IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Проблемот со македонците од Егејска Македонија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Проблемот со македонците од Егејска Македонија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 12131415>
Автор
Порака
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2008 во 21:33
mnogu lugje mislat deka znaat a ne znaat.... ako navistina bile proteruvani ke bile site do eden proterani. nekoj ovde ne znae kolku makedonci ima tamu?
kako od edna kuka odbirale, ti begaj od ovde, ti ostani.

za imotno pravnite odnosi, pogore veke pisav, ni imotot na nikogo ne mu odzemen, problemot na egejcite e sosema poinakov , a nekoj denes sto pravi cirkus , pa site ripaat , bravo , konecno nekoj go otvori ova prasanje....

inaku sekoj si ima svoja istorija, pa koj kako si gleda, jas ne gledam nikakov interes Makedonija da go priznae Kosovo, ama nekoi gledaat, taka i ovde, nekoj tvrdi za nekogo deka so sila e izbrakan, a nekoj znae deka se begalo od ugnetenost i obespravenost tamu kade sto ke mozat da se ostvarat pravata da bides ona sto si i da si go zboruvas svojot jazik.

tie prava onie makedonci sto ostanaa tamu ne gi imaat i nema ni da gi imaat nikogas
Кон врв
trnar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 184
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај trnar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2008 во 23:47
Originally posted by butel2 butel2 напиша:

mnogu lugje mislat deka znaat a ne znaat.... ako navistina bile proteruvani ke bile site do eden proterani. nekoj ovde ne znae kolku makedonci ima tamu?
kako od edna kuka odbirale, ti begaj od ovde, ti ostani.

za imotno pravnite odnosi, pogore veke pisav, ni imotot na nikogo ne mu odzemen, problemot na egejcite e sosema poinakov , a nekoj denes sto pravi cirkus , pa site ripaat , bravo , konecno nekoj go otvori ova prasanje....

inaku sekoj si ima svoja istorija, pa koj kako si gleda, jas ne gledam nikakov interes Makedonija da go priznae Kosovo, ama nekoi gledaat, taka i ovde, nekoj tvrdi za nekogo deka so sila e izbrakan, a nekoj znae deka se begalo od ugnetenost i obespravenost tamu kade sto ke mozat da se ostvarat pravata da bides ona sto si i da si go zboruvas svojot jazik.

tie prava onie makedonci sto ostanaa tamu ne gi imaat i nema ni da gi imaat nikogas



Еве вака било.
Си била во Грција Граѓанска војна.На едната страна биле монархо-фашистите,на другата страна Комунистите од КПГ организирани во бригадите на ЕЛАС.
Сојузничките сили предводени од Британците гледале голема опасност и закана да се прошири комунизмот и комунистичкото движење и во Грција.Така тие си решиле дека е подобро да го поддржат кралот односно монархо-фашистите.
Најголем дел од МАКЕДОНЦИТЕ биле на страната на КПГ и ЕЛАС (затоа и денес имаат Македонците подршка единствено од политичката партија КАПАКАПАЕПСИЛОН-ККЕ).
Некои од оние кои биле во партизани си имале и жени и деца.
Е, за да се спречи ширењето на комунизмот овие Македонци станале непријатели и на Грција и на Британија.(пред се)
Врз нив е извршен геноцид и етничко чистење пред се, и се поради нивната ПОЛИТИЧКА ОПРЕДЕЛБА ЗА КПГ.
Нивниот грев беше, и е што беа деца на родители кои беа на страната на комунизмот.
Затоа беа протерани и БОМБАРДИРАНИ со НАПАЛМ од БРИТАНЦИТЕ.
И ден денес кога ние гибаме во ова прашање треба да сме свесни дека и тогаш и сега Грција беше и е, СУВЕРЕНА и призната држава со територијален интегритет, кој ја опфаќаше и Егејска Македонија(тогаш тоа веќе беше Грчка терторија.)
И сега, и денес, со чепкањето на тие ДАМАРИ ние копаме по КРАСТИТЕ на една ГРАГАНСКА војна која се водеше во друга суверена држава,на нејзина територија (која знеме како ја доби= ни ја зеде.) ,но сепак формално правно тоа беше, и е нејзина територија и е дел од територијалниот интегритет на Грција,а граганската војна се водеше таму и беше пред се од ПОЛИТИЧКИ КАРАКТЕР.
Значи сите тие жени и деца се избркани оти татковците им беа партизани.Имаше примери каде оние кои беа се определиле за кралот ,монархијата и за капитализам како општествено уредување, иако беа, и се македонци по род, останаа во Грција.
Пример братот партизан- се што беше негово протераа,-братот лојален на монархијата остана.
Е ТОЈ ШТО ОСТАНА му ги зеде имотите на БРАТА СИ.
И сега,И СЕГА ТОЈ не сака да слушни да се врати брат му или можеби тие веќе се мртви (остареле)па многу поверојатно е дека би се работело за први братучеди кои не сакаат да слушнат да дојдат Македонците и да му ги земат имотите.
Пред две години имав прилика во Битола,разговарав со наш од Лерин(доста повозрасен) кој имал брат во Скопје,едниот останал другиот го избркале кај нас.
Е затоа во Неделата имаше толку многу луге во Лерин,собрани со Бакојани на светската средба на (не знам точно како гласи).
Сите тие им ги лапнаа куќите, имотите, нивите, на нашите односно на своите,е тие не сакаат да слушнат да се вратат нивните имоти.
ЕДНОСТАВНО Е ЗАРЕМ НЕ,НАШИТЕ БИЛЕ НА ГРЕШНАТА СТРАНА НА ПОЛИТИКАТА,затоа сега -нека не остават на мира ЕГЕЈЦИТЕ да си ја градиме државата и да обезбедиме услови за влез во НАТО и ЕУ.Македонија ним им овозможи да живеат и да бидат братски прифатени .

Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2008 во 23:54
pa,...koj im e kriv,..shto bile na kriva strana,.( drzavni neprijateli)...i sega i jas ke patam poradi niv,...ma,treba i od tuka da se ,..proteraat!лутина
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Pacifist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 1618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pacifist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2008 во 23:56
Originally posted by brza brza напиша:

pa,...koj im e kriv,..shto bile na kriva strana,.( drzavni neprijateli)...i sega i jas ke patam poradi niv,...ma,treba i od tuka da se ,..proteraat!лутина
ne e taka
ako si neprijatel na posilniot ne znaci deka treba da si proteran od svojot dom
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
Кон врв
trnar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 184
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај trnar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2008 во 00:07
Не мислам дека и од тука треба да се протераат,но нека дозволат Македонија да си ги оствари своите интереси,а потоа преку остварувањето на тие интереси низ структурите на ЕУ да се бара решение за нивните прашања,за кои и Британија и Франција бегаат како ЃАОЛ од КРСТ.(И она л... Саркози)
Впрочем ме чуди зошто нашата владеачка партија е толку блиска со некои(егејците) кои биле или се "потомци на КОМУЊАРИ,и зошто тие (егејците) повеќе ги сакаат окорелите непријатели на комуњарите и се против комуњарот Бранко".
Инаку јас ги почитувам и немам ама баш ништо против егејците но дајте да ја средиме државата и да влезиме во НАТО и ЕУ со МЕКАМ( така велиме во Битола),а потоа со МЕКАМ И к*рНАЗЛУК да ги решиме и другите проблеми како тие на Егејците.!

ПС.
Се плашам да не бидат само злоупотребени во пазарот за името и да останат со прстот во уста??!!??

Изменето од trnar - 03.Септември.2008 во 00:11
Кон врв
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2008 во 09:02
Trnar ne e seto toa bas taka, iako da, pogolemiot del od makedoncite koi se borele prvenstveno za svoite prava , bile na stranata na KPG i ELAS, pa kako komunisti se i drzavni neprijateli.

Ostanuvam na toa deka ne se so sila proterani, zatoa sto sekoj sto sakal da mu pisuva deka e grk i imeto i prezimeto da mu bidat zavedeni kako grcki, mozel da ostane, Duri i podocna , po zavrsuvanjeto na vojnata, pa i den denes, ako nekoj saka da se otkaze od makedonskoto drzavjanstvo moze da dobie grcko i da mu gi ima site prava kako grcki gragjanin.

deka imotite se lapnati, pak ne se slo\uvam so toa, 90 % od imotite na egejcite ovde ostanati se vo nivnite potesni ili posiroki semejstva. Dali nekoj ne sakal da si go pobara paricno delot koj mu pripagja, dali nekoj si go zemal ili go prodal, ili pak ne mu e dadeno nisto, toa se veke imotno pravni odnosi vnatre vo edno semejstvo i toa voopsto ne e nesto sto treba de se postavuva kako prasanje pred megjunarodnata zaednica.

sekade vo svetot imame slucaevi koga nasledstvoto se deli, se odstapuva ili pak lugjeto oci si vadat i rodeni braka do kraj na zivotto zbor ne si prozbvoruvaat.

jas pogore napisav za moja prijatelka koja si e vo dobri odnosi so svoite rodnini tamu, se posetuvaat, i taa ne saka tie da i dadat odsteta, tuku drzava Grcija , a te molam, koj rezon e Grcija nekomu da plati odsteta za imot koj voopsto ne go odzela?

Grcija so godini ne im dozvoluvase na tie lugje da si gi posetat rodninite, rodnite mesta, denes im dozvoluva , voopsto ne pravi problem, zatoa sto onie sto togas se borele , se izumreni, ostanati se onie sto se rodeni tamu a togas bile deca, pa poveketo od niv nitu se sekavaat na seto toa.

Изменето од butel2 - 03.Септември.2008 во 09:11
Кон врв
trnar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 184
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај trnar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2008 во 13:40
Sepak mislam deka vo najgolem del se slozuvame i oti problemit sto gi imaat egejcite se od ideolosko politicki karakter.Isto taka apsolutno e tocno deka grckata drzava nisto im nema odzemeno.Primer seloto Bapchor,sega e seto razruseno,napusteno,i zarasnato vo vegetacija,ednostavno nisto ne se gleda kade bile kukite.Toa ne e odzemeno od drzavata.
Jas celosno se slozuvam so tebe no sepak stojam na moeto mislenje oti grcija imase potkrepa pred se od Britancite poradi komunistickata opredelba na nasite luge tamu.
Pozdrav butel2

Изменето од trnar - 03.Септември.2008 во 13:41
Кон врв
Legenda883 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 701
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Legenda883 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2009 во 04:04
Грција да се откаже од оспорување на македонското малцинство
 
Њујорк, 5 март (МИА) - Грција треба да се откаже од оспорувањето на постоењето македонско и турско малцинство на нејзина територија и да се фокусира на заштита на правата на самоопределување, слободата на изразување и на здружување на овие заедници.

Тоа се препорачува во Извештајот на независниот експерт за малцински прашања на Геј МекДугал, изготвен од посетата на Грција од 8 до 16 септември 2008 година, посветена на промовирање на имплементацијата на Декларацијата за правата на човекот. 

Според МаекДугал, правото на заштита на овие заедници како малцинства мора да биде почитувано во согласност со Декларацијата за малцинства и основните меѓународни договори за човекови права. Од Грција се бара и целосно да ги спроведе одлуките на Европскиот суд за човекови права особено оние со кои на здруженијата треба да им се овозможи употреба на зборовите „македонски“ и „турски“ во нивните имиња, како и за слободно изразување на нивниот етнички идентитет.

Посебен дел од Извештајот се однесува на малцинставта во регионот на Лерин. МекДугал наведува дека грчката Влада не признава постоење на македонско етничко малцинство во тој дел на Грција, ниту постоење на македонски јазик иако кај тамошното население се забележливи лингвистички варијации различни од грчкиот јазик.

Став на официјалната грчка политика е дека митот за македонската нација е создаден во времето на Тито поради експанзионистички причини кон грчкиот дел на Македонија. Владата не дозволува никаква употреба на македонскиот јазик и на културни активности кои се идентификуваат како македонски. Во последно време се забележува попуштање на тврдата политика што ја применуваа грчките власти кон оние што се идентификуваа како етнички Македонци, но се уште постојат такви случаи. Луѓето во тој дел на Грција кои се идентификуваат како Македонци инсистираат да биде признаен нивниот етнички и јазичен идентитет, стои во Извештајот.

МекДугал забележува и дека во 20-30 години од минатиот век биле менувани негрчките имиња на градовите, селата и планините, како и семејните имиња на луѓето кои зборувале македонски. Старите семејни имиња сепак не се исчезнати и многу често денес, се наведува, луѓето ги користат паралелно со грчките имиња.

Претставници на македонското малцинство се жалат, стои во Извештајот, дека немаат право на здружување и политичка активност, а се жалат и на дискриминаторските грчки закони кои се однесуваат на илјадниците луѓе кои ја напуштија Грција за време на Граѓанската војна и на кои им беа одземени државјанствата и имотите. Посебно се акцентира Законот од 1982 година во кој е наведено дека „право да се вратат во Грција имаат само Грците по род кои ја напуштиле земјата за време на Граѓанската војна како политички бегалци“. Овој закон не им ги дава истите права на луѓето кои се идентификуваат како етнички Македонци. Луѓето кои се изјаснуваат како Македонци не можат ниту да ги посетат своите некогашни домови во Грција. МекДугал во Извештајот пишува и дека имала средби со луѓе кои се декларираат за Македонци и кои зборуваат македонски. Тие генерално искажувале страв јавно да го искажат својот идентитет иако признаваат дека ситуацијата е подобрена, но се уште има „мека дискриминација“.

Во извештајот на независнот експерт се наведува дека Грција признава само муслиманско религиозно малцинство во Северна Тракија, но оти таков статус не им се признава и на другите заедници во државата, бидејќи, како што се посочува, Владата е убедена дека тврдењата за постоење на други малцинства се неосновани и политички мотивирани.  Грција признава само дека мал број луѓе зборуваат словенски дијалект кој е сличен со јазикот што се зборува кај северниот сосед.

За време на престојот во Грција МекДугал посетила различни региони и разговарала со високи владини претставници и јавни службеници на национално и регионално ниво, а остварила средби и со претставници на цивилното општество, религиозни лидери, академици и претставници на заедниците. Независниот експерт ги разгледува прашањата исклучиво поврзани со домашното законодваство во однос на третманот на малцинствата и групите во земјата. Нејзиното внимание е фокусирано на степенот на кој легислативата, политиката и практиката се во согласност со обврските произлезени од меѓународните човекови права, вклучувајќи ги малцинските права кои се регулирани и со билатерални спогодби и договори.

Во Извештајот се нотира и дискриминацијата кон Ромите во Грција. Независниот експерт на ОН констатира недостиг од основни услови за домување кај ромската заедница и постоење на сегрегацијата на ромските деца во образованието. На Владата во Атина и се препорачува засилени напори за спроведување на Акциска програма за Ромите во општините кои подложни на локалните предрасуди, ги игнорираат и не ги спроведуваат."
 
 
***************************************************************
Poleka ama sigurno se zatvora krugot na Grchkite lagi, krazhbi, torturi i diktaorski odnesuvanja sprema Makedoncite a i poshiroko. Vreme e da se spushat na zemja i prevzemat odgovoronost za SITE nivni zlostorstva. намигнување
***************************************************************
 
PRAVDATA SEKOGASH POBEDUVA! среќа забава
 
 
 
Кон врв
Legenda883 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 701
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Legenda883 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2009 во 06:19
Nashive posle ova NE treba da spijat, tuku da gi intenziviraat rabotite i zasileno da rabotat na PROMENATA na referencata BJRM, i utvrduvanje na Makedonskiot jazik i ethnikum, vo ustanovite na ON! намигнување
 
 
Кон врв
Legenda883 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 701
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Legenda883 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2009 во 09:33
Кон врв
nedopirliviot Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 220
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nedopirliviot Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2009 во 16:00
Grcija i mozjebi bi se otkazjala od osporuvanjeto na makedonskoto, samo najgolemiot del od vinata za grchkata nepopuslivost neli go snosat politicharite koi imaat hipotekaren zalig vo atina ushte od damneshnite deveeseti godini.
Dajte prvo niv da gi reshime. Drugoto veruvajte deka lesno kje ide.
Кон врв
Legenda883 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 701
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Legenda883 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2009 во 10:39
ГРЦИЈА НЕ ПОЧИТУВА НИ ОН НИ МАЛЦИНСТВА
 
Извештај, кој извештај?
 
"Грција го отфрли извештајот на ООН и тврди дека ги почитува правата на малцинствата. За грчките власти е неприфатлив извештајот на експертот на ООН, Геј Мекдугал, во кој таа ја повика Грција да не го спори македонското или турското малцинство, туку да го заштити. Грција најави дека ќе го соопшти својот детален одговор на извештајот на дискусијата за овој документ што ќе се одржи во Советот за човекови права на 10 март во Женева. Јоргос Кумуцакос, портпарол на грчкото МНР, рече дека секој грчки граѓанин има неотуѓиво право на самоопределување, додека државната активна грижа за зајакнувањето и заштитата на човекови права е континуирана и ефективна. - Нашите позиции се кристално јасни и се засноваат врз апсолутно почитување на човековите права, принцип што се однесува на малцинствата и претставува достигнување на модерната грчка република - изјави Кумуцакос. Грчкиот весник „То вима“ пишува дека извештајот уште повеќе ќе ги отежни односите со Скопје, со оглед на тоа што премиерот Груевски го вклучил прашањето за признавање на македонскиот идентитет и јазик во преговорите за името. Според „Та неа“, извештајот е обид да се посочи постоење македонско малцинство во Грција. „Во извештајот на ООН состојбата на муслиманското малцинство во Тракија се опишува со црна боја. Што се однесува, пак, до самонаречените Македонци, извештајот посочува дека власта не признава постоење македонско етничко малцинство кое живее во централна и во западна Македонија“ - пишува весникот. Премиерот Никола Груевски го оцени извештајот на ОН како очекуван и дека содржи факти што и претходно биле познати. - Според мене, воопшто не е изненадување. Можеби за некој друг е изненадување, но за мене тоа е нешто што сите во Македонија го знаеме и добро е што доби меѓународна потврда. Тоа е еден вид сатисфакција за нас, зошто имаше негирање од другата страна - нагласи Груевски. Припадниците на македонското малцинство во Грција велат дека извештајот е реална слика за состојбата со правата на сите малцинства, која грчките власти веќе не можат да ја прикриваат. - По таков извештај, Грција треба да се замисли за тоа каква е нивната политика кон малцинствата. Веќе не е можно да се прикрива „сонцето“. Ова е плод на нашата континуирана активност и сатисфакција дека нашата борба не е залудна - вели Павле Васкопулус од Виножито. Домашните експерти го толкуваат извештајот на ОН како силен удар врз политиката на грчките власти кон припадниците на различните малцински групи. - Основен проблем со сите декларации на ОН, па и со овој извештај, е тоа што, иако имаат политичка тежина, не се формално правно обврзувачки за членките на Обединетите нации. Ова секако е добар импулс за да почне да се менува политиката на Грција кон македонското и кон турското малцинство - вели професор Владимир Ортаковски."
 
 
Ama sigurno i zborot "pochituva" ne e od "Grchko poteklo", zatoa!? голема%20насмевка
 
 
 
 
Кон врв
Legenda883 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 701
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Legenda883 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2009 во 04:30
Вие сте Словени, во Грција не постои македонско малцинство, зборувате на идиом, а независната експертка на Обединетите нации, која преку извештај ја повика Атина да ги признае малцинските права на Македонците во земјата, е американска платеничка. Со овие зборови неколку грчки пратеници ги упатија грчките националистички стрели кон првите луѓе на „Виножито“ за време на жестоката дебата на грчката телевизија Алтер. Претседателот на „Виножито“, Павле Васкопулус и Атанас Парисис, член на раководството на партијата, заедно со Григорис Валијанатос, од грчкиот Хелсиншки комитет во емисијата „Невидлив свет“ на познатиот грчки новинар Костас Хардавелас се спротивставија на грчките пратеници од Нова демократија, ПАСОК и од ЛАОС и на Хрисатопулус Михалис, професор од универзитет во Солун.

„Проблемот што се создаде околу македонското малцинство е масло на САД“, обвинија грчките пратеници, кои на тричасовната емисија сплетоа конспиративно сценарио според кое САД преку Нимиц, Мекдугал и Македонецот од Канада Битов му се спротивставуваат на хеленизмот.

Извештајот на ОН, подготвен од Мекдугал, во кој Атина се повикува да го признае македонското малцинство предизвика жешка дебата, која се водеше на висок тон. Вториот човек на ЛАОС, Атанасиос Плеврис, познат по тоа што неодамна побара смртни казни за членовите на „Виножито“, го обвини посредникот Метју Нимиц дека е платеник на Сорос, а Мекдугал, пак, ја нарече американска платеничка. Валијанатос од грчкиот Хелсиншки комитет, кој беше отстранет од ПАСОК, поради промакедонските ставови во емисијата побара од грчките пратеници да престанат да го лажат грчкиот народ и да признаат дека постои македонско малцинство.

- Извештајот на Мекдугал ја кажува вистината на која грчките политичари се плашат да и погледнат во очи и да ги признаат таквите извештаи - возвраќаше Валијанатос на тврдокорните ставови на грчките пратеници. Тие, пак, на висок тон обвинуваа дека раководството на „Виножито“ е финансирано од Владата во Скопје, како и дека Воскопулус им плаќал на жителите од Леринско „за да тврдат дека се Македонци и да зборуваат на идиомот, иако самите се поголеми Грци од сите други“. Грчките пратеници се закануваат дека македонскиот свештеник во Грција, Никодим Царкњас, ќе заврши пред суд затоа што наводно удрил дете што ја пеело грчката химна. На крајот на емисијата Воскопулус на македонски јазик го повикал македонското малцинство да не се плаши од грчките репресии.

- Грчките пратеници во емисијата немаа издржани аргументи, целата дебата се претвори во викотници и караници дека не постои македонско малцинство и дека единственото такво малцинство се наоѓа во Скопје, мислејќи на Грци што живеат во Битола и во Крушево - објаснува Парисис.

„Виножито“ вчера реагираше и на соопштението на грчкото МНР во кое се вели дека меѓународните институции како онаа на ОН „треба да се трансформираат за да не бидат алиби на одредени лица, кои свесно се обидуваат да ги искористат за промовирање нивни цели на ниво на меѓудржавни релации“. Партијата на Македонците во Грција оценува дека со соопштението се навредуваат членовите на етничките малцинства и се навредуваат Обединетите нации.
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=339&ArticleID=20072
 
 
Ne e lesno da se bide Makedonec nitu vo Makedonija, megutoa zamislete kako e da bidesh Makedonec vo Grcija?  (Vo Bugarija isto taka ne e mnogu porazlichno...pa duri i vo Albanija) тага
 
A ove lugje od Vinozhito NAVISTINA zasluzhuvaat pochit, ne samo kako Makedonci, tuku i kako lugje koi imaat hrabrost, dostoinstvo i neiscprna energija koga stanuva zbor za pravda i zashtita na sopstveniot identitet i narod.   љубов
 
 
 
 


Изменето од Legenda883 - 13.Март.2009 во 04:31
Кон врв
ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3392
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZoraNaSlobodata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2009 во 13:04
Господ да му поможи на овие луѓе,оти ние никако да му поможиме.
Ама ова Павле Васкополус ги силува анално сите грчки соговорници,НАСМЕАН од такт ги вади.Абе да комедии да гледате на Youtube,од црни поцрвенват грците.
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 12131415>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,688 секунди.