IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хиромантија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хиромантија

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Хиромантија
    Испратена: 05.Април.2009 во 14:38
Хиромантија е всушност гледање ( гатање ) од дланка
Подолу е прикажана левата дланка
заедно со линиите а опишани
се и прстите на раката
кои го покажуваат карактерот на личноста
Свртете ја левата рака и читајте од дланка




Линија на животот Ако е долга, длабока и глатка: добро здравје и длабока старост. Прекините на таа линија укажуваат на болест.
Линија на главата: Долга и длабока: голем, разновиден ум. Кратка и длабока: Едноставен ум. Ако линијата паѓа: Креативност. Ако насоката е према горе: досадност и објективност. Заеднички почеток со линијата на животот: Разумно и добро комуницирање со спротивниот пол. Почеток далеку над линијата на животот: Наклоност спрема лицемерство. Мали напречни црти кон линијата на главата: Склоност на главоболки или болести на мозокот.
Линија на срцето: Долга, длабока, глатка: Искрени чувства. Крај на линијата на срцето помеѓу показалецот и средниот прст: добродушност и пожртвуваност. Крај зад показалецот: го посветува животот на едно единствено интересирање. Колку што се поблиску линијата на срцето и линијата на главата толку повеќе главата доминира над чувствата.
Линија на судбината: Од рачниот зглоб до средниот прст. Многу длабоко врежана: Напишаната судбина го одредува животниот пат. Линијата на судбина започнува дури во средината на дланката: Доцен успех. Линијата на судбината изостанува: својствено одреден животен пат. Прекини на линијата: зло. Цик- цак линија: Несреќа, скршнување од вистинскиот пат.
Линија на уметноста: Посебно изразена: уметничка надареност. Ако до неа може да се види и една друга линија ( линијата на парите ) значи дека личноста може да живее од својот талент. Ако нема ниедна од овие линии значи дека личноста нема да има ни пари ни среќа.
Линија на Мерк*р: Десно до линијата на уметноста, под малиот прст. Една линија, долга и јака: работна снаодливост. Повеќе тенки линии: научни интереси. Линијата на Мерк*р ако е споена со линијата на парите или уметноста тоа значи богатство преку науката и работата.
Линија на здравјето: Под линијата на Мерк*р. Оваа линија ја нема кај многу лица. Ако е присутна значи дека личноста ќе има здравствени проблеми. Често тоа се болки на внатрешните органи.
Линија на среќата: Околу четири линии околу зглобот. Ако се јасни: среќа. Ако се испрекинати: среќа, но после тешка работа. Ако ги нема: нема среќа.
Еротски линии: мали линии на венериниот рид. Еден јак Венерин рид покажува на една изразена чувствителност и виталност. Силни, долги и паралелни линии: силни љубовни чувства. Кратки, слаби линии: помалку чувства.
Линија на успехот: Тоа се мали линии од линијата на главата до показалецот. Прави линии: Амбицијата ја води личноста до успех. Прекинати ( криви ) линии: Пречки на патот кон успехот.
Венеров круг: Се наоѓа под средниот прст и до малиот прст. Затворен круг: разочарување во љубовта. Полуотворен круг: разочарувањето ќе биде совладано. Повеќе кругови: преголемата осетливост го отежнува заедничкиот живот.
Линија на контакти: линиите под малиот прст. Нивниот број е всушност бројот на пријателствата. Ако одат према горе: Среќни врски. Према долу: Несреќни врски.

Големината на прстите на раката:

Палец ( Марсов прст ): Ако е горниот дел на палецот голем: Силна волја. Ако е долниот дел поголем: повеќе логика отколку разум. Долг палец: личноста го добива она што го сака. Водач, доминантна личност. Особа која одмерено и правилно донесува одлуки. Изразито долг: Тиранска природа, се` ради по свое. Краток: Особа подложна на туѓи влијанија, срцето владее со главата. Дебел: продорна и способна личност. Краток и дебел: упорна, помалку ограничена личност. Прав: воздржана, лојална и внимателна личност Високо поставен палец: граблива и подмолна личност. Ниско поставен: храбра и сестрана личност. Поставен блиску до дланката: личност која не е сосема искрена во меѓучовечките односи, исплашена.
Показалец ( Јупитеров прст ): Колку што е повеќе изразен показалецот толку е посилна желбата за власт. Ако е релативно краток: наклонетост. Показалецот зборува за нашите амбиции и потреби да управуваме со својата и со туѓата судбина, настаните и луѓето. Долг: Личност способна да управува. Иста должина како до малиот прст: урамнотежена и самоуверена личност, добар организатор, личност способна да преземе ризик на себе. Показалецот и средниот прст ако се со иста должина: Диктатор, личност на која и треба апсолутна сигурност. Краток: недостиг на издржливост и самодоверба, личност која има лошо мислење за себе. Тенок прст: нереална и несигурна личност.
Среден прст ( Сатурнов прст ): Неговата изразеност покажува наклонетост и внимателност. Дали ќе постигнеме друштвени успех и дали ќе добиеме признание за нашиот труд зависи од должината и обликот на средниот прст. Прав и сразмерен со останатите прсти: Внимателна и емотивна личност, способна за планирање, ја сака самотијата. Подолг, снажен, тежок: Озбилна личност која води во главно тежок живот, често е меланхолик. Краток: личност која се води по својата интуиција, неинтелектуална. Крив: зависно од сразмерот покажува на склоност кон внатрешниот живот. Згрчен: покажува самосожалување.
До малиот прст ( Аполонов или прстот на Сонцето ): До малиот прст покажува емоции. Ако е долг: склоност кон претерувањето, но и уметнички темперамент. Дали умееме да сакаме, да даваме со истата мера, дали сме креативни личности ќе ни открие до малиот прст. Силен, долг: емоционална рамнотежа, тежнеење за слава. Добар знак за актери, новинари, луѓе во чоу бизнисот. Прилично долг: Интровертна личност ( затворена во себе ). Краток: Срамежлива личност, потешкотии во искажувањето на емоциите и чувствата. Свиткан: личност која не успева да ги стави во складност своите потреби и способности. Згрчен: емоционални и сексуални потешкотии.
Малиот прст ( Мерк*ров ): Ги покажува друштвените таленти. Друштвен е оној чиј мали прст достигнува до горниот дел на до малиот прст. Покажува талент за трговија, бизнис, можност да се наметнеме и да ја покажеме нашата способност. Доста долг: многу интелигентна личност, зборлива, среќна во својата работа. Краток: личност која тешко успева да ги искористи своите способности, често незапирлива личност. Свиткан према до малиот прст:лукавост, среќа во работата, итрина во заработувањето. Искривен: лажлива личност која во својата работа се користи со нечесни средства!
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2009 во 04:57
Znam deka se neshto se pishuva za hiromantija, kako i za astrologija, numerologija i drugite logii, pa zatoa se razmisluvav dali da vi go prenesam onoa sto mi go reche tatko mi... iskustvo od prva raka i toa od chovek koj ne veruva vo religii, gledanje vo race, zvezdi, tarot karti, ouija board i t.n.

No, si rekov, ako vekje ima lugje sto se interesiraat za ova i ako onoa sto mi e kazhano od prva raka e neshto sto navistina frla neochekuvana svetlina na neshtata, togash chuvstvuvam nekakov neobjasniv poriv (da ne kazham dolzhnost) da vi go prenesam tatkovoto iskustvo.

Imeno, toj poteknuva od semejstvo vo koe bile tri brakja i edna sestra. Pred vtorata svetska vojna zhiveele vo Skopje, na mestoto kade sto se naogja denes Trgovskiot Centar. Nivnata kukja bila nasproti kukjata vo koja zhiveelo semejstvoto na Majka Tereza. Tatko mi ne se sekjava na nea bidejki taa bila pratena vo katolichko uchilishte nadvor od Skopje ushte pred toj da bide rodan (ili bil bebe), no zatoa odlichno se sekjava na nejzinata majka koja ja vikale baba Dronda.

Kako komshii, dvete semejstva moshne se pochituvale, si odele na gosti i si pomagale. Megju ostanatoto, baba Dronda chesto pati go chuvala tatko mi kako dete dodeka negovite postari brakja i sestra, kako i roditeliote, ne bile doma.

Edna nedela, koga site brakja bile zaedno vo dvorot na baba Dronda, ovaa im rekla da se soberat okolu nea zatoa sto reshila da im gleda na race i da im kazhe kakov kje im bide zhivotot.

Tatko mi ne bil tolku mal za da ne razbira ili da ne pomni, pa mi reche deka osobeno bil zainteresiran za toa "chudno" i "tainstveno" sobiranje okolu baba Dronda, koja gledajki im na site vo racete im go raskazhala nivniot zhivot, spored najvazhnite momenti vo nego. Taa pochnala od najstariot brat i zavrshila so tatko mi. Onoa sto najmnogu go interesiralo togash tatko mi i sto reshil da go zapomni kako neshto poednostavno i proverlivo vo idnina, bilo koj brat kolku pati kje se ozheni i kolku deca kje ima.

Bidejki za trojca lugje ne pretstavuvalo nekoja ogromna kolichina na podatoci da se zapomnat, toj toa go vrezhal vo umot i denes, na svoi 75 godishna vozrast mozheshe so vozbuda da mi soopshti oti baba Dronda na site im pogodila sto gi ochekuvalo vo zhivotot.

Sega mozhete da rechete: pa dobro, po igra na statistikata mozhat da se pogodat nekoi raboti.

Dobro, ajde da vi kazham sto prochitala baba Dronda od racete na brakjata...

Najstariot brat kje ima edna zhena koja kje ja saka i so koja kje zhivee vo drug grad, no kje ja napushti bidejki taa ne kje mozhe da ragja. Kje se ozheni so druga zhena koja kje bide petaneset godini pomlada i koja kje mu rodi dva sina. Taa kje go nadzhivee nego.

Vtoriot brat kje se omazhi tri pati. Od prvata zhena kje ima dva sina, od vtorata eden, a od tretata nema da ima deca. Prvata zhena kje mu zagine vo nesrekja, vtorata od bolest, a tretata kje go nadzhivee.

Koga go prashav tatko mi da mi kazhe sto mu rekla nemu... mi reche deka ne mu e prijatno da go stori toa. Bidejki majka mi pochina, go prashav da mi kahe dali barem toa mu go rekla i toj mi potvrdi, no ne sakashe povekje da zboruva za sebe.

Tatko mi reche deka seto pretskazhano se ostvarilo vo potpolnost.

Ova vi go prenesuvam iskreno i so najdobri nameri kako moj pridones vo ovaa tema. Ne sakam da donesuvam nikakvi zakluchoci bidjeki ne se chuvstvuvam dovolno spremen za toa. Mozham da pretpostavuvam, mozham da se obidam da objasnam so kvatna mehanika ili na religijska osnova, no iskreno kazhano ne znam kako toa navistina se manifestira.

Изменето од Messenger - 09.Април.2009 во 19:55
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2009 во 20:38
Јас навистина не знам
дали ова што го најдов за Хиромантијата
( која впрочем и ме интересира ) дали е точно или не
Дали баш како што изгледа дланката е така?
Дали може од дланката да се чита судбината
на некоја личност која можеби
за првпат ја гледаш во животот?
Ама сепак мислам дека има нешто
и плус ова што го кажа Месинџер ме натера повеќе
да верувам
Ова читањево всушност е псевдонаучно толкување
Некои сепак сметаат дека наивните луѓе сеуште мошне лесно им веруваат на оние кои најчесто од тоа добиваат заработувачка


Изменето од Lithium - 04.Јуни.2009 во 15:55
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.