![]() |
|
Изградба на црква на плоштад Македонија? |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 3435363738 114> |
Автор | |||
butel2 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 26.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 4138 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
ste iznapisale 15 do 20 strani od koga bev posleden pat i nikoj ne ja napisa sosema jasnata poraka
NIKOJ NE SMEE DA MISLI POINAKU OD MENE , AKO MISLI I KAZE , KE SI GO DOBIE tuku zadutre prvoaprilski maskenbal ... sin mi i drugar mu ke se maskirale kako Grujo , so kaubojski kapi i konduri od dedovcite i po edna lopata na ramo ke udirale kamen temelnici a jas im velam, deca , sedete si mirni, denes e demokratija i sloboda na govorot i sloboda na izrazuvanje na mislite, pa so znaete koj slobodno i sto ke vi izrazi tamu... Изменето од butel2 - 30.Март.2009 во 18:55 |
|||
![]() |
|||
anakin ![]() Сениор ![]() ![]() Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
do kade stigna muabetov so crkvata?
![]() |
|||
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|||
![]() |
|||
makarios ![]() Сениор ![]() Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
До тоа како размислува телесен и духовен човек, и дека двајцата не гледаат со исти очи. |
|||
![]() |
|||
butel2 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 26.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 4138 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
![]() ![]() do tamu... |
|||
![]() |
|||
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Странците со зборови остри како меч.
|
|||
![]() |
|||
oflele ![]() Нов член ![]() ![]() Регистриран: 30.Март.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 13 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
откако успеаја да воведат екстремен национализам, сега им успеа да создадат и екстремно православие. сите инволвирани нека размислат кој им е вистинскиот водач, Исус или Никола! ПОДРШКА ЗА СТУДЕНТИТЕ, никој нема право да организира контрапротест во исто време со уредно најавен протест, а уште помалку има право да спроведува сила и насилие!
|
|||
![]() |
|||
makarios ![]() Сениор ![]() Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
![]() Еве уште еднаш откако ќе се силува Скопје, како тоа би изгледало (демек стар стил и нов стил било грдосија). |
|||
![]() |
|||
butel2 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 26.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 4138 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
da, i fustan od Dior odi odlicno so kineski patiki
|
|||
![]() |
|||
Majkl ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Pa stvarno bi bilo grdosija! Barem toa e moe licno mislenje... e sega sekoj ima razlicni vkusovi, jasno! Изменето од Majkl - 30.Март.2009 во 19:44 |
|||
![]() |
|||
Majkl ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Od VEST
На прашањето до "Прогресивен млад синдикат", организаторот на мирниот протест, зошто и покрај тоа што оваа тема е актуелна за Црквата речиси една година, тие избрале да протестираат токму меѓу двата изборни круга, добивме одговор: "Затоа што сега стигна информацијата дека во овој изборен вакуум меѓу двата круга власта ќе го искористи моментот за да стави темели на црквата на Плоштадот. Ова не е акција што почна сега, уште првпат кога се објави веста за градба, ние почнавме со онлајн-петиција против овој објект, имавме радиоемисии, блогови. Се разбира дека не е политички мотивирана иницијатива, туку е иницијатива на студентите од Архитектонскиот факултет. Ќе продолжиме и понатаму и ќе бараме секој да понесе одговорност, особено оние што повикаа на религиозна нетрпеливост и што во името на верата практикуваа насилство", вели Соња Исмаил од "Прогресивен млад синдикат". Инаку, Прогресивен млад синдикат лани на 23 јули беше организатор на трибината за владината намера да се гради црква на Плоштадот, на која присуствуваше и скопскиот градоначалник Трифун Костовски, кој е противник на идејата и ја обжали на Уставен суд. И оваа трибина тогаш беше брутално прекината од група граѓани, кои со икони во рацете упаднаа на трибината, а меѓу нив беа и група млади, кои настапија како подмладок од ВМРО-ДПМНЕ. Градоначалникот Костовски вчера го осуди насилството и ги повика скопјани "да го зачуваат разумот и да не дозволат да бидат жртви на политичката репресија и организираниот притисок на власта". |
|||
![]() |
|||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Би сакал да ви копирам една реплика од подфорумот Вероипсовед каде што една учесничка на контрадемонстрантите искрено ги кажува нивните мотиви и цел заради која биле присутни на протестот. Сметам дека тоа ќе биде многу квалитетно признание за расчистување на тековната дискусија овде.
Oк, мило ми е што јавно призна дека не сте се нашле случајно таму, туку со одредена цел, цел која ја кажуваш подоле.
Значи тука ја гледаме и вашата цел на собирањето: Да го спречите демократското право на студентите да си го кажат јавно своето мислење - истото она што го правеше и ИНКВИЗИЦИЈАТА во средниот век. Излгеда авторот добро го срочил насловот на темава
![]()
После оваа изјава излишни се секакви дискусии околу тоа кој бил провокаторот, кој не ги почитува демократските закони на оваа земја, кој се однесува инквизиторски итн.
Ах кога само би имала храброст да го кажеш ова и пред камера, па да те прикачиме на Ју Тјуб и да ги разрешиме дилемите околу немилиот настан ![]() |
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Модератор ![]() ![]() Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Има некој што сеуште ги осудува студентите? ако сакате ќе ви постирам текстови од соседни и други странски новинари, од тоа што мисли МПЦ за ова до тоа што мислат европјаните
![]() Не силувајте го Скопје Во саботата напладне на градскиот плоштад во Скопје мала група на студенти од Архитектонскиот факултет во Скопје со транспаренти од хартија во рака се обиде јавно да побара мислење од своите професори и од македонската јавност во однос на најновите прекројувања на отворениот простор во центарот на градот. Студентите не протестираа против некаква црква, против Исус (?), уште помалку протестираа против политичка опција или против кого било. Студентите се собраа да искажат свој став. Точка. Ама било една недела пред избори, па што? Што треба да се прави една недела пред избори, да седиме сите дома и да јадеме пуканки гледајќи ТВ-дуели? Ако е ова слободна и демократска држава, таква треба да биде во секое време, во време на дожд и снег, во време на финалето од Лигата на шампионите, па и во време на избори. До толку повеќе, мислам дека тајмингот на протестот беше намерно избран единствено поради желбата да се привлече поголемо медиумско внимание, што и се потврди. Инаку, кој во оваа држава би се загрижил што мислат студентите по архитектура во „неизборен период“. Тоа што во последен момент на собирот се прилепија, го поддржаа или се оградија од него разноразни интересни групи, меѓу кои и политички, тоа е сериозен проблем на нашето општество. Во фамозниот изборен период во Скопје куче да уринира на плоштадот „Македонија“ за 10 минути на прес-конференција ќе се појават портпаролите на главните политички партии заемно обвинувајќи се за политички инструирана физиологија. Веројатно илузија е да се повикува оваа практика да престане, оваа држава е од вчера и тоа се веројатно детски болести на секоја млада демократија, болести што едноставно треба да се прележат. Сепак тажно е дека оваа колективна хистерија на поделби пополека станува колективно слепило во кое целото општество жестоко се втурнува. Патем, чисто заради информација на „знатижелните“, од тие што успеав јас да ги видам на протестот на студентите по архитектура, во нивните редови имаше деца и на истакнати вмровци, и на истакнати сдсмовци, и деца на архитекти, лекари, новинари, стечајци, деца на менаџери, бранители, деца на Албанци, Турци, Срби. И нема што повеќе да се разговара за тоа, каква политика, какви глупости. На мирен начин да се изнесуваат ставови за теми поврзани со урбаниот живот се најдобредојденото право во едно демократско општество. Дури и во времето помеѓу два изборни круга! Тоа е право што отвора дијалози и дебати за светот што треба сите заедно да го создаваме, право кое треба јасно да се стимулира почнувајќи од врвот на политичката, културната и социјалната елита, па надолу. Добро е градот да се гради, тоа е навистина добро. Лично се радувам што во Скопје по многу години почнаа да се отвораат градилишта на кои нема да се градат станови. ОК е да се гради и црква, тоа веројатно не е само човечка, но е и божја промисла едновремено. ОК е да има и скулптури ако има кој да им се радува. Сепак ценам дека треба малку поширок дијалог пред да решиме да замениме некој отворен градски простор со изграден. За мене исто така не е спорно што секој од „владетелите“ сака да се вгради во ткивото на градот, да остави свој траг, паметник. Ќе повторам, и тоа е ОК. Така било отсекогаш, така и ќе биде, на примерот на Фиренца, Берлин, Париз, на примерот на речиси секој град. Критично е само колку долго треба да се мисли пред да почне нешто да се прави. Знаете, градењето градови е исто како кроењето, двапати мери - еднаш сечи! Знаете зошто, затоа што цената е многу висока! Ако погрешиш, нема каде да се купи резервна ткаенина. Цената на непромисленоста ќе ја платат сите што живеат во градот, и „ние“, и „вие“, и децата на политичарите заедно со сите нас. Во Македонија во градењето на градовите отсуствува суштинското мислење, формалното го има колку ни душа сака. Институции, институти, заводи, доктори на науки, експерти, закони, подзакони, стручни мислења, сè и сешто. А што на крајот? Цврц! Па токму центарот на Скопје е најсоодветниот пример за ова што ви го зборувам. Сè е по план, сè е по закон, сè е одобрено, потпишано, верификувано, потврдено, нема ништо спорно. И што добиваме на крајот, простор што личи на празна ледина на која почнува да се инсталира циркусот „Медрано“. Денес сме сведоци дека преку манипулативно читање на историјата и нејзините архитектонски стилови, на Скопје почнува да му се навлекува стилска наметка, која е базирана на негирање на постојното. Плоштадот во Скопје го формираат згради од пред неколку децении, тоа е тоа, тоа е така. Па што сега ако тоа некому не му се допаѓа? Ние не сме ниту Париз, ниту Лондон, ниту Атина. И тоа е повторно ОК, заради тоа што ние не сме ниту Французи, ниту Британци, ниту Грци. Ние сме тоа што сме и имаме град таков каков што сме создавале. И тоа е тоа. И тоа е вредност. На кого повеќе му се допаѓа плоштадот во Прага нека токми план за преселба, ете до крајот на годинава нели и визно ќе нè либерализираат. Се прашувам само ќе успее ли некој и културно да нè либерализира нас, нели, што ќе останеме овде да живееме? Па погледнете само што ни се продава како автентичен македонски архитектонски производ? Не зборувам за проектот за црквата, добро знаете за што ви зборувам. Треба ли нечии материјализирани кошмари да почнам да ги сметам за свои? Кој ги врти Грците или ЕУ или не знам кого, баш ми е гајле за нивното мислење, поважно е што мислиме ние што сме одбрале да живееме овде. Нам ни останува просторот на овој град. Ќе успее ли конечно некој да препознае дека во Скопје, спротивно на приказните што тежнеат да создадат (нов) демек јасен идентитет на градот, паралелно постојат силни културни флуиди составени од образовани луѓе што не мислат така. Патем, тие се студенти по архитектура. Тие се луѓето што ќе ја градат оваа држава! Зошто сакате да ги тепате бе море „граѓани“? Тие луѓе се иднината на оваа држава и не се ни обидувајте да го релативизирате нивното мислење! Не обидувајте се ни да ги етикетирате! Соросоиди, геј, анархисти, шиптари, што уште не! Наместо да тресете глупости, треба да соберете храброст да признаете дека тие млади луѓе се борат да го направат нашиот заеднички свет подобар. Не мора да се во право, но барем се обидуваат да направат нешто што вие очигледно не можете, или не знаете. Но тоа не е ништо страшно! Ако не можеш да помогнеш, не одмагај. Тргни се настрана, јади сендвич и остави ги луѓето да дишат кога имаат дробови за тоа! За верниците-туристи во Скопје, со ланч-пакет, дневница и икони во рацете, не сакам ни да зборувам. Како православен верник срцето ми се расплакуваше кога гледав на каков начин се злоупотребуваше божјото име. Господ ним нека им е на помош! Јован Ивановски, архитект асистент на Архитектонскиот факултет во Скопје |
|||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Контрадемонстрантите, како што ги нарекуваш ти, тргнаа од храмот Св.великомаченик Димитриј, по камениот мост, кон плоштадот и си поминаа, па "се стационираа" пред Теранова, каде мирно си стоеја, па бера и исвиркувани поради "грчките" знамиња. Значи никому не сметаа пред Теранова. Си застанаа на страна, пееја песни, го фалеа Бог и никому не згрешија. Што лошо има во тоа? Мило ми е што те расположив. ![]() |
|||
![]() |
|||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
macedon_alex, доста ги браниш контрапротестантите. Прочитај два коментари погоре и ќе видиш јавно признание за нивните мотиви и цел заради која се собрале на плоштадот да "пејат песнички" После тоа признание сметам дека и нашата дискусија треба да заврши без многу инаетење.
|
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 3435363738 114> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |