||||||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||||||||||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
Евангелос, јас многупати досега напишав на темава да не се впуштаме во дискусии кои се поадекватни за на Вероисповед, и ве молам да го почитувате тоа!
И погоре напишав, свесна сум за сите проблеми со кои се соочува МПЦ, свесна сум и не оправдувам многу работи кои таму се прават, но не си дозволувам да фрлам со дрвја и камења по црквата на која и јас припаѓам, како православна христијанка, ниту по било која друга црква и религија. Љуби го ближниот свој... јас би додала, дури и кога греши. И не шуруваат само православните цркви со властите... Католичката црква на пример има пуштено многу подлабоки пипала во власта и во политиката, во најголемиот дел западни земји, каде отворено и јавно се поддржува црквата од страна на државата. И навистина ве молам, кога веќе има тема на Вероисповед, ваквите коментари да ги пишувате таму... темава нека си остане политичка. |
|||||||||||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
мила, јас погоре пишував за политиката (праксата и историјата) на МПЦ и воопшто не го употребив зборот "вера" ниту некој збор поврзан или сличен нему, така што не гледам причина зошто мојот коментар би бил поадекватен на подфорумот "Вероисповед" отколку тука. |
|||||||||||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||||||||||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
Сепак за праксата и историјата на МПЦ, подфорумот Вероисповед е поадекватен за дискусија, и ти тоа многу добро го знаеш
Тука прашањето е многу конкретно и политички поставено: црквата на плоштадот, урбанистичкото решение и нејзиното финансирање од државата. |
|||||||||||||||||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
Прости, не сме се разбрале. Ако прашањето е за објектот, тогаш не, тоа сигурно не е најголемиот проблем во државава. Но тоа е симптом на најголемиот проблем во државава. А што е тој? Глувоста на власта за потребите на народот и глувоста на „црквата“ за правдољубието и доблесноста.
Мене ми личи дека црковното во „црквата“ веќе е погребано. Остана само МПЦ ДПМНЕ, односно политичкото крило на дејствување. На таков начин, изгубена е и „обединувачката“ сила за која толку копнееш. |
|||||||||||||||||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
|||||||||||||||||
dras
Сениор Регистриран: 10.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 858 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
....пак гласав... но ме утнаа. ...скопјани се скопјани ...ТИЕ ПРАВИТЕ СЕ ВО ДУПКА, НЕМААТ НИ ПРАВО ДА СИ ГО КАЖАТ СВОЕТО МИСЛЕЊЕ, ....а овие од внатрешноста Тие можат и египетските пирамиди да ги стават на плоштадот,.....време е македонските староседелци да си го изразат мислењето за имиџот на главниот град,...доста беа уметничките кичови на „министерката“,..... Ганка барем имаше стил,... неможе да се крчми буџетот преку желбите и фрустрациите на поединци,...воопшто не треба Скопје да се злоупотребува за перење пари ,...секако не од буџетот,....шмизли, бикови ,кондураџии,....антика,....... скапи зелени пазари,..... луѓе без работа ,...., затворени компании,.... не платени допроиноси, ...едношалтерски системи,....скапа работа за државен буџет, ....или потрошени пари во изборна кампањења,....сега Валста е на едно место.....благосостојбата е пред македонските граѓани,...барем Магедонија да биде едно цело!!?... |
|||||||||||||||||
Delicia
Сениор *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
Колку би чинело градењето на црквата
|
|||||||||||||||||
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
|||||||||||||||||
zenmaster
Сениор Interceptor Регистриран: 05.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 4262 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
Не знам колку ќе чини ама кога градиш со туѓи пари тоа е секогаш ефтино
|
|||||||||||||||||
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
|
|||||||||||||||||
Delicia
Сениор *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
како може да не се знае колку ке чини еден ваков проект........или им е страв да ја кажат цифрата
|
|||||||||||||||||
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
|||||||||||||||||
Delicia
Сениор *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
|||||||||||||||||
zenmaster
Сениор Interceptor Регистриран: 05.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 4262 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
За вмро цифрите се битни ама само кога се работи за гласачко ливче . Пола милион гласачи се определиле за нив тоа го сваќаат како референдум ЗА градење на црквата . За инат не есдеес ќе градат уште сто цркви само некој нека рече дека не можат .
|
|||||||||||||||||
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
|
|||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 6061626364 114> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |