![]() |
|
Посни јадења |
Внеси реплика ![]() |
страница <12345 14> |
Автор | |
Enigma ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 11.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 9984 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
gi sakam site posni jadenja
|
|
Mojata dusha ne e pateka,da minesh i da zaminesh,mojata dusha ne e kamin da se zgreesh i da zaminesh,mojata dusha e bozji hram-vleguvash i ostanuvash tamu
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
So ogled na toa deka postam vo sreda i petok
si imam lista so posni jadenja..
Sendvic so tuna i pita so kompir
Mi se omileni...
![]() |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
..posna sarma..posno gravce... crveno pire...
![]() |
|
![]() |
|
polzavce ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Туна слалата Туна од конзерва се меша со ситно сецкан свеж спанаќ, ситно сецкана марула,младо кромитче, морковчиња сецкани на коцки (од туршија), соја сос, малку на врв на прст оригано и сето се полева со маслиново масло............уффффффф, прсти да излижеш |
|
![]() |
|
polzavce ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Салата од макарони Се варат макароните ( посни без јајца во нив). Се мешаат со моркови,краставички и карфиол од туршија сецкани на коцки и сето тоа се меша со посен мајонез.............исто така убаво........ |
|
![]() |
|
polzavce ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Салата од леќа Леќата се вари, па во неа се додава варен зеленчук по желба (морков, грашок, пченка, боранија, брокула и сл).Се зачинува со маслиново масло, сол, соја сос, бибер......... |
|
![]() |
|
polzavce ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Пржени буковки во сос од лук Ситно сецкан лук се пржи на маслиново масло на тивок оган. Се додаваат печурките буковки (свежи) и се пржи кратко време. Потоа се додава малку бело вино и вода (може и млеко од соја по желба). Се крчка на сосема тивок оган додека сосот стане густ. Ако го сакате погуст може да додадете разматена смеса од малку интегрално брашно и вода. Зачини нормално по желба: сол, вагета, бибер и сл........... |
|
![]() |
|
polzavce ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Полнети пиперки со соја трошки Се попаруваат трошките со врела вода. Стојат така десетина минути и се цедат. Им се додава сенф и маслиново масло и стојат така уште десетина минути. Во меѓувреме се пржи лук, кромид, морков, целер,спанаќ, карфиол, брокула ( сите ситно сецкани). Се додаваат соја трошките и варен интегрален ориз.Зачини по вкус. Сето тоа се пржи на тивок оган и потоа со смесата се полнат пиперките. П.С Со оваа смеса можат да се наполнат свежи или суви црвени пиперки, листови од свежа или кисела зелка ( во форма на сарма), со компири да се направи мусака и слично |
|
![]() |
|
polzavce ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Супа со интегрално просо Ситно се сечка лук, кромид, многу морков, брокула, карфиол целер (или други зеленчуци по желба) и се ставаат во млака вода. Кога ќе омекнат се додава рендан компир кој ќе ја згусне супата (или се може убаво да се изблендира и да се добие крем супа). Потоа се додава интегралното просо и си крчка сето тоа на тивко. Се ставаат малку сол и многу бибер. Откога ќе се тргне од шпоретот се става сув или свеж магдонос. Потоа секој во чинијата си става по една лажица маслиново масло и лимон или јаболков оцет ( по желба) П.С Посно, здраво, ептен вкусно |
|
![]() |
|
polzavce ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Еве луѓе вака јадам јас сега кога постам..............а и кога не постам....... Рецептите се едноставни, обични, како нашата традиционална кујна само без месо.......... Ќе ви пишам и други рецепти понатаму...ако пројавите интерес......... |
|
![]() |
|
Delfin ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Пожавче да пише некој посен рецепт |
|
![]() |
|
Valeta ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 24220 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Чорба од соја
250 гр. соини парчиња 150 гр. свежи шампињони 1 главица кромид, 1 лимон, 100 гр. масло за јадење, 1 лажица вегета, магдонос црн пипер. Се прелеваат со топла вода соините парчиња,и отстојуваат,кромидот се сецка и се пржи со маслото, се додаваат исецканит ешампињони. Соините парчиња се цедат се додаваат во кромидот и печурките, се динста поклопено.За време на динстањето додаваме од водата во која киснеа парчињата соја. Зачинуваме со вегета, црн пипер. Се вари на тивко околу 40 мин. На крај додаваме сецкан магдонос и сок од лимон. |
|
Вистината е нашата најценета сопственост. Затоа ја употребуваме толку штедливо.
|
|
![]() |
|
Valeta ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 24220 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Чорба „сваштара“
2 моркови 1 тиквичка 250 гр. грав 2 излупени компира 2 домата, корен од целер. главица кромид,100 гр. ориз масло за јадење, сол и црн пипер. Во тенџере на оган се вари гравот,компирите,морковите и целерот се сецкаат на коцки. По 30 минути гравот го тргаме од оганот и го цедиме. Во тенџере се додава маслото,кромидот и се запржува, се додаваат парчињата целер,морковите и компирите, исцедениот грав, тиквичката и излупени и исецкани домати. се налева вода околу 2 л. Вариме на тивко 1 час.Потоа во чорбата го додаваме оризот Се додава црн пипер и вегета. Чорбата се вари уште 20 мин. |
|
Вистината е нашата најценета сопственост. Затоа ја употребуваме толку штедливо.
|
|
![]() |
|
Valeta ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 24220 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
И нешто благо
![]() Посна торта со јаболка 2 јаболки 150 гр.сецкани ореви 50гр. суво грозје 1 мала лажичка сода бикарбона 2 лажици мармалад 150 мл. масло за јадење 150 гр. шеќер, 150 мл. вода. Во тенџере на оган ја ставаме водата,во садот ги додаваме шеќерот и маслото, и мешаме. потоа ги додаваме сувото грозје, оревите и мармаладот. Содата ја мешаме со брашното и ја додаваме во тенџерето , го рендаме едното јаболко на покрупната страна од рендето и мешаме.Тркалезниот калап за печење го намрсуваме со маргарин, и ја истураме содржината.Печеме на температура од 170 степени 40 мин.Ја вадиме тортата во чинија. Преостанатото јаболко го сечеме на тенки полукругови, и ги прелеваме со сок од лимон да не потемнат, ги редиме во форма на венец врз тортата, непокриената површина на тортата ја наросуваме со шеќер во прав. |
|
Вистината е нашата најценета сопственост. Затоа ја употребуваме толку штедливо.
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <12345 14> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |