IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - МУЗИЧКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МУЗИЧКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 32>
Автор
Порака
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2009 во 11:13
Евросонг 2009:

...Извлечени се редните броеви на учесниците на двете полуфинални вечери, а беа соопштени и деталите врзани на актуелниот Избор, кој ќе се одржи на 19., 20. и 21. февруари во Универзална сала во Скопје.

Уметничкиот директор на Фестивалот - Љупчо Мирковски вети квалитетен фестивал и стилска шареноликост на песните. Сите песни се снимени, а наскоро јавноста ќе може да ги слушне рефрените, за да има подобар увид во Изборот.

Годинава за победникот одлучуваат како гласовите собрани по пат на телевоутинг, така и гласовите од 12-членото стручно жири, кое на двете полуфинални и финалната вечер своите гласови ќе ги соопшти јавно. Телевоутингот и жирито гласовно партиципираат во сооднос 50:50. За овогодинешниот Избор, наскоро ќе бидат пуштени во продажба и влезните билети.

Актуелната шефица на македонската евровизиска делегација, Гордана Андрашевска, зборувајќи за ревијалната програма на трите евровизиски вечери, ја запозна јавноста со имињата кои ќе настапат. Со својата музика, публиката во Универзалната сала ќе ја загреваат Мартин Вучиќ и Пер-Екс Ансамбл, DJ Панчо со евровизиските рефрени, а ќе биде претставен и проектот Кирилицо испеана на Министерството за образование на Република Македонија.

Ревијално, својата промоција ќе ја доживее и поп-симфонијата на Љупчо Мирковски, а ќе настапат и актуелните евровизиски претставници на Белорусија и Босна и Херцеговина - Петар Елфинов и групата Регина. Освен тоа, организаторите најавуваат и едно големо изненадување, на кое никој нема да остане рамнодушен.

Годинава победникот на националниот Евросонг традиционално ја претставува Македонија на Евровизија во Москва, Русија, додека пак второпласираниот ќе настапи на фестивалот Сунчане скале 2009. во Херцегнови. По пат на ждрепка беше извлечен редоследот на учесниците во двете полуфинални вечери:

Прва полуфинална вечер (19.02.2009.):

Реден број и композиција Автор
Изведувач 

 
1. За неа постојам Костадин Папа Костадин Папа

2. Добар крај
Ана Симоновска Ана Симоновска

3. Дрво без корен Андријана Јаневска Андријана Јаневска

 
4. Исто што и ти
Душко Темелковски Трета Димензија 

5. Мојот ТВ Ристо Апостолов Водолија

6. Северно од мене, јужно од тебе Калиопи Букле Верче Пандиловска

7. Ме пронајде ти Хари Котларовски Димитар Андоновски

8. 103 бели лебеди Григор Копров Ристо Самарџиев и Зоран Џорлев

9. За крај Давор Јордановски Лили

10. Игра со нас Димче Китрозоски Жармена

11. Генгста оро Даниел Јовески Сленг


12. Патувам низ времето
Зоран Илиевски Емилија Гиевска

13. Помалку наивно Никола Перевски Владимир Крстевски
Проект Македонија (Пере, Франц, Туна и Игор Џамбазов) 

14. Сила на љубовта Александар Масевски Даниел
 
15. Нешто што ќе остане Дамјан Лазаров, Јован Јованов Некст Тајм

16. Гледаш не сум сам Владимир Дојчиновски Јане Дунимагловски


Втора полуфинална вечер (20.02.2009.):

Реден број и композиција Автор
Изведувач 


1. Љубовта доаѓа Лазар Цветковски Дејан Трифуновски

2. Земи се Љупчо Трајковски ФИС Стефан Цветковски

3. На мое место Бојан Ѓошевски Јасмина Димитровска

4. Волшебник Блаже Темелков Филип Јордановски

5. Најбогат на свет Владимир Дојчиновски Влатко Илиевски

 
6. Повторно љубена Стевче Грозданов Венера

7. Насмеј се Здравка Мирчевска Патници и Дијана Трајкоски


8. Застани, солзи избриши Григор Копров Александар Белов

9. Рум дум дум (Збогум) Кире Костов Наум Петрески и Калиопи

10. Отвори го срцето Јован Василевски Амир Ибраимовски


11. Девојко Симон Трпчевски Браво Бенд

12. Блиску до мене Лазар Цветковски Влатко Лозаноски

13. Збогување Даниел Митревски Памперси


14. Динг донг Зоран Трпков Рок Агресори
 
15. Дали мислиш на нас Гоце Симоновски Наде Талевска

16. Нема да зборам Ванчо Димитров Кристијан

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2009 во 02:46

Британците го украдоа шоуто на „Греми“

Поранешниот фронтмен на „Лед цепелин“, Роберт Плант, триумфира во пет категории, раперот Лил Вејн доби четири, а „Колдплеј“ три златни грамофони


„У2“ промовира сингл од новиот албум, Соработката на Роберт Плант со Алисон Купер беше наградена со пет статуетки

Рок-легендата Роберт Плант, кој никогаш не освоил голема награда со својот поранешен бенд „Лед цепелин“, триумфира во пет категории на музичките награди „Греми“, кои завчера беа доделени во Лос Анџелес. Шеесетгодишниот музичар меѓу другото доби „златен грамофон“ за најдобар албум и за соработката со блуграс-кралицата Алисон Краус. Раперот Лил Вејн, кој имаше осум номинации, освои четири награди, вклучувајќи ја и таа за најдобар рап-албум за изданието Tha Carter III, кое во минатата година беше најпродавано во САД.Британскиот бенд „Колдплеј“ освои три статуетки: за песна на годината, најдобар рок-албум (за Viva La Vida) и за најдобра поп-изведба на дует и група со вокали.


Џонас брадерс“ настапија со легендата Стиви Вондер

Поради обвинувањата за плагијат, тапанарот на овој состав, Вил Чемпион, во саркастичен дух, му се извини на Пол Макартни за сличностите на нивната облека со таа на „Битлси“. Со својот настап Макартни го збогати ова издание на „Греми“, кое помина во знакот на британските музичари Плант, Адел, „Колдплеј“ и „Редиохед“ - кои настапија со бендот за паради на Универзитетот од Јужна Калифорнија, кој повеќе од една декада не настапил на американска телевизиска станица. Адел ги освои наградите за најдобар нов изведувач и за најдобра женска вокална поп-изведба за песната Chasing Pavements.


М.И.А. подвижна и во поодмината бременост, Спектакуларен настап на Кети Пери

Најважната награда на вечерта - најдобар албум - им припадна на Плант и Краус, која следуваше по освојувањето на песна на годината (за песната Please Read This Letter), најдобар современ фолк-американа албум, најдобра кантри-соработка и најдобра поп-соработка со вокали. Тие имаа пет номинации и освоија исто толку награди. Плант и Краус, кои на албумот Raising Sand обработуваат стари фолк-балади и аренби-хитови, а изданието веднаш доби пофалби од критиката и стана комерцијален хит. Со ова поранешниот фронтмен на „Цепелин“ ги закопа сите шпекулации за нивното повторно обединување откако закажа турнеја со Краус. Американската пејачка со 26 освоени награди „Греми“, се изедначи со Пјер Боуле на третата позиција на најнаградувани изведувачи во 51-годишната историја на манифестацијата. Пред неа се починатиот сер Џорџ Солти со 31 награда и Квинси Џонс со 27 награди.

На сцената се појавија и „Џонас брадерс“, Стиви Вондер, „У2“ и Кети Пери. Поренашната натпреварувачка на „Американски идол“, Џенифер Хадсон, чиј брат, мајка и внук беа убиени во минатата година, ја изведе песната You Pulled Me Through. Таа ја доби и наградата за најдобар аренби-албум, а и' ја додели Витни Хјустон, која покрај сите проблеми што ја мачеа во последниот период, изгледаше како во своите најдобри денови.

Скандали на церемонијата

Годинава на церемонијата имаше неколку скандали. Еден час пред почетокот на шоуто, полицијата им соопшти на организаторите дека номинираниот Крис Браун е приведен зашто претходната вечер нападнал жена. Малку подоцна, неговата девојка Ријана го откажа своето учество и настап, а шпекулациите велат дека таа е нападнатата жена. Нејзиниот настап беше заменет со изведбата на Ал Грин, Џастин Тимберлејк, Кит Урбан и „Бојс ту мен“, кои ја изведоа песната Let’s Stay Together. Успехот на британската група „Колдплеј“ беше засенет поради обвинувањето од Џо Сатријани дека нивниот хит Viva La Vida има рифови од негова песна. Мнозинството од коментарите на интернет-страницата „Јутјуб“, на која е пуштена компилација од двете песни велат дека песната на „Колдплеј“ навистина многу потсетува на инструменталката на Сатријани. Во телевизискиот магазин „60 минути“, кој се емитува на Си-би-ес, Крис Мартин, фронтменот на „Колдплеј“ ги отфрли обвинувањата за плагијат.

 

Кон врв
LouWeed Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I AM THE KING OF ROCK&ROLL

Регистриран: 28.Мај.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13012
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LouWeed Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2009 во 10:38
Белградскиот бенд Неверне бебе, во соработка со својот фан-сајт, организира регионален конк*рс за најдобра авторска песна на неафирмирани групи.

За учество на конк*рсот неопходно е пријавениот состав (или изведувач), да биде од просторот на поранешна Југославија (Србија, Македонија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија), песните да бидат авторски, претходно да не се објавувани и да не се од доменот на фолк-музиката. Освен тоа, неопходно е да се испратат демо-снимки на две песни.

Вашите пријави испраќајте ги на мејлот: tvojasansa@neverne-bebe.com, додека на сајтот на Неверне бебе http://www.neverne-bebe.com/во меѓувреме ќе биде објавен и мејлот за демо-снимките.

Мејлот со пријава треба да ги содржи следниве податоци:

1. Името на бендот или на самостојниот изведувач
2. Град (или место) и држава од која е бендот или изведувачот
3. Бројот на членови на бендот (доколку се работи за бенд) и нивните имиња и презимиња, како и инструмент на кој свират
4. Вид на нивната музика

Еве ги наградите:

1. Награда – Потполно бесплатно снимање на една песна во студиото на Неверне бебе
2. Награда – Мини-концерт (како предгрупа на Неверне бебе), на некој поголем концерт во иднина
3. Награда – Снимање во студиото на Неверне бебе по мошне поволни услови
(За оваа награда ќе одлучуваат регистрираните членови на Форумот на групата Неверне бебе.

Конк*рсот е отворен до 1. април, а десетина дена потоа членовите ќе го одберат својот фаворит.

http://www.neverne-bebe.com/news.php?id=83
Кон врв
makedonija75 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 09.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makedonija75 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2009 во 15:07
Во саботата на 14 февруари во Универзалната сала во Скопје се одржа јубилејното 20-то издание на фестивалот на родољубиви македонски песни Гоце фест 2009.
Оваа година фестивалот беше од ревијален карактер, иако претходните години секогаш се доделуваа традиционалните награди од публиката и жири комисијата.
На годинешното издание на Гоце фест беа доделени само две признанија.
Сузана Спасовска го доби признанието, кое го додели здружението на бранителите од 2001 година "Достоинство". Песната со наслов "Осум бигори на Македонија" која ја изведе Сузана Спасовска, инаку посветена на загинатите македонски војници во тетовското село Вејце, предизвика овации, но и солзи кај публиката.
Мишко Талески го доби признанието на здружението на децата бегалци од Егејска Македонија за песната "Егејска сага", посветена на голготата на Македонците во овој дел на Македонија.
И оваа година фестивалот го одбележаа неколку песни, кои ќе останат забележани кај публиката.
Покрај Сузана Спасовска и Мишко Талески, впечатлив настап имаше Соња Тарчуловска, која ја изведе песната "За Александров", инаку авторско дело на Мишко Талески и Сашо Ливрински.
Меѓу другите учесници на јубилејното гоцефестовско издание беа и Војо Стојановски, Гоце Арнаудов, Виданка Георгиевска, Круме Спасовски, Петар Нечовски, Ибро Лабунски настапи со неговиот син Адам, Ани Малинкова, Ристо Краповски, Елена Георгиева и други.
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2009 во 18:25
треба ваквите фестивали да се поразвиени, да не бидат на ниво на една обична манифестација
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2009 во 01:20

Грузија на Евросонг со песна која го исмејува Путин

Откако сепак одлучија да земат учество на годинешниот Евросонг кој ќе се одржи во Москва, Грузијците за најдобра ја избраа песната „Wе Don’T Wanna PUT IN”.

Откако минатогодишната песна под наслов „Мирот ќе дојде“ не вроди со плод, Грузија годинава одлучи поинаку да им пристапи на проблемите кои ги има со Русија и посебно со премиерот Владимир Путин.

Преку песната, Грузија го исмејува Путин и ја пренесува пораката дека не го прифаќаат неговиот режим.


Нема да ме зачуди и да победи песнава...вртење%20со%20очи

Кон врв
Legenda883 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 701
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Legenda883 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2009 во 02:52
Pa do kade li odat so glupostite i meshanjeto na politika so sport...muzika ili zabava? изненадување
 
I zarem navistina Evroviziskata komisija ke ja odobri ovaa kompozicija da bide izveduvana na festivalot? изненадување
 
Ako da, togash ke treba i na Evrovizija uchesnicite da nastapuvaat NAORUZHANI a manifestacijata da se proglasi za Pesni za iskazhuvanje na frustracijata! намигнување
 
 
 
 
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2009 во 22:01
Излезе фотографија од претепаната Ријана

Откако веста за бруталниот чин на младиот Браун го заобиколи светот, за кратко време во јавноста се појави  и ексклузивна фотографија со претепаната Ријана. Познатиот американски интернет сајт TMZ, кој прв ја објави фотографијата не даде информација од каде е сликата, а полицијата во Лос Анџелес не ја потврди автентичноста.

По објавување на спорната фотографија, полицијата покрена заштитна истрага во своите редови бидејќи според наводите, сликата е украдена од нивните простории. Според некои информации фотографијата е идентична со онаа што ја направила полицијата по примањето на Ријана во болница.

- Ние не сме ја пуштиле фотографијата во јавност. Ќе спроведеме внатрешна истрага и ќе мора да се дознае кој ја извадил оваа слика од полициската станица. Не можеме службено да потврдиме дека жртвата е Ријана, соопшти началникот на полицијата во Лос Анџелес.

Иако нигде официјално не е потврдено дека на фотографијата е познатата R&B пејачка, на сликата јасно се гледа нејзината препознатлива тетоважа.

На 8, овој месец, Браун физички ја нападна својата девојка, а притоа и нанесе телесни повреди, поради кои наводно Ријана морала да посети пластичен хирург.

Откако се појавија многу претпоставки за нападот и расправијата помеѓу пејачот Крис Браун и R&B ѕвездата Ријана, близок пријател на музичката двојка ја откри вистинската причина за тепачката. Наводно додека се возеле во автомобилот Браун добил смс порака од девојка со која претходно ја изневерил 21-годишната пејачка од Бахамите. По големата расправија Ријана го земала клучот од автомобилот и го фрлила низ прозорот. Откако Крис ги нашол клучевите, разбеснето тргнал кон својата девојка и почнал да ја гуши и да вика дека ќе ја убие. Од силниот удар кој го добила, Ријана се онесвестила, но тоа не го спречило бесниот пејач да продолжи со ударите. Кога симпатичната пејачка дошла при свест, Крис веќе бил уапсен, но поради отоците не можела да ги отвори очите.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3392
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZoraNaSlobodata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2009 во 22:15
Ѓупска работа,се јачат на жените
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2009 во 22:42
znaes ima ona edna pesna Rehab i se vika,...izglea predcustvuvala голема%20насмевка
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2009 во 14:51
ТРАГЕДИЈА НА ПРВАТА ПОЛУФИНАЛНА ВЕЧЕР ОД НАЦИОНАЛНИОТ ИЗБОР ЗА ПЕСНА НА ЕВРОВИЗИЈА
Почина девојка среде фестивал
Додека траеше Фестивалот, мртвото тело на Ивана беше во фоајето и се чекаше да дојдат службените лица од Судска медицина. Ивана немала татко, починал пред неколку години, и во скопската населба Карпош живеела со мајка и и со помалиот брат. Кога ја

  Младата скопјанка Ивана Митровска (24) почина завчеравечер во Универзална сала, додека се одржуваше првата полуфинална вечер од националниот избор за песна на Евровизијата. Ивана со друштво дошла во Универзална да и даде поддршка на младата пејачка Емилија Гиевска, но судбината не и дозволи да го проследи нејзиниот настап ниту да гласа за неа.
Додека во салата се пееше, во фоајето на Универзална се случуваше вистинска драма за спас на млад живот кој, за жал, заврши трагично. Очевидци во публиката велат дека во моментот додека на сцена пеела младата Лили, која настапуваше деветта по ред, на Ивана и се слошило и само паднала врз седиштето. Настанала паника меѓу присутните во публиката, по што Ивана на раце ја изнеле во фоајето на салата. На Ивана веднаш и беше дадено вештачко дишење и масажа на срцето, а некој од присутните повика и брза помош. Очевидци, кои се стрчаа за помош, инаку лекари по професија, рекоа дека Ивана веќе немала пулс додека и давале вештачко дишење и масажа. Некои од присутните, не знаејќи дека Ивана веќе е почината, велеа дека според реакцијата на нејзиното тело, биле свесни оти состојбата е страшна, дека е можно да добила удар, па затоа и претурале по нејзината чанта со надеж дека ќе најдат некои лекарства со кои би можеле да и помогнат. Но, за жал, сите обиди биле залудни. Се веќе било доцна. Во меѓувреме, пристигнаа и лекарите од Брзата помош, кои само констатираа смрт и си замина. Се претпоставува дека младата девојка од срцев удар починала уште на седиштето во салата.
"За малку ја напуштив Универзална и заминав до најблиската трафика. Кога се враќав видов дека некому му даваат вештачко дишење и масажа. Бидејќи сум лекар, веднаш се стрчав. Ја фатив за пулсот, но тој веќе не отчукуваше. Дека смртта настапила покажуваа и нејзините зеници", рече лекарот.
Само што си заминаа лекарите од брзата помош, трагичната вест и беше соопштена на другарката на Ивана и на нејзиниот дечко Иво, кој е брат на пејачката Емилија Гиевска. Тие не можеа да ги сопрат солзите од тага за загубената другарка. Тажни беа и родителите на пејачката Фани и Злате, кои ги тешеа децата.
"Тажно е ова што се случи. Не ни се верува дека толку бргу може да згасне млад живот. Животот беше пред неа. Таа воопшто не требаше да умре, особено не сега кога овде сме дојдени за убаво", потресени велеа Фани и Златко.
Тие беа во паника не само поради трагичниот настан туку и поради тоа што нивниот син Иван воопшто не одговараше на мобилниот за да каже што се случува, бидејки тој и девојка му, која со сега веќе починатата живеела во иста зграда, беа покрај телото на Ивана, а за сите други пристапот беше забранет. Се чекаше увид од јавен обвинител и истражен судија, кој кога дошол, наредил обдукција на телото за да се утврдат причините за смртта.
Додека траеше Фестивалот, мртвото тело на Ивана беше положено во фоајето и се чекаше да дојдат службените лица од Судска медицина. Службениот влез и пристапот кон службениот влез од главната врата на Универзална беа затворени. Учесниците на Фестивалот што мораа да одат од зад сцената кон зелената соба кружеа од надворешната страна на Универзална. Тажните лица и кружењето придонесоа меѓу присутните со молскавична брзина да се прошири веста за смртта на девојката. Никој не се осмелуваше да се јави на нејзините дома и да ја соопшти трагичната вест. Ивана немала татко, починал пред неколку години, и во скопската населба Карпош живеела со мајка и и со помалиот брат. Доцна по полноќ, по завршување на првата евровизиска вечер, нејзиното тело се уште лежеше во фоајето. Во очекување на стручните лица, но и на нејзините најблиски. Откако се испразни Универзална, полицијата ги затвори сите врати. Беа отворени само за мајката на Ивана, која ја очекуваа да дојде. Кога ја повикале, само и кажале дека на нејзината ќерка и се слошило, но не и дека е почината. "Каде е моето дете", бил лелекот на нејзината мајка кога ја слушнала трагичната вест за прерано починатата Ивана.
В.Миленковска
Фото: В. Тануровски


***

Емилија Гиевска: Умре пред да запеам

Младата пејачка Емилија Гиевска до завршување на натпреварувачката вечер не знаела дека нејзината другарка Ивана починала. Настапуваше 12-та и, како и сите други од зад сцената до зелената соба, од каде што требаше да се следи гласањето, кружеше околу Универзална низ снегот. Трагично беше и за неа кога случајно од останатите слушнала дека Ивана починала.
"Кога од зад сцена кружевме надвор низ снегот, слушнав дека на некое девојче му се слошило и починало, но ни на крај памет не ми беше дека тоа е Ивана. Седев со останатите учесници во зелената соба и сите зборуваа: 'Штета за младиот живот', 'Не е фер толку млада да почине'... Кога некој од нив почна да раскажува што се случило, сфатив дека тоа е Ивана и се шокирав", вели Емилија.
Додека траеше ревијалниот настап и гласањето, Емилија долго време седеше на столче пред зелената соба и плачеше. До неа беа нејзините родители и други блиски пријатели што ја тешеа. Никому од најблиските не му идеше на памет да го сврти телефонот и да гласа за Емилија.
"Не ми е жал што не влегов во финале, камо среќа ова да не се случеше. Не можам да си дојдам на себе. Ивана дојде заради мене, но не дочека да го види мојот настап.
Завчера бев во шок. Бев под седативи и дури вчера се освестив и сфатив што навистина се случило. Си ветив - Ивана ќе ја опеам во песна. Ивана беше другарка на девојката на брат ми и често доаѓаше кај нас. Многу се дружевме. Таа беше фризерка, работеше во фризерски салон и често знаеше да не фенира и да ни прави фризури за излегување", вели Емилија.
На Емилија ова и е трет фестивалски настап, по Радискиот фестивал и "Макфест". Беше и придружен вокал на настапот на трикратниот евровизиски победник Џони Логан, кога гостуваше кај нас. "Тажна сум за Ивана, не сум тажна што не влегов во финале. Освоив само 19 поени од жирито кои не беа доволни. Подоцна ми кажаа пријатели дека пробале да гласаат за мене, но ниеден глас не им бил примен. Еден од членовите на жири-комисијата, кому нема да му го споменувам името, му се доверил на татко ми дека не смеел да не дава високи бодови за големите фаци. Но вистина, по оваа голема трагедија не ми е битно како се пласирав. Во животот има многу побитни работи отколку да се троши енергија за нечии суети", вели Емилија. (В.М.)

***

Избрани 8 финалисти за домашниот избор за песна за Евровизија

Близнаците од "Некст тајм"со песната "Нешто што ќе остане" победија во првата полуфинална вечер од националниот избор на песна за Евровизија, кој се одржа во четвртокот вечерта во Универзална сала во Скопје. Мартин и Стефан првото место го освоија со 22 поена, од кои 10 добија од жирито, а 12 од резултатите од телевоутингот. Зад нив се пласираа Ристо Самарџиев и Зоран Џорлев со "103 бели лебеди", кои освоија 19 поени (12 од жирито и 7 од телевоутингот). Трети се изненадувањето "Сленг" со песната "Гангста оро" со 15 поени ( 5 од жирито и 10 од телевоутинг), четврти се "Проект Македонија" со "По малку наивно" со 12 поени (7 од жири и 5 од телевоутинг). Петти е Даниел со "Сила на љубовта" со девет поени (3 од жири и 6 од телевоутинг), шеста е Андријана Јаневска со "Дрво без корен" со осум поени, кои ги освои само од жирито, седми е Константин Папа, кој влезе со осум поени само од телевоутингот, и осма е Верица Пандиловска со "Северно од мене, јужно од тебе" со шест поени од жирито.
Доцна синоќа заврши втората полуфинална вечер, од која беа избрани новите осум финалисти. Вечерва е финалето. Од 16-те песни, избрани по осум од првата и од втората полуфинална вечер, ќе се избере песната која ќе ја претставува Македонија на Евросонг во мај во Москва, Русија. (В.М.)

***

Евровизија се следеше и на снег

Новинарите од емисијата "Бекстејџ" , која се емитува секој ден на телевизија "Сител" евровизиското случување место од сала го следеа надвор на снег и студ. Тие заради неколку прилози што ги имале на тв "Сител" од одговорните на МТВ не добиле акредитации, па така петто го следеа пред телевизор, кој беше поставен надвор, веднаш до службениот влез на Универзална сала.


Изменето од blueprayer - 21.Февруари.2009 во 14:51
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2009 во 15:35

„Се обложувам дека Боно ќе добие мозочен удар од бес“

 

Необјавениот албум на U2 се најде на интернет


Новиот албум на U2 е „провален“ на интернет две недели пред официјалното објавување и тоа поради грешка „во чекори“ на австралиска интернет страница.

„No Line On The Horizon“ е 12-ти по ред албум на ирската рок атракција U2 и до вчера е достапен на Pirate Bay страницата и тоа бесплатно.

Еден од downloder-ите оставил дури и порака: „Се обложувам дека Боно ќе добие мозочен удар од бес“.

Се верува дека песните од новиот албум почнале да се вртат на интернет откако австралиската интернет страница по грешка пуштила во online продажба албум, но за кратко го повлекла.

Но, изгледа не било доволно брзо. Сите 11 нови песни во среда вечерта се нашле на Pirate Bay, само два часа откако бил пуштен на австралиската страница, а потоа повлечен од продажба „No Line On The Horizon“.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2009 во 00:14
Мила Јовович водителка на Евровизија во Москва




Холивудската актерка Мила Јовович ќе биде водителка на Изборот за песна на Евровизија, кој ќе се одржи во Москва, од 12 до 16 мај, јаву
ваат српските и хрватските медиуми. На убавицата со украинско-српско потекло друштвото ќе и' прави некоја од руските познати личности чие име се' уште се држи во тајност. „Блиц“ објавува дека специјални гости на „Евросонг“ ќе бидат ланските водители на оваа манифестација Жељко Јоксимовиќ и Јована Јанковиќ.

Јовович е родена на 17 декември 1975 година во Киев, Украина, а нејзиното вистинско име е Милица Наташа Јововиќ. Таа со својата мајка Галина Логинова и таткото Богдан Јововиќ, до својата петта година живеела во Советскиот Сојуз, а потоа да се преселат во Калифорнија. Во тинејџерските години Мила се популаризира со улогата во филмот „Враќање во Сината лагуна“, а паралелно градеше успешна манекенска кариера, работејќи на кампањите на „Диор“, „Дона Каран“ и „Манго“. По големиот успех со филмот „Петтиот елемент“ од 1997 година целосно и' се посвети на глумата. Играше во остварувањата „Притаено зло“, „Приказната за Јована Орлеанка“ и „Хотел од милион долари“.

На снимањето на филмот „Петтиот елемент“ се зближи со режисерот Лик Бесон, со кој се венча на крајот на 1997 година. По две години се разведоа, а во последниот период таа е во врска со режисерот Пол Андерсон, со кој ја има двегодишната ќерка Евер Габо. Освен со филм и манекенството, Мила се занимава и со моден дизајн, но и со музика. Во 1994 година го објави фолк-албумот The Divine Comedy. Кон крајот на 90-тите го основа бендот „Пластик хес мемори“, а исто така соработуваше со Мејнард Џејмс Кинан од „Тул“ и низа други познати музичари.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2009 во 02:42

U2 со концерт во Загреб

Легендарната ирска рок група U2 официјално соопшти дека ова лето ќе одржи концерт во Загреб, Хрватска.

На службената страница на бендот е објавено дека групата ќе одржи концерт на 10 август на стадионот Максимир во Загреб.

Интересот за настапите на оваа група ширум светот е огромен, а тоа го потврдува и фактот дека утрово, по објавувањето на распоредот на концертите, поради големиот број влезови се урнала официјалната веб страна на групата.

Картите за концертот во Хрватска започнуваат да се продаваат од 27. март.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 32>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.