|
Најубавите македонски љубовни стихови |
Внеси реплика | страница <1 891011> |
Автор | |
Didi
Сениор Summer flower Регистриран: 14.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 15583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Vo mene dusha ostana
da mozam da preziveam so del od sebe postojam vo srcevo umiram.......... |
|
Didi
Сениор Summer flower Регистриран: 14.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 15583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Shto e toa po lugeto tazno
sto ziveat po zivoti tugi koj vo moeto minato plovi sosem mirno i bez da se srami... |
|
Didi
Сениор Summer flower Регистриран: 14.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 15583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ah kade e mojto libe
dali misli toj na mene,........ ..... |
|
mamma
Сениор Регистриран: 15.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9879 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
I povtorno,..nikogash da ne se zaboravi...
neznam dali nekade ke prochitam vaka ubavi stihovi nekogash...bilo koga Nikola Jonkov Vapcarov Proshtalno na zena mi Ponekogash ke idam v tvojot son ko nechekan i dalek gost... Ti,ne me ostvaj na patot, von, Od porti istaj go lostot! Ke vlezam tivko,krotko ke si sedam Kraj tebe,v mrakot vtrenchen,da te gledam sam I koga nasiten,ke zapram da te gledam Ke mi te baknam i.........ke zaminam |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
П О Р А К А
Ела - Нашето доодување допрва почнува! Ќе го започнеме патот изутрина, голема, бистра, единствена изутрина, наша изутрина - Ти понеси до грска - две разбирање јас ќе ти донесам ракатка љубов и ќе ти наберам недоброј стракови доверба, штотуку никнати, кревки, затоа убави, - И знаеш, во името на нас, на сите зла што глодале низ нас, дај да им речеме едноставно Д О Г Л Е Д А Њ Е ! Нема тука што! И да ги пратиме злата, еј дури онаму, петлите денот кај не го будат, кај нема зелени бушавости, ни пчошки лај, во таква невратка - Така олеснети, смеолики, смеоносни, со многу мир за претстојните немири, светлооди, бистродуши, до зарек блиски ќе си преминеме отаде Лета за да веруваме дека никогаш на овој брег не немало. Гане Тодоровски - “Божилак“ |
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тркалезни форми - Петре М. Андреевски
(Пофалба на жената) Тркалезни ти се очите Тркалезна ти е устата Тркалезни ти се рамената Тркалезни ти се дојките Тркалезни ти се брадавиците Тркалезни ти се слабините, Тркалезна ти е половината Тркалезен ти е папокот Тркалезни ти се колковите Тркалезни ти се колената Тркалезна ти е прегратката Тркалезна ти е трпезата Тркалезно ти е јаболкото Тркалезна е водата Тркалезно е и семето Тркалезно е сонцето и сончогледот |
|
Nanicka
Нов член Регистриран: 04.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 31 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Таа беше растојание од една болка до друга
и жесток пијалак што ce разнесува по куќите. Таа знаеше една буква со која почнуваа сите зборови и можеше да викне и да ги смени годишните времиња. Заради неа пријателите по цел ден не сакаа да ме видат. Размислувајќи за неа можеше да ce загине и во најкусиот ден и во најтоплото попладне. Таа беше оган со оган што ce гасне. Петре.М Аендреевски |
|
Tesko mene bez tebe, uste potesko na tebe bez mene
|
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЉУБОВ
Милувам прашинка да си, тих повеј да ми те донесе... Прашинка љубов,прашинка ништотна, прашинка невидна, но сепак љубов,сепак љубов. Дај да те имам во дланкиве Нетежина,Несетило. Дај да поверувам дека си во мене, стуткана некаде во мене. Милувам прашинка да си, тих повеј да ми те донесе... Како што напролет цветниците зачнуваат дај да те заплодам, за да се родиш во мене љубов богатница,љубов имовита, љубов плод љубов надрочена. Милувам прашинка да си тих повеј да ми те донесе... Но,јас те имам немаштино најтрајна недостиг, најблиска недофат, најголем недорек, па,место грижата за тебе поначесто сум доволен од себеси. Гане Тодоровски |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Умилкување
Ќе ги отпретам сите горештини од твојата глава, ко суво дрво на сува рида реките ќе ги заковам. Ќе те претплатам на вечна љубов и вечни времиња ќе те љубам и губам и во пости и пред гости само да ме сакаш. Ќе ги поткупам сите човечки сетила и патила. Сите светлосни преѓи пресијазол ќе ги врзам, сите денови и ноќи на својот почеток ќе ги вратам, ќе ти дадам се што е солено и молено само да ме сакаш. Ќе спијам во движење, сенката своја ќе ја прескокам ќе ги затнам сите извори, се што гори ќе отворам. Ќе направам да не се знае кај е лево и десно, ќе ти наберам ѕвезди, ќе ти влепам шлаканица само да ме сакаш. Ќе ги шпионирам сите крадци на твоите часови. Ќе ги исфрлам од употреба страните на светот и светот, по црна ноќ, одмижанка ќе го истрчам и ќе те фалам и кудам под сите небеса само да ме сакаш. Кај ќе стасам ќе разделам топло од студено, на шеќерот ќе му забранам да се споредува со тебе, не ќе оставам растојание што ќе биде меѓу нас, со ова што го велам и слепо и глуво ќе исцелам само да ме сакаш. Петре М. Андреевски |
|
Архангел
Нов член Регистриран: 04.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 15 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Heart Core
Jas nemam nisto poveke od sebesi samo srce koe cuka vistinski sosem dovolno da te voznemiri da te uplas gi znaes dobro onie so skrisna solza dlaboko vo srce so skrsena zloba daleku zad pogledot bolni od nemok bolni od zelba za odmazda i po ne znam koj pat se vidov sebesi vo tebe mrtov ne tvojot bol nema nikogas da bide moj bez ljubov znam ke te progolta ovoj grad bez gordost i sram ke ostanes bez dela za vrednuvanje ke ostanes bez mok i magija bilo sto da promenis pustas solza ne znam sto sokriva dali mok ili zelba za odmazda Ljubov Ili Omraza Dolgo, dolgo, Gledam vo toa lice Se trudam da ne mislam Kolku e ubava, Kolku e prekrasna Moram da go skrotam stravot Znam Kolku toa moze Da me promeni Dolgo, dolgo Zboruvam Sakam da te trognam Da vidam bar Edna solza Zaludno Ti se smees Ti si radosna I voopsto ne gi sledis moite zborovi Ti si tolku daleku Od mene Treperam od vozbuda Siot treperam od strast Dal e toa ljubov Ili sum poln so omraza Omraza Ako ostanam Zar ke mozam da te zadrzam Ako odam Zar ke mozam da te prebolam Da te zaboravam Ke se vratis kako spomen Ke se vratis kako noz |
|
mimicria
Сениор magnet za defekti Регистриран: 27.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3444 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
OPSEDNATA SUM OD PESNAVA!
ZAUMNA SILA
Zaumna silo vodi me, nurni me dlaboko |
|
Dajem ti verse i note, sve moje sarene perle na dar, jos te mogu pjesmom kupiti, lukavo i slatkorjecivo, jos uvjek mogu ti podvaliti ljubav...
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Трето писмо
Беше
тоа еден ден што траеше цела година.
A беше тоа кога помислував дека твојата коса низ туѓи прсти истекува ко млаз вода или ко сува пченица, па јас останував сам и сите остануваа сами и возовите добиваа нови и незнајни брзини и веќе никаде не можеа да запрат; и тревите почнуваа да ветреат во лажна прељуба и сите ветрени коли носеа од моите боли. A беше тоа кога помислував дека полната светлина од твојата уста капе и ce меша во туѓа пладнина, па гаснеше варта во моите очни витли и шумите слегуваа во длабоки подземја и небесата догоруваа и реките потекуваа нагоре и животните ме гледаа како пријател што го губат и cè што беше мое живееше без мене. A беше тоа кога помислував дека веќе не можам да мислам без тебе, па почнував да личам на сите мои предци, на сите мои предци, a најмногу на себеси. Беше тоа еден ден што траеше цела година. Петре М. Андреевски Изменето од Анастеа - 14.Март.2010 во 01:54 |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Четврто писмо
Една година јас без тебе, јас без себе, една година како елениче – плетениче на провинциите, како едначење на гласот од селските тажачки. Видот не ме открива, телото не ме прифаќа и веќе почнувам да живеам со бестелесна тежина. A мојата далечна мисла сека над градовите и секој говор ми почнува со твоето име. Te оживувам од сите слики, но жива нигде те немам тебе равенко меѓу моето тело и мојата душа Една година како во нашето растојание ги гледам причините за сите војни. Сето бело видело ми го скри под своите трепки, (занишани како јуриш на летни ’ржи в присој) па ни пат кај што врвам, ни сон кај што преспивам, ни крај, ни бескрај, ни земја кај што те здогледувам, и пак со тебе легнувам и пак без тебе ce будам. A една година како трчкам по жална Македонија, одбирајќи зборови што секаде ќе те прочујат тебе балсам и шеќерпаре, тебе радост на иднината што севезден ги бодреше моите болести. Една година како ce враќам кај тебе само со тоа што ги препрочитувам твоите писма, и една година празен ко празна воденица, ко месечината што ce празни на полноќните распаќа. Една година оставен да ce бранам од себеси како мразот што ce брани од својата нежност. Една година ти без мене, јас без себе. Петре М. Андреевски |
|
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Каменолом во мене
Ако ти ги дадов очите очите мои наплачени, уморни, ситни, намачени, зошто не ти ги дадов солзите, солзите горки избистрени болките со нив исчистени? Ако ти ги дадов усните, усните мои копнежливи бакнежите искрени, а сомнежливи зошто не ти ги дадов желбите желбите недостижни , накитени копнежите по тебе заскитани? Ако ти го дадов срцето, срцето мое младешко, младо, а в трепет завиено, зошто не ти ги дадов раните, раните, длабоки, неизлечиви, милионите парчиња растргнати? Ако ти ја дадов душата, душата моја широка, искрена, детска, наивна, зошто не ти ги дадов градите, градите, свиткани, залипани, ноките тивки непреспиени? Зошто, зошто сега срцето, и до срцето и до душата и над душата очите и под очите усните, страдаат скришум, таговно? Зошто, зошто сега срцето е скршено, а душата напатена, очите не сјаат, а усните пецкаат, зошто сега се ми вене, а ти си каменолом во мене. |
|
Внеси реплика | страница <1 891011> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |