|
РАКОМЕТ - новости |
Внеси реплика | страница <1 678910 18> |
Автор | ||||||
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
|
||||||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||||||
Tanjuska
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 120 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
ФОТО: Еуфоричен пречек за македонските ракометни херои
Повеќе од илјада вљубеници во ракометот доцна вечерва им приредија спектакуларен пречек на најдобрите македонски ракометари, кои на Светското првенство во Хрватска го освоија 11 место. Илјадници шалови, капи, маици, знамиња со името и боите на нашата држава вечерва беа доминантен дел од кореграфијата на аеродромот "Александар Велики". Еуфорично, со развеани знамиња и насмевка на лицата, македонските граѓани се обидуваа да стигнат до спомен фотографија со своите миленици. Погледајте повеќе слики од атмосферата на аеродромот "Александар Велики" и прочитајте ја целата вест на www.sportnet.com.mk |
||||||
Tanjuska
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 120 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Македонија 11-та, Лазаров рекордер со 92 гола
Македонските ракометари собраа сили на најубав можен начин да го завршат својот историски настап на 21. Светско првенство во Хрватска. Го освоија 11 место со победата над азискиот шампион Јужна Кореја од 32:31, а капитенот Кирил Лазаров со постигнатите 15 гола стана најдобар стрелец на сите мундијали со вкупно 92 погодока. Да биде уште послатко историското остварување на најдобриот десен бек на првенството според многумина, досегашниот рекорд го имаше Кореец, Кјунг-шин Јун, кој на СП 1995 во Исланд постигна 86 гола. Македонија одигра одлично против Кореја. Од самиот старт водеше, дури во еден момент во првиот дел и со четири гола разлика. Но Кореја успешно се врати и ја направи завршницата исклучително интересна. При резултат 30:30 имавме играч помалку, но тоа не го спречи Стојанче Стоилов на 30 секунди пред истекот на времето да го постигне победоносниот гол, инаку негов премиерен на првенството. Тој беше дополнително повикан за вториот круг на местото на Радослав Стојановиќ. |
||||||
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Раде ме удри, затоа го вратив назад!
Еуфоријата по враќањето на македонските репрезентативци од настапот на мундијалот полека почна да стивнува. Барем во оној убавиот дел, кога се славеше, се примаа честитки и се најавува нови светли моменти. Сега доаѓа еден малку поинаков период. Сега е ред да се направат анализи, да се види што е сработено, а што не е. СП е еден успешно завршен циклус, новите предизвици веќе се на врата и треба веднаш да се продолжи таму каде што се застана. А продолжуваме со информации кои сигурно нема да ја израдуваат, ниту, пак, да ја остават рамнодушна македонската ракометна јавност. Селекторот Илија Темелковски денеска ќе поднесе извештај до Дисциплинската комисија на РФМ, ќе бара постапка против играчот Радослав Стојановиќ. Со ова би требало да бидат отстранети сите дилеми и да биде даден одговор на прашањето на голем број на навивачи, зошто на ова првенство не играше Раде Стојановиќ. "По мечот со Германија, во ходникот ме пресретна Стојановиќ. Со мене беше и тренерот Шундовски. Пруживме рака да се поздравиме, во стилот 'загубивме, тоа е тоа'. Но, тогаш, со другата рака ме удри и продолжи како ништо да не било. Реагирав јас, реагираше и Шундовски, но Стојановиќ си продолжи", вели селекторот Темелковски. "Веднаш го информирав раководството на репрезентацијата за настанот и донесовме став ова да го решаваме по мундијалот. Ова беше тајната која ја чуваше во соблекувалната македонската репрезентација. Во интерес на атмосферата во тимот, атмосферата меѓу другите играчи, во интерес на реномето на македонската репрезентација на мундијалот во целост. Информацијата, сепак, си најде начин како да излезе од соблекувалната, но беше од редот на шпекулации. Се до вчера, кога Темелковски излезе во јавност со деталите. "Сега немам што и зошто да кријам. Реков, штом заврши ова ќе излезам во јавност, а денеска доставувам и пријава до Дисциплинската комисија на РФМ", вели Темелковски. Што претходеше на сето ова? Стојановиќ, кој беше стартер и во квалификациите и на баражот, не беше во составот на првите четири натпревари. Темелковски вели од тактички причини. "Не бев убеден дека Стојановиќ е подготвен, тој не ги одработи подготовките максимално поради повредата на коленото. Тоа е едно, друго лично сметам дека повеќе можи да пружи на зона 6:0 отколку на длабока. Заради тие две причини не беше на дуелите со Тунис и Алжир. Откако го совладавме Алжир, решив да не го менувам тимот и за со Полска. Одигравме одлично и со Полска, па истиот состав остана и со Германија. Загубивме, но без разлика, како и да завршеше мечот со Германија, Стојановиќ сигурно ќе беше во тимот за натпреварот со Русија. Но, инцидентот се случи по мечот со Германија и по тоа веќе немаше смисла да го оставам во тимот и затоа беше вратен назад, а на негово место повикан Стојан Стоилов", вели Темелковски. Во јавноста на големо се шпекулира(ше) дека Стојановиќ не бил во составот за сметка на некој друг, конкретно - Филип Лазаров. Наводно бил вршен притисок за тој да мора да игра, а од приказната не е изоставен ниту Кирил Лазаров. "Тоа се глупости. Стојам зад изјавата дека никој не ми се мешал во составувањето на составот. Имав целосна слобода во работата, нормално се консултирав со тренерскиот тим, но притисоци за тоа кој да игра, а кој не, немало од никого", вели Темелковски. "Можам да претпоставам зошто шпекулациите одат во тој правец. Нашата лева страна не беше како десната. И не може, затоа што десно го имаме Кире Лазаров. Луѓето веројатно очекуваат и од другата страна таква ефикасност, но тоа не е изводливо во нашиот тим. Филип тука е постојано на удар. Јас од левите бекови и барав да разиграат за десната страна и центрите. Имаше некои избрзани шутови од таа страна, грешки, но тоа е дел од играта", вели Темелковски. Темелковски пријавата до дисциплинската ќе ја достави денеска, процедурата пред носење одлука предвидува да се достават изјави, што значи дека во најдобар (најбрз) случај епилог на ова ќе има следната недела. Стојановиќ: Жртва на заткулисни игри! Секоја приказна има најмалку две страни, а репрезентативниот бек ги демантира изјавите на селекторот. "Дека не го удрив - не го удрив. Ако го удрев сето тоа поинаку ќе изгледаше", вели Раде Стојановиќ. "Се поздравивме, не беше 'најпријателски', беше малку неспортско од моја страна, но не го удрив! Зошто Темелковски дава вакви коментари и изјави не знам. Веројатно сака вака да ги прикрие недостатоците и заткулисните игри. Македонија направи убав успех, но јас сум убеден дека можевме многу повеќе доколку се беше како што треба. Сега во ситуацијата јас излегувам жртва на тие игри. Зошто? Не знам. Можеби не сум финансиски доволно подготвен за да играм во поставата на Темелковски", вели Стојановиќ. "Не е точно дека не сум бил физички подготвен за игра. На Златибор одработев максимално и сметам дека бев меѓу физички најподготвените играчи во репрезентацијата. Го пропуштив само турнирот во Швајцарија, поради коленото, но сето тоа беше под контрола на докторите. Значи, повредата не е причина поради која не играв, причините се други. А нив ги знае селекторот. Тоа е се што имам да кажам и немам намера да се впуштам во медиумски докажувања со него", вели Стојановиќ. Се ближат нови квалификации, важни натпревари со Исланд, Норвешка. Стојановиќ може ќе биде, можеби не на тие списоци. "Јас не играм за Темелковски или за овој-оној. Играм за Македонија. Професионалец сум, значи, ако ме повикаат да играм за Македонија ќе играм", вели Стојановиќ. |
||||||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Од денеска, во комплетен состав
Конечно, се е завршено и сето внимание може да биде насочено кон настанот кој за македонските љубители на ракометот е на прво место. Дуелот меѓу Македонија и Исланд од квалификациите за пласман на ЕП 2010 кое ќе се одржи во Австрија. Македонските репрезентативци вчера имаа слободен ден, по двата дена тренинзи на кои учествуваа само играчите од домашното првенство. Денеска би требало во комплетен состав да се појават на тренинг со оглед на тоа дека беше најавено петте интернационалци да бидат на тренинг денеска. Тренинзите на репрезентацијата од "Автокоманда" се селат во "Борис Трајковски", каде в среда во 20:15 часот ќе почне долго очекуваниот натпревар, прв за Македонија во оваа календарска година на свој паркет и воопшто прв меч по настапот на репрезентацијата на мундијалот. Затоа и владее огромна заинтересираност за следење во живо на овој натпревар, меч за кој влезен билет ќе чини 200 денари, а билети, барем како што најави РФМ пред два дена, во продажба ќе има од денеска. "Продолжуваме комплетни, сите интернационалци се дојдени и очекувам веќе со првиот тренинг атмосферата да биде на многу повисоко ниво и да почне да не фаќа еуфоријата од играњето на домашен терен, важен натпревар пред полна сала. Се обидувавме да останеме изолирани од сите овие настани, дали ќе има сето ова што се случуваше некакво влијание врз тимот, ќе видиме. Хендикеп е што нема да игра Наум Мојсоски, но што не може, ќе мораме без него. Мите Стоилов ќе ја покрие таа позиција заедно со Миркуловски и така ќе ја одработиме средбата", изјави Илија Темелковски, додавајќи дека нема да има промени иако ја разгледувал варијантата евентуално да биде повикан во тимот еден од централните бекови кои играат во странство (Марјан Колев, Горан Кузманоски или Бранко Ангеловски). |
||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
ПРВИОТ ПОРАЗ НА КОМЕТАЛ ИЛИ ОСТАВАРУВАЊЕТО НА НАЈДАЛЕЧНАТА ЖЕЛБА НА МНОГУ КЛУБОВИ СЕ СЛАВИ "КАКО ШТО Е РЕД
До вчера беше научна фантастика... некој македонски клуб да го победи Кометал Ѓ. П. во домашното првенство. На самата помисла на нешто такво ќе ве исмееја и направеа будали сите кои макар малку разбираат ракомет. "Се врти тркалото" е старата и уважена мудрост, а во нејзината точност се уверија... поточно се уште не можат да поверува македонската спортска јавност. Неприкосновениор Комета;л, непобедливиот шампион ја заокружи, не најнеуспешната, туку најтрагичната сезона во клупската историја. Не само што не направи ништо "вредно помена" во Европа, туку успеја да ја сруши традицијата која траеше откако траше македонското ракометно првенство. Кометал Ѓ. П. или ако сакате повеќе Ѓ. Петров загуби првенствен натпревар во македонската "Супер" лига. Лигата е далеку од "супер", а клубовите далеку од некое забележително европско ниво, но Ѓ. Петров ниту во оваа конк*ренција не можеше да ја задржи улогата на непобедлив. Жално, јадно, трагично за екипата која пред седум години беше европски шампион, тим кој во последните 9 години има 3 европски ЛШ финалиња, екипа која успеја да собере преку 100.000 луѓе на улиците на Скопје да ја прославуваат нивната и наша европска шампионска титула. Сега, односно во саботата се славеше во Кичево. Налик на Скопје од 2002. Зурли и тапани низ улиците, автомоболи кои возат полека и трубат, буквално сите ресторани и кафулиња во славеничка атмосфера, локалните радија и ТВ бомбардирани со позадрави и честитки за големата победа на Кале Кичево над Кометал Ѓ. П. Навистина тоа веќе не е Кометал, туку само Ѓ. Петров, но... наследник е на сите негови титули, но без разлика како се вика спонзорот, оваа екипа во ракометна Македонија има само едно име "Кометал Ѓорче Петров". А Кометал во саботата го допре дното. Додуша, само за прв пат. Како оди, веќе нема да биде ни чудо да се опишуваат поразите на овој клуб, нешто за што веќе рековме, без трошка грижа ќе бевме прогласени за "лудаци" ако го прогнозиравме. Но го прогнозираа и посакуваа, не малку, многу клубови. "Се случи тоа што го очекуваа и посакуваа многумина. Во ситуацијата во која сме, без толку многу играчи, со судии кои не заслужуваат да судат вакви натпревари, Ѓ. Петров загуби натпревар", изјави тренерот на скопскиот тим Владимир Глигоров. Тој останува на кормилото на скопскиот клуб. Во ситуацијата во која се најде, се чини се ни можеше да направи повеќе. Се покажаа сите напревилности, сето аматерско работење, не само на управата. Во прв ред ги ставам играчите. Професионалноста не се брои на трансакциска сметка, како што тие очигледно ја бројат, па тренинзите станаа "зезање", а, ако не си спремен, повредите се не само очекуван туку единствен реален епилог. Крајниот е оној што Ѓ. Петров го имаше во Кичево. Веројатно ќе го има во уште некоја варијанта. Ќе се слави во уште некој град. На Кометал му останува да се привикне на улогата "лузер", а на спротивната страна, во Кичево се славеше на сите страни, со огномети, зурли, тапани и солзи радосници. "Не знаете колку пати сме ги гризеле усните и ние и верувам сите други од немоќ и фурстрации кога сме играле со Кометал и сме губеле со десетина и повеќе голови разлика. Сме се молеле на бога да се најдеме еден на еден со нив, но без странци. Наши играчи со нивни играчи. Еден на еден. Еве се случи и тоа и тоа е најубавиот меч за нашиот тим. Не се ситиме што Кометал сега е слаб, навистина ни е жал што е таква ситуацијата кај нив и им посакуваме што побрзо да излезат од кризата. Но, знаете, кога во една лига еден е доминантен 17 годни дека за другите не е лесно воопшто. Не е лесно да докажеме никому дека работиме како што треба затоа што, ' ќе дојде Кометал и ќе те победи со 100 разлика'. Е па, сега дојде и ние го победивме. И ние, Кале Кичево и ќе останеме запишани во историјата дека први сме го направиле тоа. И сега ќе одиме на тоа да ги победиме и во Купот и да ставиме крај на нивната доминација", вели претседателот на кичевскиот тим, Љупчо Петковски Шеќерко. "Ова мора, едноставно, мора, да биде потстрек на сите кичевски фирми и локалната самоуправа да почнат да не сфаќаат сериозно и да почнат да не помагаат. Ние развиваме пионерски, младински итн. школи, анагжираме играчи се чудиме од месец во месец како ќе излеземе на крај, но никој не не сфаќаше сериозно затоа што имаше еден "голем" тим - Кометал. Ете го... ние сме првите кои го победиле, срушивме мит за нивната надмоќ и сега очекувам конечно да почнат да не сфаќаат такви какви што сме", вели Шеќерко. Колку што е познат, Кале, во ракометниот свет во Македонија далеку попознат е нивниот директот Масаро. Во ракометот е едвај 4-5 години, но нема кој не го знае, најмногу поради забавнбиот карактер. "Си фантазиравме на почетокот на сезоната, на пример, ако ги имавме бившите ни играчи, Карбеска, Лашкоска, Андрејева, Ацковска дека оваа година би можеле да го победи Кометал. Го победивме и ако пројде еден ден мене не ми се верува. Ваква еурофрија не сум доживеал и ова вреди за се што сме вложиле и нервози и пари и се досега. Чувството не неописиво. Станавме првите кои по повеќе од 15 години го совладале Кометал. Невозможно, не ми се верува. Ова е датум кој секоја година ќе го славиме со роденденска торта и кога секогаш ќе се споменуваат имињата на екипата и раководството кои први го победија Кометал Ѓ. П. Секогаш ќе се споменува Масаро, Шеќерко, Сани, Ивана, Симона, Благица, Јелена итн. Ќе се прераскажува секој гол секој пенал, исклучување, неповторливо... ", изјавува Масаро без да ја крие возбудата. Останува сега на Кале Кичево да продолжи таму кај што застана. Ѓ. Петров им ја разубаве годината, но има уште многу да се игра, иако верувам, што и да се случи на крајот, кичевскиот тим ќе има гоолема насмевка на лицето. Р. Ѓ. Спремни за компјутеризација "Слушнавме што вети претседателот на РФМ Михајловски. За мене како сопственик на кабелска телевизија тоа не само што не е проблем, туку е и полесно. Ние сме спремни за компјутеризација. Имаме опрема, луѓе, останува РФМ да ни донесе софтвер. Ние и сега имаме некакви пробни програми, но официјалниот како што го има ЕХФ го чекаме од РФМ. Доста ни е од машини за куцање и едвај чекам да ја фрлам во ѓубре. Досега не можевме да правиме компјутерски записници затоа што РФМ не ни дозволуваше. Се плашам само дали се другите спремни за такво нешто, еве Кометал на пример итн...", коментираше Петковски Шеќерко за најавата на Михајловски за компјутеризација на РФМ. Прием кај градоначалникот Ракометарките на Кале Кичево по повод победата над Кометал ќе бидат гости на коктел кој за нивна чест ќе ја организира Владо Толески, градоначалникот на Кичево. Кичевките очигледно привлекоа внимание, сега треба да привлечат и спонзори, а локалната власт е посебно во помалите места, вистинското место каде што треба да се почне. |
||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Се подготвува нов пекол за Исланд
Веќе навикнавме на секоја раскрсница на машкиот сениорски тим да се среќаваме со репрезентацијата на Исланд. Стар и добро познат противник и веројатно Македонија и Исланд се двете репрезентации кои најчесто се среќавале во квалификации и баражи во последните 10 години. Само еднаш, и тоа пред нешто помалку од една година, Македонија успеа да добие бараж меч со Исланд. Доволно за да одиме на мундијал, да се вратиме на големата сцена и да сфатиме дека нам местото отсекогаш и ни било меѓу европската и светската елита. Тоа што досега не немаше е последица на "се и сешто" што се случуваше минатите 10-тина години во сениорскиот состав на Македонија. Дали со пласманот на СП Хрватска, конечно, тоа го оставивме зад нас, ќе дознаеме во јуни. Под услов денеска уште еднаш да го победиме Исланд. Во Македонија Исланд го имаме победено двапати, еднаш загубивме и еднаш двата натпревари ги игравме како гости. Како гости, никогаш ги немаме победено. Македонија настапува ослабена во однос на мечот кој се играше во јуни. Ванчо Димовски, Раде Стојановиќ и Наум Мојсоски нема да бидат во составот од тој натпревар. Исланд исто така нема да биде комплетен. Најголемото олеснување, Олафур Стефансон нема да игра. Нема да игра ниту џиновскиот пикер Сигур Сигурдсон (се простија од играње во репрезентацијата), "специјалистот" за одбрана Вигир Сваврсон е суспендиран поради црвениот картон од мечот со Норвешка, десното Александар Петерсон е повреден, од утрово и информацијата дека Еинар Холмгеирсон, десниот бек на германскиот Гумерзбах, нема да настапи денеска, со што десната страна на Исланд ќе биде далеку послаба. Македонија би требало да биде во предност на овој натпревар, без оглед што игра против актуелниот олимписки вицепрвак. Исланд не замина на "годишен" одмор по олимписките игри и учествуваше на неколку турнири каде ја воигруваше новата репрезентација, а ремито кое го одиграа во Норвешка говори за каква репрезентација станува збор, без оглед што во тимот ја нема првата ѕвезда, Олафур Стефансон. Предноста која Исланд ја има во однос на Македонија на овој меч е во моментната форма на играчите. Нивните клучни играчи се дел од Бундес-лигата каде веќе цел месец се игра среда-сабота и тие би требало да се во топ форма. За разлика од нив, кај нас бековската линија со исклучок на Кирил Лазаров буквално има одиграно само два меча, двата дуели на Металург со Париз. Другото се тренинзи, а дуелот кој требаше да биде генерална проба, пресметката меѓу Вардар и Металург, РФМ ја одложи. Така, Исланѓаните поразиграни влегуваат во овој натпревар, но веројатно пола од нивната нова екипа се уште не знае каков амбиент ги чека вечерва во "Борис Трајковски". За македонската репрезентација исклучително важно ќе биде да игра не пред полни, туку пред преполни трибини. Вчера и завчера многумина имаа мака да најдат, да купат влезен билет за вечерашниот натпревар, што говори дека салата сосема сигурно ќе биде премала за да ги прими сите кои ќе сакаат во живо да ја гледаат машката сениорска репрезентација. Вчера беше организирана и прес-конференција на која беа селекторот, тренерот, Ристовски и Алушевски. Кирил Лазаров, од кого се очекуваше да се појави пред јавноста го немаше, поради како што објави селекторот настинка. Тој тренирал на вечерниот, но го пропуштил утринскио тренинг. Имаше уште една промена во составите кои ги водеа прес-конференциите. Генералниот секретар Марјан Начевски ја водеше прес-конференцијата, но никаде во салата го немаше директорот на репрезентацијата, Ристо Чокрев, што не беше досега случај. Доволно е да се знае дека тие двајца се "спротивставените" страни од таборите на новоизбраниот претседаел Михајловски и противкандидатот Јорданов. Ситуација доволна да отвори прашања, на кои одговор ќе бараме по завршувањето на натпреварот со Исланд. > Изменето од fiks - 18.Март.2009 во 10:17 |
||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Шансите за пласман на ЕП сега се само теоретски, еуфоријата е стишана, сега на ред се анализите и лечењето на раните.
Се вративме два чекори назад По дуелот со Исланд, ситуацијата околу машката сениорска репрезентација дојде до момент по кој нема да се прават големи планови за иднината, туку ќе се враќаме назад во минатото да видиме што тоа тргнало на лошо и како Македонија од практично сигурен патник-учесник на ЕП дојде до позиција да биде сосема сигурен гледач отстрана на тоа што ќе се случува низ арените во Австрија следната година. Македонија загуби од Исланд на домашен терен, седми загубен меч од овој противник на вкупно деветте одиграни квалификациски средби. Би рекле ништо ново во тој поглед, иако има многу нови моменти. Овој Исланд е далеку од репрезентацијата со која се боревме минатите години, далеку и од оној Исланд кој го совладавме минатата година, и тоа прилично убедливо. Исланд веќе го нема Олафур Стефансон, го нема ниту Сигфус Сигурдсон, за мечот од средата ги немаше ниту Сваварсон, Холмгеирсон и Петересон, бонус: Атласон, Оскарсон и нивниот најдобар стрелец низ квалификациите Логи Геирсон! Исланд во средата имаше само две познати имиња: Гудјон Валур Сигурдсон и Роберт Гунарсон. За нивната голема надеж Палмарсон нема да пишуваме бајки, иако беше еден клучните, затоа што тој има само 19 години. Но и ваквиот Исланд беше подобар од Македонија, и тоа пред 6500 гледачи во "Борис Трајковски". Што се случи со македонскиот тим за расплетот да биде ваков? Да почнеме со ред, со тоа што сите најмногу сакаат да го чујат: германските судии Бернд и Рајнар Мете. Многупати сме пишувале дека со нив никогаш не е пријатно да се игра, постојано сакаат да покажат колку се тие главни на теренот и се прототип на судии поради кои сите имаат негативен имиџ кај публиката. Ја сецкаа играта, дозволија да се игра прегрубо, што му одговараше на Исланд, чии играчи на тој начин многу полесно можеа да излезат на крај со македонските напаѓачи. Секогаш кога Македонија ќе се "дигнеше", кога ќе се "запалеа" трибините, некако експресно губевме топка во напад. Немаше течност натпреварот, многу малку ракомет имаше на тој меч. На крајот, клучните моменти. При водството 25:24 на Македонија, невообичаено долго играа Исланѓаните под пасивен напад, а македонските судиски стручњаци забележаа и дека имало чекори, момент пред топката да дојде до стрелецот на голот. Веднаш по тоа две технички грешки ни досудија, а ќе се направи анализа дали било престап од Макалоски и дали немало фаул над Ѓоргоноски и тоа беа моментите кои го решија победникот. Но, настрана судиите, Македонија едноставно мораше да биде подобра од Исланд до мерка тие да не можат да пресудат. А ние едноставно игравме лошо. Мете и Мете само се вклопија во целата слика и вината нема да ја бараме во нив. А зошто Македонија одигра вака и дали можеше поинаку, останува да проанализираме. Нема сомнеж, бековската линија освен Кирил Лазаров не функционираше. Вкупно 2/6 од Филип Лазаров, Мите Стоилов и Филип Миркуловски. Премалку за главната напаѓачка сила на Илија Темелковски. Го чуваа Лазаров, го тепаа Миркуловски, а другите не беа закана. Нерешителност, посебно во првиот дел без шут од девет метри, па на Исланд не му беше ниту премногу тешко да се одбрани, затоа што нашите бекови не шутираа. Ацо Јоноски внесе малку свежина во вториот дел и прашање е зошто толку доцна доби шанса да игра. Тоа оди на сметка на селекторот. Но, не е доволно да се каже дека играле лошо, важно е зошто играа лошо бековите. Единствено што можеме да констатираме е дека во моментов не се подготвени да одиграат подобро. Што на крајот па и да очекувате од играчите кои за 2 месеци имаат одиграно 1 натпревар? Оваа екипа е налик на тим кој се вратил од лоши подготовки и сега ги игра првите мечеви. Надворешната линија на Македонија со Исланд во најголем дел беше Металург плус Кире Лазаров. А репрезентативците од Металург од СП до сега имаат одиграно само 2 натпревари, во КПК со Париз. Од тие два, вториот е далеку од нешто вредно да се спомене. Металург немаше квалитетни подготовки поради термините. Веднаш по СП дојде Париз, а веднаш по тоа Вардар. т.е требаше да биде Вардар. Одложувањето кое се случи имаше големо влијание и врз репрезентацијата. Металург по Париз почна да се подготвува за Вардар и обратно, кога дојде моментот да се одигра, се одложи. И така се изгуби многу драгоцено време. Веројатно најдобрата идеја, веднаш штом стана јасно дека Металург и Вардар нема да играат до средината на април, ќе беше веднаш да се собере репрезентацијата и да се договорат 2-3 контролни меча, со квалитетен тим на кој акцент ќе беше ставен на играта на Мите Стоилов, Филип Лазаров и Филип Миркуловски. Да се обидеше стручниот тим да "врати" некој од овие три играчи. Не е оправдување отсуството на Мојсоски, затоа што тој и да не ја обновеше повредата, прашање е колку ќе можеше да игра во средата. Но, сите имаа поважни работи од репрезентацијата, а тоа беа кавгите и изборите во РФМ, кои дојдоа во најнезгоден момент. Селекторот апелираше да не останат во втор план, а останаа. Но, едно е да се апелира, а друго е да се истапи со план и да се реагира, да се бори да не остане во втор план. Значи остана се како што остана, Металург остана да тренира во Скопје, патем играјќи еден првенствен меч со Т. Пролет од кој фајде не виде никој, а Вардар замина во Ц. Гора за да игра натпревари. За белја таму се доповреди Мојсоски. Не обвинуваме за тоа, можеше да се случи каде било, кога било. Не е дека Темелковски немаше други опции. Споменавме, Бранко Ангеловски, Горан Кузманоски, Марјан Колев, па и Раде Стојановиќ. Можеби ќе сменеа нешто, можеби не. Темелковски вели дека нема информации за тоа што, колку, како играат. Тоа е негова грешка, негова работа е да знае. Тоа е едно, а друго, што и да играат, сигурно е подобро од овде затоа што овде не се игра! Дојдовме во ситуација да играме без Наум Мојсоски и немавме решение. "Ќе се обидеме со овие играчи кои ги имаме овде, Стоилов ќе се обиде да покрие на центар ..." гласеше изјавата на селекторот. Е тоа е импровизација. А модерниот спорт не трпи импровизации. Видовме преку Јоноски дека погрешна политика се води кога се интернационалците (па и домашните играчи) во прашање. Веќе не би чудело и да почнат да го одбиваат, затоа што биле игнорирани толку долго. Петровски, Мајнов, Павловски, Кузманоски, итн.. до вчера Јоноски, утре ќе биде некој друг. Да се одберат 12 и тие да бидат тие и "во лето и во зима" е лоша и погубна политика, едноставно ние немаме доволно играчи за да се откажеме од кого било. А токму тоа го правиме. Ништо, дури ни една акција не е изменета од тоа што го игравме на сите натпревари на СП. Само што сега играме полошо од тогаш, затоа што не сме подготвени. Ако на Исланд се гледало СП, тогаш точно знаеле кој, што и како игра во нашиот тим. Целокупната атмосфера во репрезентацијата очигледно е "срушена" по мундијалот и тоа што се случуваше, па така излеговме неподготвени на меч со Исланд. Што ќе се случува сега? Ќе помине Белгија, битно е да победиме затоа што во спротивно срамот ќе биде навистина голем. А дури по тоа ќе дојде еден од клучните моменти. Дали ќе остане Минчо Јорданов член на УО, односно координатор на машките репрезентации? Одбие ли, тогаш одново репрезентацијата се враќа под команда на Михајло Михајловски или личност кој тој ќе ја одбере. Дотогаш, преостанува единствено да бидеме стрпливи. Изменето од fiks - 20.Март.2009 во 11:01 |
||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Одложен ракометниот натпревар Белгија - Македонија
Скопје, 21 март (МИА) - Снегот е причина за одлагањето на утрешниот меч на македонската машка ракометна репрезентација која требаше да гостува во Белгија. Неможноста да се полета за Белгија, а и немањето друга алтернатива да се стигне навремено на теренот на противникот ги натера одговорните од Македонската ракометната федерација да побараат од Европската ракометна федерација да донесе одлука за одредување друг термин за одигрување на натпреварот Белгија - Македонија. |
||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Македонија против Литванија, Холандија и Хрватска
Виена, 24 март (МИА) - Противници на женската ракометна репрезентација на Македонија во квалификациите за Европското првенство 2010 во Данска и Норвешка се Литванија, Холандија и Хрватска. Така изгледа седмата квалификациска група. Македонија се најде во вториот од четирите барабани во денешната жрепка поради добриот рејтинг и тоа и овозможи да добие два (условно кажано) полесни противници. Фаворит број еден во нашата (седма) група е Хрватска, која е со најдобар рејтинг. Натпреварите започнуваат во септември, а завршуваат во мај идната година. Ќе се игра по систем секој со секого дома-гости. Првите две репрезентации ќе обезбедат пласман на ЕП 2010. |
||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Македонија против Литванија, Холандија и Хрватска
Противници на женската ракометна репрезентација на Македонија во квалификациите за Европското првенство 2010 во Данска и Норвешка се Литванија, Холандија и Хрватска. Така изгледа седмата квалификациска група. Македонија се најде во вториот од четирите барабани во денешната ждрепка поради добриот рејтинг и тоа и овозможи да добие два (условно кажано) полесни противници. Фаворит број еден во нашата (седма) група е Хрватска, која е со најдобар рејтинг. Натпреварите започнуваат во септември, а завршуваат во мај идната година. Ќе се игра по систем секој со секого дома-гости. Првите две репрезентации ќе обезбедат пласман на ЕП 2010. Во другите групи: * Група 1: Романија, Украина, Португалија и Швајцарија * Група 2: Унгарија, Шведска, Чешка и Азербејџан * Група 3: Франција, Австрија, Исланд и Финска или Велика Британија * Група 4: Германија, Белорусија, Словенија и Италија * Група 5: Шпанија, Србија, Турција и Грција * Група 6: Русија, Полска Словачка и Црна Гора |
||||||
|
||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
|
||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Za ova pojke informacii od Vardar koj izglea najveke navivase tamu iako e za Vardar
|
||||||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
А бил на мечот Блу?
|
||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||
Внеси реплика | страница <1 678910 18> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |