|
Македонците од Егејска Македонија |
Внеси реплика | страница <1234 40> |
Автор | |
ZoraNaSlobodata
Сениор Регистриран: 03.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3392 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се разбира.Како овај на сликата.
|
|
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Жалосно е што на тие 30 000 им се одзема правото да го кажат токму она што го чувствуваат и со кое се гордеат - својата етничка припадност и негувањето на својата култура. За жал бројката на луѓе кои ги навредуваат, заќутуваат и малтретираат луѓето со јасна национална свест е многубројна и во Грција а ја има и кај нас во Македонија. Уште по жалосно е што многу бргу наоѓаат истомисленици со кои за кратко време формираат хорда која протерува, го уништува имотот атакува на личноста, навредува, лепи етикети.
Храбри само упорноста на луѓето кои се борат против етикетолепачите, змиите од сите националности кои се обидуваат да касаат, безуспешно затоа што сеуште има луѓе кои се почитуваат себеси ама ги почитуваат и другите околу себе. |
|
DarlinG
Сениор *Lara*Croft* Регистриран: 09.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1621 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
e im se ispolni zelbata i toj go zatvorija |
|
|
|
ZoraNaSlobodata
Сениор Регистриран: 03.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3392 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не се бе 30 илјади како излеговте со ваква бројка од прилика дај бе луѓе свестете се малку не давајте слободни интерпретации.Се работи за стотици илјади луѓе тука. |
|
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
|
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Vitality of Macedonian Slavic as a minority language in parts of the Florina Prefecture, Macedonia, Greece, by municipality, according to a study by R. van Boeschoten in 1993. Colour coding: The language was spoken by all age groups, children & adults, both in private and public. Signifies that the language was spoken by people over 30 (as of 1993), with children having a degree of understanding of the language. Signifies that the language was spoken exclusively by people over the age of 60, mostly in private. Data Unavailable Изменето од cercetator - 06.Април.2009 во 15:14 |
|
Redgun
Група Регистриран: 01.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 80 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Serbia and Macedonia orthodox brothers
f**k GREECE |
|
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дали некој од нашиве авторитети или некој од егејците во Грција (Виножито) ја има запознато ЕУ и САД со ова? Што мислите, да беше обратна ситуацијата т.е. да имаше и нај мал сомнеж за такви случаи кај нас, грците ќе си ќутеа?Знам, некој можеби ќе рече дека ЕУ иСАД знаат и за тоа, но си ќутат. Но ако, ние треба да им кажеме дека и ние знаеме, а што ќе биде натаму ... здравје.
|
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Zlatnik, Англичаните беа тие кои ги бомбардираа нашите во Егејска Македонија, откако монархофашистичките сили почнаа да губат, Англија интервенираше и ги бомбардираше македонските партизани, а што е најтрагично и цивилите во селата со напалм. Луѓето кои живеат во Преспанскиот регион сеуште кажуваат за тоа како езерото сето станало црвено од крвта на бегалците кои бегале кон НР Македонија и тоа од напалм бомбите на Англија, чии граници по наредба на Тито во 1949 година биле затворени, меѓутоа некои наши гранични служби кришум ги примале. Сите знаат се, меѓутоа ако признаат тогаш треба да ја признаат и својата вина, што тие нема да го сторат. Точно е дека ние треба повеќе да пишуваме и да говориме за тоа и никогаш да не заборавиме. П.С. На мајка ми чичкото во Чешка организираше изложба и се говореше за децата бегалци, веднаш потоа со закани и притисоци од грчката амабасада во Чешка материјалот кој беше снимен не беше прикажан на чешката телевизија. Изменето од macedon_alex - 28.Мај.2009 во 22:50 |
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
[QUOTE=Popi]
БИТКАТА ЗА ЛЕРИН Изменето од miroslav_g8 - 29.Мај.2009 во 20:03 |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Англиската авијација....дури и старите бабички знаеја низ солзи да кажат кога ќе ги прашаа дека се тоа се англичаните и тоа со напалм. Баба ми цел живот тоа го зборуваше кога ќе ја прашаа. Изменето од macedon_alex - 29.Мај.2009 во 20:05 |
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
blagodaram ... iako ubavo znam deka i ne samo anglicanite .... sakav da znaat i drugite .... osobeno onie koi e osuduvaat togasna Jugoslavija poradi nemesanje vo taa gradjanska vojna .... |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Англиската авијација е таа која бомбардираше, нормално и грчката ама сепак Англија беше предводник на тоа. Тогашна Југославија направи исто грешки Мирослав, иако не може да се заборават и сите позитивни работи кои ги направи,па и самото тогашно македонско раководство во тоа време го признава тоа. Лазар Мојсов бил првиот кој влегол во конфликт со англискиот амбасадор, па дури и имало низа немири во НР Македонија, а весникот Нова Македонија тогаш започнал да пишува и колумни против раководството на Југославија, па морал да интервенира и англискиот амбасадор и да ги замоли југословенските власти да го спречат национализмот во НР Македонија. По притисокот на Англија и Западот тогашна Југославија во 1949 година ги затвори границите за Македонците, па тие мораа да бегаат во Албанија. Моите баба и дедо таму отидоа поради тоа што границата беше затворена. |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
angliskata avijacija,..bombardirala babichki makedonski ,..vo graganskata vojna vo grcija?!,..kade be toa go pishuva?,..osven tuka,..jasno?
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Осумдневно ноќно пешачење по мраз и снег
„Со уште две жени и 40 деца, на 26 март 1948 година, го напуштивме селото по упадот на владините трупи кои однесоа 13 деца чии родители беа во единиците на ДАГ, додека другите жени и деца се криевме. Селото, исто така, го бомбардираа. По снег и зима се движевме ноќе, а се криевме дење. Кај селото Трново два владини авиона пукаа врз нас, но за среќа, никој не беше повреден. Ние се приклучивме на групата од околу 400 деца кои ги водеа неколку жени. Тие беа од околината на Костур и жените ни кажуваа дека групата повеќе пати ја напаѓале владини авиони, при што загинале четири деца. Кај селото Маврохори ни се приклучија нови бегалци: жени и деца од четири села (Долно Котори, Лагем, Турија и Трен)“. Ова драматично кажување е на Лена Сулевска од село Горно Котори, Леринско, за осумдневното патување на децата од нивните родни места до преспанските село Долно Дупени и Љубојно. Нејзиното и потресните сведочења на други мајки за откоренувањето од родните места на 28.000 деца од Егејскиот дел на Македонија во 1948 година ги пренесуваат Мишо Китаноски и Ѓорѓи Донески во книгата „Деца-бегалци од Егејска Македонија“. Сулевска вели дека тогаш се собрале околу 20 жени и 500 деца и патувале кон север, пешачејќи само ноќе. „Во текот на целиот пат носевме по три деца секоја:а две на раце и едно на грб. Од селото Кономлади не' следеше силен снег и виулица. Им ги масиравме нозете на децата за да не замрзнат“, раскажува Сулевска, која на 25 деца им ги заменувала нивните мајки. Кога стигнале во селото Штрково за да се одморат, одненадеж селото го нападнале авиони и тогаш со сите деца и другото население побегнале во планината, каде што го поминале целиот ден. „Децата плачеа од страв и студ, па моравме да запалиме оган. Но, тогаш повторно наидоа авиони и ние ја фрливме облеката, а децата камења за да го изгаснеме огнот“, раскажува Сулевска Поради страв од авионите не смееле повторно да запалат оган. Кога паднала ноќ, продолжиле да патуваат и за два дена стигнале во селото Герман, а следната ноќ без да знаат ја преминале југословенската граница. Кога се разденило, наишле на жени од Југословенскиот Црвен крст и кога ги виделе онака гладни и боси и тие почнале да плачат. Ги нахраниле и ги повеле кон Битола. „Тешкотиите при патувањето по студено време оставија видливи траги на децата. И по доаѓањето во Битола, нашите деца силно плачеа, исто како и во текот на целиот пат. Поголемиот број од нив повраќаа, на нас - жените од носење ни се отсекоа рацете и вратот, и рамената и имавме темни модринки по грбот и градите. Децата беа вошливи и валкани, затоа што не беа измиени цел пат, а патот беше долг над 100 километри и траеше осум дена. Очите им беа крвави, а од облека имаа само искинати работи“, раскажува „мајката“ Лена Сулевска. Слично е и кажувањето на Елена Ефтова од село Турје, исто така, од Леринско, која побегнала од селото со 114 деца. „Монархофашистите со топови го бомбардираа селото. Целосно уништија шест куќи, а 34 куќи потполно изгореа. Тогаш упаднаа во селото, го ограбија и притоа истераа 500 овци, а ние сето тоа го гледавме скриени во планината. Наши борци немаше, а бесот монархофашистите го истурија тепајќи неколку затекнати граѓани во селото. При бомбардирањето на селото едно дете по име Лефтерија Донева, стара 10 години, беше погодена во градите и ранета во стомакот. Така тешко ранета, ја ставија во подрумот на куќата, додека траеше бомбардирањето. По бомбардирањето го зедовме девојчето од селото, но тоа во планината ни умре во страшни маки, и кај селото Рула ја погребавме. Мајката на ова девојченце, исто така, избега со нас, но подоцна се изгубивме и не знам каде е сега“, раскажува Ефтова. Василка Делова од Лаген побегнала со уште две жени и една девојка, водејќи 71 дете. „Додека траеја нападите на владините трупи, се криевме во рововите ископани надвор од селото. Во селото доаѓавме ноќе, по храна. Кај селото Кономлади се приклучивме на втората голема група, со која побегнавме во Југославија. И по пет месеци децата, иако се сместени во дом, не можат да се ослободат од стравот доживеан при нападот на селото и тешкотиите и маките при повлекувањето, односно бегството од воениот пекол“, вели таа. Јордана Јанчова, од село Трсје, кај Лерин, по загинувањето на нејзиниот сопруг, останала сама со петте деца. Плашејќи се дека и неа ќе ја убијат, одлучла да побегне преку границата. „Тогаш мајките од селото ми ги доверија и нивните деца за да ги спасам од стравичното бомбардирање на американските, англиските и грчките авиони“, раскажува таа. „Така дојде и тој црн ден - 24 март 1948 година. Во вечерните часови почна драмата на разделба. Кај училиштето во моето село Рудари собравме околу 100 деца, поделени во групи од по 25, а на една од нив одговорна бев јас. Меѓу овие дечиња беа и моите две помали братчиња - Васил и Гоче. Ги натоваривме на запреги и тргнавме. По запрегите трчаа мајките и им ги кажуваа последните пораки на своите чеда... Сандра, запамети ја мајка... Хрисула, ќерко, немој да ми плачеш ќе се вратиме... Коста, внимавај на себе, сине“, раскажува „мајка“ Стоја Јанковска, која била со првата евакуација на 500 деца. Кон полноќ стасале во Герман, а на 25 март изутрина, тргнале кон Бела Вода на југословенско-грчката граница, каде што се состанале со другите групи од селата Герман, Медово, Рабин, Штрково и цел ден се криеле од авионите. Тука ги стасале тројца водичи и им донеле погачи и сирење, последен поздрав од мајките. „Квечерината, кога веќе немаше црни ’птици‘ по небото, што цел ден безуспешно не' бараа, тргнавме кон границата, кон прагот на толку саканата слобода! Стасавме на една широчина, децата ги собравме во куп, ги легнавме и ги покривме со што можеме и имавме - партали, шума, гранки. Јас и некои други од групата водичи, тргнавме да ги бараме нашите граничари“, раскажува „мајка“ Стоја. Откако стасале во Долно Дупени и Љубојно, со камиони биле префрлени во Браилово каде што биле качени на воз и стасале во Скопје. „На перонот на старата железничка станица во Скопје беше приреден топол и срдечен пречек за дечињата од Егејска Македонија. Тие слегуваа од возот на куса починка, а тетките во бело, жените во Црвениот крст и од АФЖ, им даваа на дечињата бонбони, првпат во нивниот живот. Каква радост беше тоа! Малите мои не знаеја дека треба да се одвитка бонбоната од хартијата...“, раскажува „мајка“ Стоја и посебно нагласува дека и покрај извонредните услови за живеење и за работа, и покрај најголемата грижа што им ја давале на децата, сепак, кога тие потпораснле, плачеле и си ги барале мајките, татковците, браќата и сестрите. „Подоцна, кога била донесена одлуката да се спојат семејствата, ги баравме родителите на децата, преку амбасади или конзуларни претставништва, преку Црвен крст и преку прашување. „Пишувавме писма, на многу добивавме одговори. Така почнуваше преписката на дечињата со својата мајка, татко, сестриче, братче“, вели „мајка“ Стоја. Повеќе за тоа овде http://www.macedonians.tv/showthread.php?t=539 Изменето од macedon_alex - 29.Мај.2009 во 20:40 |
|
Внеси реплика | страница <1234 40> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |