IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Слобода на медиумите
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Слобода на медиумите

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 22>
Автор
Порака
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2009 во 15:39
sloboda na mediumite? pa ja nema...ama ja nema nigde...ne samo tamu...
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2009 во 19:59
Originally posted by moira moira напиша:

Македонија е на 42 место според слободата на говорот
Ова се наведува во најновиот извештај на организацијата ''Репортери без граници'' објавен денеска, а се однесува на слободата на печатот во вкупно 169 држави. Според годинешниот извештај Македонија е ''во друштво'' со Тајван, САД, Италија и Уругвај.



Доволен податок за ,,слободата,, на медиумите.
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2009 во 03:00
Медиумите во досегашниот тек на кампањата како никогаш досега се придржуваат на правилата при известување за изборната кампања, заклучиле од Советот за радиодифузија, меѓутоа според нивното мислење постојат банални грешки за кои Советот за радиодифузија (СРД) се надева ќе бидат поправени до крајот на изборната кампања. Во таа насока е посочена СИТЕЛ телевизија против која Советот донел одлука да покрене прекршочна постапка поради неизбалансирано покривање на претседателските кандидати и на кандидатите за локалните избори, како и за субјективниот пристап во известувањето за редовните активности на Владата. Пријава заработи и Наша ТВ за неизбалансирано покривање на кампањата.

(Целиот текст во Вечер)

И нормално, од Вечер стигаат контра-обвинувања за директорот на СРД, дека имал партиски конфликт на интереси, дека неговата сопруга се кандидирала на советничка листа на СДСМ...
Како и да е, сосема си е заслужена пријавата за Сител Телевизија, за прекршување на правилникот за рамноправност во медиумското претставување за време на изборна кампања.

Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2009 во 09:04
Слобода на медиумите? Интересно, ама кога јавна тајна е дека се слободни само оние медиумски куќи кои се под контрола на власта дали може да се збори за слобода.
А погоре велам само оние кои се под контрола на власта............Значи другите се лимитирани, а оние владините се под цензура. Сега оценете дали и за едните и за другите воопшто во државата постои демократија или медиумска слобода!!!?
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2009 во 12:35
Ako mediumite imaat svoja sloboda togash zoshto se tolku tuzjbi za novinarite i nivnite kukji?
Znach:
,,Ako ne si so vlasta imash zona na odgovornost. Reperot ti e limitiran i aj da te vidam pishuvaj,,.
Zjalosno, ama vistinito.
лутина
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2009 во 10:14
Bombasti naslovi, neumesni komentari ne znacat demokartija. Se pocesti s ereakciite na nenovinarskoto odnesuvanje na nash*te novinari. Reagiraat i Romite- Spic
Ромите со лоша боја во медиумите




Се молат Ромите да не прават цигански работи, Ромите живеат во депонии, Ромите се проблем за државата.
Ваквите и слични наслови по медиумите ги натерале студентите од ромска припадност да се организираат и да апелираат да престане говорот на омраза, како и создавањето стереотипи.
Студентите, поддржани од здружението „Рома Верзитас - ФИОМ“, програма за образование на Ромите, во периодот февруари-јуни 2009 година ги следеле електронските и печатените медиуми во земјава. Целта било да се собираат и анализираат текстовите во кои се спомнати Ромите.
Тие пронашле 57 проблематични текстови, од кои 19 биле прилози по електронски медиуми. За 20 од нив поднеле пријави до советот на честа при ЗНМ, од кои на 15 било позитивно одговорено.
- Загрижувачки се текстовите што се објавуваат, а притоа се споменува етничката припадност на одредена личност во негативен контекст и со тоа се поттикнуваат стереотипите и предрасудите кон таа етничка заедница. Ромите најчесто се главни ѕвезди во оние стории на медиумите, кои се однесуваат на криминалот, како и на трагикомичните стории - рече вчера на прес-конференција Елвис Фазлиоски, член на здружението.
Чашата на револтот ја прелиле текстовите и тврдењата на новинар, кој рекол дека Ромите се и остануваат проблем на градот Скопје како и молењето од страна на весникот Ромите да не прават цигански работи.
Затоа тие како академски граѓани решиле на оваа проблематика да одговорат со демократски средства, кои доликуваат на такви граѓани, велат студентите.
Тие бараат што е можно побрзо да се донесе законот за антидискриминација, како и дополнување на кодексот на новинарите, поточно на членот 10.
Студентите сакаат на текстот „Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа“, да се додаде одредбата „создавање стереотипи“.


Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2009 во 02:17
Ова е одговорот на Македонско Братство на колумната од колумнистката Ирена Цветковиќ објавена во весникот Дневник под наслов „Востанието на Македонското братство“. Весникот Дневник не најде доволно задолжителна новинарска доблесност штом веќе сме биле доволно значајни да бидеме споменати и критикувани да ни овозможи рамноправност и да го објави нашиот одговор. И покрај заложбите на еден од новинарите во Дневник очигледно тоа не беше согласно уредувачката политика на весникот Дневник. И ќе беше чудно да беше обратно. Затоа како и досега ги користиме емаил, блог, форум и другите медиуми преку кои сеуштеме можеме слободно да ги браниме нашите гледишта.


Востание за Македонија на Македонците!

Почитувана сестро Ирена, ако има нечии мисли кои ја дефинираат нацијата и односот на поединеците кон неа, без двоумење, тоа се мислите на македонските национални учители еманирани во национално-научните дела на македонскиот просветител Крсте Петков Мисирков. Впрочем ние Македонците во тој поглед имаме супериорна национална програма, општопризната од академските кругови. Национална наука, која не случајно со толкава чистина се развила кај нас Македонците и за каква не сме чуле дека досега некаде е објавена. Сето тоа благодарение на сознанијата откриени низ длабока болка за доброто на напатените сонародници, дарувана од македонските национални учители. Македонскиот национален стратег Мисирков, кој сето тоа го изразил, уште во почетокот на своите дела ги објаснил причините за потребата од залагањата на поединецот за заедницата на која и припаѓа. Тоа залагање произлегува од природната меѓучовечка поврзаност, почнувајќи од најблиските кон подалечните. Впрочем може ли подобро од она како што е напишано: „Паметувањето на тоа родство, тој произлез и тие интереси го натеруваат секој член од некој народ да се одрече од некои свои права и интереси за да му посвети дел од своите сили на ОПШТОТО ДОБРО. Тоа е долгот кон народните интереси, за што членот од народноста добива заштита на своите лични интереси таму, каде што не се доста само неговите сили.“

Ако некој бега од она што е, тоа може да се прифати како негов избор, доколку би застанал на новото. Проблемот на неличноста е во постојаното шизофреничко менување и бегање од себе. Плашејќи се дека со продлабочувањето на личноста, ќе настапи сериозноста и одговорноста. А вака „колку добро е“ да се отфрли она што сме, да не бидеме Македонци. Да бидеме сешто и ништо за да ја отфрлиме одговорноста кон себе и кон заедниците на кои припаѓаме, потесни и пошироки, давајќи си право на хаотична анархија. Правиот Македонец одлично се разбира, со правиот Албанец, правиот Бугарин, Грк, Србин, Европеец, Американец... Проблем на сегашноста е што и онака малкуте „прави“, оние кои се солта на земјата, станаа исклучително ретки. Затоа и Богочовекот кога пристапил апостол Натаниил изговара „еве ПРАВ Израилец“. Со тоа позитивно признавајќи го народниот дух и откривајќи дека ретките прави, независно од припадноста, не се тие кои Го отфрлиле.

Затоа и ние здружени во МАКЕДОНСКОТО Братство како и сите кои сакаат да придонесат за општото добро, ако сакаме заложбите да ги обединиме во поголема заедничка сила со припадниците на другите нации, тоа не можеме да го сториме како Англичани или било кои освен оние кои сме. Во таа смисла европската идентификација не е во колизија со македонската, бидејќи е поширока, наднационална. Од таму и деривативна од пониските, со повратно влијание, во синергија, а не во судир.

И навистина и нацијата и се друго би било имагинарно, ако ние се сведувавме само на умот, за кој се од надвор е негова претстава. Самото ова доволно зборува дека покрај имагинацијата на разумот и од него обработените телесните чувства, постои и реалноста на духот. И токму духот е клучниот интерес на исправниот национален ангажман. Со помош на разумот на телесните носители, човечкиот дух да се заштитува, потврдува, развива и промовира покрај другите изразувања И низ квалитетна национална форма. „Со народниот јазик ние ја освојуваме психологијата на нашите татковци и предедовци и стануваме нивни духовни наследници, како што сме со снагата нивни телесни продолжувачи.“ (пак Мисирков) Духот кој не мора да биде строго ограничен и поврзан само со родените како Македонци е она кое сакаме да го заштитиме од современите хегемонизми и обезличувања. Што значи сосема е промашено Вашето тврдење за сфаќањето на нацијата како крв и сперма. Тоа е само Ваше намерно примитивизирање и вулгаризирање на здраворазумските активности на секој свесен граѓанин во таа смисла и македонскиот, за подобра иднина преку национално единство. Тоа „себежртвување“ за другите, покрај различни „алтруистички“ мотивации има и силни „себични“, за себе мотивации. Пример чистата совест.
Текстовите кои ги пишувате, обилуваат со анархистички ставови, типични за Вас и тесниот круг на Ваши содружници, со кои оспорувате скоро се што има вредносно значење кое одржува некаков ред, сложност и единство во македонското општество. Од тој аспект иако навидум на левичарска позиција која по дефиниција треба да е антиглобалистичка, гледаме анархо-глобалистичка спрега која дејствува, реално и конкретно за постигнување на глобалистичките заложби. Типично е за глобалистичките тактики извршени од нивните анархо слуги, препоставувајќи одговорени прашања, ставовите на далечни и небитни фактори да се продаваат како стандарди. Рушејќи ги утврдените домашни и докажани вредности со ставови за кои важи анархистичкиот принцип: сопствените каприци да се издигнуваат над интересите од сите останати.

Заради сето ова погоре, истото за кое и порано биле подигнувани востанијата, ние водиме културно ВОСТАНИЕ ЗА МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ симболично објавено на Илинден оваа година.

Зошто востание!?

Затоа што децениското антимакедонско и општо антиличносно и античовечко психолошко обработување, не не' доведе до целосно разумско заслепување, но доведе до енергетска и волева успаност за чие разбудување е неопходен силен поттик и силен повик за враќање на изгубениот простор пред се духовен и културен. А за физичкиот нема потреба да се размислува, бидејќи тој е последично, помалку или повеќе поврзан со првите два.

Во Вашиот текст околу Македонско Братство и културното востание Илинден 2009, изрековте неколку негативни критики. Добар дел од нив се како што вели народот „ради реда“. Колку да се критикува. Затоа нема да се осврнеме на сите, ќе земеме една критика за пример. Во текстот означувате изразување на полова нееднаквост со самото име Македонско Братство. Би ве замолиле да најдете било која организација или слоган каде стои именување братствосестринство или сестробратство. Претставувањето со едно име за два или повеќе субјекти е нормално за говорите на сите јазици кои ни се познати поради неопходноста од генерализација. Кој ќе биде претставник/чката зависи од природен неформален договор. Така, зборот Македонија не ги претставува само женските македонски државјанки, туку и македонските државјани.

Драга сестро, за крај, сакаме Вам и на останатите во и околу Македонија да ви дадеме до знаење ОВОЈ ПАТ МАКЕДОНСКАТА КАУЗА МОРА И ЌЕ ИЗЛЕЗЕ КАКО ПОБЕДНИК, а Ваш избор е дали ќе бидете на страната на победниците бранејќи ја честа или ќе бидете на страната на бесчесните губитници. Би биле среќни доколку размислите и Вие ја одберете страната на победниците.

Македонија на Македонците!

Вашето
Македонско Братство

Се надеваме дека текстот ќе пристигне и до почитуваната сестра Ирена и ќе ја убеди во нејзините погрешно поставени гледишта за нацијата и националните ангажмани на организациите како Македонското Братство.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 22:45
Nekolku dena po red sledejki gi debatnite emisii so aktuelnite temi za enciklopedijata i problemite so otpustenite nastavnici mi padna nesto vo oci i neprijatno me iznenadi koj se kaj nas vodi emisii, kako se odnesuvaat vo razgovorot so gostite, vo obrakjanjeto kon gostite vo emisiite.
Konkretno strashno mi smeta obrakjanjjeto kon gostite na prezime -Vie Miloshovski, Frckovski ili koj e gostin. Kade novinarite go zaboravija manirot na dobro odnesuvanje odnosno obrakjanjeto so gospodine/ospogjo ili so nacinot koj go odbrale za obrakjanje ni pokazuvat deka se bliskiзбунетост so svoite gosti (pa ne gi povikale doma na kafe, tuku vo javen medium, na otvorena emisij)
I vtor momemt isto taka shto mi prosmeta e vpecatokot na  "zazemanje strana". Nekoi novinari samo shto ne grabnale kutlaca pa da pocnat da mavaat po glavata na sekoj onoj koj ke im gi navredi gostite od politickata opcija cija simpatizeri se tie?
Toa li e sloboda na mediumite?
Imaat li nash*te novinari kodeks na odnesuvanje kon i so gostite vo emisii?
Кон врв
BACHIOS Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1517
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BACHIOS Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 22:51
ufff.....
Pa znaes deka takvo nesto nema-zemajki gi vo predvid koi se sopstvenicite na tie mediumi, se znae koj za kogo ke naviva- A1- Ramkovski&Co.; Sitel-Singo&Co; MRT- Vlasta&Co; Kanal 5- Zmejkovski li bese

Pa zamisli ako kaze nesto protiv gazdata -leta. BTW -dali procita deka Tarik Filipovik dobil otkaz poradi nekakov javen protest do gazdite?
I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone
Кон врв
BACHIOS Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1517
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BACHIOS Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 22:54
Ima i uste nesto-
Primer -Barat od nekogo mislenje-Sto mislite vie za ...? Ke go kaze odgovorot prasaniot i ako ne mu se dopadne na voditelot- vednas rafal od prasanja-zosto mislite taka, ama ne moze taka, od kade vie taka- i zaborava deka toa e licnoto mislenje na ,gostot, i toj ima pravo na toa
I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2009 во 18:56
Originally posted by PAVLIN PAVLIN напиша:

Што мислите за најновиот извешатј на Фридом Хаус, каде што РМ е на 100 место по слобода на медиумите.... и за најновата коалиција на ДПМНЕ каде што пратеници на листата на оваа коалиција се и сопственици на три од четирите најголеми ТВ Куќи, а четвртиот е седнат во скут одамна....мислам дека ДПМНЕ ќе добие најголема подршка од медиумите како никогаш досега...ај баш да видиме како ќе ја истераат кампањава...



A koj veli deka mediumite se slobodni?
Nikad nemale pogolema cezura.........
Brojot na uapsenite- privedeni, tuzjeni , osudeni so pravosilna presuda kazjuva kolkava e mediumskata sloboda.

,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2009 во 18:59
нема што многу да се дискутира за медиумите во РМ ....... не верувам дека постои медиум кој не е под влијание на одредена политичка партија било од позицијата или опозицијата ........ значи , независни тешко може да се каже дека има а што се однесува до слободата на медиумите , тука мислам дека и великиот КОБА би можел солза да пушти голема%20насмевка
Кон врв
Popi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Popi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2009 во 16:00

Македонија на 34-то место во светот според слободата на медиумите

Париз, 20 октомври (МИА) - Македонија е на 34-то место од вкупно 175 држави во касификацијата на „Репортери без граници“ за слободата на медиумите во светот.

Македонија оваа година бележи скок за осум позиции, за разлика од 2008 година кога беше на 42-то место, со што најдобро котира во извештајот на организацијата од земјите во регионот.

Од земјите во региониот зад Македонија е Грција, на 35-то место, потоа Босна и Херцеговина на 39-то место и Србија на 65-то место.

Потоа следуваат Косово на 75-то место, Црна Гора на 77-то и Албанија на 88-то место.

Според организацијата, од земјите-членки на ЕУ, перманентен пад бележи Бугарија, која откако стана членка на Унијата во 2007 година нејзината позиција постојано опаѓа и оваа година е на 68-то место, во споредба со 59-то во 2008. Ова е најниско рангирање на која било членка на Унијата, истакнува „Репортери без граници“ во својата Интернет страница. Со слични критики е и Италија, која оваа година е на 49-то место.

Двете кандидатки за членство во ЕУ, Хрватска и Турција, исто така забележале „драматичен пад“ - Хрватска оваа година е на 78-то место, што е пад за 33 места од лани, и Турција на 122-то, пад од 20 места во споредба со 2008.

Најслободни се медиумите во Данска, Финска, Ирска, Норвешка и Шведска, а нивната слобода е најограничена во Еритреја.

По Еритреја, најпотиснати се медиумите во Северна Кореја, Туркменистан, Иран, Мјанмар и Куба. Кина е на незавидното 168-мо место, Русија е на 153-то, а Израел, широко критикуван поради цензурата при известувањето на воeната офанзива во Појасот Газа - на 93-то место.

За сметка на тоа, САД бележт значителен напредок, и го делат 20-то место со Луксембург и со Велика Британија. „Репортери без граници“ го припишуваат добриот резулатт на САД на полибералниот однос на власта кон медиумите по стапувањето на должност на Владата на Барак Обама.

Меѓу критериумите за подготовка на извештајот на „Репортери без граници“ се нападите и апсењата на новинарите, како и цензурата на медиумите. нд/13:18 
http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=68439842&lId=1&pmId=502

 
HA, "lulkata na demokratijata" e pozadi nas. голема%20насмевка



Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2009 во 21:48
па се гледа, се гледа колку се слободни медиумите, што сакаат си пишуваат
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 22>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,143 секунди.