|
Рака која подарува не се суши |
Внеси реплика | страница <12345 6> |
Автор | |
chuchuliga
Сениор Регистриран: 27.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Majka Tereza koga ja dobila nobelovata nagrada za mir i bila pokaneta na svecena vecera - go odbila prisustvoto na istata, bidejki so parite koi se dadeni za taa vecera ne znam kolku iljadi deca vo Indija mozhele da bidat prehraneti vo rok od edna godina. Kolku lugje znaete koi bi go napravile toa? I kolku lugje znaete koi se bi dale da ucestvuvaa na edna takva vecera?
Pred nekoe vreme sakav da ispratam sredstva za edno bolno devojce vo MK- podatocite (banka itn) bea dadeni na internet. Tie podatoci ne bea dovolni, mi trebaa adresata na bankata i na primachot. Se obidov da gi najdam, no ne dobiv odgovor...stalno dobivam pisma za pomosh na deca vo siromashnite zemji. Pomisluvam na mojata zemja, vo koja znam deka ima decinja koi sonuvaat paketce od Dedo Mraz. Megjutoa, nema kade da se prati. Jas ne mozam nekogo da finansiram, no, bi sakala ponekogash da pomognam, ako mozham. Povekje bi pomognala za mojata zemja otkolku za nekoja druga. Tuka vo Germanija ima mogu dobro razraboten sistem za donacii i ima t.n. "familii-neguvatelki" koi davaat po 30evra mesecno (1 dnevno) za nekoe dete vo Afrika ili Juzhna Azija ili Juzhna Amerika da mozhe da odi vo shkolo, da si kupi uchebnici.Toa im se odbiva od danok....Pa se dopishuvaat, decata prakjaat pisma, dobivaat podaroci od germanskite familii. .Treba nesto takvo da se organizira kaj nas vo MK i sigurna sum deka mnogu nashi od stranstvo bi pomagale. Bidejki - malku po malku, se sobira mnogu. Odnosno, taka najmnogu i kontinuirano se sobira... Inaku, pomagam kolku i kako mozham, bidejki mene mi se pomagalo mnogu. Toa e mojot nacin megju drugoto i da im se zablagodaram na moite dobrodeteli, koi za vozvrat ne barale nishto konkretno, no so toa se rodile prekrasni prijatelstva koi ne great do den denes. I ponekogash koga mozhe da me tresne nekoj po glava ili po nos, jas si prodolzhuvam da go pravam ona vo shto veruvam.(Porano se razocharuvav, stradav, si velev_oh, kako ne gledaat, sfakjaat...sega se pomalku i pomalku bidejki -toa e pred se - moj izbor.) Изменето од chuchuliga - 27.Декември.2008 во 18:09 |
|
Delfin
Сениор Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Од секогаш сметав дека секој јавен медиум треба ја одигра својата улога во анимирањето на хуманиот аспект од нашето живеење. Нашиот Форум Идивиди од секогаш бил така ориентиран , најчесто со анимирање и информирање ,а во рамките на можностите на членовите и со директна помош . Не ретко сме наидувале и на скептицизам но истиот секогаш бил поттик за уште посилно делување .
Како што секогаш девиза ни било ,, покажи со свој пример,, сакам да ве информирам дека со група членови кои за жал инсистираат да останат анонимни успеавме да организираме донација од пакетчиња ( направени по системот ,,од моето семејство за непознатото другарче,, ), за дечињата со посебни потреби, при училиштето Кузман Јосифовски Питу . Приемот на кој наидовме во училштето а посебно радоста на дечињата тешко е со зборови да ви ги доловам .
Правиме обид да не остане само на ова ,имаме активности кои веке течат но за нив ке ви пишам кога ке има нешто конкретно .
Ова не го пишав почитувани мои за да ве информирам ,туку повеке да ве повикам вас истомислениците да ни се придружите доколку имате конкретни идеи да изнудиме насмевка плус која верувајте нема цена !
Оние од вас кои ке се најдат себеси во ова нека ми пишат .
ЗА МНОГУГОДИНИ БОЖИК на верниците од Православна Вероисповед !
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова не го пишав почитувани мои за да ве информирам ,туку повеке
да ве повикам вас истомислениците да ни се придружите доколку имате
конкретни идеи да изнудиме насмевка плус која верувајте нема цена !
Оние од вас кои ке се најдат себеси во ова нека ми пишат .
--------------------------------------------------------------------------------------------- ... Sekoja cest za akcijata...a ushte pogolema SEKOJA CEST za anonimnosta... pa ubavinata e vo toa... podaruvanje za iznuduvanje detska nasmevka... Site nie MOZEME, MORAME i TREBA da da se najdeme sebesi tuka. Site nie mozeme da pomogneme bidejki vo site nas lezi HUMANOSTA, COVECNOSTA... Site nie mozeme da dademe neshto...malku... ili mnogu...odnosno koj kolku moze... zatoa shto ima lugje...deca na koi toa im e NEOPHODNO. |
|
KING35
Сениор shadow... Регистриран: 25.Ноември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 7624 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Sekoja cest za sekoja akcija na pomos.
Postojat mnogu nacini kako mozeme da pomogneme. Eve na primer jas i moeto semejstvo dva pati godisno site alista,igracki koj veke se smalile ili od razni pricini ne se upotrebuvaat uredno zapakovani gi predavame vo Crven krst. |
|
zivotot pisuva romani...a lugeto citaat stripovi
|
|
dusito
Нов член Регистриран: 13.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mnogu ubava tema!Bi trebalo da stane od zelba -praksa,a za toa se potrebni silni luge,rastereteni od site kompleksi,so otvoreni oci,koi ne se gledaat samo sebe ,tuku se sposobni da vidat i okolu sebe.Ne znam zosto imam custvo deka tranzicijava vo nasava zemja ja ubi humanosta.Nekoja luda trka po pari vo koja se zaborava na se.A sami ne mozeme da bideme srekni.Samo i tesko e da se pomaga,zosto treba mnogu da se vnimava kako da se napravi toa,za da lugeto na koi im pomagas ne bidat povredeni ili da se custvuvaat pomalku vredni.
Crkvata tuka moze da igra golema uloga ,no nasite svestenici se daleku od vernicite.Stom doma doagaat samo za slava i pogrem,ne znaat za potrebite i problemite na vernicite.Najlesno bi bilo da crkvata sobira donacii od luge,obleka ,pari,paketcinja i da znae komu da gi dade na koe semejstvo,ama tie se poveke okupirani so svoite biznisi. |
|
Dimon
Група Регистриран: 21.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 66 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А дали под хуманост се подразбира да се ослободите од ѓубрето дома, тоа ли е хуманост? И после се фалите дека сте хумани личности и сте правеле добри дела. Ако толку Ви е жал за луѓето кои страдаат зашто не купите нешто ново како што им купувате на своите деца и би им го подариле како ново, па после тоа фалете се кој колку е хуман. Или кога ќе го дадете ѓубрето уште па ќе се фалите за вашите добри дела, а патем и ќе чекате услугата да Ви се врати со тоа што заради Вашето ѓубре некој е уценет и треба тоа цел живот на ум да го има и да Ви биде измеќар во секое време.
Многу е лесно ѓубрето да му се даде на сиромавиот човек, само да знаете дека тоа не е добро дело. Како ќе Ви биде вам да дојде комшијата и да Ви даде пакет со стари алишта, како ќе се чувствувате тогаш, а како би се чувствувале ако Ви донесе нешто ново? Кога е радоста кога е нешто ново или нешто старо? Пред да се фалите размислете малку подобро. |
|
chuchuliga
Сениор Регистриран: 27.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За жал има и такви луѓе (и нации) кои за да се ослободат од отпадот го даваат „во добротворни цели“ и уште се декларираат за хумани. Се сеќавам на времето кога почна војната во Босна, пријатели босанци ни кажуваа како американски авиони фрлале „хуманитарна помош“ од авионите со лекови --- со поминат рок на траење. А познато е дека голем светски проблем е фармацевсткиот отпад. Па така ќе си најдат некои сиромашни душички за жртвички....
Сигурно има и на по - лично ниво такви работи какви што ги кажуваш, Димон. Но, не е секогаш така и не мора секогаш да е така.
Може да се случи да имам гардероба која сум ја облекла 2 пати во животов. Е практично нова . Само, сепак не ми се допаѓа, не ми доаѓа да ја носам ми виси во плакар без врска. Нема да ја фрлам во ѓубре. Давам на пријатели, ако сакаат (и обратно) а во Германија има и second hand продавници во кои се продаваат такви облеки. Тука нема ништо чудно, срамно, ненормално, нехумано или навредливо.
Во Германија има организации кои собираат стари облеки, чевли, штофови, ако не се искинати и неупотребливи. Се најавуваат неколку дена однапред и доаѓаат дома да соберат тоа што имаш. Потоа ги потсредуваат тие алишта ако треба да се потсредат и ги испраќаат во сиромашни земји кадешто луѓето немаат леб да јадат, а такви земји верувај има многу, особено на јужната полутопка. И тоа е прекрасно, бидејки зошто да фрлам во ѓубро нешто, ако е се уште употребливо, а мене не ми треба, не ми се допаѓа, сум се попраила - па ми се смалило или децата ги израснале облеките, ама тие останале како нови итн...
Значи и тука има многу финеси. Нормално е дека е навредливо и неубаво да ти дојде комшијата со својот неупотреблив отпад да ти го дава со некој „душебрижнички“ муабет. Тоа не личи на ништо, тоа е срамота за него и тоа не би требало да се случува. Изменето од chuchuliga - 19.Јануари.2009 во 11:15 |
|
Dimon
Група Регистриран: 21.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 66 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
До некаде бива, ама сепак ти се ослободуваш од ѓубрето, не ти се допаѓа, смалено, без разлика, ете ако би живеела во Германија и ти доаѓаат луѓе да го соберат старото и дали знаеш после што прават тие? Ти мислиш дека тоа ќе отиде кај луѓето кои немаат облека, но знаеш ли дека во Македонија има продавници кај што носат од Германија и од Шведска стара облека, а ние мислиме дека е нова(затоа што на продавницата нема декларација дека продаваат second hand)и разликата е околу 100 или 200 денари од реалната цена. Ќе земат од Германија или Шведска од починати луѓе ќе ги исперат, ќе им стават етикета и оп во Македонија ги продаваат како нови и тврдам дека вакви продавници има во секој град во Македонија, а никаде не пишува дека е second hand. Значи некој друг се богати на сметка на луѓето кои се ослободуваат од ѓубрето. Кога ќе му подариш на некого ново без разлика што и да е е тоа се вика добрина, штом еднаш е облечено веќе е старо, тоа е исто како кога ќе упиш кола и ќе ја возиш три дена, после тоа колата е стара неможеш да ја декларираш како нова, така и алиштата сепак се стари, а само новото и неотпаковано носи радост. И уште нешто значи облеката не се дава како хуманитарна помош без пари во сиромашните земји туку се продава во сиримоашните земји и во земјите во развој како што сме ние.
|
|
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Otvorenata raka i dava i ke zeme, zatvorenata ni ednoto ni drugoto
|
|
Delfin
Сениор Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
При првата посета на Основното училиште Кузман Јосифовски Питу во под чија закрила егзистираат и паралелките за деца со посебни потреби, односно деца со оштетен слух и говор во разговорот со нивните наставнички- дефектолози се запознав со нивните директни и непосредни потреби . Kако еден од најактуелните проблеми во разговорот се наметна потребата од Фотокопир со помал капацитет (Во желба да се следат светските трендови, како и потребата од индивидуализирана работа со овие деца наставничките ги користат искуствата кои ги прибираат на пр. преку интернет и ги имплементираат на хартија во форма ,,Задача за секое дете,, .Како немаат копир тие копирањето го плакале од свој џеб во локалната копирница ,што со оглед на висината на платите и долгорочно е Лошо и конечко се одразува на квалитетот на образование на дечињата ) . Поттикнат од тоа ,ја споделив идеата со Форумџии кои и друг пат биле хумано ориентрани и со заеднички сили успеавме да ги израдуваме во Кузман Јосифовски Питу со еден Нов висококвалитетен мултифункционален HP . Тешко им беше на лугето таму да поверуваат што им се случи и како е можно такво нешто ,НО , и понатаму стојам цврсто на личното убедување дека Сам човек можеби и не може многу НО ЗАЕДНО и со личен пример можеме многу .
ЖАЛ МИ Е ШТО ЛУГЕТО КОИ ПОМОГНАА САКАТ ДА ОСТАНАТ АНОНИМНИ А СЕ ТУКА МЕГУ НАС ,НО ТОА Е КАРАКТЕРИСТИКА НА НАЈХУМАНИТЕ !
Ако некој сака да се придружи нема да го врати никој
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тема: Деца со посебни потреби Испратена: од вчера во 00:49
Pokraj Zavodot za deca so osteten sluh vo Bitola vo cij sklop postoi i
internat, vo Skopje postojat dve paralelki nameneti tokmu za ovie
ucenici (ucenici so osteten sluh i govor).Toa se paralelki pri
redovnoto osnovno uciliste ''Kuzman Josifovski - Pitu'' i internatsko
smestuvane ne postoi taka sto najcesto go posetuvaat decata od Skopje i
okolinata. Organizaciite i lugeto koi sakaat da pomognat na ovaa kategorija mnogu lesno gi naogaat Zavodite ili ucilistata koi koi se celosno nameneti za decata so posebni poterbi, a najcesto vakvite paralelki koi se ostaveni sami na sebe se zaobikoluvaat ili voopsto ne se zemaat vo predvid. Toa ne bese slucaj vo komunikacijata so ovoj forum. Zato GOLEMA BLAGODARNOST do site onie megu Vas koi izdvoija del od svoite sredstva za da se obezbedi fotokopir, skener i printer namenet za ovie paralelki. ...................................................................................................................... Малку останува да се каже после ова. Само едно големо БРАВО... и ова бидејки оставив прво да напише Делфин па сега да се вклучам и да докажам. Наиме станува збор за деца со оштетен слух и говор односно глувонеми кои не одат во специјализирано училиште туку интегрирани во редовно основно училиште, но во 2 паралелки за глувонеми деца.Обично за децата со ПОП згрижени во специјализирани училишта се даваат многу донации, на овие деца многу често се заборава бидејки се во редовно училиште. Со нив работата дефектолози-сурдолози. Во еден неврзан разговор со Делфин тој изрази желба да ги запознае. Делфин -ова морам да го кажам, само молчеше и слушаше.. ТОЈ СЛУШНАдека дефектолозите работат индивидуално па дури и индивидуализирано со секое дете и бидејки тоа изискува и припрема на помошни материјали тие мораат често да копираат. Бидејки материјалната состојба во училиштата е таква каква е дефектолозите како и другите наставници сите потребни материјали си ги припремаат на свој трошок. Делфин кој СЛУШАШЕ по некое време успеа да натера...убеди...не можам да најдам друг посоодветен израз-збор уште некого да СЛУШНЕ и да одлучат да им помогнат на дефектолозите да не трошат од свој џеб а на децата да им се доближат многу убави работи кои ги нема во редовните учебници со подарубање еден фантастичен апарат. Решија и сторија Како реагираа... Па сите пробаа да направат по една копија од нешто и едни со други коментираа, ,,разговараа,, во еден глас,,...па се сликаа.... едноставно се радуваа ама со онаа детска радост кога се добива нешто што долго време го посакуваш а не веруваш дека ќе го добиеш Тоа требаше да се види, да се доживее. Јас им благодарам на овие МАЛИ луѓе со ОГРОМНИ СРЦА. И Делфин, јас од тебе научив дека сеуште постојат луѓе кои слушаат...кои при уши не се глуви...туку вистински слушаат Изменето од mamamd - 09.Март.2009 во 14:35 |
|
Delicia
Сениор *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
.....sekoja çest za humanite srca
|
|
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Една романска поговорка вели вака:
’’Пет минути помош значат повеќе од десет дена сожалување’’ кога сите би се раководеле по ова би имале многу ’’раце кои не се сушат’’. |
|
Sho-Sana
Сениор Регистриран: 24.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2944 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Rakata koja dava e sekogas NAD rakata koja zema.
|
|
Ако сретнеш човек со кој:
- вреди да зборуваш а не зборуваш, си го изгубил човекот, - не вреди да зборуваш а зборуваш, си го изгубил зборот. Мудриот човек не ги губи ни човекот ни зборот. Конфучиe |
|
Внеси реплика | страница <12345 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |