|
ЗБУНЕТОВА ТЕМА |
Внеси реплика | страница <1 105106107108109 137> |
Автор | |
ZeZnAtA
Сениор Power Регистриран: 26.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 19172 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
|
apce
Сениор Регистриран: 18.Октомври.2007 Локација: Malaysia Статус: Офлајн Поени: 2717 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
..............
|
|
apce
|
|
Nov
Нов член Регистриран: 03.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Enigma
Сениор Регистриран: 11.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 9984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Mojata dusha ne e pateka,da minesh i da zaminesh,mojata dusha ne e kamin da se zgreesh i da zaminesh,mojata dusha e bozji hram-vleguvash i ostanuvash tamu
|
|
apce
Сениор Регистриран: 18.Октомври.2007 Локација: Malaysia Статус: Офлајн Поени: 2717 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
........
|
|
apce
|
|
ZeZnAtA
Сениор Power Регистриран: 26.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 19172 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...додека чекориш тивко како газела, внимавјќи на правецот на ветерот кој го носи мојот мирис за да можеш да ме пронајдеш. Кога беше сигурна, таму немаше веќе газела, лавицата го завзема нејзиното место, како да беше проголтана во еден миг на сознание дека со малку нема да бидеш задоволна. Бараш од мене да бидам лав, царот над царевите, господар на висините. Лав со крилја гледаш во мене додека стојам на врвот од ридот, ветерот ми ја мрси гривата, но очите ме издаваат вперени со наивна отвореност кон тебе. Во нив се гледа душата, во душата се гледа мачор кој склупчан крај тебе те провоцира да го галиш, да се играш со него, од рака да ти јаде, со милост да гледаш кон неговите палавштини зошто сум обичен мачор со улично потекло кој го најде малечок, изгубен, валкан и премрзнат, но сепак те привлече сјајот на неговата душа скриена длабоко во очите кои светкаа само за тебе.
Ти си лавица со крилја, стоиш на ридот и ветерот те заобиколува заради јасен поглед кон високите и ниските постоења на нештата со кои си секогаш во склад. Нема површни движења без значај, секое говори и дава многу. Кога си дел од небото мафтајќи со своите крилја го менуваш и правецот на облаците, кога одиш по земја ме наоѓаш мене кој нестрпливо мјаука по тебе... Изменето од zbunet - 08.Март.2009 во 20:50 |
|
Enigma
Сениор Регистриран: 11.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 9984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Mojata dusha ne e pateka,da minesh i da zaminesh,mojata dusha ne e kamin da se zgreesh i da zaminesh,mojata dusha e bozji hram-vleguvash i ostanuvash tamu
|
|
ZeZnAtA
Сениор Power Регистриран: 26.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 19172 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...ме дигаш високо, ме плашат височините, губам воздух на замрзнатите врвови, се тресам од студ велејќи си што барам овде. Ме учиш да бидам орел, гракам како гавран, велиш дека со време ќе научам и дека не се одбравме случајно. Ме тераш да мислам дека сум небесно битие, тебе ти е лесно, отсекогаш си таква, меѓу облаците ти е домот, ветерот те слуша покорно, ти се радува, а на мене нешто намрштено ми мрмори во стилот - Кај го најде па овој ! Би го грабнал за гуша да ја имаше, запнал да ми земе душа, љубоморен и пакосен е велам јас, тебе ти е смешно. Никогаш не ти се открива ни мало делче од ногата, бар колено да ти видам, расипан е велам јас, намерно те прекрива со облаци. Ми врие, чурам како оџак обидувајќи се да ти се приближам, врескам додека паѓам за нежно повторно да ме издигнеш, тебе ти е смешно, ме бакнуваш и ме фрлаш во висините, се чувствувам понижено, пафтам очајно со крилата трапаво борејќи се со ветерот. Се одалечуваш, ветерот ми лупа шамари, смеејќи се, се смеете, изгледа само јас не го разбрав вицот.
Затворив очи го повикав волкот, од мене ечи ржење и завивање, се чувствува чудно затоа што има и крила. Ме врти ветерот во круг, но како да губи здив. Го претекнав, почнав да си играм со него, ветерот почна да цвили, ми стана и мене смешно. Сега е време за нов виц, те грабнав силовито побрзо од трепкање на око, немаш време ни да се изненадиш, моето смеење ечи сега, те водам кон најгустите облаци, издишување во знак на олеснување излезе од твоите полуотворени гладни усни... |
|
Delicia
Сениор *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
......MAESTRO........kako sto vikaat kaj nas...."chapeau bas mon sir"..
|
|
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
|
Enigma
Сениор Регистриран: 11.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 9984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Mojata dusha ne e pateka,da minesh i da zaminesh,mojata dusha ne e kamin da se zgreesh i da zaminesh,mojata dusha e bozji hram-vleguvash i ostanuvash tamu
|
|
apce
Сениор Регистриран: 18.Октомври.2007 Локација: Malaysia Статус: Офлајн Поени: 2717 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...........
|
|
apce
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... на пуста планета само карпи и испарувања, срушени вселенски борбени сонди и расипан непријателски робот. Го гледам со алат во рака, нема да има милост за мене ако го поправам, силен е, но е трапав, ќе се бркаме колку да ми помине време.
Му светна киклопското око, ме фати за врат, губев воздух кркорејќи зборови дека нема никој друг сем нас, не му беше гајле, го исклучив. Безживотен го клоцнав пцуејќи обидувајќи се да си го повратам здивот, испарувањата ми го појачаа кашлањето, се потправ на карпите. На едната карпа имаше врежано со нож иницијали и женски лик. Ме потсети на неа, сеќавања на интимни моменти ми навалија, се издишав. Имаше добри моменти, но повеќето беа напорни и исцрпувачки, но сепак беше подобро од оваа пустелија, се издишав. Повторно го уклучив роботот со далечинско, повторно сакаше да ме дофати, поминаа денови додека ја свати ситуацијата. Поминаа недели додека успееме да бидеме блиску еден до друг. Го закопавме заедно костурот на несреќникот кој резбал со ножот на карпата. Умрел од повредите, неговите резерви ќе ни послужат да ја продолжиме нашата агонија. Често застанував покрај карпата со изрезбаниот лик, ништо друго не ми преостана од неа, не знаев никогаш да цртам, сега е моја, со моите сеќавања ја гледав со мои очи. Понекогаш ми се насмевнуваше, понекогаш се губев од тага, не сум можел ни да замислам дека непријателски роботски киклоп некогаш ќе ме теши во прегратка предејќи како да се обидува да ми пее приспивна песничка... Изменето од zbunet - 11.Март.2009 во 23:40 |
|
Внеси реплика | страница <1 105106107108109 137> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |