![]() |
|
МУЗИЧКИ ВЕСТИ |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7891011 32> |
Автор | |
Eli ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 30.Ноември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1968 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Фановите на Тоше ја избраа обвивката за CD-то The Hardest Thing
По десетдневното гласање на шест регионални портали, вклучувајќи ја и web-страната MMM.com.mk, каде гласаа пред се фановите од Македонија, ги имаме резултатите од анкетата: Кое од четирите предложени решенија треба да се најде на обвивката на албумот The Hardest Thing, пред се наменето за светскиот пазар. За десет дена, колку што траеше гласањето, на MMM.com.mk беа регистрирани рекордни 10.401 глас, од кои 6.550 (63%) беа за првиот предлог – темно сина обвивка на кое се Тоше и ѕвездата. На второто место, според собраните гласови, се најде вториот предлог за кој гласаа 2.638 фанови (25%), додека предлог број 3 на крајот од гласањето имаше 721 глас (7%). За четвртиот предлог имаше 492 гласа, или 5%. Дознаваме дека идентични резултати се добиени и на другите портали на кои се одвиваше гласањето. Им благодарам на сите кои гласаа на анкетата, и на тој начин, место Тоше, ја избраа обвивката за неговото прво и последно CD наменето за светскиот пазар – изјави менаџерката Љиљана Петровиќ, и дополни: Во истовреме им се извинувам и на сите гледачи на А1 телевизија и на емисијата Ексклузив, во која кажав дека гласањето е отворено до 20. јануари. Гласањето беше предвидено да трае десет дена, и траеше според предвиденото. Мојата изјава, иако избегнувам да давам изјави, ја кажав телефонски, без доволно концентрација, не сакајќи да ги одбијам новинарите на Ексклузив – вели Петровиќ. Според неа, обвивката веќе деновиве заминува на печатење, додека објавувањето на албумот The Hardest Thing е предвидено на 25. јануари 2009-та, кога Тоше Проески требаше да го прослави својот 28-ми роденден. МММ.com.mk им се заблагодарува на сите кои во изминативе десет дена гласаа на анкетата и кои оставија свој коментар, зачувувајќи и на тој начин спомен на нашиот единствен Тоше Проески! ![]() |
|
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
|
|
![]() |
|
Гостин ![]() Гостин ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
http://www.idividi.com.mk/Futurama/InternetIT/492202/index.html
You Tube ќе ги тргне музичките спотови |
|
![]() |
|
Гостин ![]() Гостин ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
U2 ќе објави пет верзии на својот нов албум
|
|
![]() |
|
Wonderful_Life ![]() Сениор ![]() Амбициозна Бебушка Регистриран: 30.Декември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 7264 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Coldplay на своите фанови ќе им подарат божиќен подарок. Се работи за ремикс верзијата на хитот „Viva La Vida“, која специјално за групата ја направи Thin White Duke. Песната ќе може бесплатно да се даунлодира преку официјалната веб страна на бендот www.coldplay.com.
Ремикс верзијата на „Viva La Vida“ ќе биде достапна 12 дена, почнувајќи од 5 јануари. Дополнителен подарок е и видео верзијата на нивната верзија на божиќната песна „2000 Miles“ од групата Pretenders. |
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Новиот албум на поранешниот пејач на The Smiths - Morrissey е готов и треба да излезе во февруари.
Албумот ќе се вика "Years Of Refusal", и ги содржи следните песни:
"Something Is Squeezing My Skull"
"Mama Lay Softly On The Riverbed" "Black Cloud" "I'm Throwing My Arms Around Paris" "All You Need Is Me" "When Last I Spoke to Carol" "That's How People Grow Up" "One Day Goodbye Will Be Farewell" "It's Not Your Birthday Anymore" "You Were Good In Your Time" "Sorry Doesn't Help" "I'm OK By Myself" |
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Психомодо Поп имаат нов сингл “Домовине син“.
Синглот е најава за нивниот нов албум “Yeah, Yeah, Yeah“ кој треба да излезе во текот на месецов.
|
|
![]() |
|
Eli ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 30.Ноември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1968 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Одбрани 32 песни за националниот Евросонг!
Конк*рсот што Македонската Радио Телевизија го распиша за прием на композиции за фестивалот Скопје 2009 - Национален избор за Евросонг, заврши на 31. декември. Од пристигнатите 142 композиции, на 5. јануари селекционата комисија избра 32 композиции што ќе учествуваат на Фестивалот. За имињата на изведувачите од МРТВ дополнително ќе ја известат јавноста! Да потсетиме дека Фестивалот ќе се одржи на 19, 20. и 21. февруари 2009. година во Универзалната сала, кога ќе бидат изведени следниве композиции од дадените автори: Добар крај - Ана Симоновска Патувам низ времето - Зоран Илиевски Ти пеам песна - Кире Костов Не играј си девојко - Симон Трпчески Дрво без корен - Андријана Јаневска Нема да зборам - Ванчо Димитров Повторно љубена - Стевче Грозданов Помалку наивно - Никола Перевски и Владимир Крстевски Љубовта доаѓа - Лазар Цветковски Застани, солзи избриши - Григор Копров Само сон ќе ни остане - Григор Копров Северно од мене, јужно од тебе - Калиопи Букле Блиску до мене - Лазар Цветковски Отвори го срцето - Јован Василевски Игра со нас - Димче Китрозоски Волшебник - Блаже Темелков Динг донг - Зоран Трпков Земи се - Љупчо Трајковски Мојот ТВ - Ристо Апостолов За неа постојам - Костадин Папа Генгста оро - Даниел Јовески Збогување - Даниел Митревски За крај - Давор Јордановски Насмеј се - Здравка Мирчевска Ме пронајде ти - Хари Котларовски На мое место - Бојан Ѓошевски Рум дум дум - Кире Костов Гледаш не сум сам - Владимир Дојчиновски Сакам да ти кажам остани - Владимир Дојчиновски Сила на љубовта - Александар Масевски Нешто што ќе остане - Дамјан Лазаров и Јован Јованов Дали мислиш на нас - Гоце Симоновски ![]() |
|
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
|
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
„Прл џем“ со подновена верзија на деби-албумот Популарните рокери „Прл џем“ ќе објават четири нови специјални верзии на својот деби-албум Ten, кој од 1991 година до денес се продаде во над девет милиони примероци. Различните изданија ќе бидат достапни од 24 март. Тие од следната среда ќе може да се нарачаат на официјалната интернет-страница на групата. Секое „пакување“ ќе содржи дигитална ремастерирана верзија на оригиналниот албум и нови ремикси од нивниот долгогодишен продуцент, Брендан О’Брајан. Тој не работеше на првиот диск на бендот, но ги продуцира следните изданија. Басистот Џеф Амент и дизајнерот Енди Фишер се задолжени за уметничкиот изглед на новото издание. Дискот ќе содржи шест необјавени песни, како првични верзии на уште три нумери. Целиот проект е остварување на желбата на сите членови на бендот да добијат ремикс на лентите од Ten. |
|
![]() |
|
Red`Black ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() Регистриран: 25.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 845 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Северно од мене, јужно од тебе - Калиопи Букле ova ke ide |
|
![]() |
|
dark ![]() Сениор ![]() Регистриран: 28.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 247 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
mnogu mi e slicno na daleku od mene daleku od tebe
|
|
faster then light :D
|
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Маестро Симон Трпчески на 18 мај заедно со најреномираниот оркестар на московскиот театар “Бољшој“ ќе одржат концерт во Скопје во “Метрополис арена“. Концертот, под палката на Александар Ведерников, ќе биде заокружување на европската турнеја на пијано виртуозот Трпчески и, како што велат од агенцијата организатор ова ќе биде изненадување со посвета на македонската публика. Делата што ќе се извадуваат ќе бидат од руски автори.
“Оваа идеја, која е верувам од историско значење за нашата држава и што на почетокот изгледаше невозможна, но еве со голем ентузијазам ќе се оствари. Ми беше сон да настапам со овој оркестар, и тоа во својот роден град. Огромна чест за мене“, изјави Симон Трпчески на денешната прес конференција. Концертот е поддржан од Министерството за култура и Владата. Се очекува Трпчески да настапи со оркестарот во полн состав од 100 члена. Цената за настапот на гостите од Москва, поради исполнување на обврските од договорот со нив, не се соопштува.
|
|
![]() |
|
Didi ![]() Сениор ![]() ![]() Summer flower Регистриран: 14.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 15583 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Lambe na 18-ti vo Resen Ламбе Алабаковски на 18. јануари 2009 во недела ќе гостува во ресенскиот кафе бар Порта . Настанот ќе биде дел од маратонот кој се одржува во Кафе Порта за празниците со разни забави секој ден. Ламбе Алабаковски на мини концертот во Ресен ќе го престави својот најнов, трет по ред, албум "Да не те Љубев". Изменето од didi26 - 13.Јануари.2009 во 15:33 |
|
Srekata vo tvojot zhivot zavisi od ubavinita na tvoite misli....
|
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Стинг во Белград ќе свири за беспари
![]() Интересно е да се спомене дека првата средба на двајцата музичари не била воопшто пријатна. Пред десетина години Стинг за својата роденденска забава на неговиот имот во Британија ги поканил да му свират Карамазов и неговиот оркестар. Карамазов културно го откачил и му рекол дека тие се сериозни музичари, а не свиречки мајмуни кои доаѓаат кога на него ќе му текне. Сепак, тоа бил вовед во долгогодишното пријателство кое се уште трае, а од него се родил заедничкиот албум. |
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ЕТНОСОСТАВОТ ПРОМОВИРА ФИЛМ И СПОТ Баклавата е форма што поврзува Етноквартетот „Баклава“ завчера во Кинотеката на Македонија ги
промовира документарниот филм „Баклава - форма што поврзува“ и спотот
за песната „Твоите очи Лено“ од својот втор албум „Калемар“.
Документарецот раскажува зошто ја одбрале токму баклавата да биде нивни
заштитен знак. Дејан Сибовски-Сибо, член на групата, открива дека овој
настан е само најава за промотивниот концерт што ќе се одржи на
почетокот на март.Композицијата „Твоите очи Лено“ го отвора последниот
албум „Калемар“, кој го објавија пред неколку месеци, затоа тие решиле
таа да го добие првиот видеозапис. |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7891011 32> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |