IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Животински и растителен свет
  Активни теми Активни теми RSS - СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ - здружение
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ - здружение

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 6>
Прашање: Дали сте член на некое здружение за заштита на животни?
Одговор Гласови Статистика
2 [10,53%]
1 [5,26%]
8 [42,11%]
7 [36,84%]
1 [5,26%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ - здружение
    Испратена: 19.Март.2009 во 03:16
Од пред неколку години во Р.Македонија дејствува непрофитното невладино здружение за заштита на животни и животната средина:


„СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ„




Основните и главни цели на здружението се следни:

1. Ширење на свеста за единството на човекот со животните и природата, и развивање на еколошки и високи етичко-морални квалитети, бидејќи се застапува за еднакво право на живот, како на човекот, така и на животните, растенијата и минералите, за да се постигне апсолутна слобода на животните и непречен живот според нивниот вид;
2. подигање и развивање на еколошката свест и заштита на животната средина;
3. вегетаријански начин на исхрана и живот и промовирање на истиот;
4. мирољубиво природно-самоодржливо земјоделско производство;
5. природно самоодржливо стопанисување со шумите и националните паркови.




Член може да биде секој независно од половата, национална, етничка или верска припадност. Седиштето на здружението се наоѓа во Скопје, а истото има свој огранок и во Битола. Во Скопје заинтересираните граѓани како оние кои би сакале да станат членови можат да дојдат на некој од состаноците кои се одржуваат во:

ресторанот „ХАРМОНИЈА„
во Т.Ц. Скопјанка, локал 37
(веднаш во подземниот премин)
Секој четврток од 19:30 до 21:00 часот.

Таму можат да се добијат бесплатни печатени материјали(ДВД-а, флаери, плакати, брошури и списанија) на тема заштита на животни, безмесна исхрана и сл.).
Натамошни информации можат да се добијат на следните контакти:

мобилен: 075/800-765
е-меил: info@srcezazivotnite.org.mk
веб-страна: http://www.srcezazivotnite.com.mk

Во следните постирања ќе се обидам да го презентирам ова релативно ново здружение пред форумската јавност.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2009 во 05:07
Еве неколку почесто поставувани прашања кои многумина ги прашуваат кога ќе дојдат во контакт со здружението или барем со неговите идеали&цели:

Вакви здруженија има многу, барем во светот, па што ќе ни е уште едно ново?

Затоа што повеќето од нив претежно се вртат околу заштита на домашните миленици, особено кучиња и мачки. Тоа е секако за поздравување, но зборот ЖИВОТНО опфаќа далеку повеќе - пред се` тоа е живо суштество кое е способно да осеќа радост и болка и на свој начин учествува во одржувањето на хармонијата во природата. Значи тука спаѓаат и свињите, кравите, лавовите, птиците, јагнињата и уште многу други видови животни. Животните како такви имаат право на мирен и достоинствен живот.

А што е со луѓето? Во различни настани како на пр. војни, терористички напади, елементарни непогоди страдаат безброј луѓе...Што па сега сте се фатиле за животните?

Се работи за тоа дека луѓето имаат можност да се жалат, постојат правни институции(судови, полиција...) и организации кои се застапуваат за човековите права и штитење на истите како на пр. Хелсиншкиот комитет, Црвениот крст и црвената месечина, АМНЕСТИ интернешенел и др... Животните меѓутоа не го зборуваат човечкиот јазик за да можат да побараат директна помош како ние луѓето, ниту пак имаат супериорност во однос на човековиот разум и технологија. Тие многу често мораат молкум да поднесуваат неправда од секаков вид, дури и посегнување по нивниот живот.


Познатиот руски писател Лав Толстој(1828-1910) во една прилика забележа:
„Од убивањето животни до убиството на човек, преостанува само еден чекор!„


Во горниот цитат лежи воедно одговорот. Имено, способноста да се замолчи совеста со цел да се убие или мачи некое животно било од забава било поради некаква корист многу лесно се надградува доколку дојде момент истото да му се стори на жив човек.


Идејата не е лоша, но Македонија има далеку повеќе проблеми, за разлика од една Норвешка, Швајцарија или Канада каде луѓето живеат во благосостојба па имаат повеќе време и сили да се бават со правата на животните и зачувување на природата. Не е ли вон листата на приоритети вакво нешто?

Многу проблеми произлегуваат токму од нашиот погрешен однос кон животните и природата: гладта во светот, економските кризи, здравствените проблеми и др. Јадењето месо и загадувањето на животната средина директно влијае врз здравјето и психата на луѓето правејќи ги поагресивни, понеотпорни на заболувања, и понезадоволни. Човекот е дел од природата, ако таа умира, порано или подоцна умира и човекот. Тогаш веќе нема да има кој да се бави со „важните„ прашања од политиката, науката и забавата.

Што се однесува до стандардот, исхраната без риба и месо може токму на земјите(и граѓаните) како Македонија да и донесе големи заштеди на пари(производството на месо е секогаш поскапо) и зачувување на животната средина како и чистата вода за пиење и уште повеќе ја засили земјоделската дејност.


И јас сакам кучиња и мачки. Но во медиумите повремено може да се чујат вести како на пр. глутници кучиња нападнале или исплашиле граѓани! Зарем не е добро да се отрујат и се реши проблемот?

Не е! Не само што тоа не би било хумано, туку претставува опасност за животот на домашните миленици(што за жал беше веќе случај во скопските населби) и здравјето на малите деца кои си играат надвор.

Луѓето се тие кои неретко сакаат авторитативно да се постават кон своите домашни миленици одредувајќи им го притоа нивниот животен ритам, слободата на движење, половиот живот, и многу друго. Дел од кучињата и мачките биваат по некое време исфрелни на улица таму продолжуваат со размножувањето, а уличното „воспитание„ низ различни трауми и влошени услови за живот си го прави своето.

Но тоа не е нерешлив проблем. Кога луѓето би имале правилно знаење и разбирање за животните не би бил проблем да се отворат и одржат трајно во функција еден или повеќе стационари за кучиња бездомници. Но некој треба да се заангажира, да изготви пројект&стратегија, да разговара со градските власти па ако треба и со владата. Токму тоа се обидува да го направи здружението.


А што е со дивите животни? На вести имаше дека токму во Македонија, волци и мечки задавиле цели стада овци, а различни диви животни прават штети низ полињата. А вие се залагате за забрана на ловот! Зошто?

Трлата со овци кои не страдаат од волци и мечки, набргу страдаат од раката на луѓето за нивен профит и храна, иако човекот по природа, биолошки не е предвиден да биде месојадец. Впрочем човекот е тој кој таквите трла ги создал и овците планирано ги намножил за некаква сопствена цел.

Ловот е агресивен и опасен(колкупати се случуваат несреќи, застрелани луѓе по грешка и сл.) „спорт„ и сосема непотребен за одржување на рамнотежата во природата. Луѓето се тие кои во голема мерка се вмешале во природата. Со тоа е нарушена и рамнотежата во истата. Со загадувањето, узурпирањето и уништувањето на шумите и полињата, дивите животни го губат својот животен простор и извор на храна и тие мораат да се упатат на различни несоодветни места каде можат да предизвикаат штети. Но кога на пр. земјоделците би воделе сметка и за потребите на дивите животни оставајќи им притоа еден помал дел од плодовите и жетвата, тие многу поретко и помалку би правеле штети.


Имате многу брошури и шарени списанија, убаво... ама правите ли нешто конкретно за животните или само зборите бла-бла?
Доменот на дејствувањето е, првенствено, да се отстранат причините поради кои природата и животните страдаат на најразлични начини, а тоа, несомнено е незнаењето и неинформираноста на луѓето. Значи еден од најважните приоритети е подигањето свест кај јавноста т.е. кај граѓаните на Република Македонија. Но постојат и различни конкретни и практични активности - повеќе за истите можете да се информирате преку и-меил или на состаноците на здружението.

Здружението „СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ„ е непрофитна организација во кое активностите ги извршуваат волонтери. Обемот на активностите зависат од бројот на сериозните волонтери и финансиите потребни истите да се изведат. Тие пак пристигаат од членарината што членовите ја плаќаат, продажба на списанието „Гласот на животните„ и пред се` од повремените донации кои различни спонзори се волни да ги дадат, а такви моментално нема во изобилие, па секоја финансијска помош е добредојдена. Но! Не е се` само во парите!

Нешто конкретно што секој може бесплатно да направи за животните е да стане вегетаријанец. Така може да се зачува и здравјето а и да се заштеди некој денар дури.


p.s. линкот кон веб-сајтот горе не е правилно кодиран(не можам да извршам промена преку едит, од некоја причина), за пристап кликнете тука: http://www.srcezazivotnite.org.mk/index.php/mk

Изменето од Majkl - 19.Март.2009 во 05:20
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2009 во 08:31
На страната на списанието можете да си го симнувате секој нов број на списанието Срце за Животните.
Би му се придружила на Мајкл со мое мислење за неколку работи од ова што напиша. Како ветеринар и како граѓанин јасно.

Вакви здруженија има многу, барем во светот, па што ќе ни е уште едно ново? -За жал и колку и да има здруженија, не само во светот туку и во Македонија, жално е што нашиот народ многу малку се интересира за одбрана и милост кон оние суштества кои имаат исто така душа и срце како нас.



А што е со луѓето? Во различни настани како на пр. војни, терористички напади, елементарни непогоди страдаат безброј луѓе...Што па сега сте се фатиле за животните? -Интересен е фактот дека народот се на себе мисли. Се со вакви себични и некоректни мислења се вади. За војни и терористички напади самиот народ е виновен, а животните не се виновни за тоа што се на улица родени и се гладни.




Идејата не е лоша, но Македонија има далеку повеќе проблеми, за разлика од една Норвешка, Швајцарија или Канада каде луѓето живеат во благосостојба па имаат повеќе време и сили да се бават со правата на животните и зачувување на природата. Не е ли вон листата на приоритети вакво нешто? -Македонија секогаш ке има проблеми ако не сака да превземе што побрзо нешто за да ги реши тие проблеми. Како што реков, животните не се криви што се бездомници и што ке фатат беснило или шуга. Македонија ако сака да нема повредени деца и возрасни од бездомни глутници на кучиња ке превземе нешто како на пример вакцинирање, стационарни домови и сл.


И јас сакам кучиња и мачки. Но во медиумите повремено може да се чујат вести како на пр. глутници кучиња нападнале или исплашиле граѓани! Зарем не е добро да се отрујат и се реши проблемот? -Ке се отрујат и пак ке се најде друго куче и ке се размножат. И повторно истиот проблем. Убивањето ниту е хумано ниту е решение на овој проблем. И не треба да се сакаат само кучиња и мачки, туку сите животни подеднакво.



А што е со дивите животни? На вести имаше дека токму во Македонија, волци и мечки задавиле цели стада овци, а различни диви животни прават штети низ полињата. А вие се залагате за забрана на ловот! Зошто?-Затоа што треба да се забрани ловот. Има национални паркови каде што се носат дивите животни. Има многу други начини за да се заштитат овците. Јас како граѓанин ке речам-Па што мајка бара сточарот да ги пушта овците во планина??? И таму прават штета на државата!


Имате многу брошури и шарени списанија, убаво... ама правите ли нешто конкретно за животните или само зборите бла-бла?-Нема потреба народот да прави брошури, може само ручекот што ке остане да го даде на гладните кучиња на пример. А брошурите се за поттик на народот тоа да го прават.


Искрено, јас како човек, може нема да звучи баш вкусно, но ке ви дадам еден пример. Секогаш кога ке сакате да удрите животно, кое е гладно, жедно, премрзнато и осамено-помислете на следново. Дека вие сте сирак, дека вие немате што да јадете, дека вие немате заштита и сами сте. За разлика од човекот, кучето не може да работи и да заработи. За разлика од човекот, кучето не знае да не повреди како што човекот знае. И секој пат кога ке помислите на печено прасе, чварки, свински врат и сл. Помислете дека тоа животно исто така има мајка.... Помислете како ке ви е на вас да сте печени или вашиот стомак е претворен во чварки. Замислете го суровиот начин на кој му е одземен животот. Не за џабе се вели-да даде господ да ве препознае мајка ти во паштета.



Изменето од blueprayer - 19.Март.2009 во 08:34
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2009 во 08:38

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2009 во 23:29
Во рамките на оваа тема повремено ќе известувам и за акциите кои здружението ги спроведува а во кои секој доколку сака и може, е добредојден да се вклучи. Па така утре во:

Сабота, 21. март 2009 година со почеток од 13:00 ч.
на градскиот плоштад во Скопје(кај книжарница КУЛТУРА)се организира делење на флаери на тема заштита на животни.


Денес, 20 март, повод СВЕТСКИОТ ДЕН БЕЗ МЕСО беше организирана слична акција од страна на здружението СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ.


Изменето од Majkl - 20.Март.2009 во 23:32
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2009 во 01:29
1. Kaj nas dosega nema zdruzenie koe se grizi za zivotnite na teren, tuku site se grizat na masa i od stolica.

2. Dali nekoj od vas gleda ANIMAL COPS, tie gi zalovuvaat zivotnite, toa sto se lekuva, se vakcinira, se kastrira i se dava na posvojuvanje, sto ne se lekuva se eutanizira.


Jas ke bidam srekna koga i kaj nas ke pocnat taka da funkcioniraat rabotite a ne da mi delat flaeri i vegetarijanski gotvaci.
Vo sekoj slucaj na Zdruzenieto "Srce na zivotnite" mu posakuvam uspeh vo rabotata.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2009 во 05:52
Originally posted by Gabriela_S Gabriela_S напиша:

1. Kaj nas dosega nema zdruzenie koe se grizi za zivotnite na teren, tuku site se grizat na masa i od stolica.

Како што веќе беше објаснето погоре, тоа не е сосема точно. СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ во повеќе наврати искачаше на терен, но интензитетот на тоа зависи од можноста на членовите, материјалните можности но и постоечките закони во Република Македонија.
Originally posted by Gabriela_S Gabriela_S напиша:

2. Dali nekoj od vas gleda ANIMAL COPS, tie gi zalovuvaat zivotnite, toa sto se lekuva, se vakcinira, se kastrira i se dava na posvojuvanje, sto ne se lekuva se eutanizira.
Да. Меѓутоа на ANIMAL COPS му претходеа години работа преку повеќе здруженија и петиции кои го подготвуваа теренот на државно ниво за да такво нешто може да функционира во САД. Македонија не мора да биде исклучок, една од смислата на постоењето на СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ е токму таа, да го подготви теренот и во правен поглед, меѓутоа ништо не оди преку ноќ!

Што се однесува до еутаназијата, ова здруженије би ја одобрило истата само во случај доколку животното е неизлечливо а при тоа има големи болки, во скеој друг случај е строго против еутаназијата.

Originally posted by Gabriela_S Gabriela_S напиша:

Jas ke bidam srekna koga i kaj nas ke pocnat taka da funkcioniraat rabotite a ne da mi delat flaeri i vegetarijanski gotvaci.
Не се делат само флаери. Се прават куќички за птици, се даваат во МВР пријави против непознати сторители на масовно труење на кучиња, се организираат вегетаријански манифестации каде се дели вегетаријанска храна со цел на луѓето практично да им се покаже дека готвење без месо може да биде те колку вкусно, се бараат посвоители на маченца, се негуваат птици со скршени крилја и тн. и тн...

Но дозволи ми да ти поставам едно прашање! Според тебе што би било подобро? Да се остане на помагање на еден мал ограничен број на животни(поради ограничени средства и бројност на волонтери) или да се тежнее кон масовно информирање и подигање насвеста на македонската јавност со цел и таа постепено да се вклучи во нега и заштита на животните и така бидат спасени илјадници, можеби и стотици илјади животни?

Originally posted by Gabriela_S Gabriela_S напиша:

Vo sekoj slucaj na Zdruzenieto "Srce na zivotnite" mu posakuvam uspeh vo rabotata.
Благодариме за подршката!


Изменето од Majkl - 21.Март.2009 во 05:54
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2009 во 18:50
Originally posted by Gabriela_S

Jas ke bidam srekna koga i kaj nas ke pocnat taka da funkcioniraat rabotite a ne da mi delat flaeri i vegetarijanski gotvaci. -Флаерите служат за поттик на лугето...Зашто може ете некој мисли така ама изгледа ти и други не мислите а само зборите од страна зашто зашто.


Jas ke bidam srekna koga i kaj nas ke pocnat taka da funkcioniraat rabotite a ne da mi delat flaeri i vegetarijanski gotvaci. -И јас ке бидам срекна ако народот помалце збори а повеке работи на терен.намигнување
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Wonderful_Life Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Амбициозна Бебушка

Регистриран: 30.Декември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Wonderful_Life Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2009 во 02:33
Вакви здруженија има многу, барем во светот, па што ќе ни е уште едно ново?

Kaj nas vo Makedonija potrebno e d aima edno takvo zdruzenie koe sto ke se grizi za zivotnite,megutoa kaj nas mnogu mal e brojot na luge koi sto se zainteresirani za takvo nesto , ednostavno ne se zamaraat za zivotnite,dali im treba pomos,dali se gladni i slicno ,taka da zalosno e


А што е со луѓето? Во различни настани како на пр. војни, терористички напади, елементарни непогоди страдаат безброј луѓе...Што па сега сте се фатиле за животните?

Lugeto se premnogu sebicni i si mislat samo za sebe,no treba malku poveke da se pomisli i na ovi kutri zivotincinja.Pa sto se tie krivi sto se rodile?


Идејата не е лоша, но Македонија има далеку повеќе проблеми, за разлика од една Норвешка, Швајцарија или Канада каде луѓето живеат во благосостојба па имаат повеќе време и сили да се бават со правата на животните и зачувување на природата. Не е ли вон листата на приоритети вакво нешто?

I nie vo Makedonija imame vreme za griza na zivotnite.Ako saka nekoj da najde vreme za bilo sto moze,taka da mozeme da najdeme i nie vreme za vaksvo nesto samo dokolku sakame


И јас сакам кучиња и мачки. Но во медиумите повремено може да се чујат вести како на пр. глутници кучиња нападнале или исплашиле граѓани! Зарем не е добро да се отрујат и се реши проблемот?

Problemot nema da se resi dokolku se otrujat kucinjata.Dokiolku bi imale soodvetno zivealiste ,posebno samo za bezdomnicite problemot moze mnogu lesno da se resi


А што е со дивите животни? На вести имаше дека токму во Македонија, волци и мечки задавиле цели стада овци, а различни диви животни прават штети низ полињата. А вие се залагате за забрана на ловот! Зошто?[COLOR>

Kako prvo samite stocari treba da si najdat soodvetno mesto za svoite ovci kade da gi pasat i posle cacko im e kriv sto gi izele.Epa samite si se krivi za toa,a divite zivotni si ja igraat svojata uloga.Za niv sredinata e mesto koje se borat samite za opstanok


Имате многу брошури и шарени списанија, убаво... ама правите ли нешто конкретно за животните или само зборите бла-бла?

Dokolku bi cuvala zivotno doma bi sakala da imam poznavanja za toa zivotno,no i bi sakala toa i da go primenam sto go citam a da ne bide samo citanje



Изменето од Wonderful_Life - 22.Март.2009 во 02:33
Gospod gi sozdal zenskite,zasto imal smisla za ubavina, a maskite zasto imal smisla za humor
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2009 во 16:21
Знам дека се трошат пари и на рекламен материјал како флаери и тоа само се прашувам дали конкретно се прибираат средства за изградба на стационари.
Пари мора да одат и да се бараат од разни извори, да се прибираат средства преку огласување на тв, на радио, да се отвори жиро-сметка и да се примаат донации преку смс пораки и сл. Најгласните, најупорните и најдипломатски настроени членови на овие организации треба постојано да вршат притисок врз локалните власти и да бараат нивна поддршка за ваквите проекти.
Јас мислам дека на ваквите организации им треба вистинско практично искуство и добра платформа за да почнат да ги померуваат работите од нулта позиција.
Најинтересен факт е што се правдаат луѓето во Македонија како имале многу проблеми и како светот треба повеќе да се грижи за луѓето отколку за животните-ДА само во таа средина ни луѓето не се грижат за луѓето а не па за животните.
Цел свет има проблеми, ама другите работат на нив за да си ги решат а не дробат каша по цел ден.
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2009 во 16:36
Мила моја Глен Клоуз. Во светот има ЗАКОНИ кои ги штитат животните. додека кај нас ни тоа го нема. и кај нас има доволно установи кои ги штитат лугето...а премалку за животните.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2009 во 16:45
Јас пишав пост и истовремено поставив просто прашање?
Колку лоби групите и организациите во држава Македонија за заштита на правата на животните вистински работат на случајот и вршат пристисок на властите во земјата за разгледување на предлог закони и сл?
Дали контактираат со странски организации како RSPCA, PETA дали се трудат да се едуцираат за она што сакаат да го постигнат.
Мислам има ли членови тука на тие организации за ни кажат што вистина работат и колку сработуваат.
Во светот има закони не затоа што на владите им дувнало да ги донесат оти ептен им било жал за животните туку зашто голем број на луѓе или групации со години им го пикале проблемот под нос и биле досадни ко муви за она во кои тие верувале дека е исправно.
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2009 во 23:23
И јас ке бидам срекна ако народот помалце збори а повеке работи на терен.намигнување


Pa jas prilicno rabotam na teren so ogled na toa deka imam zgrizeno dve ulicni kucinja i dve tri macki i imam eden germanski ovcar, ama kolku li mozam da zgrizam: cel grad?   Zatoa go napisav toa pogore i zatoa mu posakav uspeh na zdruzenieto.
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2009 во 00:07
Нема потреба народот да прави брошури, може само ручекот што ке остане да го даде на гладните кучиња на пример.

A kade da gi najdeme gladnite kucinja?

Vo zgradata zgrizivme edna ulicna kucka, spiese na prv sprat, mnogu mirna i mila, edinstveno jas nekolku pati dadov inicijativa da si dademe site stanari po 200 den za vakcina i kastracija i da i napravime kukicka a golemite ljubiteli sto ja pribraa na toa ostanaa gluvi.
Koga i dojde vreme za parenje vo vlezot i niz spratovite se sobiraa i po 10 pesovi, bese strasiliste i na kraj kuckata ja najdoa otruena.

Mnogu lugje imaat samo slepa ljubov kon zivotnite, bez nikakvi poznavanja, ama begaat od odgovornost.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 6>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.