|
За смирението |
Внеси реплика | страница <1 121314 |
Автор | |
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Da, vidov i toj neka si odgovori ako saka... a jas se obrativ kon tebe so prashanje...
|
|
Do what is right, come what may...
|
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Свети Исак Сирин вели:
Како што сенката го следи телото, Божјата милост го следи смиреноумието. Труди се да бидеш ништожен, и ќе се исполниш со чест Божја. Не барај чествувања кога внатрешно си полн со рани. Отклонувај се од честа и не ја љуби, да не би станал нечестив. Кој и да трча по честа, таа бега од него, а тој кој бега од честа, таа го следи, и таквиот човек ќе стане проповедник на смирението на сите луѓе. Ако заради вистината се обвинуваш, Бог ќе допушти сите созданија созданија да те пофалуваат, отварајќи ги пред тебе дверите на славата на Создателот. Во времето кога смирението царува во тебе, душата твоја ќе ти се покорува, и заедно со неа се` ќе ти се покорува, затоа што во твоето срце се раѓа мир од Бога. А ако си надвор од ова, ќе бидеш прогонуван од страстите и од појави. Навистина Господи, ако самите не се смириме, нема да престанеш да не` смируваш. Вистинското смирение се раѓа од познанието, а вистинското познание се раѓа од искушението. Со смиреноумието доаѓа обуздување и воздржание, а славата е служителка на блудот и дело на гордоста. Смиреноумието, поради воздржанието, ја украсува душата со голема мудрост. |
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Смирението е онаа добродетел којашто чудесно помага да се примени совршеното христолико послушание. Напротив, егоизмот и гордоста се противат на неговото стекнување.
|
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Свети Силуан Атонски вели:
Смирената душа, и кога Господ секој ден би ја земал на небото, и би ѝ ја покажувал сета небесна слава во којашто пребива Он, и љубовта на Серафимите и Херувимите, и на сите Светии, и тогаш научена од опит ќе вели: „Ти, Господи, ми ја покажуваш Својата слава, затоа што го љубиш Своето создание. Но, мене дај ми плач и сила да Ти благодарам Тебе. Тебе Ти прилега слава, на небото и на земјата, а мене ми прилега да плачам за моите гревови”. Инаку нема да ја сочуваш благодатта на Светиот Дух, што ти ја дава Господ за бадијала, заради Својата милост. |
|
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сега јас ќе се потрудам да напишам нешто...
4 чекори до мирот со Бог. Како да дојдеш до Божјиот мир? 1. чекор- Божјата цел: Мир + вечен живот. Бог те љуби и сака да живееш во мир со Него, и сака да добиеш вечен живот. И така, бидејќи сме оправдани преку вера, имаме мир со Бог, преку нашиот Господ Исус Христос. (Послание до Римјаните 5:1) 2. чекор- Ако Божјата замисла била да имаме мир со Него, зошто тогаш луѓето се во непријателство во Него? Нашиот проблем: Грев + одвоеност Бог не не создал како роботи и автоматски потчинети кон Него. Напротив, Тој ни дал слободна волјаи слобода на избор. Но, како Адам и Ева, ние обично го отстрануваме од Бог. (1 Мојсеева- Битие 3). Оној наш погрешен избор е наречен грев, којшто не одвојува од Бог. Библијата вели.. Зашто сите згрешија и лишени се од Божјата слава...а залужението за гревот е смрт. ( Римјаните 3:23;6:23) 3. чекор- Божјиот лек: Голготскиот крст Исус умре на крстот и воскресна од мртвите да ја плати казната за нашите гревови, Тој е единствениот одговор за решавање на одвојувањето со Бог. Но Бог ја покажа Својата љубов спрема нас, со тоа што Христос умре за нас додека уште бевме грешници.(Римјаните 5:8) Зашто еден е Бог, и еден е Посредникот меѓу Бог и лугето-човекот Исус Христос.(1 Послание до Тимотеј 2:5) Бог ни го овозможи единствениот пат; нам ни преостанува да се одлучиме! 4. чекор- Нашиот дел: Прифаќање на Исус Христос Ние можеме да го примиме Исус Христос откако ќе поверуваме во Неговата порака Неговата порака: дека Тој единствено може да не спаси! Сите пророци сведочат за Него дека секој кој верува во Него добива проштевање на неговите гревови преку Неговото име. (Дела Апостолски 10:43) Да не се вознемирува вашето срце; верувајте во Бог и верувајте во Мене! (Евангелие според Јован 14:1) А на сите што го примија им даде власт да станат Божји деца- на оние кој веруваат во Неговото име. (Евангелие според Јован 1:12) Човекот - Бог Страв - Мир Грев - Прошка Одвојување - Заедништво Вечна смрт - Вечен живот Како можеш да го прифатиш Господ Исус да биде твој Спасител? 1.Признај си ги своите гревови пред Него. 2. Одврати се од нив( покај се ). 3. Поверувај дека Исус Христос умрел наместо тебе на крстот и дека воскреснал од мртвите. 4. Повикај го преку молитва за да ти го промени животот и да го управува твоето срце преку Светиот Дух и прими го како свој личен Спасител. Како да се молиш? Господе Исус! Признавам дека сум грешник и дека ми треба прошка, верувам дека си умрел поради моите гревови и сакам да те следам. Те молам, влези во моето срце и обнови го мојот живот. Амин! Бог ти дава сигурност преку Неговото Слово- Библијата. Ако искрено го помоли со ова молитва и го замоли Господ Исус Христос да дојде во твојот живот, дали знаеш што доби од него? Секој, кој че го повика Господовото име, ќе биде спасен. (Римјаните 8:39) Кој го има Синот, има живот; кој го нема Синот, нема живот. Ова ви го напишав вам кои верувате во името на Божјиот Син, за да знаете дека имате вечен живот.( 1 Послание до Јован 5:12-13) Твојот нов живот Кога ќе го прифатиш Исус Христос како свој Спасител, ќе доживееш повторно рагање во Божјото семејство преку делото на Светиот Дух, кој започнува да живее во тебе, како и во секој верник. Ова се нарекува новорагање или преобразба. Нека Бог те благоствови во твојот прекрасен нов живот во Исус Христос, кој ти овозможи да бидеш повторно со Него! Самата помисла дека имаме вечен живот не води кон мирот со Бог, а мир е: Да нема страв, да нема грев, да нема осаменост и смрт...Мир е да си во состојба на радост во трепет и стравопочит кон Бог, мир е да си во состојба на вера и надеж.Мир е да си во состојба на љубов кон лугето како што се сакаш себе, и љубов кон Бог кој го сакаш повеќе од самиот себе си. |
|
Внеси реплика | страница <1 121314 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |