IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Бизнис и економија
  Активни теми Активни теми RSS - Владата ја убива економијата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Владата ја убива економијата

 Внеси реплика Внеси реплика
Прашање: Дали владата навистина ја убива Економијата?
Одговор Гласови Статистика
10 [76,92%]
3 [23,08%]
0 [0,00%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
Zajcef Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
TOTENKOPF

Регистриран: 16.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1252
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zajcef Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Владата ја убива економијата
    Испратена: 25.Март.2009 во 22:30
     Владата поопасна од кризата
Притисната од намалениот прилив од даноци, Владата трескавично издава скапи државни обврзници со кои ќе ја презадолжи државата, предупредуваат експертите

Навреме го поставија споменикот: „Питачот“ на улица Македонија во Скопје
Со емисии на скапите државни обврзници Владата екстремно ќе ја задолжи државата, е коментарот на економистите по вчерашната аукција на едномесечни записи. Министерството за финансии со неа прибра околу 34 милиони евра, што по 28 дена ќе ги враќа по висока цена, со 8,25 отсто каматна стапка. Откако меѓународната криза почна да го кастри македонскиот буџет, Владата трескавично почна да емитува записи со кои се задолжува кај стопанството. Од почетокот на годината досега Владата позајми од стопанството и од граѓаните околу 150 милиони евра, за што од буџетот до средината на годината ќе плати камата околу 12 милиони евра. Според Берт ван Селм, претставник на Меѓународниот монетарен фонд, не е вообичаено буџетскиот дефицит да се покрива со најкраткорочни државни записи по толку висока цена.

Со вчерашната емисија на државни хартии од вредност, Владата побара рекорден заем со ваков начин на задолжување во висина од околу 40 милиони евра.Успеа да прибере 34 милиони. Премиерот Никола Груевски завчера рече дека финансирањето на буџетскиот дефицит со издавање државни обврзници е легитимна и вообичаена практика на државите, а во Македонија ја почнал претходниот министер за финансии, Никола Поповски. Според Груевски, тој тоа го сторил по совет на ММФ. Сепак, државата пред три недели првпат издаде државни записи со рок на враќање од 28 дена и со фиксна каматна стапка. Во претставништвото на Меѓународниот монетарен фонд вчера не одрекоа дека станува збор за легитимен финансиски инструмент што владите го користат за да го покријат кусокот во буџетската каса. Сепак, според нив, новите две емисии на државни записи се невообичаени според неколку нешта.

- Издавањето на трезорски записи по пазарно утврдени каматни стапки е нормален начин на финансирање на буџетските дефицити. Сепак, периодот на достасувањето на таквите записи вообичаено е подолг од 28 дена. Разликата во каматната стапка на 28-дневната аукција на трезорски записи од минатата недела (8,9 отсто) и на речиси идентичните благајнички записи на НБМ (7 отсто) е изненадувачки висока - оценува Берт ван Селм.Никола Поповски, бивш министер за финансии, се согласува дека државите ги користат државните обврзници како инструмент на фискалната политика.

- Но тоа не значи дека Владата сега треба да ги користи нив како единствен и редовен извор за покривање на буџетскиот дефицит. Иако служат за оваа намена, државните обврзници во суштина се резервен инструмент за финансирање на кусокот во државната каса - вели Поповски.Откако Владата почна зачестено да емитува државни записи, експертите алармираа дека таа тоа го прави затоа што глобалната економска криза ги преполови даночните приливи во македонската државна каса. Иако Трајко Славески, министер за финансии, тврди дека даночните приливи во јануари и во февруари се скусиле за околу 3 отсто, експертите проценуваат дека станува збор за пад од околу 15 отсто. Според нив, Славески намерно ги споредува годинашниве резултати со ланските, а не со проектираните за 2009 година, затоа што сака да ја прикрие вистината колку глобалната криза удри по нашето стопанство, а колку Владата не сака да ја прифати вистината.

- Во првите два месеца во 2009 година приходите беа на околу 2 процента пониско ниво во споредба со 2008 година. Според буџетските проекции за 2009 година, приходите се очекуваат на околу 14 проценти повисоко ниво во однос на 2008 година. Оттаму, годинава може да се очекува висок фискален недостиг. Буџетот за 2009 година би требало што поскоро да се ревидира и да се затегне - повикува ван Селм.Од Владата засега нема најави ниту за ребаланс на буџетот, а ниту за кастрење на трошоците. Откако кризата почна да ги кастри буџетските приходи, Владата забрзано емитуваше државни записи. Таа во декември имаше четири емисии на државни записи. Лани во просек пушташе по две емисии на тримесечни обврзници во кои бараше многу помалку пари и со пониски каматни стапки, кои се движеа од 5 до 6 отсто. Во јануари продолжи трескавичната емисија на државни записи. Растеа и сумите што Владата ги позајмуваше од фирмите и банките, но и каматните стапки.

Банкарите сега напнато го следат растот на каматите на обврзниците, стравувајќи дека ако потрае тој ќе ги принуди да ги поскапат кредитите. Поскапувајќи ги обврзниците, државата ќе ги одврати фирмите да штедат во банките. Народната банка на Македонија, пак, засега губи во трката со Владата во тоа колку пари ќе прибере од банките. Бидејќи Владата нуди повисоки каматни стапки на заемите, банките почнуваат да губат интерес за благајничките записи на НБМ.
Извор
     Убиство на економијата
Попусто стопанството бара достапни банкарски кредити за да го одржи производството во ова време на глобална криза кога Владата има друга задача. Мора да ја пополни буџетската дупка и да обезбеди пари за плати и за пензии за гласачите. Владата со продажба на државни хартии од вредност за две недели исцица околу 80 милиони евра од банките, а и од граѓаните, ветувајќи високи камати на краток рок. Аукцијата на записи со камати што се поголеми од тие што банките ги нудат за вложените пари е јасен сигнал дека паѓаат буџетските приходи, а расте дефицитот во државната каса.

Сумата од 80 милиони евра е неверојатно голема во услови кога се' потешко се доаѓа до капитал за инвестиции, а се' поизвесно е дека индустријата и извозот и натаму ќе паѓаат како последица од светската рецесија.Последицата од застојот во стопанството е јасна. Ќе се затвораат фабрики, ќе се произведуваат нови невработени, во продавниците ќе има се' помалку купувачи, а зелените пазари ќе бидат празни. Приливите во буџетот од даноци и царини ќе се намалуваат, па продажба на државни записи ќе имаме се' почесто. Со продажба на една емисија записи ќе се враќаат влоговите и каматите од претходната.Се ѕида една аукција врз друга, исто како пирамидите во Египет или пирамидата на ТАТ во Битола.

Владата, откако стана најголема фирма во земјава со најмногу вработени, сега се стреми да биде поконк*рентна и од Народната банка и од комерцијалните банки. Во време што е ризично за инвестирање, таа нуди државни записи со примамливи камати што ветуваат брза добивка. Со емитувањето едномесечни државни записи со камати повисоки од 8 отсто, државата директно и' конк*рира на Народната банка, која пак продава благајнички записи со камати од 7 отсто. Тоа што НБМ ја користи каматната стапка за одржување на макроекономската стабилност, многу не го засега Министерството за финансии.Со ова, Владата го погази својот став дека НБМ треба да ја намали основната каматна стапка за да се стимулираат стопанството и потрошувачката. Од друга страна, се заканува опасност од финансиски колапс, ако комерцијалните банки ги пласираат сите свои слободни пари само во државни записи.

Најлошото не е во тоа што стопанството и граѓаните некое време ќе останат без пристап до кредити. Слатката добивка од атрактивните камати еден ден ќе се урне како кула од карти ако Владата мора постојано да се задолжува за да ги врати парите. Тогаш ни девалвација нема да не' спаси.Лошото допрва доаѓа. Поради кризата фирмите уште повеќе ќе осиромашуваат, невработеноста ќе расте, извозот ќе паѓа. Високите камати на државните обврзници ќе ги поскапат кредитите за граѓаните и за стопанството.Авантурата со државните записи мора да запре, бидејќи без пари од банките - барем за тековни трошоци, ќе ја убиеме економијата.
Извор
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2009 во 22:36
vladata e KRIZA голема%20насмевка koprende ? ............
Кон врв
Zajcef Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
TOTENKOPF

Регистриран: 16.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1252
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zajcef Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2009 во 22:40
Абе се думам дали ќе издржи ,,економијава,,наша до крајот на избориве или не...
После колумниве се помалку верувам во тоа...
Мада мора да признаам дека интересно ќе биде кога ќе се сруши како кула од карти све-кој ќе и биде крив на владата тогаш?
Ова задолжувањево никаде не води(то ест води во амбис)
Штета што народот(како и секогаш)ќе плаќа ради нивните грешки(намерни и ненамерни)

Изменето од Zajcef - 25.Март.2009 во 22:41
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2009 во 22:44
koja ekonomija ? ............ onaa na FK Škendija od aracinovo ili na FK milano od Kumanovo ? ............. ili mozebi na Prilepska Pobeda ? .......... смеење od koga svercot i sivata ekonomija stanaa EKONOMIJA ? збунетост

Изменето од miroslav_g8 - 25.Март.2009 во 22:46
Кон врв
sunshine_baby Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 256
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sunshine_baby Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2009 во 01:17
Иам предлог за студентите на економски да почнат да протестираат.Мислам дека веќе одамна почнаа да ги надминуваат своите професори.Страшно!

Цел свет намалува каматни стапки,воведува економски политики кои се добри и за обичниот граѓанин,до правните субјекти.Се намалуваат цените на неопходните добра за живот,буквално сите цени опаѓаат во име на заживување на економијата,само кај нас е обратно.Кај нас одиме по некои класични теории и ученички ги решаваме проблемите.Економијата можеби не е егзактна наука,ама бара ум и мозгање.Се нешто се импровизира,не се гледа обичниот граѓанин кој со двесте денари може да купи само леб,млеко и зејтин!Како ќе има обрт кога луѓето немаат пари и се доведени практично до голтарски стап (не зборам за оние на водњанска и оние во ауди последен модел на семафори што ги гледам)?!За да има репродукција и економски заживување треба да има обрт...Жими задников дека ќе се оправиме,од ова малку економија што го имаме само банките ке се офајдат!Кризо повели на голема врата!Кога сите лека-полека почнуваат да се опоравуваат,кај нас допрва ќе се осети ударот и тоа кај најсиромашните!

Не се легализира проституцијата и тревата!
Благодарам многу на вниманието!
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2009 во 08:58
аплауз odlicno!
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
Јордан Шумарот Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 230
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Јордан Шумарот Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2009 во 08:49
Не те разбрав сега... значи да не се легализира тревава и проституцијава или да се легализира....?::::????
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2009 во 02:24
Сега ја гуши ..... лагано .... па на крај(за кратко) .... убие
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
abnormalen Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 05.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 168
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај abnormalen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2009 во 20:34
тек ке ја убива , и тоа не само економијата, ке почне и со буквални убиства.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.