IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Бизнис и економија
  Активни теми Активни теми RSS - Рекорден трговски дефицит
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рекорден трговски дефицит

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Рекорден трговски дефицит
    Испратена: 10.Декември.2008 во 00:52

 Трговскиот дефицит во периодот јануари-октомври 2008 година е 2,48 милијарди долари, што значи двојно зголемен во споредба со истиот период лани, кога изнесувал 1,37 милијарда долари.

Македонија за десет месеци од годинава извезла и увезла стоки во вредност од 9,37 милијарди долари, што е за 36,7% повеќе отколку лани. Во овој период се извезени стоки во вредност од 3,45 милијарди долари, а вредноста на увозот е 5,93 милијарди долари.

Покриеноста на увозот со извоз е 58,1%, а во периодот јануари-октомври 2008 година била 66,6%. Најмногу извезуваме фероникел, нафтени деривати, железо и челик и облека. Најмногу увезуваме сурова нафта, струја и автомобили.

Дефицитот во тековната сметка достигна 14% од БДП. Тој расте со голема брзина и претставува голем ризик за економскиот раст на Македонија, се вели во извештајот на ММФ, што се аргументира со податокот дека само пред една година тој изнесувал 0,3 отсто од БДП.

- Дефицитот во платниот биланс расте поради дебалансот во трговската размена со светот, помалиот прилив на девизни пратки од странство и од влијанието на приходите од големите плаќања по основа на дивидендата на Телекомот, стои во извештајот на ММФ.

„Македонски телеком“ во 2007 година оствари чиста добивка од 147 милиони евра. Од нив 60 милиони и' беа распределени на Владата, а останатите 87 милиони евра им беа распределени на мнозинскиот сопственик „Маѓар телеком“ и на помалите акционери. Во платниот биланс на Унгарија, матична земја на „Маѓар телеком“, исто така се јавува дебалансот. Но, него го прават зголемените парични трансфери од компаниите ќерки на операторот во другите држави.

ММФ апелира до Владата и да се откаже од плановите во наредната година да го зголемува буџетскиот дефицит. Владата проектираше за 2009 година дефицит во државната каса од 2,8% од планираниот БДП и образложи дека дефицитот во буџетот го зголемуваат инвестициите во патната и во железничката инфраструктура. Бидејќи негативната разлика меѓу приходите и расходите во државната каса се финансира од странска финансиска помош или од девизните резерви, ММФ прогнозира дека на земјава и' се заканува опасност од поголема надворешна задолженост.

- “Македонија треба да се откаже од високиот странски долг и да ги намали државните резерви. За да ја намали ранливоста кон надворешните влијанија, Владата треба да ја напушти политиката на фискална експанзија“.

ММФ констатира дека Македонија веќе трпи индиректни штети од глобалната економска криза. Намалени се извозот, директните странски инвестиции, девизните дознаки и портфолио инвестициите. Сето ова може дополнително да зголеми јазот во тековната сметка.

Владата мора да работи на зголемување на извозот, што е единствен начин да се извлечеме од кризата и да избере механизми за негова стимулација, и тоа што поскоро а не во пет до дванаесет. Во делот на увозот, освен во делот на увоз на сурова нафта и автомобили, може да влијае на намалување на увозот на струја: преку реализирање на пример на идејата за берза на струја, за увезување на струјата по пониска цена со обезбедување конк*ренција на пазарот, преку донесување и реализација на проекти од националната енергетска стратегија, за порационално искористување на потенцијалните домашните ресурси. 
 
 
 


Изменето од anastea - 10.Декември.2008 во 00:53
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2008 во 11:20

Македонија ќе ја заврши годината со речиси 10% дефицит на тековната сметка, објави Светска банка во најновиот извештај. Оптимистички, институцијата предвидува овој процент следната година двојно да се намали, а до 2010 да биде 3,5%.

Во време на драматичен раст на трговскиот дефицит, минусот на тековната сметка достигна дури 15% од БДП. Експертите велат дека интензитетот на раст е загрижувачки, го правдаат со глобалната финансиска криза. 

Аналитичарите сугерираат оваа ситуација да не се надминува со нови задолжување од странство, со интервенција од девизните резерви или со девалвација на денарот. Велат дека во моментов, во одбрана на интензивираниот раст на дефицитот најдобро е да се штеди и да се стимулира извозот. „Да исфорсираме една извозна динамика. Мора Владата да најде начини и инструменти да го стимулира извозот и се разбира да штеди на сите полиња, особено за буџетот“, вели  Мирољуб Шукаров, универзитетски професор.
---------------------------------------------------------------------------------------------

И ако е од Светска банка, премногу е оптимистичка прогнозата за завршување на годината со 10% дефицит.
Од годината остануваат уште две недели, како тоа мислат дека ќе се  намали дефицитот за речиси 5%, не ми е јасно...
 
 

 
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2008 во 18:36
ce gi ipseglaat brojkite onie od zavodot za statistika...
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.