|
ЗБУНЕТОВА ТЕМА |
Внеси реплика | страница <1 101102103104105 137> |
Автор | |
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
Delicia
Сениор *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... возиш кој - знае- колку- брзинец, те оставам пред мене, вртиш педали, мене ми се врти, во патот не гледам, гледам како вртиш, колку би сакал седиште да бидам иако не се гледа, а знам дека е тука, изгледа како да лебдиш над велосипедобрзинецот, нема седиште, а колку би сакал да бидам, само пригушено ржам, судбина неправедна.
Се смешкаш, навалена над воланот, ги мразам прерамките, баш кога треба да видам погледот ми го запираат, се кривам над мојот волан за подобро да видам, малку фали да паднам, внимавам добар поглед да имам на тебе, оп ! невнимателна брадавица се појави, уште повеќе се искривив, паднав, не ми беше гајле, се смеев ко зелен. Не ми беше веќе смешно кога ме опчекори со кратките панталончиња, баш беа панталончиња, за да ме прашаш како ми е, направив болна фаца, се навали над мене...лелее...како убаво се гледаат !...е вакви прерамки почитувам, што знаат за соработка...што знаат што сакам, а овие знаеа...штракнав со забите на празно, како полумртов со крајни сили покажав кон грмушките, затоа што има сенка, не за друго... Ме гушна загрижено, ме одведе до разлистаните грмушки, ништо во нив не се гледаше, заржав задоволно, ме боли де, побарав повнатре, поголем лад е, ме послуша...ти се спуши погледот подолу, се насмеа, ме одведе подлабоко во грмушките... |
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... во ординација влегувам, се правам болен, бар да те видам, рече дека нема да се видиме денес, дежурна си. Не подигаш поглед, велиш пауза е, дека ти носам јадење ти велам.
Ме погледна, стана и закачи лист на кој пишува - Пауза - ја заклучи вратата. Ме легна на креветот, офкам за да бидам поубедлив, изразот на твоето лице не се менува, професионален е. Ме прашуваш каде ме боли, велам дека ми шета низ цело тело, ме раскопчуваш, минуваш со дланката низ оние делови за кои се сомневаш, дали е грешка, сигурно знаеш каде да провериш, но тие делови ме скокоткаат, на некои се грчам, вилицата ме боли од смеење, губам воздух, ѕвездички ми искрат пред очите, твојот израз не се менува, ми даваш вештачко дишење, ме лечиш со својот здив, употребуваш и јазик, нова метода ли е ова прашувам, не одговараш, мораш да провериш подлабоко велиш, нешто ти е сомнително, раката како змииче ти се спушти уште подолу, длабок воздух испуштив, низ заби крик се распрска, велиш грч има некаде меѓу препони, да го смириш мораш, изразот не ти се менува. Ме опчекори, очи затворив, топлина ме обли, како да сум дома се чувствував, како меки бранови да го заплиснуваа грчот кој ме здрвува право нагоре... бранови се посилни ме тресат... нешто ми иде, нека чека... за лекот треба подолго време...многу подолго... |
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
колку сини картони ќе ти земат за оваа интервенција? |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... гледаш кон лап топот, не ме забележуваш како влегувам во твојата канцеларија на спрат каде тепихот ги пригушува моите чекори. По ѕидовите апстрактни слики од некои уметници кои некогаш ти биле пријатели, но сега се заминати некаде каде ќе бидат препознаени како такви, ја нема Цеца, тоа им е грешката. На ќошот од едниот прозорец има гнездо, се гледаат малечките како ѕиркаат довикувајќи ја мајка си, знам дека си била многу радосна кога одлучиле тука да свијат гнездо, сега ги сваќаш како свои, се познава по ситните трошки кои стојат на лимот, а кој не би ја сакал твојата близина, знам јас, знаеш и ти.
Низ прозорецот го гледам оној дел од улицата кога прв пат се запознавме, а како инаку би те запознал, работата ти беше се, не се одалечуваше никогаш премногу, дури и домот ти е во близина. Имаше истоварен намештај пред влезот на канцеларијата, носачите доцнеа, ти немоќно кршеше прсти гледајќи некаде во далечина и во оближните возила, небарем сега ќе се појават од некаде, стоев со пријателот додека нешто живо ми гестикулираше, се насмеав во себе додека те загледав како сонцето зад тебе ги појачуваше линиите на твоето тело, беа совршени какви отсекогаш ги замислував и какви треба да ги има жената од моите сонови со никого поделени. Лицето ти имаше замислен израз какви сум гледал на слики со ангели, зраците од сонцето си играа со твојата коса, ме потсети на водопад. Кривината кон твоите гради ме потсети на скијачко место, свежина ме обли, го почувствув мирисот на снегот помешан со твојот парфем. Не размислував, само го подбутнав пријателот за рамо, му реков да молчи. Застанавме пред тебе, некоја секунда молк заради збунетост од сјајот од твоите очи, ме потсетија на извори, погледнав нагоре кон рекламата, извадив некое ливче како да споредувам и реков дека сме пратени заради намештајот. Воздивна длабоко со олеснување, не се ни обиде да не провериш заради нестрпливоста која ти тежеше иако пријателот со кого бев сакаше да протестира, но се откажа кога го стиснав, она место каде се спојува рамето, тука знае и да боли, свати и се подсмевна... Додека пиевме кафе се извинуваше заради несреденоста, имаше пресладок израз како дете кое направило палавост, таква невиност немав сретнато многу одамна. Носачите дојдоа, го пратив пријателот да се објасни со нив, отсекогаш имал дарба за спорови, знам дури дека ужива во тие работи. Едвај се воздржав да не се фатам за стомак од смеење, додека низ врата се слушаше неговиот говор, а носачите неуспешно протестираа. Објаснив дека газдата не пратил нас заради нивната аљкавост и дека се извинува заради доцнењето и дека пренесувањето на намештајот не влегува во цена, но овој пат ќе биде направен исклучок. Во твојот поглед се виде искра сомнеж, направив грешка затоа што не знаев дека носењето и монтажата влегува во цената. Заради нешто премолча, заради тоа што се надевав дека е, го запишав бројот од телефонот во случај да ти треба нешто од нашите монтажни услуги... Минаа недели, твојот лик не ги напушташе моите сонови и кога ќе минев крај твојата канцеларија кришум ќе погледнав кон прозорецот небар бар на кратко ќе те видам, да ја обновам твојата слика во моите мисли, немоќно слегнав со рамената издишувајќи се, лутејќи се во себе замерувајќи ти што не се сеќаваш дека имаш прозорец баш во тој момент кога минувам, се смеев во себе на мојата глупавост, но беше посилно од мене. Пиејќи го утринското кафе со напуштена надеж во некој од наредните сиви денови, телефонот зазвони, не ми беше познат бројот, се јавив и набргу ушите ми поцрвенеа. Ме повика за петминутна работа, ми помагаше, како да знаеше дека не сум стручен за монтажни работи...потоа дознав дека знаеше... Додека гледаш во компјутерот сонцето низ прозорецот повторно си погрува со тебе, погледнуваш кон мојата слика на бирото, имаш насмевка, гледам одблесок од твоите бисери меѓу твоите облизнати усни, сеуште не знаеш дека сум тука, но магијата во канцеларијата ме обзеде, не сакам со ништо да ја нарушам... се вратив...додека се симнував по скалите телефонот ми зазвоне, мелодијата ти беше позната, ги чув твоите чекори зад мене. - Абе не ми глуми, мислиш дека нема да познаам дека си тука ? Ти го знам и мирисот. - Ја ... - Ај не ми глуми збунет, ти ги знам финтите. Ми се фрлаш во прегратка, ме земаш за рака...ми нудиш кафе со бакежи... |
|
fragola
Сениор Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3829 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Lele,od kade izleze pak sega ova uste edna magija da ne zbuni
|
|
I get enough exercise...just pushing my luck.
|
|
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
zbunet
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
сдтк.....
|
|
apce
Сениор Регистриран: 18.Октомври.2007 Локација: Malaysia Статус: Офлајн Поени: 2717 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
prekrasno ............ |
|
apce
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изменето од butterflyM55 - 13.Февруари.2009 во 10:45 |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
ZeZnAtA
Сениор Power Регистриран: 26.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 19172 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... mala pomosh...ne palam neshto... ovoj trosedov..od ordinacijata go nosat na hemisko
|
|
Внеси реплика | страница <1 101102103104105 137> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |