|
Црна иднина за Грција |
Внеси реплика | страница <1234 5> |
Автор | |
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Анализа од страна, кога аналитичарот е од трета, европска земја, која не е директно вклучена во спорот со Грција, не изгледа баш така како што грците сакаат проблемот да му го претстават на светот. Полека, полека излегува на виделина вистината за состојбите во Грција и убаво звучи кажано или напишано од некој од страна. Овојпат анализата е на новинар од германскиот „ФРАНКФУРТЕР АЛГЕМАЈНЕ ЦАЈТУНГ“., кој дава одлична анализа на екстремниот грчки национализам:
Грција се дави во национализам
Во Грција владее национално мислење дека македонското малцинство ниту постои ниту некогаш постоело. Поради тоа секое споменување за Македонците на северот од земјата во Атина предизвикува жестоки протести, пишува угледниот германски весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ од 2 декември под наслов „Македонија не смее да постои“. Атина сака да го „блокира приближувањето на Македонија до Европската Унија“ ако не се откаже од своето име. Тој став на премиерот Костас Караманлис го поддржува и опозицијата, пишува весникот.
Под влијание на екстремно националистичка идеологија се сите области на јавниот живот, го цитира весникот грчкиот публицист Такис Михас, кој во 2002 година во САД ја објави книгата „Грција и Србија на Милошевиќ“ за заплетканоста на еден дел од политичката елита во Атина со режимот во Србија. Михас во Грција од порано се смета за предавник на хеленизмот и, според весникот, има големи неволји поради неговиот критичен став кон грчкиот национализам. Грција за која пишува Михас не е Грција каква што се претставува во шарените туристички проспекти - Алексис Зорбас, сончеви брегови, Акрополис и Атина - напоменува големиот франкфуртски дневник. „Михас пишува за општество натопено со национализам, кое брзо може да стане многу непријатно за секој што го оштетува лакот на таквото самопретставување. Тоа го потврдува случајот на Григорис Валијанатос, кој се' до пред еден месец беше советник за медиуми во ПАСОК на Андреас Папандреу и тоа уште од 1985 година. Валијанатос го изгуби местото поради невнимателна изјава во едно ТВ-интервју во кое го поддржа правото на Македонија да биде признаена од меѓународната заедница под нејзиното уставно име. Што е уште пострашно, тој изјави дека во Грција постои македонско малцинство“. Ништо не помогна што Валијанатос нагласи дека е тоа негово лично мислење, а не став на неговата партија, заклучува весникот и истакнува дека веќе следното утро мораше да искуси дека во Грција не е препорачливо ни приватно да се признава постоењето македонско малцинство и правото на Македонија на државно име, пишува весникот во својата невообичаено остра критика на грчката политика кон Македонија. - Кога се работи за таканаречените „национални теми“, објективноста не игра улога во Грција - оценува Михас. „Важно е известувањето да ги репродуцира национално коректните погледи. Кој не се придржува до тоа, може скапо да плати“, додава Михас. Но, западноевропските новинари очигледно не се обврзани да се придржуваат до тие национално коректни погледи од Атина, па „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ пред две недели објави репортажа за македонската заедница од северозападот на Грција, која живее до границата со Македонија. Германското радио „Дојче веле“ во својата програма на грчки јазик даде потоа краток приказ на таа репортажа, што предизвика реакции од грчка страна, кои беа директен повод за опширниот текст во франкфуртскиот весник. Во својата критика на грчкиот национализам Михас е се' уште прилично осамен, но сепак се слушаат по некои слични гласови, пишува уште весникот и го цитира социологот Михаел Келпанидес од Универзитетот „Аристотел“ во Солун, кој вели „има длабоко националистичко и антизападно држење кај левите и десните елити во земјата, комбинирано со екстремно националистички дух на образовни содржини, каков што во Западна Европа никаде не постои“. Изменето од anastea - 06.Декември.2008 во 00:31 |
|
ZoraNaSlobodata
Сениор Регистриран: 03.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3392 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На истоку,старе приче,на западу ништа ново.
|
|
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
|
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Se ostvaruvat poleka moite predviduvanja.
Takva BANANA drzava kako Gejlada, stvorena po vestacki pat nemoze da opstane. Ako ne bese Evropa i NATO do sega 100pati ke se slucese toa. |
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...ха...Грција ке се распаднела...како да не...радујте се барем тука на форумов...бесплатно е...
|
|
Petre Vojnicki
Група Регистриран: 06.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 58 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тотално си во право,се со слаби темели кога и да е,се руши обавезно.Пример Југославија,СССР. |
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kako sto rekov Grcija e potpolno potprena vrz EU i NATO,ako potporata popusti gotovi se.
Vidovme deka instituciite voopsto ne im funkcioniraat. |
|
Petre Vojnicki
Група Регистриран: 06.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 58 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па да не беа истите грчката држава немаше да постои како што ја знаеме денес уште пред 60 години.
|
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Затоа муабетот за Црна Иднина на Грција не ви држи...апсурден е и може само да сонувате.
|
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Pa jas vo toa sto momentalno im se slucuva a imat potencijal i za uste pogolemi nemiri , osven crno negledam nisto drugo. |
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тоа што се случува е црно да...меѓутоа не е никаков предзнак дека Елада ке се распадне.
|
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
kako i da e toa sto se slucuva e dokaz deka vo Grcija nema demokratija i deka Evropa e bez kriteriumi. Koga demokratija nema za nivnata mladina togas sto da ocekuvaat malcinstvata. A mozes li da zamislis sto ke se sluci ako i malcinstvata pocnat da gi baraat pravata kako sto toa go barat mladite vo GEJLADA. |
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Основните човекови права не се почитуваат ниту во земјите на Европската Унија, а не пак во неразвиените земји од третиот свет. Евроамбасадорот Фуере вели дека Европа ќе се потруди да ја поправи состојбата со малцинските права.
Mislam deka poleka Evropa ke svati deka vo Gejcija nema ni D od demokratija i deka ke treba malku i niv da gi proceslaat i stavat pod lupa. |
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ништо нема драстично да се случи и промени затоашто тогаш повторно ке се обединат и ке бидат против малцинствата...верувај ми...не се тие МАКЕДОНЦИ...ЕЛИНИ се не заборавај...
|
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Toa dali se elini i sto se toa elini e mnogu diskutabilno. |
|
Внеси реплика | страница <1234 5> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |