IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПОСТЕЊЕ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПОСТЕЊЕ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4344454647 50>
Автор
Порака
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2008 во 03:31
Originally posted by nelson nelson напиша:

zosto lkatolici i pravoslavci razlicno postat? neli biblijata im e ista? pa togas od toa sledi deka....


Drag nelsone, vo Biblijata ne se naznaceni datumi od koga do koga treba da se posti, kako na pr. vo k*ranot.

Bidejki Pravoslavnata crkva i Katolickata se dve posebni crkvi, tie samite si odreduvaat od koga do koga trae postot.

Kako vtoro, nie pravoslavnite slavime po Julijanskiot kalendar , dodeka katolicite se po Gregorijanskiot kalendar.

Zatoa ne se poklopuvaat ni praznici, ni posti , ni slavi

Кон врв
monitor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 19.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 97
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај monitor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2008 во 12:44
Постот помага повеќе од медицински аспект.Џабе ќе постиш ако лажеш крадеш и имаш лоши мисли-ова ти е психолошки пост.Кон него треба да се придржаваме цел живот.
Кон врв
vesnaa Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 26.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 56
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vesnaa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2008 во 13:04
Originally posted by nelson nelson напиша:

zosto i katolici i pravoslavci razlicno postat? neli biblijata im e ista? pa togas od toa sledi deka....

 
... od toa sledi deka ni ednite ni drugite ne se pridrzuvaat do Biblijata, sekoj si e pasa na svojata niva i si izmisluva post kako mu e mila volja намигнување
a vernicite nivni ako ne postat kako sto ke im kaze pasata, ohi vo rajot, nema viza, bega bega metro metro, odi grcka more pliva malaga kitakis mitakis
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2008 во 17:25
Појаснување за постите во ЦРКВАТА ХРИСТОВА.

Има четири (4) пости и се пресметуваат по Јулијанскиот календар.

1.     Божикен пост (од 28 ноември до 6 јануари (нов стил). Трае 40 денови.

2.     Велигденски (Велик) пост се пресметува по засебен календар, наречен ПАСХАЛИЈА.
Кога ќе се падне Велигден (Пасха) зависи од два услови:

Првиот – не смее да биде пред и заедно со Јудејска (Еврејска) Пасха.

Вториот – не смее да биде пред пролетна рамноденица.

Овие услови не ги почитуваат Римокатолиците, и затоа во последните 100 години – 25 пати неисправно (погрешно) го прославуваат Велигден.

Оние делови (народи) од ЦРКВАТА ХРИСТОВА што се користат со Грегоријанскиот календар – неподвижните (фиксните) празници ги прославуваат според тој (Грегоријански) календар, а подвижните – според календарот ПРАВОСЛАВНА ПАСХАЛИЈА. Затоа Велигден го прославуваат заедно со оние што се користат со Јулијанскиот календар.

3.     Петровденови пости.

Нивниот почеток зависи од тоа дали Велигден се прославува порано или подоцна. Може да траат од 2 до 6 седмици, а завршуваат на 11 јули (нов стил).

Празниците: Цветници, Преполовение, Вознесение Христово и Духови (Педесетница - Духов Ден) се поврзани со Велигден и од него зависи дали се поместуваат понапред или поназад.

Ако Велигден (и сите празници поврзани со него) се прославува порано, Петровденските пости ќе бидат подолги. И обратно, ако се прославува Велигден подоцна, времетраењето на Петровденските пости е помало.

Овој пост започнува во првиот понеделник по Духовденската седмица, т.е., веднаш по празникот посветен на СИТЕ СВЕТИИ.

4.     Богородични пости. Тие се од 14 до 27 август (нов стил).
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2008 во 18:52
Me interesira koj gi objavi, donese, definira i ustolichi ovie posti kako vakvi shto ni gi prezentirash vo tvojov komentar?
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
vesnaa Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 26.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 56
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vesnaa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2008 во 19:31
Pred da kaze Miki koj gi ustanovil ovie posti, jas da kazam koj NE GI ustanovil - Isus Hristos.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2008 во 21:35
Originally posted by monitor monitor напиша:

Постот помага повеќе од медицински аспект.Џабе ќе постиш ако лажеш крадеш и имаш лоши мисли-ова ти е психолошки пост.Кон него треба да се придржаваме цел живот.


Apsolutno se soglasuvam deka duhovniot(ili psiholoskiot post) e mnogu povazen od telesniot.

I vo pravo si deka toj post treba da se drzi cel zivot, iako kako luge sme gresni i tesko e ponekogas, ama treba da go pravime toa, oti se e dzabe ako imame losi misli....
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2008 во 11:33
Originally posted by Miki_P Miki_P напиша:

Појаснување за постите во ЦРКВАТА ХРИСТОВА.
...

Miki ти благодарам за твојот труд и ти посакувам Благословен Божиќен пост!
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2008 во 12:21
Originally posted by Miki_P Miki_P напиша:

Појаснување за постите во ЦРКВАТА ХРИСТОВА.

Има четири (4) пости и се пресметуваат по Јулијанскиот календар.

1.     Божикен пост (од 28 ноември до 6 јануари (нов стил). Трае 40 денови.

2.     Велигденски (Велик) пост се пресметува по засебен календар, наречен ПАСХАЛИЈА.
Кога ќе се падне Велигден (Пасха) зависи од два услови:

Првиот – не смее да биде пред и заедно со Јудејска (Еврејска) Пасха.

Вториот – не смее да биде пред пролетна рамноденица.

Овие услови не ги почитуваат Римокатолиците, и затоа во последните 100 години – 25 пати неисправно (погрешно) го прославуваат Велигден.

Оние делови (народи) од ЦРКВАТА ХРИСТОВА што се користат со Грегоријанскиот календар – неподвижните (фиксните) празници ги прославуваат според тој (Грегоријански) календар, а подвижните – според календарот ПРАВОСЛАВНА ПАСХАЛИЈА. Затоа Велигден го прославуваат заедно со оние што се користат со Јулијанскиот календар.

3.     Петровденови пости.

Нивниот почеток зависи од тоа дали Велигден се прославува порано или подоцна. Може да траат од 2 до 6 седмици, а завршуваат на 11 јули (нов стил).

Празниците: Цветници, Преполовение, Вознесение Христово и Духови (Педесетница - Духов Ден) се поврзани со Велигден и од него зависи дали се поместуваат понапред или поназад.

Ако Велигден (и сите празници поврзани со него) се прославува порано, Петровденските пости ќе бидат подолги. И обратно, ако се прославува Велигден подоцна, времетраењето на Петровденските пости е помало.

Овој пост започнува во првиот понеделник по Духовденската седмица, т.е., веднаш по празникот посветен на СИТЕ СВЕТИИ.

4.     Богородични пости. Тие се од 14 до 27 август (нов стил).





dvojkata ne mi e bas jasna (zosto ne smee da se poklopi so evrejska- neli isus bil evrein)a i kazete koj ja odreduva dolzinata na postot...zosto ljugeto postat sekoja sreda i petok isto me interesira...
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2008 во 12:29
sreda se posti zasto vo toj den e predaden Isus Hristos,
a petok se posti zasto e raspnat vo toj den, i sekoj sto neposti vo tie denovi go predava i go raspnuva Hrista!
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2008 во 13:16
Nelson:

Зошто Христијаните не треба заедно да прославуваат Пасха со Јудеите (Евреите)?

Зборот Пасха значи Премин.

Станува збор за сосема различни поводи и причини за прославување. Имено, Пасха за Јудеите е најголем празник, а неговото прославување е поврзано со ослободувањето (физичко) на Јудеите од долгодецениското ропство, т.е., преминале од ропство во слобода.

И во Христовата Црква празникот ПАСХА е најголем – тој е „Празник над празниците“. И за Христијаните зборот ПАСХА значи ПРЕМИН, но со сосема поинакво значење. Овде се прославува Христовото Воскресение. Со воскресението на Христа Господа на сите ни се дава можност да преминеме од смрт (духовна) во живот (духовен).

п.с. Христос навистина бил по мајка Јудеин (Евреин), но со тоа што тие (Јудеите) не Го пречекаа и не Го прифатија како МЕСИЈА и СПАСИТЕЛ, т.е., тие го изгубија „почесното место“ - народ Божји.

За постењето во среда и петок веќе кажа Belichka.

Значи, во среда постиме во знак на жалост за Јудиното предавство на Христа, а во петок - зашто во тој ден Христос е осуден и распнат со неправедна смрт, смрт на крст, и секој што не пости во тие денови повторно го предава и го распнува Христа.


Изменето од Miki_P - 21.Декември.2008 во 14:53
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
vesnaa Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 26.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 56
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vesnaa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2008 во 13:40
Originally posted by belichka belichka напиша:

sreda se posti zasto vo toj den e predaden Isus Hristos,
a petok se posti zasto e raspnat vo toj den,  i sekoj sto neposti vo tie denovi go predava i go raspnuva Hrista!
 
A zosto ne postite i vo cetvrtok? Pa neli togas Isus bil vo ogromna agonija i duri pisuva deka potta kako kapki krvi mu tecese od negovoto lice. Mozete da zamislite kolku mu bilo tesko na Isus vo tie momenti, a vie ne postite vo Cetvrtok тага
 
Sekoj sto osuduva nekogo za nesto sto Gospod NE zapovedal (zadolzitelen post vo sreda i petok) propoveda DRUGO evangelie, a Biblijata go narekuva takviot PROKLET.


Изменето од vesnaa - 21.Декември.2008 во 13:40
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2008 во 14:22
ЗА ПОСТОТ
Постот како установа (одредба) на Црквата има за цел да придонесе за преовладување на духовните стремежи над телесните. Постот е време за самоиспитување, подготовка за покајание и причестување; со него се умртвува телото кое, ако го галиме, стануваме мртви со душата; постот е средство со кое се оддалечуваме од страстите што се распалуваат со телесните наслади и со прејадувањето. Постот не е само воздржување од храна (телесен пост), туку и воздржување од секое зло и грев (духовен пост), кое подразбира позасилено правење на добрини (милостиња, доброчинства, помирувања) и молитва, и други дела на љубовта спрема Бога и ближните. Телото се чисти и се осветува со воздржувањето од храна и пиења, а душата: со молитвите, читањето на Светото писмо и делата на светите отци на Црквата и со добродетелите.

Додека се пости, треба да се чуваме од барање на нови задоволства во храната. Во најголема мера мораме да се воздржуваме од страсти во текот на постот и пред причестувањето со светите тајни.

Постот постоел уште во Стариот завет. Неговото основање се поистоветува со настанувањето на самата Црква; основан е по примерот на Исус Христос (Мт. 4,2) и апостолите (Д.А. 13,14).

Во Новиот завет повеќе пати се споменува како Господ ја благословува и користи посната храна, изземајќи го времето за јадење на пасхалното јагне. Сите светители, како во Стариот така и во Новиот завет, имајќи жива вера во Спасителот, ја посведочуваат, помеѓу останатото, и со постот. Некои од најстарите црковни писатели Ипо лит, Тертулијан, Епифаниј, Августин, Јероним - зборуваат дека апостолите востановиле пост од 40 дена подобно на примерите на Мојсеј (2 кн. Мој. 34,28), Илија (1 кн. Цар. 19,8) и на самиот Исус Христос, Кој постел 40 дена во пустината. Оттаму е и најстариот назив за главниот или Великиот христијански пост: Четириесетница.

Во древната Црква постот бил многу строг и се состоел: или во нејадење повеќе или помалку време, или во секојдневно суво јадење, но не пред вечера. „Апостолските установи“ (ст.17) востановуваат пост што се состои во јадење само леб и зеленчук, забранувајќи месо и вино. На Запад, според сведочењето на Тертулијан, суво јадењето, како вид на пост постоел од 2 век. На Исток, според Валсамон, суво јадењето (овошје и зеленчук) како вид на пост постоел до 12 век, а на Запад до 7 век, кога за посно јадење почнало да се смета не само зеленчукот туку и рибата. Сепак, често, самата замена на месото со риба се смета за многу слаб начин на пост. Без крајна здравствена потреба не треба да се нарушува постот со кој се отстранува храната што го раздразнува организмот.

Државното законодавство на Исток и на Запад било покровител на постот. Во деновите на Великиот пост се затворале сите театри, игри, се запирала трговијата со месо, се затворале продавниците (освен оние кои продавале најосновни работи), судот не работел. Тоа било време на доброчинство. Робовите се ослободувале од работите и често се пуштале на слобода. Великиот пост првенствено бил време на проповеди во храмовите. Со појавата на монаштвото, постот станал еден од монашките завети и составен дел на монашкиот живот. Постот остро ги делел христијаните од паганите, кои навикнале често да јадат.

Постовите на Православната црква се делат на повеќедневни и еднодневни.

Повеќедневните пости одговараат на четирите годишни времиња. Нè повикуваат на духовна обнова во Божја слава.

Повеќедневни пости се следниве.

1. ВЕЛИКИ ПОСТ се состои од Великата четириесетница и предвоскрсниот пост (Страсна седмица, седмица на страдањата Христови). Овој пост не се прекинува и трае 48 дена, а почнува после Прочка (Поклади).

а) Светата Четириесетница ја востановиле уште апостолите, а со својот пример ја осветил нашиот Господ Исус Христос. Самите апостоли многу строго го држеле тој пост и на сите христијани им заповедувале да го почитуваат во подробност. Почнува од понеделникот после Сиропусната недела и трае 40 дена, до Страсната седмица, во која, исто така, се пости, и тоа многу строго. Во текот на првата седмица на Великиот пост Православната црква налага највисок степен на постот (како и во текот на Страсната седмица - пред сè на Велики петок и Велика сабота), а особено во првите два дена кога, се разбира, кој може, треба потполно да се воздржи од храна и вода, до средата после Литургијата на Предосветените Дарови. Наследниците на апостолите, светите отци и учителите на Црвата, држејќи ги во подробност апостолските правила за постот, ги опоменувале христијаните да го постат Великиот пост, кој претставува време на покајание, скротување на плотта (телото) и соучество во спасоносните страдања Господови.

„Не занемарувајте ја Четириесетницата“, им пишува свети Игнатиј Богоносец на христијаните во Филипи, „таа е поддржување на животот Христов“.

Со богослуженијата (многу подолги отколку вообичаено), со целиот нивни склоп, во светата Четириесетница Црквата го оневозможува распламтувањето на нашите страсти, со тоа поттикнувајќи скрушеност во нашите срца заради гревовите.

Во овој пост задолжителни се големите молитвени поклони до земја. Црковните одежди се многу посиромашни, а и боите се темни. Осветлувањето на храмот е послабо, кадењето со темјан и отворањето на царските двери е многу поретко. Црковните обреди во текот на Великиот пост со својата едноставност и скромност ја симболизираат јорданската пустина, во која нашиот Господ Искупител престојувал 40 дена, давајќи со Својот пост основа за светата и велика Четириесетница.

Уште на еден начин Црквата во деновите на Великиот пост во нашите души ја засилува скрушеноста за гревовите, со тоа што не дозволува венчавки, родендени, одење на театарски претстави, забави и веселби. За време на Великиот пост сè е во знакот на скрушеноста и стравот Божји, како нашата душа би се вдлабочила потполно во себе за така да би се воздигнала во висините, при нашиот Бог и Спасител.

б) Постот на Страсната недела. После светата Четириесетница, која завршува во петокот на шестата недела на Великиот пост, се надоврзува постот на Страсната недела, востановен заради најсветите Господови страдања претрпени за нас - од Велики понеделник до Велика сабота Црквата живо се сеќава на страдањата Господови. Треба да се напомене дека и на Велика сабота се пости најстрого од проста причина што и самиот Творец тогаш бил во гробот.

2. АПОСТОЛСКИ или Петровденски пост. Бидејќи почетокот на овој пост зависи од Велигден, тој некогаш е пократок, а некогаш подолг. При најдолгото траење тој опфаќа 6 недели, а при најкраткото - недела и уште еден ден. Почетокот му е во далечното минато. Тој се заповеда уште во апостолските установи, но особено често се споменува од 4 век. Точно почнува од првиот понеделник после Духовден, т.е. после неделата на Сите Светии и трае до празникот на светите апостоли Петар и Павле - 12 јули (29 јуни по стариот календар).

Апостолите, примајќи го Светиот Дух на денот на Педесетница, со пост и молитва се подготвувале себеси за проповедување на Евангелието по целиот свет. Така и ние треба да ги очистиме своите мисли и со подвигот на постот да се удостоиме за примените дарови на Духот Свети. После светите и радосни денови што ги празнуваме во чест на Господа, воскреснатиот од мртвите и потоа вознесениот на небесата, после примањето на даровите на Светиот Дух, почнува постот. На тој начин, со посредство на воздржување, Светиот Дух нè учи на трезвеност. Овој пост е и поддржување на апостолите во примерите на извршувањето на постот, воздржувањето и послушноста на Господа до смртта.

3. УСПЕНСКИОТ, БОГОРОДИЧНИОТ ПОСТ во чест на Пресвета Богородица трае од 14 до 28 август (од 1 до 15 август според стариот календар). Црквата го усвоила и го зачувала овој пост раководејќи нè нас кон поддржување на Мајката Божја, која и самата пред своето преселување на небото непрестано се молела и постела. Затоа и ние имаме обврска да постиме во тоа исто време, фалејќи ја со химни и молејќи ја да ни биде застапница пред Господа.

4. БОЖИКНИОТ ПОСТ е востановен во чест на Рождеството Христово, значи му претходи на Божик и трае 40 дена. Другиот назив му е Филиповски пост, бидејќи денот кога почнува се слави светиот апостол Филип. Според правилата за воздржување се приближува до Апостолскиот пост. Строгоста особено се појачува од 2 јануари, т.е во деновите пред Божик и достигнува највисок степен на последниот ден, т.е. на Бадник. Според православниот обичај, на тој ден се пости до вечерната ѕвезда. Појасно споменување на Божиќниот пост се среќава од 4 век. Во 5 век Лав Велики го нарекува древно востановување и му припишува значење на жртва за прибирање на плодови. Траењето на овој пост во минатото во разни цркви било нееднакво. Постојан карактер добил на Константинополскиот собор во 1166 година. Божиќниот пост е зимски и ни служи со него да го осветиме завршниот период од годината со таинствено обновување на духовното единство со Бога и да се подготвиме за Рождеството Христово. Постот на Божиќната Четириесетница го изобразува Мојсеевиот пост, затоа што овој, постејќи 40 дена и ноќи, на камени плочи ги примил напишаните Божји зборови. А ние, постејќи 40 дена, го примаме живото Слово од Дева, запишано не на камен, туку овоплотено и родено и се присоединуваме на Неговото божествено тело.

ЕДНОДНЕВНИ - ГОДИШНИ ПОСТИ

а) Пост на денот на Воздвижението на Крстот Господов, 27 септември. Нам ни приликува на денот на поклонението на Крсното дрво, на кое пострадал и за нас умрел овоплотениот Син Божји, својата радост да ја ограничиме со пост.

б) Пост на денот на Отсекувањето на главата на св. Јован, 11 септември. На тој ден ни приликува да бидеме потиштени и да немаме никакво телесно уживање поради испосничкиот живот и неправедното убиство на св. Јован од страна на Ирод, кој на тоа бил наговорен во текот на гозбата од блудната танчарка.

в) Пост спроти Богојавление, 18 јануари (Водокрст).

ЕДНОДНЕВНИ И СЕДМИЧНИ ПОСТИ

Постот во среда и во петок Црквата ги востановила заради сеќавање и соучество во настаните на тие денови; предавањето на Спасителот на страдања и Неговата смрт заради нашето спасение. Во древната црква среда и петок биле познати под името Денови на пост и стоење, затоа што на овие денови верниците, стоејќи како на стража, ја поминувале во богослужение целата ноќ; постот во овие денови траел до 9 час (3 часот по пладне). Празнувајќи го секоја недела Воскресението Господово, Црквата востановила секоја седмица да се оживуваат и големите настани на страдањата и смртта Господова, кои му претходеле на Неговото воскресение од мртвите. Православната црква строго налага да го чуваме овој пост. Се дозволува употреба на варена храна со масло, а често е разрешено и на риба. РЕДОВНИ СЕДМИЦИ По правилата на Црквата, во некои седмици во среда и петок нема место за постот. Такви се: Воскресната седмица (Светла седмица), која се смета за еден светол ден; седмицата после Педесетница во чест на двата возвишени христијански празници Св. Троица и слегувањето на Светиот Дух; во временскиот период од 12 дена од Божик до Богојавление востановено е разрешување од постот во чест на овие два големи празника; преку две редовни седмици постапно се приведуваме кон Воскресниот пост; првата почнува со неделата на Митарот и Фарисејот; а втората е Сиропусната, која е последната седмица пред Великиот пост и се нарекува и Бела седмица.

На сите кои вака го прифаќаат и вака се однесуваат кон постот во ЦРКВАТА ХРИСТОВА, Семилостивиот Господ Бог да им ја обезбеди крајната дестинација - населување во рајските населби.


Изменето од Miki_P - 21.Декември.2008 во 15:11
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
vesnaa Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 26.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 56
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vesnaa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2008 во 14:37
Originally posted by Miki_P Miki_P напиша:

ЗА ПОСТОТ
На сите кои вака го прифаќаат и вака се однесуваат кон постот во ЦРКВАТА ХРИСТОВА, Семилостивиот Господ Бог да им ја обезбеди крајната дестинација - населување во рајските населби.
 
Kakva vrska imaat ovie pravoslavni posti so CRKVATA HRISTOVA? збунетост
Pa uste i zaklucok deka samo tie sto gi postat ovie posti izmisleni od pravoslavnata crkva demek samo tie ke odele vo rajot, a site drugi ke gorat vo pekolot zatoa sto ne postat pred petrovden kako sto zapovedal Gospod upsss pardon.... kako sto zapovedal popot na svoja raka :)))
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4344454647 50>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.