IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Учебници-многу скапи, бесплатни...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Учебници-многу скапи, бесплатни...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 21>
Автор
Порака
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2008 во 11:54
Море ајде...
За едно полугодие само да купувам нови книги? Границите не се сменета од септември 2008.

Еден стап...па удри мавај...удри мавај....


МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2008 во 20:13
..em gi nemashe...em skapi..em sporni..sega izleze deka se e matno okolu ucebnicite...
Учебниците за шесто се продаваат незаконски
Учебник за шесто одделение по географија на издавачите „Тримакс картографија“ и на „Просветно дело“, математиката за шесто на „Алби“. Ова се само некои од учебниците што се одобрени од Министерството за образование и наука (МОН) и се продаваат, иако се обжалени на второстепената владина комисија. Продажбата е незаконска, зашто постапката за избор на учебници не е завршена, реагираат авторите.

- Се жалевме зашто не ни го одобрија учебникот по географија за шесто одделение. Сè уште не сме добиле одговор од второстепената владина комисија. Решението на министерот не е конечно и затоа учебниците не смеат да се продаваат - велат во издавачката куќа „Топер“.

Освен учебниците по математика и географија, во продажба се и учебниците по музичко, биологија, ликовно. Дознаваме дека приговор поднеле Билјана Крстевска и Дончо Димовски, автори на учебникот по математика на „Просветно Дело“, кој не бил одобрен од министерот.

Во Државниот просветен инспекторат (ДПИ) велат дека во случајов Министерството не прави ништо противзаконско.

- Точно е дека се обжалени учебници по повеќе предмети. Министерот ги одобрил оние, за кои рецензионите комисии позитивно се изјасниле. И ако издавачите печателе учебници без да бидат сигурни дека ќе им се одобрат, тоа е нивен проблем - вели Роберт Ѓеорѓиев, директорот на Инспекторатот.

„Нова Македонија“ пред неколку дена објави дека второстепената владина комисија за образование не работи оти нема претседател и членови. Тоа значи дека нема кој да ги разгледува поднесените жалби на издавачите.

Според членот 112 од Законот за основно образование, жалба се поднесува во рок од 15 дена по решението на министерот за одобрување учебник. Неговото решение станува конечно дури откако второстепената комисија ќе се изјасни дали ги прифаќа или отфрла приговорите.

Јанчевски и Зорчец - и автори и рецензенти

Министерот за образование и наука Перо Стојановски не одобрил учебник по информатика за шесто одделение, зашто претседателот на рецензионата комисија Методија Јанчевски, бил и коавтор на учебник по информатика. Освен него, Валентина Зорчец која била член на рецензионата комисија се јавува и како рецензент на учебникот по информатика за шесто одделение од битолската издавачка куќа ‘Гоцмар“. Со ова е прекршен Законот за основно образование, па затоа ќе има нов конк*рс за избор на учебник.
Во Законот стои дека авторот на учебникот, кој би можел да влијае на објективноста во оценувањето, не може да е и член на рецензиона комисија. Од Министерството вчера не кажаа дали ќе има казни за овие лица.

... Isti avtori vo site dosegashni promeni na ucebnici, istite aferi vo sekoja vlada, cenata ja plakjaat roditelite.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2009 во 15:34
 За ова многу пати студентите реагираа но никој не ги слуша
Нашите студенти учат од стари српскохрватски учебници
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2009 во 13:35
...сума сумарум...
Бесплатните учебници државата ќе ја чинат околу 13 милиони евра
Приближно 13 милиони евра ќе ја чинат државата бесплатните учебници што основците и средношколците ќе почнат да ги добиваат од следната учебна година. Според пресметките на „Нова Македонија“, ако се има предвид дека еден комплет учебници за основно образование во просек чини околу 2.100 денари, тогаш за повеќе од 217.000 основци ќе треба да се издвојат приближно 7,5 милиони евра. Дополнителни 5,5 милиони евра државата ќе ја чинат учебниците за сите 95.000 средношколци во земјава. Од Министерството за образование и наука (МОН) не кажуваат колку пари ќе ги чинат учебниците, а предвидено е еден комплет да користат две генерации ученици. Оттаму веќе почнале да преговараат со издавачите од кои барале учебниците да им ги продадат за пониска цена, а барале и откуп на авторските права.

- Бараа да ги откупат авторските права за учебници што веќе се одобрени и кои учениците ги користат. Им рековме дека не ги откупуваме зашто веќе сме ние издавачи на тие книги што се избрани според стариот закон за учебници - велат во „Тримакс картографија“, чии учебници по географија и веронаука се употребуваат во училиштата.

Министерството ќе ги откупува учебниците од издавачките куќи, а новите за кои треба да се избираат ракописи ќе се избираат на конк*рс на кој авторите самостојно ќе се пријавуваат. Тие реагираат дека не знаат колку ќе бидат плаќани за ракописите со кои ќе се пријавуваат на конк*рсите.

- Новиот закон за учебници му дава можност на секој автор да конк*рира со свој ракопис директно во Министерството. Но не се знае колку ќе биде платен нашиот труд. Според членот 18 од Законот, ако „избраниот“ автор не се договори за надоместокот што треба да го добие, министерот потпишува договор со авторот што бил втор на конечната листа. Тоа на некој начин е уцена - вели автор на учебник по математика, кој сакаше да остане анонимен.
Дека се прави споредба на цените на учебниците на различните издавачи, потврдија и во педагошката служба.

- И од училиштата бараме да ни достават податоци за бројот на ученици, како и кои учебници ги употребуваат. Според тоа ќе знаеме колку пари ќе нè чинат учебниците - вели Надежда Узелац, директорка на педагошката служба.

Според новиот закон, авторите нема да се врзуваат за издавачка куќа како што беше досега. Изборот на ракописи ќе го прави педагошката служба. МОН ќе ги покрива трошоците за печатење и дистрибуција на учебниците.




Просечна цена на комплет учебници за основно 2.100 денари
Просечна цена на комплет учебници за средно 3.600 денари
Вкупно основци 217.459 денари
Средношколци 95.000 денари

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2009 во 10:20
Уште една бизарност поврзана со нашите учебници
------------------------------------------------------------------------
ВО ПАКЕТ СО ПЕДАГОГИЈА СЕ „ПРЕДАВА“ ХОМОФОБИЈА
Хомосексуалците во учебник - ненормални

„Хомосексуализмот и лезбијството се негативни појави во сексуалниот живот на човекот и значајни општествени проблеми кои треба да се искоренат“. „Учесниците во таков изопачен, неприроден и што би рекле ненормален сексуален живот, се личности со психички потешкотии и пречки“. Вакви формулации за сексуалната определба кај човекот се наведени во учебникот по педагогија за трета година, гимназиска насока. Тие се спротивни на заложбите на Светската здравствена организација, со кои се налага дека хомосексуалноста не смее да се третира како проблем, а Законот за антидискриминација кој Македонија треба да го донесе, како услов за приближување до европското законодавство, строго забранува промовирање стереотипи и стигматизирање на ранливите општествени групи, меѓу нив и на популацијата ГЛБ. „Хомосексуализмот и лезбијството се варијанти на полов нагон и секако како опачини се манифестираат со свртеноста на индивидуата кон сексуален партнер од ист пол. Тоа може да биде присутно и кај мажите и кај жените, но, сепак, кај жените е поретка појава. Меѓу така ориентираните лица и во двата пола има многу невротични и психотични личности“, пишува во учебникот кој е дело на авторите Ели Маказлиева, Анета Бараковска и Марија Костова. Ирена Цветковиќ, активист за човекови права, смета дека овој учебник во најскоро време треба да биде исфрлен од употреба затоа што се забележува високо ниво дискриминација врз основа на сексуалната ориентација. Според неа, ниту една од тезите не е научно потврдена, туку тоа се голи дискриминаторски ставови на авторите со кои се индоктринираат младите генерации- Ова не е прв случај на дискриминација во образовниот систем. Страшно и ужасно е што вакви примери ќе најдете во многу учебници за основно и за средно образование. Тоа се ставови спротивни на сите меѓународни документи и договори кои нашата држава ги има потпишано и е задолжена да ги спроведува принципите кои во нив се заговараат. Хомосексуалноста, според Светската здравствена организација, не спаѓа во листата на болести. Таа не е психичка потешкотија, ниту пречка туку сексуална ориентација исто како што е и хетеросексуалноста - вели Цветковиќ. Според Жарко Трајановски, експерт за човекови права, кој докторирал токму на правата на популацијата ГЛБ, вели дека учебникот е доказ дека кај нашата стручна јавност постои хомофобија, а таа сега покрај во медиумите се шири и во образовниот систем. Македонија се уште нема донесено закон за антидискриминација, иако тоа е една од обврските во преговорите со Европската унија. Беше подготвен предлог-закон, но од стручната јавност беше оценет дека има многу недостатоци и сега се подготвува нова верзија. Мирјана Најческа, претседателка на Центарот за човекови права, вели дека дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација е манифестација на негативните трендови поврзани со глобалната стратегија на актуелната власт за промоција на традиционалните и религиозните вредности. - Законот против дискриминација сигурно ќе биде донесен како дел од барањата на ЕУ во процесот на асоцијација на нашата држава, меѓутоа, како ќе изгледа, кои заштитни механизми ќе ги нуди и дали нема да се претвори само во уште едно парче хартија без никаква употребна вредност, станува основна за грижа на промоторите на човековите права и слободи - вели Најческа.


Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2009 во 19:57
зошто бизарност, зарем сепак се смета дека хомо е нормално? како може да е тоа нормално?

е сега сепак малку се занеле во описите

размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2009 во 17:40
,....a, pishuva li vo uchebnikot ,...koga ke vidish peder,...da go pretepash ,..do koska!збунетост
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2009 во 22:35
Тешко на децава.......А нам ни треба повеќе, па можеби еден ден ќе се опаметиме и ќе ставиме крај на сето ова безумие, безобразлук и изживување......
Кон врв
becenevem Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2108
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај becenevem Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2009 во 22:48
pa i ministerot za obrazovanie saka traktor da kupi
Кон врв
elektro Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 07.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 81
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај elektro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2009 во 22:33
Abe na koj kako sekoj tera po svoe dodeka nekoj ne zastane i rece   ZOSTO,KAKO,KADE,DO KOGA a toj den ke se sluci zatoa sto na roditelite i ucenicite im zdosaduva od lazenje i od zafrkancii
>< POLICE LINE DO NOT CROSS ><
Полиција =D
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2009 во 08:34
Повеќе нема да има дискусии за многу скапи учебници или пак ќе одиме по старо? Многу проблеми за реализација на проектот - Бесплатни учебници за секое дете.
Виси големиот владин проект за бесплатни учебници
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2009 во 14:35
ако интернет наставата се одвиба како треба да се одвива во еден модерен образовно - воспитен систем, ќе нема потреба од учебници...   
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2009 во 09:08
Originally posted by majstorce62 majstorce62 напиша:

ако интернет наставата се одвиба како треба да се одвива во еден модерен образовно - воспитен систем, ќе нема потреба од учебници...   

Бидејки сеуште требаат мора да констатираме дека и со нов министер пак со стари проблеми
Прво ѕвонче, па учебници
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2009 во 10:03
коментарот се однесуваше за наставата во средно училиште и за мојот предмет...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 21>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.