![]() |
|
kejt-d-grejt |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7891011 40> |
Автор | |
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
НА Е...
Додека те гледам на тие штици како стоиш
без право на избор на сценарио и улога,
зависен од суфлерот
и рам-там-там музиката која ти диктира темпо,
сакам да викам, да се дерам,
сакам да пцујам и протестирам
оти ти миличко не си за тука,
оти нема улога толку главна
за да е рамна на тебе.
Ех, да не ми беа толку кратки нозеве,
па да можев облак да ти симнам
Или челична тупаница да имав,
светов да го здробам недостоен
и животов скржав за среќа.
Не можам ни молба уредна со таксена марка
да заверам
и добијам право
на дел од товарот плеќите што ти ги подвил.
Можам само да се затворам,
светло да изгасам
и Janis Joplin да ја поканам
на чашка топла болка
![]() |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Пак ли те јавна несоница
што те нема на зборното место во паркот, кај мовчето, до реката, над клупата, во гранките на липата, во нашето седело? Не го сакам веќе мирисот на снегот. Одамна ме измори спокојот. Растрепери ги листовите, Оживеј ги цветовите - и мене со нив. |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ГИЛТИ
Ги побара моите разголени мисли на тацна ти ги послужив помирливо, без збор. Сега е на тебе и редот и пресудата: ќе ми помогнеш ли одново да се родам, или ќе одлучиш никогаш да не сум постоела
Изменето од kejt-d-grejt - 17.Март.2009 во 12:43 |
|
![]() |
|
mrzla ![]() Сениор ![]() ![]() натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() последново ептен погодува |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
се сеќавам...
на денов што доаѓа... одбојка од зборови, бесмислени, потфрлени, и ептен многу смеење, скокоткање, кикотење... се местат, се мрестат неспокојот и болот ќе ни го простат ли некогаш нашето постоење? Изменето од kejt-d-grejt - 20.Март.2009 во 00:38 |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() -------------- -------------- Ќе ти напишам песна, мазна и мека, ќе ти напишам песна без зборови ![]() Од здивот твој и шепотот ќе направам рима, ![]() дај ми парче душа ![]() грст твои прегратки ![]() и ноти ќе напишеме од смеата твоја. ![]() А запирките и точките, моето мрморење ![]() прашалници бескрајни, оти? зошто? како? ![]() (љубомората) ![]() и три извичници големи на крајот да направиме НАЈМНОГУ ТЕ САКАМ!!! ![]() |
|
![]() |
|
Lithium ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() |
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Знаеш... јас ја сакам меланхолијата. Ја сакам и ја почитувам - се' додека нема траги на очај. И тоа...не само заради тоа што има убаво име. Туку... Сакам... и мазохистички уживам кога ми ја гребе душата со нејзините лакирани нокти. Вешто сместува пинг-понг топче во грлото... кај што се голта... а устата ја суши... корупки ја прави.... небаре сркам сол со лажица... Ноќе...кога сите ќе заминат... и маските ќе ги оставам на полица да праноќат... таа станува моето презиме: - Кејт Меланхоли Изменето од kejt-d-grejt - 31.Март.2009 во 10:42 |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ај...само на кратко!!! кратка прошетка кратки ракави кратко еспресо кратки моменти кратко... слатко... кратко... И она твоено, познатоно... краток е животот! |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ЗНАМ ДУШИЧЕ
![]() Знам како ти е кога изворот пресушил, а ластунките зинати во тебе гледаат ко во Бог. Знам како е кога дарбата твоја ја гледаат како зло. Стани, орај, ручај, копај, легни си... ... стани... ... орај... ... А копнееш да сфатат, мафташ ко лудак со раце и нозе да објасниш, да доловиш, овците да ги научиш англиски да зборат за да можат Шекспир да го читаат во оригинал. Знам како ти е оти и јас мафтам. Гушка??? ммм??? Изменето од kejt-d-grejt - 05.Април.2009 во 12:52 |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ммммм......појма немате колку беше убаво утрово. Хевн он 'рт - или во превод, полнач на батерија за мобилен. Му се извинив на млекарот во мислите што го опцув кога го затворив телефонот во шест и пол.
- мхм... -„“’*&’“ѕvж„@dr*-; - мхм...да... - „@#$..-&*(s<.. - да...да...во ред... - еј, извини ако те разбудив - нема проблем и онака требаше да станувам ![]() Го отворив прозорот и ја видов комшиската мачка, ни дошла во двор на гости. Право да ви кажам, од сите станари на таа троспратна куќа, само мачката ми е симпатична. Е па, како добра домаќинка, излегов во двор да и' правам друштво. По пижами. И по влечки. И по бушава коса. И по немиено лице ![]() wow...колку беше тивко. Како да не е понеделник. Само птице су цвркутале ( ![]() Се насмеав на една симпатична забелешка од пред некој ден, ,,Мамо, мамо, гледај! На дрвото пораснале цвеќиња,, (мајкина умница-убавица) И не, нема да ви кажам ништо посебно и спектакуларно... Нема гром од ведро небо, ни Спајдермен неочекувано слета во мојот двор, ни помрачење сунца, ништо такво... само.... дека ми беше убаво ![]() |
|
![]() |
|
Gabriela_S ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() P.S. Supermen leta, ne Spajdermen (Spajdi skoka) ![]() ![]() |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() и мачката од комшијата лета, ако сакаш да знаеш Изменето од kejt-d-grejt - 13.Април.2009 во 09:35 |
|
![]() |
|
pcelka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() |
|
секој нов ден, носи нова надеж...
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7891011 40> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |