IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - СЛИКИ на БАДНИКАРСКИ ОГАН
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

СЛИКИ на БАДНИКАРСКИ ОГАН

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 7>
Автор
Порака
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2009 во 03:01
     
     
Со еротски песни на коледарските огнови      Испечати      Е-пошта
6.01.2008.

ПАГАНСКИ АДЕТИ ЗА КОЛЕДЕ ВО КАВАДАРЕЧКО

Кавадаречко е, можеби, единственото место каде што до денес на коледе се пеат еротски песни. Тоа е единствената причина поради која пред некоја година двајца високи функционери откажале да бидат дел од оваа за

"Ој Коледе, Коледе, што ти прави жената...", така секоја година на Коледе се разлеваат еротски песни во Тиквешијата. Со чашка ракија и со печени колбаси, мажите се собираат околу коледарскиот оган и до доцна во ноќта се натпејуваат кој ќе испее "помрсна" песна. Не дај Боже таа вечер патот да ве одведе покрај некој коледарски оган. Нема да к*ртулат ниту вашите жена, мајка, сестра. Сите ќе се најдат во песните, кои доколку ви ги испеат во друга пригода, ќе падне ќотек.
"На коледе нема лутење, кој не може да слуша - воопшто нека не оди на огнот", порачуваат коледарите, кои таа вечер дури и на своите деца им дозволуваат да пеат непристојни песни. Адетот е пагански, велат свештените лица и нема никаква врска со убавиот празник со кој се поврзува раѓањето на Исус Христос, но во Кавадаречко, мажите од памтивек се подготвувале за него уште од Митровден, откако ќе го набереле грозјето.
"Тогаш почнувавме да собираме дрва и валавок по нивите и полињата", се сеќава седумдесетгодишниот Никола Наумчев, за кого во Кавадарци велат дека е мајстор за коледарски огнови. "Во минатото, во Кавадарци неколкуте поголеми маала се натпреваруваа меѓу себе кој ќе запали поголем оган. Тогашните Бабунско маало, Поланско, Црквинско, Чаршиско, Дарданели, Маџир маало криеја меѓу себе кој колку дрва има собрано, оти ако се разбереше дека некој има повеќе, можеше да му извршат напад и ноќта да му ги соберат дрвата. Затоа, секоја вечер два-тројца од нас стражареа за ако дојде некој да краде, веднаш да се крене тревога и да се собереме на ќотек", раскажува тој.
Саглам ќотек паѓало, и тоа со стапови-коледашки, кои на едниот крај имале кукуди, топки кои повеќе служеле за тепање отколку за коледање. Цели два месеца се собирале дрвата од сите куќи, кој колку милувал да даде. "Кој немаше да даде ниту една суровица, остануваше без нужникот. Вечерта одевме десетина дечишта, му го дигавме полскиот нужник и право во огнот. Потоа доаѓаше домаќинот, пцуеше малку и потоа пак играше со нас на орото, оти знаеше дека ако претера, може и поголема беља да го снајде", се сеќава Никола.
Секоја година во коледарските огнови завршувале снопјата од плевните, дрвените порти, ќепенците на фурните, па дури и колјата од гробиштата. Никола Наумчев се сеќава и на штетите што знаеле да си ги направат и најдобрите пријатели меѓу себе на коледе, па ја раскажува случката меѓу кавадаречкиот саатчија Ферчо Чејков и коларот Тодо Гурев.
"Чичко Ферчо беше прочуен гулабар, ги имаше најубавите гулаби во градот, а ги чуваше ортачки со чичко Тодо. Арно ама, на едно коледе чичко Ферчо ги собра зурлите и тапаните од Гроздановското маало и дојде на нашиот оган, ќефлија, па не натера да го изгориме предниот дузен на колата на чичко Тодо. Поигра на орото, си отиде и си легна. По некое време, дојде чичко Тодо на огнот и уште оддалеку благословуваше: 'Ајде, аирлија собранија, аирлија нека е огнот'. Кога се доближи и виде што гориме, ни викна: 'Еее деца, што убави жртавала и обрачи, на чија кола сте и е.... мајката?' Кога виде оти е неговата кола, замина во гулабарникот на чичко Ферчо, им ги скина вратовите на сите гулаби и ги запали во една вреќа. Утредента откако им помина лутината, заедно купија нови гулаби", се сеќава Никола.
Коледарските огнови биле високи и до три метри, а по полноќ претставници од маалата шетале низ градот за да видат кое маало направило најголем оган таа година. "Се сеќавам оти една година нашето Бабунско маало имаше собрано 12 кубици дрва и огнот беше висок до бандерата, ама црквинци беа поарни од нас - беа собрале преку 20 кубици дрва", вели Никола и додава дека и покрај тоа што тогашното транспортно претпријатие "Тиквеш транс" било веднаш до нив, тие никогаш не палеле гуми, туку само дрва. Така се празнувало се до шеесеттите години, кога започнале да се асфалтираат улиците, па полицијата почнала да ги гаси огновите. "Ни пуштаа и пожарникарска кола, ама тоа не беше затоа што ни забрануваа да го тераме адетот, туку затоа што ако се запалеше нешто, немавме со што да гасиме. А и кој ќе ти даде да палиш оган среде асфалт? Затоа полицијата одреди неколку ширинки во градот каде што беше дозволено да тераме коледе", вели Никола.
Неговиот врсник Ордан Глигоров, пак, се сеќава дека во 1960 година полицијата забранила да се пеат коледарски песни по улиците. "Нашето друштво таа година заврши во Внатрешни, кај командирот. Ни зедоа податоци и не казнија со по 1.500 динари, оти сме пееле мрсни песни, а ние му кажавме дека таков е адетот од прадедо и дека не се плашиме. Дури и коледашките не сакавме да ги оставиме надвор, па со нив влеговме во Внатрешни", вели Ордан.
Кавадаречко е, можеби, единственото место каде што до денес на коледе се пеат еротски песни. Тоа е единствената причина поради која пред некоја година двајца високи функционери откажале да бидат дел од оваа забава, и покрај тоа што многу сакале да ги видат прочуените кавадаречки огнови. "Ми рекоа: 'Чичко Коле, не е згодно и нам да ни запеете такви песни', ама ние му кажавме дека таа вечер нема прошка за никого", вели Никола. Тој тврди дека, за разлика од минатото, кога функционерите се криеле за да не ги забележат на некој коледарски оган, денес токму тие им прават атер на коледарите. Ништо поинаку нема да биде ни годинава. Ќе се испеат дузина еротски песни, кои своевремено ги запишувал еден кавадарчанец од оган на оган, со намера нивната содржина да се најде во посебна книга со кавадаречки мрсни песни, но изданието се уште не е објавено.

< Претходно            Следно >
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2009 во 03:03

КОЈ ЌЕ ГО ЧИТА ОВА...
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2009 во 03:08
интересно е...остави си го за утре,ќе бидеш по свежа за читање
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2009 во 03:10
mili
ova tema nebila za toa
bila samo da sekoj forumdzija zapali eden ogin
vo zaednicka tema
a ne da se ocrnuva utresniot obicaj
тага
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2009 во 03:13
Коледе деде, паднало греде, утепало деде, деде се мачи, баба го квачи, за четири јајца, гускини шаткини паткини... коледе!
 
anakin, во оваа песничка можеби има нешто кристијанско, но нема ништо христијанско среќа
 
И не гледам што има навредливо во тоа да кажеш за некој пагански обичај дека е пагански? збунетост 
Што имаш ти против паганите? И тие се луѓе со сопствени убедувања, обичаи, ритуали, амајлии, фетиши, идоли и сл. Тоа што некои од нивните обичаи ги превземале и православците тука, тоа не ја менува природата на овие обичаи. Нивниот корен и понатаму си останува пагански.
 
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2009 во 03:18
ti be , znaes sto se obicai????????????

vaka na ova tema kje diskutirame drug pat

sega ne mi ja rasipuvaj, ovde treba da se turat sliki na ogjevi

bravo si uspeal da ja sjebes temata, po tvojot terk

sega si zadovolen???????????????????????/


SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2009 во 03:18
The%20image%20“http://www.ct.gov/dcf/lib/dcf/wmv/images/fire.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2009 во 03:19
The%20image%20“http://inphotos.org/wp-content/uploads/2008/05/fire.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2009 во 03:30
The%20image%20“http://www.sozpetrovo.org/userfiles/crkva_badnjak.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
Sho-Sana Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2944
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sho-Sana Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2009 во 14:16
Originally posted by smizla smizla напиша:



Sho-Sana ЕВЕ ГО ТВОЈОТ ОГАН...


ЈАС НЕ ПОСТИРАМ ОД МЕНЕ
ОТКАКО ГО ПРОЧИТАВ Pravoslaven
СЕ ПИШМАНИВ







Шмизла, ти благодарам, од срце. бакнеж Имај убави празници!!! големо%20гушкање А цела 2009 нека ти биде празник на душата!среќа
Ако сретнеш човек со кој:
- вреди да зборуваш а не зборуваш, си го изгубил човекот,
- не вреди да зборуваш а зборуваш, си го изгубил зборот.
Мудриот човек не ги губи ни човекот ни зборот. Конфучиe
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2009 во 14:25
.

Изменето од maria_magdalena - 08.Февруари.2010 во 11:10
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2009 во 14:28
.

Изменето од maria_magdalena - 08.Февруари.2010 во 11:11
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2009 во 14:32
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Originally posted by Опитен Опитен напиша:

Originally posted by smizla smizla напиша:

АКО Е ПАГАНСКА РАБОТА, ЗОШТО СЕ ПАЛИ И ПРЕД ЦРКВА
(Не)Православен претерува во својот коментар. Тоа е точно дека бадниковиот оган не е поврзан со Божикната служба и таа традиција пикнала во православните обичаи. Во почетокот,а и според правилото на Божикната Богслужбата цела верниот народ бил собран во Црквата се молел и му оддавал слава во споменот на раѓањето во тело на Својот Спасител. Но подоцна, во периодот на гонењето на Цркавата во турско време, преку србите се појавил овој обичај како „замена“ на долгите ноќни служби. Во последно време се буди изворната Православната свест кај лугето и се праљви напори безболно со тек на време овој нецрковен обичај да се искорени. Со Господ напред

 

Opiten, не се согласувам со тоа дека во последно време се буди Православната светс за искоренување на овој обичај, напротив. И покрај апелите на некјои поосвестени свештеници, адетот си продолжува, и тоа со благослов на поповите. Секое маало-свој оган, еве веќе местат овде кај мене, а најпрво доаѓа поп и ја благословува цела работа. Собрани сите-од маалски пијаници до тобожни православци кои очи ќе искорнат да го очуваат обичајот.

Ми се темни од тие бадникови гранки наредени по портите а мојата празна како на уљез и прашални погледи...

Како ќе се искорени ако попот го благословува?

 

Така ли се слави раѓање на Спасителот? Со безобразни коелдарски песни, турбо фолк и ракија?

Камо христијански песни?

Додека не се ПРЕСЕЧЕ еднаш, џабе е да кажеш со Господ напред-а истата работа да се благословува одново и одново.

Има Марија, има
Се по полека. Ке даде Господ, но за тоа треба време.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2009 во 14:36
.

Изменето од maria_magdalena - 08.Февруари.2010 во 11:11
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,563 секунди.