IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - HPV и HPV вакцина
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

HPV и HPV вакцина

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 12>
Автор
Порака
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2009 во 19:27
Mnogu diskutabilno...sekogash prichinata za rak na grloto na matkata e nekoj tip na HPV,znachi dali za toa bila prichina pad na imunitet,odnos so partner koj vekje go ima virusot,genetska predispozicija itn. bitno vo bilo koj sluchaj ima prisustvo na nekoj od mnogubrojnite tipovi na HPV koj se razvil od prethodno navedenite prichini...e sega ako se vakcinirash so ovaa vakcina taa kje te zashtiti od momentalno najrasprostraneti tipovi na HPV kaj nas...
Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2009 во 19:51


Воопшто не е дискутабилно. прогуглав малце и најдов еден куп информации дека рак на грлото на матката може да настане и без да биде жената носител на овој вирус..........зборот ми е дека не е ХПВ-то единствен предизвикувач на оваа болест...........

Изменето од polzavce - 12.Јануари.2009 во 19:51
Кон врв
ANITA11 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANITA11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2009 во 14:17
SO HPV VO NOVIOT VEK TREBA UPORNO DA SE BORIME DO KRAJ.REDOVNI PAP_TESTOVI I GINEKOLOSKI PREGLEDI.
Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2009 во 15:09

Анитче со ПАП тестовите и редовни гинеколошки прегледи не се бориме против ХПВ-то туку само ги следиме промените кои настануваат како резултат на ХПВ-то....

А со ХПВ-то ќе речеме дека се бориме само кога ќе работиме на едукацијата за тоа како се пренесува ХПВ и како да се заштитиме.........

Значи да реагираме превентивно.......а редовен ПАП и посета на гинеколог.....ЗАДОЛЖИТЕЛНО......
Кон врв
Goldi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ЗЛАТНО МОМЧЕ

Регистриран: 10.Ноември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7729
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goldi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2009 во 19:34
  • ХПВ со низок ризик. Овие типови на ХПВ предизвикуваат појава на брадавици, но не предизвикуваат промени со потенцијал за појава на рак на грлото на матката. Повеќето од луѓето инфицирани со овие типови на ХПВ воопшто и не знаат дека се инфицирани, бидејќи кај нив воопшто и не се развиле брадавици по гениталиите. Брадавици можат да се формираат со недели, месеци или години по сексуалниот контакт со лицето инфицирано со ХПВ. Гениталните брадавици најчесто се поврзани со ХПВ тип 6 и тип 11.
  • ХПВ со висок ризик. Овие типови можат да предизвикаат промени на лигавицата на грлото на матката, кои имаат голем потенцијал да се развијат во вистински рак доколку навреме не се лекуваат. Да се има ХПВ со висок ризик, не значи исто што и да се има рак. Обично, ХПВ типовите со висок ризик не причинуваат здравствени проблеми и исчезнуваат сами од себе. Меѓутоа кога истите овие типови ХПВ остануваат долготрајно присутни во гениталиите тогаш тие се главен ризик фактор за појава на рак на грлото на матката. ХПВ со висок ризик, а кои се пренесуваат со сексуален однос се тип 16, 18, 31, 33, 35, 39, 45,51, 52, 56, 58, 59, 68, 69 и веројатно уште неколку други

    Ризици за инфекција со ХПВ. Знаци и симптоми на инфекцијата


    Ризици за инфекција со ХПВ


    ХПВ се пренесува со директен контакт од кожа на кожа со инфицирано лице. Преносот обично се врши при вагинален, орален или анален секс. Пренесување на инфекцијата може да се случи дури и кога инфицираното лице нема брадавици или било какви други симптоми.
    Се уште не е сосема потврдено дали инфекцијата може да се пренесе преку предмети како крпи, долна облека или друг личен прибор. Ризик фактори за ХПВ инфекција се: 

    • Често менување на сексуалните партнери. Ако имате сексуален однос со повеќе од едно лице, значително се зголемува ризикот да бидете инфицирани со ХПВ.
    • Сексуални односи со високо ризичен партнер. Ако имате односи со лице кое често ги менува своите партнери или лице за кое се знае дека е инфицирано со ХПВ, ризикот и вие да се заразите е значително голем.
    • Пушење цигари. Ако сте изложени на ХПВ и сте пушач на цигари, ризикот да развиете симптоми се зголемува. Исто така кај пушачите е поголем и ризикот за појава на промени на слузниците кои имаат потенцијал за развој на рак.
    • Ослабен имунитет. Луѓето со ослабен имунитет, како оние со СИДА или некои други нарушувања, имаат зголемен ризик да се инфицираат со ХПВ.

     

    Знаци и симптоми на инфекцијата со ХПВ


    Најмногу од луѓето инфицирани со хуман папиломавирус (ХПВ) не се свесни дека се инфицирани, бидејќи вирусот самиот од себе не предизвикува тегоби.
    Сепак, одреден број од луѓето инфицирани со одредени типови на ХПВ развиваат генитални брадавици (единечен или повеќебројни израстоци кои никнуваат во предел на гениталиите). Најчесто овие брадавици се меки, влажни со розе или боја на месо. Можат да бидат испакнати или во иста рамнина со останатиот дел на слузницата, единечни или повеќе на број. Ваквите брадавици можат да се појават неколку недели па и месеци по сексуалниот контакт со инфицираното лице.
    Гениталните брадавици можат да растат од внатрешната или надворешната површина на вагината, на вагиналните усни- вулва, грлото на матката и во или околу анусот.
    Кај мажите, гениталните брадавици можат да растат на пенисот, скротумот во кој се сместени тестисите, на бедрата и во или околу анусот. Иако поретко сепак понекогаш гениталните брадавици можат да се појават и во устата и грлото, особено кај лице кое имало орален секс со друго ХПВ инфицирано лице.
    Гениталните брадавици обично не предизвикуваат симптоми, а ако истите се јават најчесто се манифестираат во вид на чешање и печење. Понекогаш брадавицата може да биде нежна на механички притисок па истата лесно се разранува и крвари.

  •                     ХПВ најчесто се открива случајно за време на рутинскиот гинеколошки преглед. Понекогаш доволно е при прегледот лекарот да забележи постоење на генитални брадавици во или околу вагината, на вагиналните усни, грлото на матката или околу анусот.
    ХПВ инфекцијата може да се открие и со изведување ПАПА тест, кој се употребува како редовен тест за рано откривање на рак на грлото на матката. ПАПА тестот во такви случаи обично покажува промени на грлото на матката предизвикани со ХПВ инфекцијата. Токму ПАПА тестот е и најчесто употребуваниот начин со кој се открива ХПВ инфекција.
    Сепак, можно е резултатите од ПАПА тестот да бидат нормални и покрај тоа што жената е инфицирана со ХПВ. Промените на вратот на матката не мора да се појават веднаш по инфекцијата или може воопшто да не се појават. Важи и обратното, ненормален ПАПА тест не мора да значи дека постои инфекција со ХПВАко брадавиците се мали и не можат да се видат при обичен преглед, лекарот може да се послужи со методата наречена колпоскопија ( преглед со помош на инструмент наречен колпоскоп кој поседува леќи за зголемување и со кои убаво  под зголемена слика може да се види грлото на матката и вагината. Овој преглед е безболен и е од голема помош при откривање брадавици на гениталиите или други неправилности. Доколку се откријат некои сомнителни промени, може да се земе примерок од променетата слузница за микроскопска анализа.
    Кај жени над 30 години возраст или оние кај кои постојат сомнителни резултати на ПАПА тестот лекарот може да побара да се изведе ХПВ тест. Ова е посебен тест кој ги детектира повеќето од ХПВ типовите со висок ризик. Слично на ПАПА тестот , ХПВ тестот вклучува користење на мала четкичка со која се присобираат клетки од грлото на матката. Тестот во основа се состои во препознавање на ДНК на најчестите високо ризични ХПВ типови.
    ХПВ тестови не се изведуваат кај мажите.
    Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
    Кон врв
    Goldi Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    ЗЛАТНО МОМЧЕ

    Регистриран: 10.Ноември.2008
    Локација: Macedonia
    Статус: Офлајн
    Поени: 7729
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goldi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2009 во 19:35

    Како да се спречи и како се лекува инфекцијата со ХПВ?


    Не постои лек за инфекција со хуман папиломавирус (ХПВ), но најголем број од луѓето инфицирани со ХПВ немаат потреба од посебно лекување, бидејќи телото кај нив самото се ослободува од вирусот. Помалку од 1% од лицата инфицирани со ХПВ ќе развијат одредени проблеми, во вид на генитални брадавици.
     
    Постојат неколку начини за третирање на гениталните брадавици предизвикани со ХПВ инфекција. Некои од овие начини на лекување ги изведуваат самите пациенти со земање на соодветни од лекар препишани лекарства, додека други начини на лекување се спроведуваат од сручно лице-лекар во амбулантски услови. Постојат неколку креми и гелови кои се достапни на рецепт препишан од гинеколог. Тие се нанесуваат од страна на пациентот и се лесни и безбедни за употреба. Се делат на две групи лекови:
     
    • Антимитотски агенси ( лекови кои го кочат клеточниот раст со прекинување на клеточната делба). Овој гел или раствор се нанесува на самата брадавица. Делува на тој начин што ја уништува слузокожата на местото на брадавицата.
    • Лекови- модификатори на биолошкиот одговор. Овие креми се користат за лекување на надворешни генитални брадавици и перианални брадавици (брадавици во или околу анусот). Лекот го стимулира имуниот систем да се бори против ХПВ вирусот.

     
    Интервенции кои се изведуваат од страна на гинеколог во гинеколошка амбуланта за третман на генитални брадавици се:
     
    • Криотерапија. За време на оваа интервенција, брадавицата се замрзнува со течен азот. Замрзнувањето предизвикува формирање на мал плик околу брадавицата. Потоа, мртвото ткиво отпаѓа за околу една недела. Оваа интервенција создава минимална болка и мора да биде изведена исклучиво од лекар. Криотерапија изведена на грлото на матката предизвикува појава на обилен течен исцедок кој трае околу еден месец по интерванцијата.
    • Хемикалии и киселини. Постојат неколку хемикалии и киселини кои доколку се аплицираат на површината на брадавицата создаваат мал плик кој ја подига истата, така да лекарот потоа лесно може да ја отстрани. Хемикалијата или киселината не предизвикуваат болка, но самиот плик кој притоа се создава може да причини слаба болка.
    • Електрокаутеризација (горење на брадавицата со употреба на електрична струја). Гениталните брадавици можат да се отстранат со нивно горење користејќи ниско волтажна струја. Оваа се изведува во гинеколошка амбуланта под локална анестезија.
    • Мал хируршки зафат за отстранување на брадавицата. Оваа опфаќа отсекување на брадавицата во локална анестезија. Интервенцијата се изведува амбулантски.
    • Ласерска хирургија (користење на силна светлина со која се уништуваат брадавиците). Ова обично се користи за да се отстранат поголеми или истовремено повеќе на број генитални брадавици, особено оние кои не можеле да се отстранат на друг начин. Интервенцијата се изведува амбулантски во локална анестезија.
    • Интерферон. Тоа е човечки протеин кој го стимулира имуниот систем да се бори против вирусот. Се вбризгува со игла директно во брадавицата. Иако е ефикасен како и останатите третмани, сепак поретко се користи поради непријатниот начин на нанесување на лекот, потребата од често повторување на интервенцијата и поради несаканите ефекти. Иако во повеќето случаи имуниот систем го ослободува телото од ХПВ, вирусот понекогаш може да патува подлабоко во ткивото каде останува скриен од дејството на лековите. Ова може да предизвика гениталните брадавици да се повторат. Затоа им се препорачува на пациентите да бидат внимателни за да забележат дали брадавиците кои биле лекувани повторно се појавиле. Ова посебно се случува во првите три месеци по третманот.
    Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
    Кон врв
    Goldi Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    ЗЛАТНО МОМЧЕ

    Регистриран: 10.Ноември.2008
    Локација: Macedonia
    Статус: Офлајн
    Поени: 7729
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goldi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2009 во 19:36

    Вакцина против ХПВ. Препораки за намалување на ризик од ХПВ


    Во Јуни 2006 година во САД беше одобрена првата вакцина против ХПВ. Вакцината е позната под називот Gardasil вакцина. Во клиничките испитувања, вакцината се покажа како многу ефикасна во спречување на инфекција со два типа ХПВ вируси од групата со висок ризик, ХПВ 16 и ХПВ 18. Овие вируси се одговорни за 70% од случаите рак на грлото на матката предизвикани од ХПВ. Вакцината исто така заштитува и од инфекција со ХПВ тип 6 и 11, кои предизвикуваат приближно 90% од гениталните брадавици.
    ХПВ вакцината е рекомбинантна вакцина, што значи дека во себе не содржи живи вируси. Вирусот во вакцината е протеин добиен со генетски инжењеринг и не може да предизвика ХПВ инфекција. Се дава во серија од три инјекции во мускул во тек на шест месечен период.
    Во САД вакцината рутински им се дава на девојчињата на возраст помеѓу 11 и 12 години. Сепак, вакцината може да им се даде и на девојчиња на 9 годишна возраст во соработка со матичниот гинеколог.
    Најдобро е ХПВ вакцината да се дава пред девојката да стане сексуално активна. Иако жените кои не биле претходно изложени на ХПВ имаат потполна корист од вакцината, се покажало дека од вакцината имаат корист и жените кои веќе претходно биле сексуално активни и притоа биле изложени на ХПВ. Од тие причини се препорачува жените на возраст меѓу 13 и 26 години исто така да се вакцинираат.
    Жените кои примиле вакцина треба да продолжат да се придржуваат кон редовните гинеколошки прегледи и ПАПА тестови. Вакцината не заштитува од останатите полово преносливи болести па жените мораат да се придржуваат кон вообичаените мерки за заштита од овие болести.


    Како може да се намали ризикот од инфекција со ХПВ?


    За оние лица кои се сексуално активни, спречувањето на инфекцијата може да биде тешко бидејќи повеќето од нив воопшто не знаат дали се инфицирани. Сепак постојат бројни начини како да се намали ризикот од инфекција, а меѓу нив спаѓаат:
     

    • Да се практикува моногамија (да се има еден единствен сексуален партнер).  Долготрајната врска со неинфициран партнер може да ја спречи инфекцијата. Сепак вирусот е току чест што имањето сексуални односи само со еден партнер во животот не е гаранција дека сигурно нема да се инфицирате со ХПВ.
    • Користење кондом. Латекс кондомите можат да обезбедат заштита доколку истиот го покрива делот од слузокожата кој што е инфициран од ХПВ.
    • Одбегнување сексуален однос со лице кое има генитални брадавици. Лице со јасно видливи генитални брадавици треба да се воздржува од сексуални односи се додека не се отстранат брадавиците. Оваа го намалува ризикот од ширење на ХПВ.
    • Редовно ПАПА тестирање. Иако тестовите не штитат од инфекција, сепак тие рано ги откриваат променита на грлото на матката што е особено важно во спречувањето на појава на рак на грлото на матката.

     
    Спермицидни пени, кремови, желеа кои имаат дејство против сперматозоидите и со тоа спречуваат несакана бременост, не се ефикасни во спречување на ХПВ инфекција. Напротив тие можат да предизвикаат ситни микроскопски ранички на слузокожата на гениталиите со што се олеснува контактот со вирусот ХПВ
    Ako odam na nebo pred tebe, na sekoja zvezda ke go napisam tvoeto ime, taka sto I angelite da znaat kako se vikas, zasto devojkite kako tebe se nepovtorlivi.
    Кон врв
    ANITA11 Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 04.Јануари.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 21488
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANITA11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2009 во 20:47
    POLZAVCE IZGLEDA NE ME RAZBRA UBAVO.SETO TOA STO GO KAZAV E ISTOTO STO I TI GO KAZUVAS VO STO E TOGAS DILEMATA?


    Кон врв
    bijonse1 Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    bella Madonna

    Регистриран: 14.Јануари.2009
    Локација: Macedonia
    Статус: Офлајн
    Поени: 16521
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2009 во 19:42
    Aman , sto storivte so ova tema??? Okapa ovde......
    Кон врв
    polzavce Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 14.Октомври.2008
    Локација: Angola
    Статус: Офлајн
    Поени: 1325
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2009 во 03:21
    Originally posted by bijonse1 bijonse1 напиша:

    Aman , sto storivte so ova tema??? Okapa ovde......


    Битна е темава само никој не се замара...........додека не му дојде на глава.........
    Кон врв
    ANITA11 Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 04.Јануари.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 21488
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANITA11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2009 во 16:04
    da ..temava e mnogu bitna bi veruvaj mi
    Кон врв
    blackeye Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    The Body

    Регистриран: 24.Август.2007
    Статус: Офлајн
    Поени: 4058
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2009 во 18:07
    da bitna e mnogu...i treba da ima mnogu poveke komentari, mislenja, da ucestvuvame site...za nase dobro...
    gledam reklami za kampanjava(istiot poster) i vo hrvatska...i tamu vakcinata veke e besplatna i izgleda ke stane i zadolzitelna
    Ne znam kako da pobegnem
    od sna,
    I ne znam dal' te iko voli kao ja,
    Al' ne bi ova noc tako bolela,
    Da me nisi volela....
    Кон врв
    polzavce Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 14.Октомври.2008
    Локација: Angola
    Статус: Офлајн
    Поени: 1325
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2009 во 19:01

    Не ми е јасно како може вакцината да стане задолжителна во било која земја, кога сеуште не е до крај испитана?
    Кон врв
    polzavce Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 14.Октомври.2008
    Локација: Angola
    Статус: Офлајн
    Поени: 1325
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2009 во 19:11

    Еве што се случува кај една пациентка која има ХПВ и ЦИН 1 и оди на контрола во Државна болница во Скопје...

    Пациентката: Докторе може ли да ми направите денеска и ПАП и типизација на ХПВ?
    Докторот: Не може. Ако сакате типизација ќе мора да платите 1800 денари. Фондот не ја покрива. Само ако покаже папот сомнеж за ХПВ, тогаш ќе правиме типизација. А зошто сакате типизација? Имавте односи без презерватив?
    Пациентката: Не, туку имав прилично стресен период во последно време, па.....
    Докторот: ХПВ е сексуално пренослива болест нема врска со стресот....

    Пациентката си замолчи. Џабе и е што се информира од интернет за стресот и ХПВ-то. Џабе и е што знае. Џабе и е што се грижи за себе...........
    Таков е здравствениот систем во РМ....Фондот не покрива типизација кога сакате, туку кога ХПВ-то ќе ви направи промени од потежок карактер.........тогаш...

    Тогаш кога е веќе касно...
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 12>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,184 секунди.