IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - kejt-d-grejt
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

kejt-d-grejt

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 40>
Автор
Порака
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2009 во 20:22
       НА Е...
 
Додека те гледам на тие штици како стоиш
без право на избор на сценарио и улога,
зависен од суфлерот
и рам-там-там музиката која ти диктира темпо,
сакам да викам, да се дерам,
сакам да пцујам и протестирам
оти ти миличко не си за тука,
оти нема улога толку главна
за да е рамна на тебе.
 
Ех, да не ми беа толку кратки нозеве,
па да можев облак да ти симнам
Или челична тупаница да имав,
светов да го здробам недостоен
и животов скржав за среќа.
Не можам ни молба уредна со таксена марка
да заверам
и добијам право
на дел од товарот плеќите што ти ги подвил.
 
Можам само да се затворам,
светло да изгасам
и Janis Joplin да ја поканам
на чашка топла болка
 
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2009 во 00:56
Пак ли те јавна несоница
што те нема на зборното место
во паркот,
кај мовчето,
до реката,
над клупата,
во гранките на липата,
во нашето седело?

Не го сакам веќе мирисот на снегот.
Одамна ме измори спокојот.

Растрепери ги листовите,
Оживеј ги цветовите
- и мене со нив.




Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2009 во 23:29
ГИЛТИ

Ги побара моите разголени мисли
на тацна ти ги послужив
помирливо, без збор.

Сега е на тебе
и редот и пресудата:

ќе ми помогнеш ли одново да се родам,
или ќе одлучиш никогаш да не сум постоела

 




Изменето од kejt-d-grejt - 17.Март.2009 во 12:43
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2009 во 01:17
Originally posted by kejt-d-grejt kejt-d-grejt напиша:

ГИЛТИГи побара моите разголени мислина тацна ти ги послуживпомирливо, без збор.Сега е на тебеи редот и пресудата:ќе ми помогнеш ли одново да се родам,или ќе решиш никогаш да не сум постоела

woow
последново ептен погодува
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2009 во 00:15
се сеќавам...
     на денов што доаѓа...

одбојка од зборови,
    бесмислени,
          потфрлени,
и ептен многу смеење,
    скокоткање,
          кикотење...

се местат, се мрестат неспокојот и болот
ќе ни го простат ли некогаш нашето постоење?




Изменето од kejt-d-grejt - 20.Март.2009 во 00:38
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2009 во 19:27
              
                намигнувањеголемо%20гушкањеплазење
              --------------
              --------------

Ќе ти напишам песна, мазна и мека,
ќе ти напишам песна без зборовисреќа

Од здивот твој и шепотот ќе направам рима,мечтаење
дај ми парче душаљубов, за да биде силна
грст твои прегратки големо%20гушкањеда ми е топла,
и ноти ќе напишеме од смеата твоја.смеење

А запирките и точките, моето мрморењечекање
прашалници бескрајни, оти? зошто? како?изненадување
(љубомората)
изнервираност ај во загради да ја ставиме
и три извичници големи на крајот да направиме

      НАЈМНОГУ ТЕ САКАМ!!!бакнеж


Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2009 во 19:34
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2009 во 10:41


Знаеш... јас ја сакам меланхолијата.
Ја сакам и ја почитувам - се' додека нема траги на очај.
И тоа...не само заради тоа што има убаво име.
Туку...
Сакам... и мазохистички уживам кога ми ја гребе душата со нејзините лакирани нокти.
Вешто сместува пинг-понг топче во грлото... кај што се голта...
а устата ја суши...
корупки ја прави....
небаре сркам сол со лажица...

Ноќе...кога сите ќе заминат...
и маските ќе ги оставам на полица да праноќат...
таа станува моето презиме:
- Кејт Меланхоли




Изменето од kejt-d-grejt - 31.Март.2009 во 10:42
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2009 во 21:56


                 Ај...само на кратко!!!

            кратка прошетка
                 кратки ракави
            кратко еспресо
                 кратки моменти
  кратко...
слатко...
  кратко...

                                   И она твоено, познатоно...
                                        краток е животот!






Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2009 во 12:47
       ЗНАМ ДУШИЧЕ тага


Знам како ти е
кога изворот пресушил,
а ластунките зинати во тебе
гледаат ко во Бог.
Знам како е кога
дарбата твоја ја гледаат како зло.

                Стани,
                орај,
                ручај,
                копај,
                легни си...
                ...
                стани...
                ...
                орај...
                ...

А копнееш да сфатат,
мафташ ко лудак со раце и нозе
да објасниш,
да доловиш,
овците да ги научиш англиски да зборат
за да можат Шекспир да го читаат
во оригинал.

Знам како ти е
оти и јас мафтам.

Гушка???
ммм???






Изменето од kejt-d-grejt - 05.Април.2009 во 12:52
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2009 во 08:44
ммммм......појма немате колку беше убаво утрово. Хевн он 'рт - или во превод, полнач на батерија за мобилен. Му се извинив на млекарот во мислите што го опцув кога го затворив телефонот во шест и пол.
- мхм...
-„“’*&’“ѕvж„@dr*-;
- мхм...да...
- „@#$..-&*(s<..
- да...да...во ред...
- еј, извини ако те разбудив
- нема проблем и онака требаше да станувам зевање
Го отворив прозорот и ја видов комшиската мачка, ни дошла во двор на гости. Право да ви кажам, од сите станари на таа троспратна куќа, само мачката ми е симпатична. Е па, како добра домаќинка, излегов во двор да и' правам друштво.
По пижами.
И по влечки.
И по бушава коса.
И по немиено лице плазење
wow...колку беше тивко. Како да не е понеделник. Само птице су цвркутале (болен бљак ми е од вакви лигави романтични реченици, ама за моментов стварно одговара...хахахахах.....)
Се насмеав на една симпатична забелешка од пред некој ден,
,,Мамо, мамо, гледај! На дрвото пораснале цвеќиња,,
(мајкина умница-убавица)
И не, нема да ви кажам ништо посебно и спектакуларно...
Нема гром од ведро небо, ни Спајдермен неочекувано слета во мојот двор, ни помрачење сунца, ништо такво...
само....
дека ми беше убавосреќа


Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2009 во 09:13


P.S. Supermen leta, ne Spajdermen (Spajdi skoka)
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2009 во 09:34
лутина е за инает, јас си имам Спајдермен што летане%20зборувам
и мачката од комшијата лета, ако сакаш да знаеш


Изменето од kejt-d-grejt - 13.Април.2009 во 09:35
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2009 во 09:47
 
 
  хи,%20хи...   смеење   големо%20гушкање
 
 
секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 40>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,938 секунди.