IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - Каролина Гочева
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Каролина Гочева

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 23>
Автор
Порака
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2008 во 14:27

........ slusam , pocnala da uci da pee ilahii голема%20насмевка

Кон врв
apce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Октомври.2007
Локација: Malaysia
Статус: Офлајн
Поени: 2717
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај apce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2008 во 14:35
газење%20од%20смеење mozebi poveke ja...ovaj i legnaleголема%20насмевка
apce
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2008 во 14:37
za kakva publika , takov pejac ...... to jest , pevaljka болен
Кон врв
KAROLIN Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maкедонско девојче

Регистриран: 28.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 201
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KAROLIN Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2009 во 00:46
Најновото интервју со Каролина
Autor: Александар Наков



Каролина Гочева постојано предизвикува интерес во јавноста и тоа од неколку причини. Едната е тоа што го издаде својот албум “Македонско девојче“. Другата поради што албумот направи голем бум, третата неодамна се врати од зимувањето во Сент Мориц, четвртата нејзиното момче, петатта...За неа велат дека е најпопуларната и најитригатната пејачка која конечно научи да се носи со својата естрадна карма. Иако неодамна направи неколку успешни концерти и е во подготовка на нов поп албум душегрижниците и понатаму полемизираат за случувањата во животот на Каролина надвор од естрадната сцена.

Неодамна, со твоето момче дино се вративте од зимување. Бевте во Сент Мориц, како си поминавте?
Да, бев во Сент Мориц, како и минатата година. Се разбира дека одморот на секого му годи, особено по таков напорен период каков што имав до крајот на минатата година. Се одморив, скијав, а качив и некое килце.

Бевте сами или повторно со друштво?
Со драги пријатели.

Каков скијач си?
Мислам дека сум доста добар скијач, така велат другите.

Се опуштивте ли, потрошивте ли малку повеќе пари, со оглед на тоа што добро заработи минатата година?
Се опуштив, а потрошив толку колку што ми дозволуваат можностите. Сигурно не милион денари како што вие напишавте дека сум потрошила минатата година. Тоа е огромна сума за наши услови.

Дали ти годеше што беше рекордер по хонорарот за новогодишниот настап, од сите наши пејачи?
Се разбира, но да знаете бројката што ја објавивте за мојот новогодишен хонорар, не беше сосема точна. И се разбира, нема да ви ја откријам вистинската сума. (се смее)

Не стигнавме да те прашаме како си помина на настапот?
Одлично. Публиката во Црна Гора ми е една од омилените и секогаш уживам кога настапувам каде било во Црна Гора, затоа што одлично ме прифаќаат.

Интервјуто го правиме во Битола, моментално си тука кај твоите. Колку често ги посетуваш?
Секој послободен период го користам да дојдам во Битола. Најмногу ме опушта домашна атмосфера и затоа најголемиот дел од времето го поминувам дома. Особено сум среќна кога сите се собираме на заеднички семеен ручек и морам да признам, како што поминуваат годините, се повеќе ми недостасуваат тие мали работи што го сочинуваат секојдневието, и затоа им придавам голема важност. Се разбира, сакам да излезам и со другарките. Ова е мојот роден град, и нормално е тука да ми е најубаво.

Како ги поминуваш деновиве, освен што навиваш за ракометната репрезентација и за твојот пријател Кире Лазаро?
Деновите ги поминувам потполно релаксирано, не размислувам на ни една од работите што ми причинуваат стрес и нервоза. Се разбира, ги следам натпреварите на нашата репрезентација и се гордеам со мојот школски другар Кире Лазаров.

Со Кире се знаете од средно училиште, каков ученик беше тој?
Со Кире заедно учевме во гимназијата “Јосип Броз-Тито“ во Битола, во четврта 6. Беше одличен ученик. Со сите петки! (се смее)

Колку си задоволна од тоа како се продава твојот последен албум?
Првиот тираж помина многу добро, тоа го покажаа и моите два успешни концерти во Скопје и Битола, очекувајте уште еден тираж а јас во меѓувреме ќе работам на нови песни.

Зошто се реши да правиш концерт во “Универзална сала“, а не во “Борис Трајковски“, на пример?
Затоа што албумот “Македонско девојче“ има тивка, нежна музика и бара посебна акустика, што сала од типот на “Борис Трајковски“ не може да ја понуди. Мислам дека со овој концепт понудив нешто потполно ново во мојата кариера, а и во целокупната македонска музика. Публиката што беше во “Универзална“, можеше да го чуе и најтивкиот шум, секој тон и мислам дека уживаше исто колку и ние кои бевме на бина.

Ти си му кума на еден од твоите менаџери, но тие се и твои деловни соработници. Како досега да не сте се скарале за работа?
Се разбира дека се караме како и сите луѓе кои работат заедно, но нашите кавги се позитивно конструктивни. (се смее)

Кога да очекуваме од тебе нов поп-албум?
Размислувам интензивно на таа тема, а наскоро ќе се “фрлам“ на работа. Се уште не сум ги собрала сите песни, но имам веќе неколку многу добри и многу наскоро ќе почнам со снимање.

Дали ќе го правиш само на македонски, или ќе го препееш и на српски?
Како и трите последни албуми, и овој албум ќе биде наменет и за поранешните ју-простори, па значи ќе биде и на српски и хрватски.

Ти беше единствената пејачка која се појави двапати на “Операција триумф“. Од која причина те поканија двапати?
Точно, јас бев двапати на “Операција триумф“, првпат беше на првата Гала кога пеев со нашиот Александар, а вторпат некаде при крајот, кога пеев со Нина, Ана и Соња. Не знам која беше причината што ме поканија по вторпат. Веројатно беа задоволни од мојот прв настап.

Мислиш ли дека Александар Белов ќе стане ѕвезда? Би снимила ли дует со него?
Мислам дека Александар е голем потенцијал. Тој е многу талентирано, убаво младо момче, но најважно од се е што е многу воспитан и скромен што беше и една од причините за сите толку да го засакаат.

Што мислиш за другите преставници?
Со Нина имав можност да пеам и за неа можам да кажам само пофални зборови. Се разбира дека убави работи имам да кажам и за Аднан и Вукашин, кои исто така стигнаа до финале. Им посакувам да направат голема кариера, затоа што сметам дека заслужуваат.

Какво е твоето генерално мислење за овогодишниот избор на песна за “Евровизија“? Мислиш ли дека Белов повторно ќе биде фаворит на публиката?
Не сум запознаена со деталите и изведувачите околу овогодишниот избор, но веќе слушнав дека го спомнуваат неговото име во некои прогнози.

Ретко те гледаме на македонските фестивали, ама често знаеш да се појавиш на некој од интернационалните, која е причината?
Одамна не сум била на некој интернационален фестивал. Последен беше “Радискиот“ во Белград минатата година. Едноставно, не го гледам веќе моето место на некој од фестивалите, а забележувам дека слично размислуваат и некои од моите колеги, кои имаат повеќегодишно искуство.

Која од твоите колешки ти е најдобра пријателка, доколку воопшто постои таква?
Не ја гледам естрадата како место каде што би можела да најдам искрен, долгогодишен пријател. Повеќето што тврделе дека се неразделни, сродни души и слично, по некое време си вртат грб и се озборуваат на секој чекор. Моите најдобри другарки не се личности од јавниот живот, и со нив речиси никогаш не разговарам за мојата работа.

А, со кои не се дружиш, немој да ми кажеш дека со ниту една не си скарана?
Па токму поради ова што ти го кажав погоре и не сум скарана со никого. Се разбира, некои ми се драги, некои не толку, но со никого не сум се испокарала за да не можам да си кажам ни најобично - здраво.

Ги следиш ли трач муабетите од соседството? Мислиш ли дека Беквалац го изневери Дача со Новак?
Чув нешто на таа тема, но се разбира дека не верувам. Можеби затоа што многу ја сакам Наташа Беквалац, па не сакам да верувам во тоа.

Каков е твојот став кон прељубата?
Во никој случај не ја оправдувам. И мислам дека не би простила такво нешто, доколку ми се случи.

Како би реагирала доколку Дино се појави на некоја насловна страна со некоја позната “цица“?
Не би реагирала никако. Една слика не значи ништо. Се разбира, позата е многу важна. (се смее)

Колку сте љубоморни еден на друг?
Во нормални граници. Најголема казна за некој што ја работи мојава работа е до себе да има искомплексиран љубоморен партнер.

Твоето момче го бркале многу жени, а тебе многу мажи. Дали уште сте фатални еден за друг?
Не знам зошто ме прашуваш вакво нешто, па јас никогаш не сум била фатална, така што ниту еден мој партнер не бил со мене затоа што сум фатална.

Каква си кога ќе се вљубиш?
Среќна и исполнета.

Последниве години пејачките како да се натпреваруваат, изјавувајќи која колку пари дала за некое брендирано парче гардероба. Што мислиш за таквото експонирање?
Не се сеќавам јас некогаш да сум кажала колку пари сум платила некое парче гардероба, ниту пак мислам дека тоа е нешто со кое треба да се фалам. Мене не ми се допаѓа таков вид на експонирање, како ни вашиот натпис од пред некој број дека сум добила на подарок од момчето бунда од нерц. Дечко ми навистина сака да ми подарува убави работи, но конкретно, бундата за која пишувавте, си ја купив сама, и не е од нерц! (се смее)

Кое е најскапото парче што го имаш ти во твојот ормар?
Не знам зошто е толку тоа важно, а и само на нашиве простори го поставуваат тоа прашање. Не сум забележала некој да ја прашува Бијонсе кое е најскапото парче кое го има. Или можеби се лажам?! Имам работи кои се брендирани, но немам никаков комплекс од тоа да си купам и некое парче за 10 евра и со огромно задоволство да си го носам.

Сето тоа чини многу пари, како стоиш финансиски?
Морам да кажам дека на нашиве простори од музика многу тешко се заработуваат пари, и навистина треба многу труд и работа за добра заработка. Јас сум цело време некаде на пат, така што сите оние кои мислат дека оваа работа е лесна, бидејќи само си “шеташ и си пееш“, нека знаат дека не е така. Инаку, финансиски стојам солидно. (се смее)
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2009 во 18:24
Karolina...ima ubavi pesnicinja... kade koci rabotava: vo 15 godini 2 koncerti!? Znaci nesto sepak ne e kako sto treba, kolku i da se falime
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2009 во 09:50
i sto napravija so emisijata sto ja reklamiraa mislam deka bese na Sitel: Ako komsiite ti velat deka si pluknata Karolina, prijavi se na ......bla,bla,bla.......izgleda nisto ne bidna i od toa
Кон врв
KAROLIN Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maкедонско девојче

Регистриран: 28.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 201
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KAROLIN Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2009 во 20:12
Каролина и Сајко од „Операција Триумф“ снимија дует
Младиот пејач од „Операција Триумф“ Ненад Сариќ-Сајко и нашата поп ѕвезда Каролина Гочева, изминатата недела на иницијатива на водечките луѓе од популарното шоу, снимија дует


Извонредна рок балада изработена од врвните мајстори во фелата, двоецот Мирко и Снежана Вукмановиќ, се коментарите за дуетот на популарната поп ѕвезда Каролина Гочева и младиот и надежен пејач Никола Сариќ-Сајко.

Песната со наслов Заборави беше снимена во студиото на популарниот Владо Георгиев и ќе биде пуштена во целиот екс ју етер во следните дваесетина дена. Иницијаторите на проектот, луѓето од Операција Триумф кои се одговорни за кариерите на своите млади и надежни учесници во шоуто, веруваат во успехот на овој дует, што е воедно и прва поп композиција за Каролина по подолго време.
Кон врв
maestro13 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 428
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maestro13 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2009 во 22:05
Супер.
Баш чекам да го слушнам дуетот.
Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2009 во 01:20
Каква ли комбинација ќе биде ова?????

Детево го обожавав, а Каролина не можам да ја поднесам........
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2009 во 02:52
исто и јас полжавче
Кон врв
KAROLIN Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maкедонско девојче

Регистриран: 28.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 201
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KAROLIN Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2009 во 15:33
Во 5 категорија гласај за најдобар етно светски албум за Македонско девојче на Каролина на босанските награди
Да ја подржиме новосоздадената македонска етно песна низ светот, гласајте за КАРОЛИНА

http://www.davorin.ba/muzika/2009.asp
Кон врв
Командантица Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Командантица Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2009 во 22:30
Originally posted by KAROLIN KAROLIN напиша:

Каролина и Сајко од „Операција Триумф“ снимија дует
Младиот пејач од „Операција Триумф“ Ненад Сариќ-Сајко и нашата поп ѕвезда Каролина Гочева, изминатата недела на иницијатива на водечките луѓе од популарното шоу, снимија дует


Извонредна рок балада изработена од врвните мајстори во фелата, двоецот Мирко и Снежана Вукмановиќ, се коментарите за дуетот на популарната поп ѕвезда Каролина Гочева и младиот и надежен пејач Никола Сариќ-Сајко.

Песната со наслов Заборави беше снимена во студиото на популарниот Владо Георгиев и ќе биде пуштена во целиот екс ју етер во следните дваесетина дена. Иницијаторите на проектот, луѓето од Операција Триумф кои се одговорни за кариерите на своите млади и надежни учесници во шоуто, веруваат во успехот на овој дует, што е воедно и прва поп композиција за Каролина по подолго време.


Иначе не е Ненад туку Никола е..

..а излезе песнава или..?
..Живеам за да умрам..!
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2009 во 20:10
и на кој јазик е песнава?
веќе стварно ќе ги прогласам нашите музичари за продадени души
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Eli Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Ноември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1968
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Eli Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2009 во 19:27
Originally posted by zabegan zabegan напиша:

и на кој јазик е песнава?веќе стварно ќе ги прогласам нашите музичари за продадени души


да претпоставиме на српски
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.