IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Раскази
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Раскази

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Раскази
    Испратена: 08.Ноември.2008 во 18:27
Ве молам, во оваа тема објавувајте само раскази, цртички и кратки новели... Слободните состави и прозните лирски изливи оставете ги за темите со послободна форма и содржина... Благодарам...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2008 во 18:28
СМРТА НА СИРЕНАТА



Кога убиваш сирена,
Се убиваш и самиот себе...
1.
        Кога првпат се појави, а се појави ко од никаде, ми личеше на најобична сирена. Бисер исфрлен од длабочините на морето на огромната шир на која немаше никого, освен мене.
          - Бродоломник? – ме праша.
          Се држеше на растојание кое и овозможуваше да побегне во истиот миг ако пружам рака кон неа.
          - Не, само пливам, - и реков.
          Се сврте со грбот кон мене, но не испуштајќи ме од погледот и на штрек, и погледна кон хоризонтот пред неа, иако и тој зад неа и оние лево и десно беа идентично исти.
          - Знаеш ли колку си од брегот.
          - Не ги бројам километрите, - одговорив, ми беше смешна нејзината штрек ситуација, - Уште неколку завеслувања средморе ќе се бидам. А што ти е тебе гајле тоа, - додадов помалку грубо, или само сакав гласот да ми звучи така.
           Лицето и го покри сенка на разочарување.
          - Ти пречам?
          - Не, си пречам сам себе си...
          - Па, сакаш да се убиеш, - констатира со кисела насмевка.
          -Глупости, зошто да се убијам? – реков изнервирам од оваа нејзина глупава констатација.
          -Ете, гледаш дека ти пречам...
          - Ако така мислиш, нека ти биде.
          Морската шир го породуваше бавно сонцето,. Водата крвареше околу него. Со секој милиметар појавување на неговото округло тело од водата, крвавата флека во неа се ширеше и стануваше се поблизу до нас. Со неколку завеслувања со перајата таа отплива до крвата флека и нурна во неа.
          Одненадеж, не давајќи ми време да и ја сфатам намерата. Пред да успеам уста да отворам и да и кажам дека тоа не е вистина, дека не ми пречи.
          Ми беше криво што замина. Исто како што дојде - од никаде во никаде.
           




2

          Следниот пат ја видов меѓу некои голи и остри карпи што се креваа од морето како куполи на некој проколнат, потопен замок во водата. Лицето и беше свенато од болка. Со солзите пишуваше тажен роман по рапавата површина на карпите.
          - Еј, сирено!- викнав.
          Гласот ми беше полн со соце, а беше ноќ, топла и летна, распослан модар тул над морската шир.
          Полеана со млекото на месечината, таа беше повеќе од прекрасна. Ниту лутите искри во погледот со кој ме фрсна кратко, за миг, па пак го закова за карпите пред себе, немаа таква сила да ја исцедат милозноста од нејзиниот лик.
          -Ај, не будалчи се, дојди да пливаме. Ноќта е полна е музика.
          Дојде; плескањето на водата во ноќта имаше форма на спласнат детски инает. И пак со резерва во довербата во мене, не доближувајќи ми се сосем, туку на она, од инстинктот и определено, растојание да може да побегне ако пружам рака кон неа да ја допрам.
        -Морето е темно и студено, - рече, - Не ти е страв.
        - Пливач сум, - реков, - Во секакви води сум пливал...
        - Но, длабо е, и има чудовишта.
        - Ме чуваат ајкулите, - се насмевнав.
        Видов; мускулот над десната веѓа и заигра воспаничено, очите и се исполнија со страв., а таа се смали за две нејзини величини во водата.
        -Ајкулите ми се непријателки!
        - Дојди, не плаши се! Јас ќе те штитам. Ниедна нема да ти се доближи.Од мака, дури, меѓу себе ќе се изедат.
        - Ти не ми веруваш!
        Лицето пак и се разжалости.
        - А толку многу сакам да бидам близу до тебе.
        - Будалче, зарем навистина поверува во приказната дека ајкулите ме чуваат!? Јас уште не сум видел ајкула...
        - Ги има многу околу тебе, а ти не можеш да ги видиш. Опиен си од твојата сигурност.
        - И, што прават сега, се договараат која што ќе јаде од мене? – се нашегував, не за да ја навредам, само почувствував силна потреба да и влеам капка од сокот на мојата сигурност, како што самата ја нарече, со којашто бев преполн, - Хаха, баш умееш да ме насмееш. Дојди, не плаши се! – ја пружив раката кон неа, но таа беше брза, побрза од мојата мисла да ја допрам и да ја привлечам кон мене, па отскокна во водата со голем скок и ми исчезна од погледот.
        Гладната уста пак се отвори во мене, овојпат поголема и пострашна од претходниот.


3.
          Три дена по ред сонцето се породуваше од крвавата флека на морската шир и ичезнуваше во иста таква на спротивната страна а јас тагував по малечката сирена - осамен пливач во бакнежот на небото и водата, дење избоден со копјата на сонцето во грбот, ноќе како проколнат воин на бессоницата...
        „ Мртва си сирено „ ми плачеа мислите тивко, потивко и од лизгањето на огромниот брод на месечината по мазното огледало на спокојната шир, „Те уби мојата преголема желба да те направам вистинска„.
        - Еве ме! – нежно, како светлина од бисер на темното морско дно, го осветли нејзиниот глас мракот во мојата душа.
          - Сирено!
          Топлата голфска струја како да помина во тој низ ледените води на морето.
           -Мислев, мртва си...
           - Зарем би можела да бидам?
           Насмевка. Очите и беа постела на најубавата насмевка што некогаш сум ја видел.
          - Еве ме. Малку пливав деновиве, сакав да бидам сама....
          Не, тоа не беше таа....
        - Не, ти не си ти. Тебе одамна те распарчија ајкулите. Никогаш нема да си простам, сирено, дека те оставив без мојата заштита.
        Вистината повторно распрета низ талогот на болката и од него замириса тешко мирисот на стивнатиот липот.
        - Зарем навистина веруваш во тие глупави приказни за ајкулите... Еве ме, крај тебе... Гледаш дека сум жива...
          - Не оди сирено, не бива, не сака... Како сакаш наречи го, ама тоа е... Ти си мртва, а ова пред мене е само одраз на мојата опседнатост од тебе... Илузија...
           - Ме лутиш!
           Исчезна нежната миризба на расцутените морски алги од нејзиниот глас. Очите повеќе не беа постела на најубавата насмевка на светот, туку во нив видов две празни дупки...
            - Без тебе, ова море повеќе ја нема топлината што ја имаше..Морам да излезам од него, да најдам некое потопло море...... Во кое ќе нема ајкули, ќе нема тајфуни и бури...
            - Топлите мориња се полни со ајкули.
            - Јас ќе најдам топло норе без ајкули...
            - Јас секогаш бев илузија во твоите очи... – сенка од тага се распосла по нејзиното лице, - И кога бев реална.
             - Твојата реалност не ми значеше ништо, - и признав, - Твојата реалност воопшто не ме допираше. Само магијата имаше смисла.
            -Ако ти е убава играта, продолжи ја!
            Празнината во очите се исполни со молбеа.
            - Јас не можам, сирено, изморен сум...Чувствувам дека морето ќе ме голтне во својот леден мев ако не го испливам веднаш. Премногу долго пливав во место.
            - Ќе пливаме заедно!
            Присилната насмевка на лицето беше само обид да се продлжи времето.
            - Сакам, но ти си само одраз на некоја одамна угасена светлина во ноќта. Ми треба ново море, потопло од ова... И некоја нова сирена.... Ми требаат повеќе од воздухот.
            Ја оставив. А толку многу сакав да се свртам уште еднаш назад, но не се свртов, оти знаев, ако само еднаш се свртам, само еден поглет кон неа ќе е доволен да ја улови тагата во нејзините очи и да ме врати повторно во вителот... И толку многу сакав уште еднаш да ја гушнам, само да ја допран со биењето на срцето што полека умираше со неа...
            Во грлото чувствував раснење на болна грутка. Силно, со ортомите на последните сили ја врзав вилицата на големата уста што сашае да се отвори внатре во мене и го задушив во неа нејзиното име како последен шепот...
            „Збогум, сирено!„          
             
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2008 во 18:55

Страотно!Досега немам видено човек,кој под јаки седативи неможеа да го совладат ниту тројца,цврсти мажи,кои се обидуваа да го приковат за креветот за да медицинскиот персонал,односно една млада лекарка успее да му даде средство за смирување.
Погледот ми беше кон чичко ми.Го гледав како се бореше за да се отргне од рацете,кои цврсто го држеа приклештен за креветот.Едниот од нив го прегрна зборувајќи му дека така требало да биде,треба да размислува и за ќерка му,впрочем
има и друго дете на кое му е потре*ен,мора да собере сила и храброст да живее.
Чичко ми плачеше,урлаше од болка,страотен крик од кој крвта ми се следи во вените.
Во еден миг како да се смири,како да седативите успееја да го совладат,но не и болката.Од неговите очи текоа солзи.Се надевавме дека успеа да се смири од седативите,но незнам каква сила имаше,и како некое рането животно почна грчевито да мавта со рацете,се бореше за воздух,се гушеше.
Се стресов,призорот беше страотен.За прв пат видов човек речиси при умирање.
Сите се стрчавме,го прскавме со вода.Младата лекарка,од медицинскиот прибор,од онаа црна чанта извади шприц и инекои конбинирани инекции и го боцна чичко ми кој сеуште имаше тикови стегајќи ја вилицата.На еден миг помислив дека се е готово,дека чичко ми е готов.Запрепастено и немо гледав во призорот,не верував дека сето тоа се случува,посакав оваа да е само еден лош сон...да, оваа е лош сон и јас сега ќе се разбудам.
Неговиот крик ме врати во реалноста,плач и лелек.Повторна започна борба да го совладат...помислив каква е таа сила што го држи мојот кутар чичко.Тој урликаше.
Неговиот глас не излегуваше од грлото туку од душата.
-„Го убија!!! Го убија кучиња,кучиња арнаутски го убија!!!„
Настојуваа да го смират,но немаше сила која би го сопрела да престане да плаче,
вреска од преголемата болка.
-„Ах,Кирил бе Кирил!Ах,дете мое!Ах,кучиња бре арнаутски!!!„
Во собата влезе уште еден лекар.Беше повикан бидејќи на чичко ми му беше уште по
лошо,не се смируваше,како вода да му даваа наместо седативи.
Лекарот со сериозен,прашалнички тон ја праша својата колешка каква терапија му има дадено на пациентот.Од нејзиниот треперлив глас се гледаше дека е млада лекарка,додуше не без искуство,плашејќи се нешто да не згреши во рапортот на искусен и постар лекар.Ја опиша клиничката состојбата во која го има затекнато пациентот,односно мојот чичко,со кои инекции и седативи го има боцкано.
Лекарот бледо и зачудувачки ја погледна својата млада колешка и со строг глас и се
обрати:
-„И,ти,на овој човек,во оваа состојба си дала оваа терапија!?.Како ли успеа само да ја земеш дипломата?„
Младата лекарка пребледе.Настојуваше да му објасни на лекарот нејзината гледна точка на клиничката слика на пациентот.„Но јас...Лекарот ја пресретна со презирен
поглед и со строг тон и нареди кои ампули да отвори и тој самиот го боцна чичко ми,кој за кратко време се смири,немаше сила да ги подигне рацете,а очите едвај ги
држеше подотворени од кои сами ,како река текоа солзи.
Незнаев што да правам,неможев да ја гледам таа болна тага на лицето на чичко ми.
Излегов во дворот да се освежам,мислев дека ќе се онесвестам од таа цела ситуација,
како да неможев да сватам дека реално се случува,дека оваа не некој мој лош сон,
како оваа да се случува на некој друг.
Не,оваа е сон,јас морам да се разбудам.Солзите ми потекоа,плачев како дете.
Набрзина ги избришав солзите,несакав некој да ме види дека плачам.Незнам,но таква сум,своите емоции ги кријам како и солзите,но овие солзи неможев,тие текоа сами.
Тоа не беа солзи туку река која надоаѓаше.Врелите солзи текоа низ образите сливајќи се по самото грло кое од болка беше како камен.Засушените солзи ги чувствувам сеуште,ме печат,се истопија во мијата душа.Од тогаш јас неможам да сокријам било
која солза,од моите очи тие течат како река.

ВИСТИНА ЗА ЕДНА БОЛКА-вистинита случка за едниот загинат полицаец кој погина во селото Арачиново во 2000 година.
Посветено на Кирил Петрушевски.

Даница Петровска
Љубов и само љубов
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 19:34
РОДЕНА СО ВИЗА
на малата плашица

Јас Годо и го објаснував
Таа смислата на чекањето ја раслојуваше
Зар чекањето има смила, се чудев,
Има, штом знаеш што чекаш, ме убедуваше

И додека чекав да се случи тоа
Што верував дека не може да се случи
- Да и зборувам за Годо во четири очи,
Таа ме надрасна за година цела
- толку малечка, а веќе зрела....


        -Ајде! – и реков.
        - Што? Ќе одиме некаде!? А каде?
        - Таму кадешто сакаш. Имаш посебна желба за лет?
        Мислеше или се правеше дека мисли, да остави впечаток дека тоа што ќе го каже и е сега смислено во мозочето а не стара и неисполнета желба.
        - Во деветиот круг! – рече.
        Мислеше ќе ме збуни, ќе ме остави без текст.
        - Малечка, јас сум одамна во него, - се насмевнав, ја исцедив неволно киселината од мојата душа, - Одамна престанав да ги бројам вековите.
        - Знам, - ми призна, - Затоа и те одбрав. Колку си стар?
        -Многу.
        -Колку е тоа многу: од овде до вечноста гледано.
        -Постар сум и од Хрон.
        Таа застана, ги оптегна рацете зад грбот прифакајќи ги дланка во дланка па направи круг околу сопствената оска.
        -Зошто имам впечаток дека си помлад, - ме погледна проникливо како да ги броеше во мене невидливите годови.
        - Од кого?
        - Од самиот себе...
        - Првото умирање најмногу боли! – реков, - Ама уште си малечка...
        Нејзиноти лице го прекри сенка на страв што како трпнеж се движи под кожата и ги буди оние грозните лазачки низ крвта, студени како мразулчиња.
        -Каде најсилно се чувствува болката? – очите и беа прашање.
        -Во самата болка, - реков, а знаев дека нема да ме разбере, дека за незјиното искуство тоа е премногу апстрактно гледиште, и дека ќе побара од мене да и го објаснам овој бесмислен одговор, да му дадам некаква смисла, како што знаев исто и дека и самиот немам одговор поинаков од овој, оти болката е заспан ѕвер во секој од нас кој кога се буди рика и се фрла споулавено таму кадешто не можеме да го дофатиме и да му ставиме узди, а од него тогаш се шири некое спирално зрачење низ крвта и ја вовлекува сета душа во нејзиниот оган, гори, ја жигосува со жиг што станува лична препознатливост и на кој ти заблазнуваат тие што не ги сетиле победата на паѓањето и поразот на воскревањето...
        - Зошто сакаш да одиш во деветиот круг? – го избегнав објаснувањето.
        Таа ги крена рамењата, со значење на безначајност на намерата.
        - Барам некои... - сакаше да рече, „ луге“, ама гласот се закачи за некоја пречка во нејзиното грло па не успеа да му даде форма на тој збор, - Ќе ги најдам таму и ќе им плукнам в лице...
        - Тие што ги бараш нема да ги најдеш таму... – реков разоларано
        - Мислиш...?
        - Знам... Во пеколот одат чесните...Оти сета добрина ја трошат за време на животот и немаат што да понесат како заштеда од неа за во рајот...
        - Морам да ги плукнам.
        - Ќе потрошиш енергија...
        - Нека... Ако потрошам... – се пробуди детската тврдоглавост во неа, - И сета нека се потрошам, ама ќе ги плукнам.
        - Речи им „Ве сакам!„...Ќе ти биде полесно.
        - А како се вели „Те сакам! “?
        - Исто како кога велиш „Добар ден! Многу е лесно, ако научиш.
        - Не, како се вели „Те сакам!“, прашав, - рече категорично, - Ако го кажуваш исто како „Добар ден!“, нема ли да го изгуби значењето/
        Застанав. Бев збунет. Помислив ако се накашлам ќе ја искашлам и збунетоста од мене.
        - Хм! Сега, како... Ама ај, заборави... Не вели им ништо! Во право си...
        - Не, навистина те прашувам! – настојуваше таа детски, - Како се вели?
        - Зависи дали со тоа сакаш да ја избалансираш енергијата во себе или од срцето ќе го извадиш, - реков, помалку ми беше непријатно од ваквото нејзино прашање. Сепак, успеав да наместам некаква насмевка, можеби најглупавата во животот и да ја скријам непријатноста зад нејзината маска.
        Во близината имаше клупа.
        - Да седнеме! - реков.
        - Старец, - ме брецна, - Веќе се измори од мене.
        - Долг е патот зад мене, уште подолг е тој пред тебе.
        - Не се плашам и уште двапати по толку да има! – рече, - Ти ми влеваш храброст.
        - Храбра си ти и без мене, плашице... Но внимавај, театарот е полн со гнили даски...
        - Леле каков си ти! – се налути таа, - Ќе ми одговориш ли до крај на едно прашање!?
        - Внимавај да не нагазиш на некоја!
        - Их, ја откри топлата вода! Ко да не го знаев тоа...
        - Никому не вели му те сакам!
        Ме погледна изненадено, ко да бев последниот на светот од кого очекуваше вакво мислење. Како да бев богохулник во риза на монах.
        -Зошто?
        - Може да вообрази дека вреди повеќе отколку што навистина е вреден.
        - А, ти?
        - Јас одамна не сум го кажал тој збор.
        - Вообразуваш ли, бре, ти?
        - Зар е важно тоа за нашиот пат, - реков, - Кога одиш во пеколот, не мораш да носиш ништо со себе. Доволна е само фискална сметка од последните гревови, - реков.
        Ја вовре главичката со една прекрасна наивно - детска насмевка во обравчињата во рамењата и зажубори:
        - Значи, треба да направам....
        Потоа нејзините усните, како усни на првача што учи да чита од букварот на животот, слог по слог, безгласно, изговорија кон мене „ Те сааа – каааааааам!“
        Се преправив дека ништо не видов, уште помалку дека тоа што го видов го разбрав.
        - Мислев на гревовите што тебе ти ги направиле, - реков и станав, - Морам да одам. Знаеш, во пеколот времето брзо минува, но, сепак, чекањето е бесмислено...
        Ме погледна тажно и на начин како да сакаше да ме впие во себе, како тоа да веше нашето последно видување.
        Го чувствував тој поглед уште некое време на гработ, а потоа го чув пак нејзиниот инает во жуборт на детското гласче:
        - Освен кога знаеш што чекаш, старецу!
        - До следното видување, плашице – не вртејќи се и мавнав со раката.
        Да, таа сакаше да ја водам низ пеколот, а всушност, ме сакаше мене... Со нејзиното чисто детско срце, визирано од самото раѓање за тој пат...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2008 во 04:18
ВОЛШЕБНИК И СОЛЗА

        - Јас сум Волшебник - реков
        - Знам, - ми призна
        - Можам да те магепсам, - пак реков.
        - И тоа ми е познато!- се согласи.
        - Потоа ќе плачеш, - шега ли беше или опомена, ниту самиот не знам.
        - Веќе сум солза – рече таа и се стркала кристално по мојот образ, малечка, топла, полна со мирисите на недојденото време, како претскажување, во кое клетвата и благословот беа една иста рамка за ненасликаната слика на големата болка.
        Сакав да и речам:
        -Немој, солзо, немој по мојат образ. Претежнат е тој од воздишки и крици на заклано време.
        А таа:
        -Мислиш, ги има многу налик на мене па се плашиш да не се обезличам меѓу нив.
        - Не, солзо, ти си посебна, ме плаши твојата посебност...
        -Доцна е, - ќе воздивна таа, но во нејзината воздишка ќе нема каење,
        Но, место тоа:
        -Вчера сликав во паркот, види! – ми го даде мобилниот на чие екранче се покажа пејсаж на парк во есен, - Гледај колку е тажна есента: полна со умирање и смрт.
        - Не, солзо, есента е полна со бои и живот. Ова, лисјево, што остава впечаток на беспомошност, всушност е закрила, чаура во која се чува еден живот што допрва ќе бликне...
        - Значи, ти ми доаѓаш како некаква есен! – се насмевна таа тажно, - Претпочитам да си ми лето...
        - Тогаш ќе бев даб, столетен, разгранет даб и ќе ти правев дебела сенка додека одмораш, - сакав да речам, но не реков, оти летото имаше друга симболика во нејзината глава.
        -Еј, волшебникну, - кликна стутулената птица во гнездото на нејзината скршеност одненадеж, - А можеш ли ти да ме претвориш во насмевка?
        - Можам, - реков, - Ама не сакам.
        Ја натажив. Попарем цвет од ненадејна слана се отслика во емулзијата од тага на огледалото во нејзините очи. Ако очите се огледало на душата, тогаш душата сигурно и беше голема осланета цветна ливада.
        - Мислев ме сакаш:
        - Ако те претворам насмевка, ќе морам да те сокријам длабоко во душата, никој да не те види. Тоа може да ме боли.
        - Ти си волшебник, што е капка болка во огромната чаша на твојата душа?
        - Исто како капка радост во твојата тага, - се насмевнав.
        - Капка мед во лажичка отров.
        - Капка отров во лажичка мед може да убие секого.
        - Зар и тебе, волшебнику? - се зачуди таа.
        Беше кревко стебло жито што и најслабиот ветер можеше да го скрши. Беспомошно загубена во витлите на сопствоното страдание, тивок отсјај на изгрејсонце зад облакот на сопствената трагедија, длабоко во нејзината душа тивко течеше реката на нејзината несреќа и го длабеше амбисот на стравот, крвав и студен до болка...
        - Јас не сум различен од другите, освен во лудоста…
        -Значи, „ДА!“ – се насмевна таа.
        На нејзиното лице се преслика малечко сонце и далговито се разлеа по стаклените површини на двете езерца под нејзиното чело.
        - Волшебнику, јас се насмеав! – личеше на јојо од кое зрачи живот кој тукушто почнуваше; весел жубор на река ослободен од оковите на мразот на долгата зима.
        - Да солзо, се смееш! – силна далга од милина ми мина низ сето тело, - Не запирај никогаш повеќе.
        Однапред знаев дека ќе ја изгубам, насмевките се како пердувчиња, како оние најмеките пердувичиња, ја пружаш рака да го фатиш во воздухот, но пред да ја затвориш и да ја заробиш неговата мекост во нејзиниот кафез, ветрот што го создава затворањето на дланката ја поттурнува подалеку од тебе, ја превртува палаво во воздухот и таа пак застанува и те мами на уште еден и уштен и уште еден обид... Дедека не ја подзеде некое благо ветре и не ја однесе соема од очите.   
        Еден дене, едно друго ветре ја врати пак назад.
        - Волшебнику, што правиш? – ми се насмевна, беше сонце и ја осветли за миг темнината во пештерата на мојата самотија.
        - Солзо!- кликнав, бев радост, бев отсјај на заталкан зрак од последното парче на скршеното огледало на надежта.
        - Сега сум насмевка! – се насмевна таа, уште поведро и поубаво од претходниот пат.
        - Да, гледам и се радувам дека си тоа, - реков искрено.
        - Што правиш, волшебнику? –
        -Пишувам расказ! –реков радосно, -„ За тебе е, сакаш да го прочиташ?
        - Го знам! – ме пресретна со сончевина од очите, - Зарем не се се сеќаваш дека јас ти го остваив да го напишеш... Сепак, ти си волшебникот, ќе го напишеш поубаво од мене...
        Сакав да и речам:
        - Остани насмевке, ми требаш... Празен сум... Сосема празен... – но таа зборуваше сосема друг јазик и немаше да ме разбере. А јас не сакав да се претворам солза. Доволна ми беше празнината со која свикнав да живеам затворен во студената пештера на самотијата.


БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2008 во 22:18

Јас не постојам,или сепак постојам?Незнам што сум?Дали мајка или кучка?Или не сум ни
двете?Што сум јас?...
Ништавило?
Распарана,крварам,немам ниту солзи,пресушени се.Не постојам,не сум жива,ниту мртва,празна душа што како сениште се влече.Сама сум,немам никој,никој не ме сака,не ме сака ниту мојот син,упс,згрешив,тој не сака да го нарекувам син,не сум му мајка,а што сум му незнам,и како да го наречам незнам.
Дали сета љубов што ја имам кон него сега да се претвори во ништо,или да побегнам во илузија дека еден дел од мојот живот непостоел,дека времето е избришано,или пак да заборавам се.
Тажна сум и осамена,неможам и несмеам да посегнам по првото нешто што ќе ми ги скрарти маките,или подобро е така?Да,поубаво е за двајцата,барем нема да тагувам и да живеам во илузија,во надеж дека еден ден се ќе биде како што треба,дека се ќе се поправи.Незнам како да го сторам тоа.Несакам да ве напуштам,несакам да ве оставам
тоа ме држи трезна,пиана сум од болка,распарана од горчина,незнам уште колку ќе издржам,уште колку ќе чука моето срце,дали ќе ја издржи мојата болка,која ме гуши,не ми дава да земам воздух.Се губам во моето црнило,во мојот темен свет,темната страна на мојот живот кој ме става на искушенија,дали да живеам или да си го одземам животот пресекувајќи си ги вените,или пак да испијам грст апчиња за смирување и да заспијам и така да не ја почувствувам смртта која се повеќе ме посакува,несака да ме остави,сака да се венча со мене,многу ме сака.Може би така е подобро,барем знам дека некој сепак ме сака,не сум сама и напуштена,нема повеќе што да тагувам и да плачам.Едноставно е знам,полесно ќе биде за сите,и оваа моја животна драма ќе ја продолжи некој друг да ја пишува,може*и тоа ќе биде мојот син..
упс,повторно згрешив,јас немам син,ниту тој мајка,тој има кучка,која цвили и плаче за своето чедо кое изгубено незнае што сака и што да прави.
Разведена сум повеќе години,оваа ми е втор брак,поминав многу во животот,многу болка,многу тага,празнина,но оваа празнина ми е најголема,што мојот...,ќе погешев повторно,што мојот незнам кој е повеќе,неможам да го препознајам ме нарече со многу погрдни зборови,кои болат до коска,само тоа ми остана,душа немам,ми изгоре.
Песната „Друго име„е напишана за него,тогаш прв пат ме уби,оваа е негово второ убиство,но немора да се мачи сама ќе се убијам и ќе исчезнам.Повеќе ја сакам смрта од животот,оти животот ми нанесе само болка.
Неможам повеќе да пишувам,солзите ми го замаглуваат видот,а проблем е и тоа што несмее никој да ме види дека плачам,несакам никого да растажам,сакам да ја ставам маската на среќна жена,несакам да ме видат несреќна...јас мора да сум среќна,јас морам,јас морам....

ЖИВОТ-РОМАН

Даница Петровска„08„
Љубов и само љубов
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2008 во 18:55
ОБИЧНО ПРАШАЊЕ



        - Сакаш да ми кажеш нешто? - го размота таа со нервоза прашањето што некое време го потиснуваше во себе и се двоумеше дали всушност има смисла да го направи тоа или и понатаму да го потиснува и да се саклетисува под неговата тежина.
        - Ако сакав веќе ќе го сторев тоа! – рече тој рамнодушно, - Морам да ги оставам цигарите, премногу пушам, - ја угаси тој цигарата во пепеларникот, но брзо се покаја, сети незаситеност во крвта од неа па извади нова и ја запали.
          - Зошто гледаш така во мене!
          - Не гледам во тебе, така ти се чини. Барам нешто, ама се мислам каде ли последен пат го видов.
        Не чекајки дозвола таа ја грабна неговата кутија со цигари, извади една и ја заглави меѓу усните...
        Почека малку па рече:
        - Можеш барем да ми ја припалиш.
        - Прости! – рече тој, - Сум изгубил навика, не е намерно, - и ја погледна кришум низ пламенчето, крадејќи миг во кој го врами треперењето на нејзините усни додека ја распалуваше цигарата, миг кој ја вшмука во себе од воздухот сета неизвесност, несигурност и нервоза што лебдееше во просторијата.
        - Си ги сменил, - забележа таа за цигарите дури сега, откако го одби облакот чад од себе со дување.
        - Кога менуваш, најдобро е се да смениш, - рече тој.
        Мирис од откос на сенки се ширеше околу двајцата нив , застарен, тежок како мемла, притискаше ја убиваше желбата за разговор.
          Таа сфати дека е бесмислен чекорот на мислата по патот до почетокот на сказната во која тој ги опи потполошките на нејзината среќа со топл ветер од јужната хемисвера на морето на неговата душа. Тоа море, сега беше мртво и полно со крици на осакатени насмевки.
        Тој помисли дека се што ќе каже ќе биде куп одамна потрошени зборови, се плашеше дека таа ќе ги пречека како фрази, „Од вакви фрази не можеш ни накит да направиш за најслепата надеж“, му рече последниот пат, кога се разделија.
        Таа ги открсти нозете, па пак ги прекрсти, сега обратно, така што, свесно или несвесно, ги откри под страничниот рацеп на фустанот прекрасните облини на својот бут, затегнати со тенките мрежести хулахоп чорапи.
        Неговиот поглед заискри за миг низ облакот чад што го дувуваше од себе држејќи ја лабаво меѓу kажипрстот и средишниот прст цигарата во благо отворената уста .
        - И... ? – погледна таа прашално кон него, па ја угаси цигарата, гмечејќи ја непотребно долго во пепеларникот.
        - Од толку кафулуња, како ова го одбра, - рече тој, - Колку глупава музика пуштаат... Ќе се сети ли некој да ја смени.
        -Зошто,всушност,седиме овде?
        Тој го испи пијалокот, истурајќи го повеќе од половина одеднаш во устата, повлече долг чад од цигарата, го испушти чадот правејќи долга тенка струјка од него во воздухот па рече:
        - Мислев,имашто да ми кажеш нешто.
        - Јас? – одглуми таа чудење, - Ха, ако имав ќе ти кажев.
        - Во ред! – рече тој и му даде знак на келнерот да му плати.
        - Сакам јас да платам !- го пресретна таа молежливо.
        - Во ред е, јас ќе платам, - остана тој на своето.
        - Ти секогаш плаќаше.
        - Па не ме осиромаши тоа, како што гледаш.
        - Па нема и мене да ме осиромаши.
Келнерот стоеше крај масата: час погледнуваше во неа час во него, очебијно беше дека се нервира и тој го забележа тоа:
        - Што е, сега? – рече грубо, - Се договараме, се натегаме кој да плати. Зарем не смееме ниту тоа како луѓе да го направиме!?
        А немаше потреба ништо да рече, оти, ќелнерот, всушност, беше крајно спокоен, оти нему само така му се беше присторило дека тој се нервира.        Нејзе и беше непријатно поради ваквиот негов гест.
        - Секој своето, - предложи таа.
        - Секој своето, - прифати тој.
        Излегоа заедно: тој без збор се упати кон својот автомобил, таа со гордо крената глава кон такси постојката.
        - Сепак, не заслужува да и кажам дека ја сакам! – помисли тој влегувајќи во автомобилот.
        - Сепак, не заслужува да знае дека носам негово дете! – помисли таа, влегувајќи во таксито.
        Нешто тежеше во воздухот. Можеби снегот во сребрено - сивите облаци што се готвеше секој миг да завее и да го покрие градот.

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2008 во 23:09
МАШИНА ЗА ШИЕЊЕ


        - Франц! - му се обрати шивачката на својот сопруг кој седеше во фотелјата и гледаше пренос од фудбалски натпревар...
          Тој ја погледна бегло и пак го врати погледот кон екранот.
          - Франц! – повтори таа, овојпат погласно, како наредба.
          Тој ја погледна збунето.
          - Како ме нарече? Хаха... Еј, навистина ми се допаѓа тоа име. Франц – како славниот Бекенбауер... – тој плсена од расположение со дланката на страничниот потпирач на фотелјата и ја викна – Дојди душо, одмори малку... Од таа машината глава не си кренала откако ја купи на аукцијата...
        - Никогаш не сум работела со волкаво задоволство! – рече шивачката, седнувајќи на местото што тој ик го посочи и ја навали главата на неговото раме, допирајќи го при тоа нежно со косата неговото лице.
        Тој и ја помирисна косата, но и да не го стореше тоа, секако ќе речеше:
        - Некако необично ти мириса косата во последно време.
        - Од шампонот е! – рече таа безначајно.
        - Знам, но ти никогаш не си сакала боров шампон!
        Таа се исправи
        - Навистина е така! – се фати и самата во изненадување, - А како цел живот да сум го користела. Не можам без неговиот мирис.
        - Многу работиш, - рече тој, ја фати за половината ја привлече кон себе и и го бакна рамото, - Треба да одмораш... Или да вработиш помошничка....
        - Тоа што ја сум замислила само јас можам да реализирам, - одговори шивачката, - А во последно време сум полна со креации во главата...
        - А кој ти е тој Франц? – се насмевна тој.
        - Кој, Франц!? – се зачуди таа.
        - Кога влезе ме нарече Франц.
        - Ми правиш финти, - се насмевна шивачката, - Не сум дете, хаха...
        - Навистина ме нарече Франц, - се насмевна тој, - Мисев сакаш да ме направиш љубоморен.
        - Што ти е тебе? – погледна шивачката со збунет поглед во својот сопруг, - Те нареков онака како што ти е името – Зафир... Каков Франц, пак сега? Опседнат си со фудбалот, миличок, тоа ќе да е...- му ја разбушави косата кај темето, претходно лепејќи бакнеж на дланката со која го направи тоа па стана, - Ќе одам да го завршам фустанот на докторката... Утре ќе дојде да го подигне...
      

     хххххххххххх


                 Франц ја чу Лујза како го извикува неговото име во паника уште од дворот. Седеше во домашната библиотека покрај топлиот камин, во мека салонска наметка со крзно од зајак околу јаката, задлабочен во стиховите на Хајне, но нејзиниот паничен глас го крена во истиот миг од фотелјата, како да го исфрли од неа, слично како оној пат кога коњот, што слободно го јаваше, се исплаши од змијата и го исфрли од седлот, кревајќи се на задните нозе по оној нивен самоодбрамбен инстинкт, оти Франц тогаш уште беше неискусен јавач и штотуку го беа купиле солидниот имот од триесет хектари зенја, со ливади, овоштарници и малечка шума на неговата северна страна, но тој воопшто не си спомна во мигот на таа случка, оти гласот на неговата Лујза ги блокира неговото мисловно поле, само оној инстинкт на мажјак - заштитник беше преживеал од ненадејната експлозија од надвор, па ја фрли книгата, ја симна наполнетата пушка од ѕидот во ходникот и полн со возбуда истрча кон големата влезна врата од резбарена дабовина.
        Живееја мирно, но за секој случај, и како сувенир и за заштита од ненадејни натрапници, чуваше неколку пушки и пиштоли од разни периоди закачени на ѕидот во ходникот.
           Кога ја отвори тешката врата од дворот го заплисна свежиот есенски воздух по лицето, а во погледот му се врами уплавот на неговата сакана жена Лујза, која пред два часа излезе да собира шишарки во блиската шума, оти и требаа за смесата од која го правеше сапунот со кој си ја миеше косата секоја вечер.
          - Франц...Франц... – не престануваше да вика позната шивачката и креаторка на свечени фустани,чии креации можеа да се најдат по плакарите на најотмените и најугледните дами во претстолнината, благороднички од повеќевековни лози и дами со метеорски минлива слава на к*ртизани, а од нејзиното лице, иако воздухот беше студен па по таа логика тоа би требало да има руменило во образите, како некој да ја беше исцедил и последната капка крв, иако немаше ниту една гребратинка низ која би можела да се случи нејзино одлевање, ниту пак по фустанот, кој беше специјално креиран за прошетки низ шума, нејзина лична креација со која многу се гордееше, Франц можеше да забележи флеки од крв.
          Ја прифати со едната рака во заштитничка прегратка, додека во другата ја држеше пушката, обесена со отворот на цевката кон зенјата и нежно го притисна кревкото тело на шивачката, во кое само срце имаше и тоа биеше со лудачки риртам, како да бараше отвор да излезе од загушливата клаустрофобична празнина на градниот кош за да вдиши длабоко од успокојувачкиот есенски воздух.
        - Сакаше да ме убие! – залипа шивачката сега на неговите гради, рикна како лавина липотот од нејзините гради, како тој, Франц, да ослободи некоја преграда во нив со прегратката, како да раскопа некаков канал затнат со калиштата на силниот уплав таму некаде, во шумичката, додека собирала шишарки од бор, од тоа или тој што го виделе.
        - Кој, мила? – Франц ја прилепи посилно до себе, нејзиното засипнато дишење, како на човек кој се дави при недостиг на воздух, проследено со истиот таков липот шти ги креваше и спушташе градите како преплашени препелици, ја правеше понежна од снегулка во неговата прегратка и тој низ чувството на загриженост сети и некоја необична убавина од тоа, - Нема никого.
        - Беше до мене, - рече Лујза тивко
        - Кој, мила? - пак праша Франц
        - Не го видов... Ми беше страв да се свртам.
        Тој ја бакна нежно во косата.
        - Нема никого, мила, - рече успокоително, - Еве, види и самата.
        Ја фати нежно за растреперената брада за да и ја сврти главата кон шумата, но таа доби некоја чудна сила во вратните пршлени и не дозволи toj да го направи тоа.
        - Што и се случило на госпоѓата! – дотрча тогаш и Ханс, едниот од двајцата работници што ги држеа на имотот, носејќи со себе паника и вообичан мирис на смет од шталата,       
        - Ништо, Ханс, не грижи се! – рече господинот Франц, - Ќе биде во ред. Само кажи и на Вилма нека ја подготви бањата и нека направи чај од оној, мешаниот, за смирување - од маточина, риган и мента. Ништо повеќе...
        - Јас ќе направам господине, - побрза Ханс да се стави на услуга, - Вилма отиде во градот, зарем заборавивте дека денес е ден за набавка на намирници. Уште рано изутрина отиде со Фриц...
        - Прости Ханс, целиот сум сметен... Да, заборавив дека денес е Четврток. Нека, одмори се ти... Ти си имаш своја работа... Јас ќе се погрижам за госпоѓата, - потоа, и како да сакаше да ја искра како мало дете но и да ја успокои, да и влее сигурност оти крај него никој ништо не може да и направи, и рече на Лујза, - Премногу работиш мила... Преморена си...

                                                                                           хххххххххххх


        - Миличок, денес е четврток, - рече таа.
        - Да, како и секој четврток, - и врати тој.
        - Знаеш ли дека сум родена во четврток.
        - Навистина!?
        - Би било романтично четврток да ни биде посебен ден во неделата. Да одиме во театар, кино, да се видиме со пријатели, да поканиме гости... Да му дадеме посебно значење на овој ден во неделата.
        - Важи, - прифати тој, - Ако ми ветиш дека во четврток нема да шиеш и дека само мене ќе ми се посветиш.
        Таа седна до него.
        - Понекогаш силно ме интересира да знам кој се шиел на машината... Како да им ги чувствувам душите во неа... Времето во коешто живееле...нема да ми веруваш, но додека го шиев фустанот на онаа докторката имав впечаток како да шијам фустан за бал на некоја грофица. Го гледав пред очите,,, Секоја ситница можев да ја воочам на него... Исто како моја креација да е, како јас да сум го шиела...
       - Можеби докторката во некој претходен живот била грофица, - се нашегува тој.
        - Кога толку знаеш, кажи ми што сум била јас!? - праша таа, накривувајќи ги главата и телото, додека со едната рака се придржуваше за неговиот врат - Мислиш дека сум можела да бидам некоја благородничка? Или, - тажен израз на лицето ја врати во исправена положба, - Или повеќе ми прилега да сум била тешка селанка, слугинка во некоја богаташка селска куќа?
        - Мислам дека си била најтажната девојка во тоа време, оти ме немало мене во него!- ја прифати тој со едната рака околу половината и ја смести се леснотија во скутот, а откако го изведе тоа, со другата ја заскокотка по ребрата...
        Таа потскокна како пинг – понг топче одбиено со ефе, па му се отргна со кикот од скутот.
        - Франц, престани ! – рече сеуште кикотејќи се, - Ќе ме угушиш.
        - Пак ме нарече така! – неговото лице наеднаш се стори сериозно, - Марија, зошто ме викаш така?
        Таа не беше сведок за изразот на неговото лице, оти токму тогаш го отвори фрижидерот и извади од него тетрапак пакување со сок од кајсија, па одејќи кон шанкот, над кој имаше полица со чаши, рече:
        - А како тоа сака господинот да го викам?
        - Како сакаш, мила, само немој Франц... Почнуваш да ме плашиш.
        - Франц!? – и залитна нејзе името со голтката сок во грлото и се закашла силно, - Што ти е тебе.... – се закашла таа посилно и подолго од првиот пат, - Каков Франц те спопаднува во последно време! - отпи подолга голтка од сокот, празнејќи ја чашата повеќе од половина, помина меко со малиот прест од раката во која го држеше тетрапак пакувањето преку усните бришејќи ги трагите од ското што засветлија на валите влакненца над нејзината горна усна, завајќи им симпатична воочливост, па седна пак до него - Сакаш? – го праша , па пред тој да одговори ја наполни чашата и му ја подаде.
        - Оваа машината, како да те маѓепса, - забележа тој, прифаќајќи ја полната чаша со сок од кајсии, - Не е лоша идејата четврток да го прогласиме за посебен ден.
        - Маѓепса не е најсоодветен збор! – рече таа, - Можеби само ми е инспирација плус. Има некоја сила што ме храни од неа. Веруваш ли дека воопшто не чувствувам замор. Секој ден ми се јавуваат некои нови клиентки. Денес ми се јави онаа пеjaчката што и шиев пред две недели фустан... Ќе снимала спот за новата песна па сака да и сошијам три фустани... Рече, утре ќе дошол нејзиниот менаџер и ќе донел модели...
        - Сето тоа е убаво, но твојата претераност искрено ме плаши... Од друга страна пак, почнуваме да се оддалечуваме... Колку време не сме...
        Замолча. Одеднаш сфати дека му е непријатно да го каже тоа што го мислеше. Како да разговараше со некоја непозната жена а не со неговата законска сопруга.
        - Што? – се насмевна; по образите и се разлеа румена топлина на слатка возбуда; нешто и ја заскокотка крвта, сети разливање на здив на јужен ветер низ целото тело...
        - Навистина, кој ти е тој Франц? – праша тој, - По трет пат ми се обраќаш со тоа име.
        Како балон што издишува, пуштен слободно во воздухот, таа стана и се оддалечи неколку чекори од него.
        - Сакаш да ми накалемиш нешто? – праша со израз на недоверба во очите.
        - Да не си деноноќно над машината, може и би ... – се насмевна тој.
        - Не си нормален !
        Со нагласена лутина таа излезе од собата.
ЌЕ ПРОДОЛЖИ
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2008 во 11:27
СЌУТУЧЕНО ВРЕМЕ

        Ноќта беше празна. Како и сите ноќи во долгата и недогледна низа што се именуваше со именката години свртени со болка во очите кон назад.
        Чекорите на задоцнетите девојки одамна завршуваа во џебовите на дежурните таксисти.
        Ниту пците не лајеа како што лаеја некогаш, кога ја испраќаше пред да почнат вестите на националната телевизија, договорен со сенките на дрвјата и на старите куќарки во нејзиното маало да ги стаишат воздишките по неа од сите што минуваа по нив, а за возврат да им ја остави песната на нејзиното преплашено срце на ранобудна препеличка во неговиот сон.
        Времето беше рамка а во неа само еден миг фатен во мрежата на немоќта да се избрише и опоточен со бигорот од душата.
       - ... Кој к*р сакаш пак сега! – беше тој црвен во лицето
        - Потивко, бе, луге има! – шепна таа, погледнувајќи кришум лево – десно, очигледно дека и беше непријатно, дека поприфатлива би и била во тој миг опцијата в земја да пропадне од состојбата во која се наоѓаше.
        - Преку к*рот ако имало! – се давеше тој, му беше сеедно дали имаше луге, му беше сеедно како се чувствува таа и што беше поприфатливо за неа во тие мигови, душата му беше полна со каловина со мирис на скапано лисје - Кога се ебеше со него не ти беше важно кој се ќе те види.
        - Ти не си нормален! – се прекрсти таа.
        - Покрај тебе јас заборавив што значи да си нормален. Марш бре у пизду материну, ороспијо една.
        И...:
        како да тресна тенекија од кров на некоја зграда;
        како да згазна некој надуена најлон кеса со тврд ѓон на војничка чизма;
        како остар ножа да го расече топлиот воздух на летна ноќ...
        Некои од минувачите се свртоа, ама никој не праша што се случило и никој не се вмеша во нивната расправија. На ливните лица збунето застана за миг времето, сосема кратко, и пак се беше како и пред тоа.
       Само таа не беше повеќе истата. Со печатот на неговиот гнев, црвен како жар на нејзиното бело лице, таа ја наведна главата криејќи ги и белегот и солзите и си замина.
        Всушност, ништо повеќе не беше исто – само онаа грутката што почна да го дави кога го напушти гневот си остана иста и никако не сакаше да излезе од неговото грло. И сега, после дваесет години, таа пак го давеше, го гушеше, го стегаше во грлото.а ракот одамна му го извадија од таму ( од цигарите и пиењето го заработил, рече докторот, иако тој и без тоа си знаеше од што беше) и му вградија апаратче во него преку кое испушташе некакви шумови со кои се разбираше со домашните и пријателите, (за овие вторите никогаш не се увери дека ги има) иако ниту тоа не му требаше, немаше потреба да се разбира со никого веќе дваесет години.
        Во него се беше празно. Беше црна дупка во сопствената вселена. Каловината што мислеше дека ќе истече од него кога и го залепи шамарот, не најде вентил да истече: нови пластовија се наталожија еден врз друг, друг врз трет, притискаа во душата и со секој нов ден ја исполнуваа со уште потешка реа на очај и самоизеднина. Всушност, тој повеќе и немаше пртсттава за себе дека постои, целиот беше празнина која самата себе не се чувствуваше. Само мисли имаше во главата ама и тие не беа како некогаш, туку тоа беше една огромна, испокината пајажина, оптегната од едниот до другиот ѕид на неговото непостоење.
       


Празна е ноќта,
Чокорите на задоцнетите девојки
Одамна веќе завршуваат
Во џебовите на ноќните таксисти,
Ни пците не лајаат како што лаеја некогаш
Кога те испраќав пред да почнат вестите
Во ударниот термин на националната телевизија
Договорен однапред со сенките на дрвјата
И старите куќарки во твоето маало
Да ги сокријат воздишките по тебе
од сите што ќе минат по нас
а за возврат им ја оставав песната на
твоето преплашено срце
на ранобудна препеличка во мојот сон.
Празна е ноќта...

        Но тој знаеше дека песната нема никој да ја прочита, најмалку таа. Сепак ја напиша, како и сите други за неа, оти додека ги пишуваше го чувствуваше своето постоење преку болката, го чувствуваше нејзиниот мирис, биењето на нејзиното срце, нејзиниот здив, допирот на нејзината коса, насмевките...
        Но ноќта донесе чекори – некој како да трчаше по улицата.
        По него друг.
        Чекорите застанаа пред неговата куќа.
        - Остај ме! – рече женски глас.
        - Не можам! – рече тој,
        - Твојата љубомора ме плаши!- рече девојката.
        - Те сакам! – призна тој.
        - Готово е... - пак таа.
        - Кој к*р сакаш бре! – се вцрви сегА момчето од лутина во лицето, - До кога по газот да ти одам.
        - Не дери се, лугето спијат! – рече тивко девојката со чувство на непријатност во гласот.
        - Преку к*рот ако спиеле! – се засили кај него гневот.
        - Ти навистина не си нормален!
        - Покрај тебе заборавив што значи да си нормален!
        Тој посака да викне кон момчето, да го спречи неговиот следен гест, но само шумолење излезе од апаратчето во неговото грло, немоќно да го допре дури и свежилото на зимската ноќ пред отворениот прозорец.
       - Марш бре, у пизду материни, ороспијо една.
        И:
        како да тресна тенекија од кров на некоја зграда;
        како да згазна некој надуена најлон кеса со тврд ѓон на војничка чизма;
        како остар ножа да го расече свежиот воздух на зимската ноќ...
        Потоа ноќта пак се стори празна.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2009 во 12:14
ЧОВЕКОТ И ВРАПЧИЊАТА


          Повеќе никој не помнеше дали дојде од некој друг град, ниту пак пред колку точно време првпат го видоа таков по улиците на нивниот град.
        Повеќе никој не гледаше ништо необично на него, на неговата парталава облека, на неговото брадосано ковчесто лице, на кое само јаболкниците доаѓаа до изреаз, на неговите секојдневни и долги ревизии на кошчињата за отпадоци од кои вадеше остатоци од храна – корки бурек, парчиња леб со мирис на печена колбаса, недојадени кифли со мармалад или сирење, или пак претураше од една чаша во друга капки останат, недопиен јогурт.
       Обично појадуваше после девет часот, кога завршуваше големиот одмор од претпладневната смена во училиштата – тогаш во кошчињата имаше најмногу храна и тој собираше се што вреди во мрсната војничка торбичка што му провиснуваше преку десното раме како срасната за него, како составен дел на неговата анатомија, седнуваше на една од клупите на плоштадот и вадеше од торбичката се што беше собрал претходно во неа.
        Но никогаш не појадуваше сам. Ќе ја отвореше ли торбичката, од крошните на блиските дрвја слетуваа врапчиња и го исполнуваа воздухот со песната на гладот, но не на гладот за трошки леб, туку тој секогаш со трошките ронеше и топлина од својата душа.
        - Самиот нема што да јаде, а ваму врапчињата ги храни! – се чудеа ситите, не може да го разберат.
        Но нему тоа воопшто не му беше важно. Колку повеќе топлина ќе исколвеа врапчињата од неговата душа толку помал беше гладот во неговиот желудник.
        А врапчињата ги имаше се повеќе и повеќе, доаѓаа сосема близу до него, на клупата, на рамото му слетуваа и пееја сито.
       И тој беше сит со нив.
       Еден ден, од забава, ситите купија векни бел, топол леб од фурните; кршеа од лебот и фрлаа парчиња среде насобраното јато врапчиња пред клупата на која седеше бездомникот и ронеше човечка топлина од душата заедно со ронките сув, тврд леб.
        Врапчињата не сакаа од нивниот леб. Тие се исплашија од ситоста на ситите и одлетаа во крошните од каде што секое утро во тоа време долетуваа да колваат ронки топлина од душата на бездомникот.
        Долго време ситите ги пцуваа врапчињата и нивната неблагодарност.Потоа ги изгазија гневно со нозете векните и се разотидоа.
        Суетата толку им ги заслепи очите, што не може да видат како душата на бездомникот заплака со солзи за врапчињата што останаа гладни.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2009 во 11:55
БАКСУЗ



      Откако го знаев, а го знаев целиот мој живот, тој уплаќаше седмично по едно ЛОТО ливче. И секогаш истите осум бројки ги комбинираше по седум во комбинација на ливчето со осум комбинации. Беа тоа неговите најсреќни броеви, броеви од најсреќните датуми во неговиот живот. Годината денот и месецот на раѓањето, датумот од враќање од ЈНА, датумот на неговата свадба (всушност, свадба никогаш не правел, ама за тој ден го сметаше денот кога се регистрирал со жена му и со кумот и кумата отишле да се почестат во слаткарница по тој повод), денот и месецот на раѓањето на синот, денот на раѓањето на ќерка му се поклопуваше со денот на неговото враќање од војска, а месецот со денот на раѓањето на син му... Последната срќна бројка ја доби од бројот на обидите да положи за возачка дозвола (21) а топчето со овој број на грбот најчесто излегуваше од барабанчето сите тие години... Но повеќе од четири броеви во една комбинација не успеа никогаш да погоди...
      Од седмица во седмица, од месец во месец, од година во година... Дваесет и осум години, без прескокнување на ниту едно коло...
       - Кога среќните броеви ми се баксуз, какви ли ми се баксузните! – ми се поплака еднаш, после едно извлекување, кога трите последни извлечени топчиња од барабанчето беа за една бројка погоре од тие што тој ги имаше во комбинацијата.
       - Мора да се среќни, - му се насмевнав сочувствително.
       Тој одмавна со раката.

       - Се видел мојот `ксмет, - промрмори горко.
       - Сепак, да се обидеш ти со баксузните бројки! – ми светна и му дадов силен к*раж, - Ако среќните се бакзуз во играта, сигурно баксузните ќе ти бидат среќни...
       Тој се замисли за миг, па развлече озареност по лицето...
       -Има некоја логика рече...
       Пак се натажи.
       - Човеку, мене секоја бројка ми е баксузна... Нема година, нема дата, нема месец за кој не ме врзува некој лош спомен...
- Од лошо и полошо имало, - реков, - Кои ти се најбаксузните, тие одбери ги! Ај, ќе направиме приоритетна листа.
       После неколку варијанти, седејќи во крчмата во која редовно, секој месец, кога земавме плата, ја благословувавме истата со пиво и ќебапи и се усмрдувавме за цел месец со мирис на кромид, но сега само со едно пиво и два чаши, успеавме со судни маки да ги издвоиме најбаксузните бројки во неговиот живот...
       Надежта светна во неговите очи и за час ја пробуди во неговите вени заспаната страст на ЛОТО играч.
      - Види го ѓаволот ќај се криел, стопанката негова! – се расположи тој веќе како ливчето да му беше добитно, како стрелата на среќата да ги пронижа сите седум баксузни броеви во среќна ниска...

      Имаше силно претчувство дека ќе добие.
      А јас, на крајот на извлекувањето на седмото топче од барабанот никако не можев да верувам дека учествував во создавањето на добитната комбинација од најбаксузните броеви.
      - Еј, се криеш... Ма срам да ти е... – го искарав, а гласот ми минуваше низ слушалката и ми одѕунуваше како ехо во увото, полн со радост, силна, искрена радост...
      - Марш бре, у пизду материну ! – ми отсече гласот од другата страна на линијата луто, а пред да ми ја спушти слушалката крвав плач потече по линијата, - БАКСУЗУУУУУУУУУУУ!!!.
      Пак ѕавртев, но сега никој не крена слушалка.
      Три дена, после овој разговор, во клиниката за неврохирургија, а под надзор на професорот Јовчески, жена му се борела со смртта која и се заканувала озабена како најстрашно сениште од тешките конфузии на главата што и ги предизвикал тој со големиот кристален пепаларник, кога утврдил со стопостотна сугурност дека таа ја испрала неговата единствена кошула во машината за перење сосе ливчето на кое заедно ги искомбиниравме по седум во колона осумте најбаксузни броеви во неговиот живот. На четвртиот ден се предала.
       Беше шеснаесетти мај, а тие два броја последни излегоа од барабанот при последното извлекување на неговата омилена игра на среќа.
       Сакав да отидам со букет цвеќе на нејзиниот погреб и да и изразам последна почит, но не можев. Се чувствував виновен. Како да го разбудив заспаниот ѓавол во нивниот живот. А толку убаво и среќно си живееја во сиромаштијата...


БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2009 во 11:57
ПЛЕТАЧКА

        Свеќата на спомените фрла тивка, бледунѕава светлина врz нејзините старечки, ратсреперени раце додека расплетува лелеци и нечујни шепоти од џемперот на времето што остана нерасплетен во нејзиниот ормар на стара мома.
        - Што ќе правиш со волницата? – ја прашав.
        Сетив во срцето како се несмевнува тажно со своите крупни, зелени очи во кои некогаш живееше еден сон за една принцеза што мечтаеше да дочека старост и да плете џемпери за своите внучиња, додека нејзиниот дедо ќе вежба предење на стар мачор исполнувајќи го ќошот на каучот со својата клупчеста форма.
        - Така, колку да биде расплетена! – рече, а не ја подигна главата, не ме погледна, иако солзата што ја осветли темнината во нејзината огромна душа и се разлеа мигновено по контурите на болката во неа откриваше дека силно сака да го стори тоа. – Можеби ќе го сплетам повторно еден ден.
        Знаев секогаш кога во душата и тежи вина.
          - Од таа гнила волница не може ништо да се сплети, - реков.
          Нема ништо посурово од искреноста во човечкото срце.
           Видов: таа истрпна, еден миг како да се разбуди од длабок, долгогодишен сон, ме погледна луто, како да ми се нлути дека ја разбудив, а потоа брадата и затрепери, па ја фати со раката и ја држеше миг два како да лепи парче од скршена вазна и рече:
        - Не е важно... Ќе го сплетам и ќе го натплетам...За секоја изгубена година по еден ред ќе натплетам.
        Знаеше дека тоа не е можно...
        - Убави шари имаше, - рече и пак се насмевна така тажно и за првпат ме погчледна, - Нели?
        - Не менувај ги шарите, - ја замолив, - Ми се се допаѓаа...
        Болеа тие шари но навикнавме на нив – две судбини над црн извор вода што пијат.
        Свеќата догоруваше тивко... Таа уште некое време ќе расплетува, а јас уште толку ќе се насладувам од топлината на нејзината близина...
        Ја гушнав.
       
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2009 во 01:29

Мајката со едно око

 
Мојата мајка имаше само едно око. Ја мразев...беше срам за мене.
Во нашето училиште таа подготвуваше храна за учителите и за нас.
Еден ден мајка ми влезе во класот и ме поздрави. Ми падна толку многу срам што ќе пропаднев во земја. Како само можеше тоа да ми го направи?
Ја изигнорирав. И упатив поглед полн со омраза и побегнав.
Подоцна сите мои пријатели ми се подсмеваа и ми велеа: Хаха твојата мајка има само едно око хаха!

Пропаднав в земја и посакав мојата мајка да ја нема! Кога повторно ја видов станав и и реков: "Ако повторно мислиш да ме исмејуваш во класот, подобро ти е да умреш! Мајка ми ништо не ми одговори..
Не застанав ни за момент да размислам што реков. Бев полн со омраза и бес во себе. Бев незаинтересиран за нејзините чувства. Едноставно што сакав е да побегнам што подалеку и да немам никаков контакт со неа.

Се посветив на учењето. Добив шанса да одам во Сингапур и да студирам. Бев пресреќен! Се оженив, купив куќа и добив свои деца. Бев среќен со својот живот, со своите деца, иако живеев во друга земја.
Но еден ден дојде мојата мајка да ме посети. Ме немаше многу години видено, а и внуците исто така. Се појави на вратата. Моите деца почнаа да ја исмејуват. Јас почнав да и се дерам: "Како можеш да доаѓаш туку така непоканета и да ми ги плашиш децата??! Гони се одтука и да не те гледам!
Мојата мајка само тивко одговори: „Извинете, мора да сум ја погрешила куќата„ и замина...
 
После неколку години пристигна писмо до мене. Повикан сум на матурска. Ја излажав жена ми дека треба да одам на службен пат. После прославата, од радозналост свратив до стариот дом. Кога ме видоа соседите ми рекоа дека таа е веќе мртва. Ниту една солза не пуштив. Ми дадоа едно писмо и ми рекоа дека е од неа...
 
„Мил мој сине
Мислев на тебе цело време.
Извини што така упаднав во твојата куќа и ти ги исплашив децата.
Ми беше драго дека си успеал во работата и дека ќе дојдеш на прославата овде.
Јас можеби нема ни да станам од креветот да те видам.
Жал ми е што секогаш те срамев и ти бев терет.
Кога беше мал се случи една несреќа и ти го изгуби едното око.
Како мајка не можев да поднесам да растеш со едно око.
Докторите те прегледаа и ми рекоа дека е можно.
Тогаш јас ти го дадов моето...
Бев пресреќна кога знаев дека мојот син, го гледа светот за мене преку тоа око..
                 Со љубов, секогаш за тебе
                                    Твојата мајка
 


Изменето од EvAngelos - 20.Март.2009 во 01:33
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2009 во 18:11
NESPODELENA PRIKAZNA CUENA
KRAJ NIVA


Koga bev kraj ridot so zemjodelcite tie pocnaa da raskazuvaat za onaa slucka sto se sluci pred desetina godini. Ne, ne bese sluckata za Ganeta i digitalniot livadski med preku internet sto go bea poracale nekoi germanci... Taa nekoi vekje i onaka ja zaboravija. Ne bese nitu za posetata na ministerot za zemjodelie koga ugledniot minister Dembilov zgazna vo kravji lajna... kutrata Mare ziva se izede koga DNK analizite pokazaa deka lajnata bile od nejzinata krava! Celata slucka i ne kje bese problem da stocarot Petre ne mu kazese na zbunetiot i istovremeno iznerviraniot vladin pretstavnik oblecen vo sako so vratovrska:

- De bre g-dine Dembilov kaj gomna celo vreme jadete na televizija kaj uste pa vo lajna gazite...!

Nabrgu posle toa nova partija dojde na vlast, ministerot se smeni i toa padna vo zaborav. Na Mare i olesni najmnogu, deka bese k u r t u l i l a od izmetnata prijava. A i na kravata i olesna, slednoto utro povtorno mukase vo MILKA stil.

Selanite sega raskazuvaa za ona sto bese seuste zivo vo nivnite glavi kako da se slucilo vcera, ili nebare denes. Julskoto sonce pecese visoko na neboto, povekjeto sedea vo ladovinkata pod dvata orevi. Odmaraa od sobiranjeto klasje, kombajnite bea na generalka kaj Stojance koj namesto da gi sredi, gi zakluci vo kombajn-hangarot kaj nivata na Alija, i si ja zduvna na odmor vo Balabanovo.

Raskazuvaa mezejci so gaziranata rakija sho bratuched mu na Petreta ja bese donel od pecalba vo Kanada i domasnoto ovchjo sirenje. Slusav, slusav, i sluckata mene mi se vide tolku glupava i dosadna sto smetav deka ne e ni kulturno, ni zemjodleski, ni interesnbo da im ja raskazuvam na forumdziite sega koga tie i taka se zafateni so smislvanje i kucanje na svoite raskazi, osven toa se blizese i terminot vo koj na televizija raskazuvaa za delata i nedelata na nekogasniot pretsedatel na edna drzava koja vece ne postoi.


Изменето од Majkl - 21.Март.2009 во 18:25
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.