IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - ПЕСНАРИЦА НА МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПЕСНАРИЦА НА МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2526272829 30>
Автор
Порака
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2008 во 17:54
Сите беа илинденци

Дали знаеш мајко мила
какви синој ти си родила
сите беа Илинденци
сите беа славни борци
за слобода наша мила
се бореа загинаа.

Гоце Делчев млад Кукушанец
Гоце Делчев млад Македонец,
тој бестрашен јунак за слобода,
црна земја рано го покрила,
но в' гради грутка тешка му остана
не ја виде слободна Македонија.

Крушевската Република
прва беше на балканот,
претседател први беше
Никола Карев учителот
бајрак разви тој ја разбуди
свеста кај многу млади Македонци.

Питу Гули војводата
надоен од маки и страдања
крвта своја сам ја пролеа
на Мечки Камен тој храбро падна
славно загина тој на Илинден
на Илинден светол славен.

Со својата верна дружина
тамо горе на Пирин Планина
храбро Јане се бореше
и од срце на глас викаше
напред браќа во борба нерамна
за да живее Македонија.


Сите девојчиња

Сите девојчиња мамо се мажија
најубави момци зедоа,
а јас најмалата, најубава мома
си останав мајко без к'смет.

Јас си го зедов младото бекриче
што ми пие вино ракија,
везден ми оди мамо по меани
пие лумпуј, лумпуј до зори.

Сека вечер либе одам по меани
сè за таа пуста ракија,
а кога се враќам либе од меани
удри мавај, мавај по тебе.


Славеј пее на трендафил

Славеј пее на трендафил,
моме седи на пенџере,
нажалено, насрдено,
ем со солзи на очите.

Бог да бие твојта мајка,
што ме даде надалеку,
да не можам да се видам,
ни со мајка, ни со татко.

Ни со мајка, ни со татко,
ни со мојте мили сестри,
ни со моите мили браќа,
ни со моето прво либе.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2009 во 23:08

Еве неколку мои омилени љубовљубовљубовљубов


Бело лице љубам јас

Бело лице љубам јас [x2]
и да љубам и да гледам
фајде нема, ле душо моја.
Шеќерна, ти калеша неверна. [x2]

Црни очи љубам јас, [x2]
и да љубам и да гледам
фајде нема, ле душо моја.
Шеќерна, ти калеша неверна. [x2]

Гајтан веѓи љубам јас, [x2]
и да љубам и да гледам
фајде нема, ле душо моја.
Шеќерна, ти калеша неверна. [x2]

Медно усте љубам јас, [x2]
и да љубам и да гледам
фајде нема, ле душо моја.
Шеќерна, ти калеша неверна. [x2]

http://www.youtube.com/watch?v=Jiz0zpL2ed8

Во Струмица на улица

Проклет да биде среќа да не виде
кој прв започна.
Кој прв започна љубов да води
две срца да страдаaт.

Често со него се среќавам
срце ми трепери,
срце ми трепери душа не ми дава
како да му прозборам.

Во Струмица на улица
пред него излегов
грбот ми го сврте и тивко ми рече:
„Јас не те сакам.
Јас си заљубив друго либе
заљуби си и ти“.

Очи насолзени, срце натажено
отидов далеку
проклет да биде среќа да не виде
кој прв започна.
Кој прв започна љубов да води
две срца да страдаат.

http://www.youtube.com/watch?v=UnTt-A7OY9g

Лажи, лажи Вере

Лажи, лажи Вере
лажи кој ќе лажеш
само мене Вере
немој да ме лажеш.

Јас си имам Вере
леле јас си имам
јас си имам Вере
до три болести.

Прва болест Вере
леле прва болест
прва болест Вере
струмички меани.

Втора болест Вере
леле втора болест
втора болест Вере
в туѓина ќе одам.

Трета болест Вере
леле трета болест
трета болест Вере
умирам за тебе.
http://www.youtube.com/watch?v=8Vyhpe3z70A

Фато мори душманке

Либето ми го зеде ти
рана на срце ми остави.

Рефрен:
А, а,... Фато мори душманке
леле катилке
А, а,... Фато мори душманке
проклета да си.

Многу време се љубевме
но за еднаш ме остави.

Рефрен

Среќна не ќе бидеш ти
кога лудо те колнам знај.
http://www.youtube.com/watch?v=T6xQrD8-CeI

Не кажувај либе добра ноќ

Не кажувај либе добра ноќ
не оди дома рано ти,
најзгодно време е во ноќта
прекрасна е оваа ноќ за нас. [х2]

Сите спијат а ние сме сами
користи драги ти мене,
милувај бакнувај бескрајно
волшебна е ноќ за љубење. [х2]

Јас знам дека друга љубиш ти
јас знам дека друга мамиш ти
срцево мое е за тебе
и не би го дала јас за друг. [х2]

За мене пролет не развива
за мене цвеќе не цути
за мене ти си прва љубов
и последна ќе ми бидеш ти. [х2

http://www.youtube.com/watch?v=fMMoM3zagBY

Ја излези стара мајко


Ја излези стара мајко на пенџерето,
па да видиш кој помина, умрев за него.

Ми помина мојто либе умрев за него
ми поминамојто либе, умрев за него.
Кај што одит ветар веит, умрев за него
кај што седит сонце греит, умрев за него.

Ќе ме носит во Охрида, мила мајчице
ќе ме носи во Охрида, умрев за него.
Ќе ме шетат со кајчето по езерото
Ја излези стара мајко на пенџерето,
па да видиш кој помина, умрев за него.

http://www.youtube.com/watch?v=Eoc28fdIDUc

Назад Калино моме


Назад, назад, Калино моме,
Немој да одиш по мене.
Кај нас си има висока гора,
не ќе можеш да ја поминеш.
Кај нас си има висока гора,
не ќе можеш да ја поминеш.

Ќе се сторам јас сокол пиле
и пак кај тебе ќе дојдам.
Гора ќе прелетам,
кај тебе ќе дојдам,
вечно твоја ќе бидам.
Гора ќе прелетам,
кај тебе ќе дојдам,
вечно твоја ќе бидам.

Назад, назад, Калино моме,
немој да одиш по мене.
Кај нас си има длабока река,
не ќе можеш да ја поминеш.
Кај нас си има длабока река,
не ќе можеш да ја поминеш.

Ќе се сторам јас мрена риба
и пак кај тебе ќе дојдам.
Река ќе препливам,
кај тебе ќе дојдам,
вечно твоја ќе бидам.
Река ќе препливам,
кај тебе ќе дојдам,
вечно твоја ќе бидам.

Назад, назад, Калино моме,
немој да одиш по мене.
Кај нас си има убава жена
и две мали дечиња.
Кај нас си има убава жена
и две мали дечиња.

Ќе се сторам јас црна чума
и пак кај тебе ќе дојдам.
Жена ќе ти сотрам,
дечиња ќе гледам,
вечно твоја ќе бидам.
Жена ќе ти сотрам,
дечиња ќе гледам,
вечно твоја ќе бидам.
http://www.youtube.com/watch?v=Pg2mhunskgI&feature=related

Деспина

ГОЛЕМА РИЏА ТИ ЧИНАМ, ТИ КИРЈО МАРИЈЕ,
И ЈАС ТЕ ПОЗДРАВЉАМ!

ДА МИ ДОЈДЕШ НА ВИЗИТА, ЈАС ДА ТЕ ПРЕЧЕКАМ.

 НЕ МОЖАМ ЈАС ДА ДОЈДАМ, ТИ КИРЈО МАРИЈЕ,
И ЈАС ТЕ ПОЗДРАВЉАМ.

ЌЕ ТИ ЈА ПРАТАМ СЕСТРА МИ, КИРА КАТЕРИНА.

ЧУКНА, ТРОПНА НА ПОРТАТА
ИЗЛЕЗЕ ДЕСПИНА, ДА БАЦИ РАКАТА.

ВО РАКАТА МЕЏИДИЈА, НИШАН ЗА ДЕСПИНА.

НИШАН ТИ ДАВАМ ДЕСПИНО ДА НЕ МЕ ЗАБОРАВИШ
ТИ КИРЈО МАРИЈЕ,

ПОМИНАА ТРИ ГОДИНИ, ТИ МЕ ЗАБОРАВИ.

КОЛКУ ЗВЕЗДИ НА НЕБОТО ПУШКИ ЌЕ ФРЛАМЕ
ТИ КИРЈО МАРИЈЕ,
ДЕСПИНА ЌЕ ЈА ГРАБИМЕ, НИКОЈ ДА НЕ ЗНАЕ.



Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2009 во 23:27
Е навистина мнооогу ја сакам оваа...

Сите девојчиња мамо се мажија
најубави момци зедоа,
а јас најмалата, најубава мома
си останав мајко без к'смет.

Јас си го зедов младото бекриче
што ми пие вино ракија,
везден ми оди мамо по меани
пие лумпуј, лумпуј до зори.

Сека вечер либе одам по меани
сè за таа пуста ракија,
а кога се враќам либе од меани
удри мавај, мавај по тебе.

Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2009 во 23:31
Бог да бие

Бог да бие кој прв почна,
кој прв почна, мило либе, да ми оди.
Да ми оди на печалба,
на печалба, мило либе, в' Америка.

Три години без работа,
без работа, мило либе, ем без пари.
Параходот веќе пристигна,
пари немам, мило либе, да се качам.

Ако сакаш да си дојдам,
продај си го, мило либе, ѓерданчето.
Ако не стаса ѓерданчето,
продај си го, мило либе, елечето,
праќај пари, мило либе, да си дојдам.

Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2009 во 23:36
Сношти минав покрај вази

Сношти минав покрај вази,
тебе моме не те најдов,
срце ми се растрепери,
почнав солзи да ронам.

Сечи моме руси коси,
прави скала да се качам,
да ти видам бело лице,
ем рудото ти грло.

Кажи моме вистината,
љубиш ли ме, мамиш ли ме,
ил сос' мен' се подигруваш,
да ти мине времето.

Ах да можам да разберам,
була ли си, ил' Гркиња?
Ил' си моме Македонка,
што си толку убава?

Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2009 во 23:35
Славеј пиле рано пее

Славеј пиле рано пее
рано пее пред зората,
па ми буди лудо младо,
лудо младо не женето.

Стани, стани лудо младо
да ми одиш врв планина,
таму има до три моми
до три моми Македонки.

Прва мома дрва бери
втора мома оган пали,
втора мома оган пали
трета мома јагне печи.


Слегло моме во градина

Слегло моме во градина
цвеќе да бере,
кај што брало там заспало
меѓу цвеќето. [x2]

Поминало лудо младо
крај градинчето,
стани, стани малој моме
цвеќе ти овена. [x2]

Ако вене нек се суши
друго ќе наберам,
стани, стани малој моме
момче ти се армаса. [x2]

Нек се врши нек се жени
нек се ќердоса,
јас ќе одам в манастира
за калуѓерка. [x2]


Слегов долу во визбата

Слегов долу во визбата,
там' си најдов невестата.

Там' си најдов невестата,
со главата под бочвата.

Со главата под бочвата,
а устето под чепчето.

Што ќе капне на земјата,
нека капне во устата.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2009 во 23:37
Слушам кај шумат шумите

Слушам кај шумат шумите, буките
Слушам кај шумат буките,
плачат за војводата, капиданот.

Другари верни другари Македонци,
кога низ село врвите, врвите,
кога низ село врвите
со коњи да не тропате, не тропате.

Со коњи да не тропате, тропате,
со коњи да не тропате,
со пушки да не фрлате, не фрлате.

Да не ве чуе мајка ми, старата,
да не ве чуе мајка ми,
ќе ве праша за мене, аман за мене.

Каде е син ми Костадин, Костадин?
Каде је син ми Костадин,
Костадин војводата, капитанот?

Син ти се мајко ожени, ожени
син ти се мајко ожена
за една Македонка поробена.


Смилево славно в' оган гори

Топовите грмат, татни земјата
пламен се дига до небото.
Жалете браќа, браќа славјани
Смилево славно в' оган гори.

Жените плачат, пиштат децата,
моми се кријат во беспокој.
Наспроти стои Даме Груев,
верна дружина командува.

Удрете браќа, не се плашете,
скоро ќе падне овој тиран.
И на ова царство ќе достоеме,
на таја пуста тиранија.


Сношти го видов убавото Стојне

Сношти го видов, мамо мори, убавото Стојне
Сношти го видов, мамо мори, убавото Стојне.
Стојне бре, Стојне, стапни ми на нога,
ерген бре дилбер, елај ми на колено.

Убавото Стојне, ле мамо, алтан чело има,
Стојниното лице, мамо, солунско симитче.
Стојне бре, Стојне, стапни ми на нога,
ерген бре дилбер, елај ми на колено.

Стојнините очи, ле мамо, црни, черешови,
Стојнините веѓи, ле мамо, морски пијавици.
Стојне бре, Стојне, стапни ми на нога,
ерген бре дилбер, елај ми на колено.

Стојнината снага, ле мамо, тенка ка топола,
Стојниното грло, ле мамо, лично огледало.
Стојне бре, Стојне, стапни ми на нога,
ерген бре дилбер, елај ми на колено.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2009 во 23:39
Сношти либето помина

Сношти либето помина
крај нашата ни градина
две три думи ми продума
од тебе либе се разделвам.

Ах ти си мој, ах пак сум твој
ах ти си моето верно либе.

Тргам либе туѓина
душата ти ја оставам
мајка ти е причина
за нашата ни разделба.

Ах ти си мој, ах пак сум твој
ах ти си моето верно либе.

Тргам либе на печалба
срцево ми го изгоре
ти ќе ми бидеш в' туѓина
и моја среќна иднина.

Ах ти си мој, ах пак сум твој
ах ти си моето верно либе.


Сношти минав крај рајската градина

Сношти минав, сношти минав
крај рајската градина
там' си најдов, там си најдов,
два букета рајски цвет. [х2]

Не ми биле, не ми биле
два букета рајски цвет,
тук ми биле, тук ми биле
двајца млади вљубени. [х2]

Јас ги питам, јас ги питам
што е мило на светот
дали пари или имот
или искрена љубов. [х2]

Ак' ме питаш, ак ме питаш
што е мило на светот
ниту пари ниту имот,
само искрена љубов. [х2]


Сношти минав покрај вази

Сношти минав покрај вази,
тебе моме не те најдов,
срце ми се растрепери,
почнав солзи да ронам.

Сечи моме руси коси,
прави скала да се качам,
да ти видам бело лице,
ем рудото ти грло.

Кажи моме вистината,
љубиш ли ме, мамиш ли ме,
ил сос' мен' се подигруваш,
да ти мине времето.

Ах да можам да разберам,
була ли си, ил' Гркиња?
Ил' си моме Македонка,
што си толку убава?

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2009 во 23:40
Сношти минав покрај вашето порте

Сношти минав покрај вашето порте
ваш'то порте беше затворено.

Пред портето зелена ливада
во ливада два бели шатори.

Во шатори брат и сестра лежат
братот спие, а сестрата го буди.

Стани брате да би нестанало
наш'то село оган го изгори.

Ако гори нека се запали
кога немам свое машко дете.


Сношти минав покрај ваш'то порте

Сношти минав покрај ваш'то порте либе
ти на порти стоеше
ај умирам, либе загинвам
и од теб' не се делам.

Бог да бие твојта мајка мило либе
што не двајцата раздели
ај умирам, либе загинвам
и од теб' не се делам.


Сношти минав, сношти минав

Сношти минав, сношти минав
покрај ваш'то градинче,
там си најдов, там си најдов
до два ѓула ц'внати.

Не ми биле, не ми биле
до два ѓула ц'внати
тук ми биле, тук ми биле
до две души вљубени.

Ем се љубат ем се грлат
ем си тихо зборуват
љубовта е, љубовта е
љубовта е отровна.
Меракот е, меракот,
меракот е до гроба.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2009 во 23:41
Сношти поминав покрај битолските касарни

Сношти поминав заминав
покрај битолските касарни
бен сени северам, чок сени северам
покрај битолските касарни.

Сите момчиња там беа
само мојто момче не беше
бен сени северам, чок сени неверам
само мојто либе не беше.

Стори ме Боже престори
едно сиво голабче
бен сени северам, чок сени неверам
едно сиво голабче.

Да летнам Боже прелетнам
на рамо да му застанам
бен сени северам, чок сени неверам
на рамо да му застанам.

На рамо да му застанам
до две-три думи да прозборам
бен сени северам, чок сени неверам
до две-три думи да прозборам.


Сношти сакав да ти дојдам

Сношти сакав да ти дојдам [х2]
на таа слатка вечера,
на тоа вино црвено,
лудо младо бре.

Сношти сакав да ти дојдам [х2]
ситна роса зароси,
силно ветре подувна,
не можев да дојдам.

Каков јунак ти ќе бидеш [х2]
од роса да се уплашиш,
кај мене да не дојдеш,
а бре будало.


Сношти си поминав покрај ваш'то порте

Сношти си поминав
покрај ваш'то порте
тебе не те најдов Стевке
на порти да стоиш.

На порти да стоиш
мене да ме чекаш, [х2]
мене да ме чекаш Стевке
оти војник ќ' одам.

Цвеќе да набереш
букет да наредиш, [х2]
букет да наредиш Стевке
мене да испратиш.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2009 во 23:44
Со маки сум се родил јас

Со маки сум се родил јас
со жалости јас ќе си умрам.
Маките да ми ги запишите
од озгора на гробот мој.

Ќе се качам на планина
ќе влезам в' црни темни пештери.
Очите да ми паралдисаат,
сонцето да не го видам.

Ќе слезам долу в' ѓул бавче
по тој ми алав ќампер карамфил
по тој алав ќампер карамфил
по тој ран, бел босилок.


Собрале ми се набрале

Собрале ми се набрале
седумдесет млади војводи
на зелената рамнина (на скоринската рамнина)
на високата пољана (во таа ладна меана).

Лута ракија пиеја
тешко си клетва зедоја
кој ќе се браќа разболе
на раце да го носиме.

Разболел ми се млад Гоце
млад Гоце Делчев војвода
и на дружина говори
дружино верна говорна:

Кога ќе вие минете
низ моја града Кукуша
на моја мајка да и кажете
оти сум младо загинал [x2]
за жална Македонија.


Собрале ми се сватови

Собрале ми се сватови
со девет рала тапани
кумови одат на чело
песна си пеат весело.
Повелете мили гости
куќа ви е отворена. [2х]

Удрете силно тапани
вивнете зурли до небо
секој да чуе разбере
се' живо да се собере.
Пијте вино и ракија
среќно и аирлија. [2х]

Наздравете мили сватови
да ни се живи младите
денеска свадба правиме
а до година крштенка.
Рујно вино се налева
се' до капка се испива. [2х]

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2009 во 23:45
Сокол ми лета високо

Сокол ми лета високо,
Мори девојко,
Сокол ми лета високо.

Над таја града Кукуша,
Мори девојко,
Над таја града Кукуша.

Над Делчевите дворови,
Мори девојко,
Над Делчевите дворови.

Делчево либе убаво,
Мори девојко,
Делчево либе убаво.

Рамни дворови метеше,
Мори девојко,
Рамни доворови метеше.

И дробни солзи ронеше,
Мори девојко,
И дробни солзи ронеше.

Дека е Гоце загинал,
Мори девојко,
Дека е Гоце загинал.

Во тоа село Баница,
Мори девојко.
За жална Македонија.


Сон сонила Орданица

Сон сонила, леле Орданица,
од Ордана Пиперката.
На полноќ се она разбудила,
Ордан за рака го гибнала.

Стани Ордан море, да би не станал,
лош сон сум ти сонувала!
Да не одиш, Ордан, село Вевчани,
оти е село сардисано.

Не плаши се, мори, Орданице,
ја подај ми остра сабја,
и подај ми пушка берданка.
Да излезам мори пред четата,
па да видам мори Орданице,
кој го село сардисало.

Кога виде Ордан, што ќе види,
цело село море, садисано,
знак ми даде со пушката,
аскер писна до Господа.


Спрема се Младен, спрема се

Спрема се Младен, спрема се,
младо аскерче да оди,
девет години да служи,
во таја града Битола.

Татко му пари броеше,
мајка му руба спремаше,
браќа му коњче ковеја,
либе му китка даваше,
тихо му дума думаше.

Младене, либе Младене,
китка в' пазува да чуваш,
кога ќе китка овене,
јас ќе се либе посвршам.
Јас ќе се либе посвршам,
за црна земја робинка.
--

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2009 во 23:46
Среќата со пари не се купува

Нема, нема љубов без двајца нас
а без љубов нема за нас двајца спас.
Среќата со пари не се купува,
љубовта без мерак век не векува. [х2]

Ако пари сакаш друга најди си
ако љубов сакаш мене гледај ме.
Среќата со пари не се купува,
љубовта без мерак век не векува. [х2]

Кој што пари сакал аир не видел
кој што љубел, сакал, живот живеел.
Среќата со пари не се купува,
љубовта без мерак век не векува. [х2]


Срце ме боли ќе умрам

Срце ме боли, ќе умрам
јандум аман
од мерак за Трпана. [x2]

Сè градови сум шетал
јандум аман
како тебе не најдов. [x2]

Па се вратив в' Тетово
јанди аман
да ја свршам Трпана. [x2]

Ако ме сакаш, сакај ме
јандим аман
аку ме нејќиш кажи ми,
да си го тражим чарето. [x2]


Стани Донке, стани пиле

Стани Донке, стани пиле порано
свршеникот ќе ти дојде еј на ручок.

Уште зборот недоречен тој дојде
и на Донка и' се моли еј до бога.

Вервај Донке, вервај душо во мене
коња јавам, коњ да пукне под мене
ако љубам друго либе освен тебе.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2009 во 23:47
Стани запали Тинке борина

Стани запали Тинке борина
да не ти влезам Тинке в' темнина [х2]
јас ќе си земам Тинке појасот
да не ти грешам Тинке коланот. [х2]

Јас ќе си земам Тинке појасот
да не ти грешам Тинке ѓерданот. [х2]
Влези си лудо море земи си
мојот се ѓердан лудо познава. [х2]

Колку се камчиња лудо по земи
толку е сребро лудо на него. [х2]
Стани запали Тинке борина,
да не ти влезам в' темнина. [х2]


Стани ми Геле, Ангеле

Стани ми Геле, Ангеле
стани ми чедо на мама
пуста се зора зазори
над гора сонце огреа.

Стани ми Геле, Ангеле
облечи руба ајдучка
нарами пушка берданка
и тргни синко в планина.

И тргни синко в планина
таму е твојта дружина
за наш'та мила родина
за наш'та Македонија.


Стани ми Ленче, отвори

Стани ми Ленче, отвори [3х]
цигара да си запалам.

Цигара да си запалам [3х]
до две три думи да кажам.

Кој се прво ожени [3х]
тој тешко болен да легни.

Девет постели да смени [3х]
на десеттата да умри.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2526272829 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.