|
Дали... |
Внеси реплика | страница <1 456 |
Автор | |
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Повели ANITA11, што ти е тажно или нејасно?
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Канаѓаните велат - whatever floats your boat...
Мојот проблем е со самиот концепт на грешност и можноста да му се припише на Исус, од било кој аспект... Благодарам за аналитичкиот одговор, во секој случај. |
|
Do what is right, come what may...
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Он се разликуваше од Сите и по тоа што немаше никаков грев. Кога беше распнат меѓу разбојниците, едниот (кој се обрати) рече: “Овој за разлика од нас нема сторено никаков грев...“ Исус ги зеде нашите гревови на Своите плеќи и умре за да не оправда, но со тоа не стана грешник. Ни за момент. Он беше жртвеното јагне кое се принесе за нашите гревови, како што и денес паганите принесуваат к*рбани мислејќи дека со тоа ќе се откупат, но к*рбанот, јагнето-може ли да стане грешно заради тоа што се жртвува за нечиј гревови? Мислам дека тоа е апсурд. |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ova nema logika... zosto da ne opravda koga nisto ne sme zgresile? Nie ne sme ziveele vo toa vreme. I bidejci gi prevzede grevovite, zosto ne sme togas bezgresni?
Изменето од Majkl - 24.Јануари.2009 во 19:26 |
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А која е смислата на Христовото распнување? Ако не веруваш во тоа дека Христос пострада заради нашите гревови (прародителски грев), тогаш која е смислата на нашата вера во Исус? Во тој случај нашата вера би била залудна но токму заради тоа, ние имаме надеж за вечен живот. Нели, Мајкл? |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изменето од Majkl - 24.Јануари.2009 во 22:53 |
|
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ние сме нивни внуци Мајкл. Сите ние сме внуци на Адам и Ева. Сите ние сме излезени од нивното бедро и ја наследуваме грешната природа од нив. Адам направи грев (и Ева, но бидејќи во брак - тие се едно тело) и Божјата пресуда за тој грев беше однапред кажана - смрт. Но она што го направи Божјата љубов беше преместување и пролонгирање на таа пресуда од Адам во Едемската градина, до Христос на Голготскиот крст. Тука Бог си го одржа ветувањето што му го даде на Адам "ќе умреш" и затоа Адамовиот потомок (по тело) Христос беше погубен на тој крст. Павле тоа многу убаво го илустрира во Римјаните 5то поглавје. Поздрав! |
|
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Voedno ako Hristos postradal za nivniot grev, pak nie rodeni vo 20 i 21 vek nemame vrska povece so toa... |
|
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мајкл, нашата врска со нив е грешната природа која ја наследуваме од нив. Ние немаме врска со нивниот грев, но имаме врска со нашиот грев. Исус умре и за нивниот и за нашиот грев. Врската со Исус им е достапна и на нив и на нас. Од нас зависи дали ќе ја прифатиме Христовата жртва за нашите гревови или ќе си платиме самите за нив. |
|
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бог, во Едемската градина, му даде заповед на човекот: „Од секое дрво во градината можеш да јадеш, освен од дрвото за познавање на доброто и злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш“ (Постанок - Битие), 2, 16-17). Бидејќи прародителите ја прекршија Божјата заповед и не Го послушаа Бога, тие (Адам и Ева) „спечалија“ казна, но и ветување за идните генераци. Казната беше – изгонување од Едемската градина (Земниот рај) и смрт (телесна). Сите по Адама (и Ева), додека ќе има живот на земјата, ја наследуваат грешната природа од нив, бидејќи од нив сме излезени, т.е. од нивното бедро. Сите се раѓаат грешни, т.е., го наследуваат првородниот грев. По воскресението, Спасителот слезе во Адот за да го извлече Адама и праведниците, зашто сите, до тогаш, беа грешни поради првородниот грев, и се наоѓаа во Пеколот, зашто не беше дојден Тој Кој требаше да ги ослободи од проклетството, гревот и смртта што човештвото ги „наследи“ од прародителите. За тоа, дали Христос умре „грешен“ само затоа што ги зеде гревовите на светот (им ги прости), - треба да се сфаќа по примерот на спомнатото жртвено јагне.
Изменето од zidarski - 25.Јануари.2009 во 21:07 |
|
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не се наоѓале во пеколот, туку во едно посемно место што на еврејски се нарекува шеол, а во македонските преводи се преведува како Подземјето, или Адот - но ова не е исто што и пеколот. Пеколот се јавува на сцена дури во Откровението. Во него први ќе бидат фрлени Ѓаволот, Антихристос и Лажниот Пророк, а потоа сите нивни сојузници - демоните и луѓето што нема да се покајат и нема да Го прифатат Исус како свој Господ и Спасител.
|
|
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мики - да не се опоменуваме непотребно - пишувај со нормален фонт или со фонт 2.
|
|
Do what is right, come what may...
|
|
Внеси реплика | страница <1 456 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |