|
Дискусии за Win (XP,Vista) |
Внеси реплика | страница <1 34567 9> |
Автор | |
naemnik
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 658 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
chim tolku obozhavash XP mozhesh da si instalirash Linux XP Ke imash XP Desktop a brz i siguren OP taka da ne ti treba da go zabrzuvash XP-to Изменето од naemnik - 08.Септември.2008 во 20:15 |
|
Dark HaCkeR
Сениор Хакериште Регистриран: 20.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 683 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
hahahha ne mi treba mene da go zabrzuvam ja kompjuterot taman mi e konfiguracijata od vie trikovi so sum gi napisal nemam ni eden napraveno ne mi trebale od a so se odnesuva na linux ne mi treba mene go imam instalirano na drugi luge so go barale vo firmi bijki e bes platen taka da lunux mene ne mi treba mene mi treba rabota ja rabotam na Windows XP i vista i dvata gi koristam bidejki ako stavam linux ne ke mozam da rabotam so se bavam so taa rabota znaci znaes so rabotam ja a toa kaj linux go nema taka da ne go biva ajde pozdrav
|
|
Dark HaCkeR
Сениор Хакериште Регистриран: 20.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 683 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како да остраните Dual boot
ставете го Win XP cd ботирајте со него почекајте да заврши читањето на драјверри потоа притиснете на R ке ви се отвори Windows конзолата и внатре првен пишувате 1 потоа се логирате како администратор ако немате пасс одма Ентер па потоа пишувате Fixboot y Fixmbr рестарт и тоа е тоа |
|
Schumacher
Сениор Регистриран: 17.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве ви трикови и финти колку ви душа сака.
1. Како да ја преместиш My Documents на друга локација? Десен клик врз My Documents па избери Properties. Сега или внеси ја точната локација каде сакаш да ја преместиш папката, или кликни на Move. Па избери место каде сакаш да биде сместена My Documents, може да избереш или локален или некој драјв во мрежа. 2. Како да ја подобриш брзината на ZIP Drive? Во My Computer десен клик на ZIP драјвот, избери Properties. Оди во делот Hardware, под All Disk Drives кликни на ZIP па на Properties. Во делот Policies, избери ја опцијата Optimize For Performance. Напомена: додека овој процес ги подобрува перформансите на дискот, со тоа што овозможува скриено пишување (во позадина) на ZIP-от, исто така значи дека за да го исклучиш ZIP-от од компјутерот мора да ја користиш иконата Safely Remove Hardware, која се наоѓа во нотификационата зона (десно) на taskbar-от. 3. Како да ги идентификуваш сервисите кои не припаѓаат на оперативниот систем? Кога имаш некаков проблем со Windows XP, идентификувањето на срвисите кои не се дел од ОС може да биде од големо значење. Прво во Start менито под Run напиши msconfig. Во делот Services избери ај опцијата Hide All Microsoft Services. Сега во прозорчето ќе се гледаат само сервисите кои не се дел од ОС. 4. Доколку имаш проблеми или забавено стартување и исклучување на Windows XP. Тука може да биде од корист Show Verbose Security Status Messages. За да ја вклучиш оваа опција, под Run напиши regedit. Најди го: [HKEY_LOCAL_MACHINE\SOFTWARE\Microsoft\Windows\CurrentVersion\Policies\System]. Десен клик на десниот панел, под New избери DWORD value. Именувај го verbosestatus. Десен клик врз него и избери modify. Промени ја вредноста во 1 (0=стандардно, 1=вклучување на verbose status). постои уште една вредност која треба да се промени. Во истиот панел најди го DisableStatusMessages. Ако оваа вредност ја нема тогаш се е ОК, а ако ја има треба да ја наместиш на 0 (исто како што се подесува и вредноста за verbosestatus). Другите вредности остануваат непроменети. Рестартирај го компјутерот, и при повторното вклучување треба да внимаваш на пораките кои се испишуваат при вклучувањето (или логирањето) и исклучувањето на XP. Треба да внимаваш само на оние пораки кои се задржуваат на екранот подолго време, тие фајлови кои ќе се појават во пораката се и проблемот за забавувањето кое се појавува во XP. 5. Windows XP, на послабите машини работи со помала брзина и перформанси поради сервисите кои се вклучуваат при стартувањето и работат во позадина. За да ги исклучиш непотребните сервиси; во Control Panel, во Administrative Tools ќе влезеш во Services. Сервисите се исклучуваат со десен клик врз името на сервисот па од менито избираш Stop. Следниве сервиси можат безбедно да се исклучат: Alerter, Clipbook, Computer Browser, Fast User Switching (овој сервис не треба да се исклучи доколку на еден компјутер има повеќе корисници, а притоа сакаме да бид евозможно во исто време да бидат логирани два или повеќе корисници одеднаш), Indexing Service, Messenger, Net Logon, NetMeeting Remote Desktop Sharing, Remote Desktop Help Session Manager, Remote Registry, Routing and Remote Access, Server, SSDP Discovery Service, TCP/IP NetBIOS Helper, Telnet, Upload Manager, Wireless Zero Configuration и Workstation. 6. Ако на десктопот сакаш да имаш многу икони, а притоа да не губиш од брзина за Desktop Refresh, треба да ја направиш следнава измена во регистарот. Оди во: HKEY_LOCAL_MACHINE/Software/Microsoft/Windows/Cur entVersion/Explorer. На десната страна најди го параметарот Max Cached Icons. Ако параметарот постои, најверојатно е наместен на 500. Двапати кликни на параметарот, и во полето за вредност внеси 2000. Доколку параметарот не постои, треба да го додадеш. Десен клик на десниот панел, избери New па String Value. Именувај го параметарот Max Cached Icons (внимавај на празните места; името е Max Cached Icons, а не MaxCachedIcons). Сега намести ја вредноста за параметарот на 2000. Рестартирај. Сега Refresh-от ќе биде забележливо побрз. Доколку ова не помогне, повторно зголеми ја вредноста за Max Cached Icons. Препорачаните вредности се во интервалот од 1024 до 8192. 2000 е вредноста препорачана од Microsoft, а со оглед на тоа дека позајмуваме од RAM, таа е добра вредност за почеток. ВАЖНО: ова најдобро работи на машини кои имаат повеќе од минималните хардверски услови за Windows XP. Бидејќи оваа промена се однесува на потребната RAM, која се користи за иконите на десктопот. Значи ако работиш на машина со помала RAM (или со минимум потребната RAM за Windows XP), тогаш оваа процедура може да резултира во забавена работе на програмите на компјутерот. Бидејќи на сметка на зголемување на Cache меморијата за иконите, се намалува меморијата за работа на програмите. 7. Кога имаш некаков проблем со XP, една од најчесто употребуваните алатки е Windows Task Manager. Откако ќе го стартуваш Task Manager, прво што гледаш се апликациите кои работат во моментот, но ако кликнеш на табот Processes, ќе видиш дека има многу повеќе процеси кои работат отколку апликации. Во оваа листа на процеси ќе приметиш дека неколку пати се појавува Svchost. exe. Svchost. exe е општо име за сервисите стартувани од Dynamic Link Library (DLL). Ако сакаш да видиш кои сервиси работат под секој од Svchost. exe процесите; ќе го стартуваш Command Prompt, и ќе ја внесеш следнава команда: tasklist/svc и притисни Enter. 8. Како да сокриеш еден, два или повеќе хард дискови (или партиции) во My Computer? Треба да ја направич следнава промена во регистарот. Најди го HKEY_CURENT_USERS\Software\Microsoft\Windows\CurrentVersion\Policies\Explorer. Десен клик на десниот панел, избери New, па избери DWORD value. Именувај го параметарот како NoDrives. Кликни двапати на новиот параметар, сега внеси ја соодветната вредност за дискот или партицијата која сакаш да ја скриеш. Вредностите се следниве: A: 1, B: 2, C: 4, D: 8, E: 16, F: 32 и тн. Забележуваш дека со секоја наредна буква вредноста двојно се зголемува, значи, доколку имаш некој диск или партиција означена со G, вредноста ќе биде 2F=2•32=64. Ако сакаш да скриеш повеќе дискови/партиции одеднаш тогаш за вредноста внеси го збирот од вредностите за двата диска/партиции (на пример; сакаш да ги сокриеш A и C, тогаш вредноста ќе биде A+C=1+4=5). Доколку сакаш да ги сокриеш сите дискови/партиции, тогаш внеси ја вредноста 67108864. Откако ќе ги направиш измените рестартирај го компјутерот. 9. Друг начин за следење на програмите кои стартуваат при стартување на XP. Оди во Start мени, па избери All Programs | Accessories | System Tools | System Information. Кликни на Software Environment, и селектирј го Startup Programs. 10. CheckDisk под Windows XP. За да го стартуваш Chkdsk. exe; десен клик на дискот/партицијата кој сакаш да го провериш, избираш Properties, па кликнуваш на табот Tools, па кликнуваш на копчето Check Now, кое се наожа во делот Error-checking. Се отвора ново прозорче во кое можеш да одредиш како ќе се врши проверката и исправката на грешките. Но доколку XP е инсталиран на NTFS форматиран диск/партиција тогаш повеќе ќе ти користи Command-line верзијата на Chkdsk. Се користат следниве конади: /X – прво го принудува дискот да “се заклучи”, со што се сопираат сите процеси кои работат во моментот; /I – се извршува помалку добра проверка на записите, со што се намалува времето потребно за проверка; /C – ја прескокнува периодичната проверка во структурат ан фолдерите, со што проверката е побрза; /L[:size] – ова овозможува да се промени големината на Log документот, од постоечката во новодадената. /L – ја покажува постоечката големина на Log документот. 11. Како да избришеш документ кој “не може да биде избришан”? Затвори ги сите отворени програми. Стартувај го Command Prompt, десен клик врз Task Bar, па избери Task Manager. Во табот Processes, селектирај го Explorer. exe и кликни на копчето End Proces. Минимизирај го Task Manageer, но не го затворај. Во Command Prompt, искористи ја командата Delete за да го избришеш документот, и затвори го. Во Task Manager, оди во File/New Task (Run). Во дијалог прозорчето внеси Explorer. exe и кликно OK. Затвори го Task Manager. |
|
naemnik
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 658 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Na koj mu treba XP. Vista brings clarity to your world! Monitoro od desna strana kazhuva se!!! |
|
Dark HaCkeR
Сениор Хакериште Регистриран: 20.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 683 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вој па се посра со тоа за што к*р ја кажуваш сликава BSOD голем к*р може да биде разни работи за појава на бсод проблем со хардвер или со не копинтабилен драјвер барем ке знаеш дека нешто не е во ред а кај линух ништо не знаеш ако ти се расипе хдд ке незнаеш дали работи со се вика глупости се сликиве
|
|
vili2121
Сениор Papa Bear Регистриран: 04.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 5628 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
zosto ne ti se dopaga linx-ot
pomalku virusi ima za nego na net od kolku za win... jas imam win... ama seriozno razmisluvam za linux |
|
Скапа е мудроста што се плаќа со искуство
|
|
Dark HaCkeR
Сениор Хакериште Регистриран: 20.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 683 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве зошто не го сакам линукс срање
Како што се ближи новата година, се ближат и шансите да се почастите себеси со нов компјутер. Или пак, вие сте еден од среќниците кои добија апсолвентски ваучер, па сега не знаат што да прават со стариот компјутер. Дали некогаш сте помислиле да му дадете нов живот на вашиот компјутер со инсталирање Linux? Можеби звучи малку "страшно" целата идеја, но тоа е така единствено поради предрасудите и митовите за овој оперативен систем. Ова е листа на петте најголеми митови за Linux. 5. Нема да се поврзе со вашиот iPod или MP3 плеер Можеби и не звучи како некоја битна причина поради која некој би се откажал од Linux, но за голем број љубители на музиката, пуштањето песни преку својот iPod е многу повеќе од "голема работа". Не грижете се. Повеќето музички плеери за Linux поддржуваат MP3 плеери и iPod-и. Open Source плеерот наречен Songbird дури изгледа речиси идентично како iTunes и овозможува слични опции. 4. Linux не е компатибилен со Mac/Windows фајлови Се чини дека ова е едно од најгрешните толкувања кое се однесува на работата на оперативните системи. Повеќето луѓе мислат дека фајловите кои се пренесени од еден на друг оперативен систем нема да функционираат. Тоа е точно доколку се однесува на апликации/програми, но не и за датотеките/податоците кои се користат и креираат од самиот корисник. Ако работите со Word Processor на пример, фајловите ќе бидат експортирани во .doc формат, кој може да се отвори со секој текстуален уредувач на сите оперативни системи. Музиката исто така се снима во MP3, AAC или FLAC формати, кои лесно може да се користат на секоја платформа. Користејќи Linux не би требало да наидете на никакви проблеми со компатибилност на документите. На Linux се користат апликации со вкрстени платформи од типот на OpenOffice, кој пак овозможува безгрижно експортирање на документи во саканиот формат. 3. На Linux не се играат игри Ова можеби и не е важно за секого, но за гејмерите претставува една од главните причини поради која тие сеуште користат Windows. Всушност, Linux нуди голем број на игри наменети за овој систем, кои за жал не се толку добри како некои од најновите на пазарот. Сепак, не очајувајте. Доколку постои желба - постои и начин. Има повеќе начини да се инсталираат и играат и најновите игри со користење на Crossover Games, Cedega и Wine. Доколку вашиот компјутер е соодветен на техничките побарувања за играта, нема да имате апсолутно никаков проблем со играње на WoW, Unreal Tournament, Team Fortress и тн... 2. Тешко се наоѓаат апликации Повеќето дистрибуции на Linux доаѓаат со еден куп корисен софтвер, но со тек на време сигурно ќе посакате да го освежите списокот на апликации со нешто ново. Наоѓањето и инсталирањето на соодветните апликации е навистина едноставно. Отворете Google, пишете нешто како "Linux Apps" и ќе дојдете до оваа страница. Ако сакате да најдете нешто специфично, во пребарувачот пишете го името на апликацијата и додајте го зборот "Linux". Речиси за секоја Windows апликација, постои и соодветна Linux алтернатива. 1. Мора да пишувате "хакерски" команди во терминал Кога и да се спомене Linux, луѓето веднаш помислуваат на црн екран испишан со еден куп команди на кои никој не им го знае значењето. Тоа е всушност "терминалот". И речиси никогаш не се користи, освен ако не сте техничар или систем администратор. Обичните Linux корисници го користат терминалот многу поретко отколку што е глобалниот впечаток. Едноставно - нема потреба. Корисниците што се мршат кога ќе се спомне Linux (иако никогаш всушност и не го користеле) се всушност позитивно изненадени откако ќе им биде презентирана функционалност на Ubuntu или Eee PC (Ubuntu Eee). Linux дистрибициите како openSuse имаат старт мени кое е речиси идентично со тоа на Windows, додека дистрибуциите како Ubuntu имаат паѓачко мени сите апликации и алатки, правејќи ја работната околина едноставна за користење. Прелистувачите (броузерите) на овој оперативен систем се подеднакво лесни за користење како кај Internet Explorer, а секако - не е исклучена и можност за инсталирање на Mozilla Firefox. Ако мислите дека може да ги надминете овие неосновани митови и глобалниот страв од Linux |
|
Flix
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Клабинг Регистриран: 14.Септември.2005 Статус: Офлајн Поени: 9229 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Oдлично кажано , супер факти И темата ја променив, за општи дискусии за Win и се поврзано со него |
|
CyberGalactica07
Нов член Регистриран: 04.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Daj kazete so windows da instaliram, atm iam hp sp2 ama ne neso me zafrkava 2-3 pati go formatiram edno po drugo i anti virusot mi naoga sekoj pat po 6-7 virisui aaa koristam internet security 2009 ... aj pomos pls xD
Изменето од CyberGalactica07 - 04.Февруари.2009 во 19:03 |
|
Dark HaCkeR
Сениор Хакериште Регистриран: 20.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 683 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Windows XP vista tvoj izbor e toa so ima nie da ti solime pamet koj da go instaliras
Изменето од Dark HaCkeR - 04.Февруари.2009 во 19:30 |
|
CyberGalactica07
Нов член Регистриран: 04.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
bas ti mi trebase dark hacker
nz se dvoumam dali xp ili vista ama nekako nejkam vista vikaat ne4inala taka da .... |
|
Dark HaCkeR
Сениор Хакериште Регистриран: 20.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 683 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тие што викаат дека нечини имаат слаби компјутери и се лјубоморни на виста од кој апспект да ја гледаш виста е по добра пошто гледам имаш HP компјутер не би ти ја препорачал бидејки ке имаш проблем со активацијата
|
|
CyberGalactica07
Нов член Регистриран: 04.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
a zs odma posle formatiranje, koa ke go instaliram antivirusot i koa ke staam na scan mi naoga virusi aaa samo windows i antivirus iam u hard disk :S
|
|
Внеси реплика | страница <1 34567 9> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |