|
ПЕСНАРИЦА НА МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ |
Внеси реплика | страница <1 1819202122 30> |
Автор | |
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кондисал Ајрадин паша
Кондисал Ајрадин паша, аман, кондисал карши Галичник. Наличил силни топови, аман, да ми го горит Галичник. Галичник село големо, аман Стамбол на ѓузум пишано. Извадил ѓузлум дулбија, аман, догледал чешма упија. На чешмата до две девојки, аман, две девојки и една невеста. Девојки платно белеа, аман, невеста вода носеше. Излегол Тодор Попоски, аман, со ќеаните по него. Јагне сугаре носеа, аман, сељам на паша чинејет. Сељам на паша чинејет, да не го горит Галичник. Жалба му падна на срце, аман дигна си силни топови. Дигна си силни топови, аман, не го запалил Галичник. Галичник, село големо, аман, в Стамбол на ѓузум пишано. Коња водам Анѓе Коња водам Анѓе, коња водав, Ангелино моме, да напојам. Пуста таго моја, да напоја. Коњи водам Анѓе, коњи вода Ангелино моме не пиеше. Пуста таго моја, не пиеше. Коњи тропаа Анѓе, коњи тропаа, Ангелино моме, с' десна нога, пуста таго моја, с' десна нога. Ми откопа Анѓе, мрамор плоча, под плочата, Анѓе, огледало, пуста таго моја, огледало. Се погледав, Анѓе, се огледав, Ангелино моме, се бендисав, пуста таго моја, се бендисав. Ушче да бев Анѓе, црно око, ќа го женев Анѓе, најубото, пуста таго моја, од селото. Крај Вардара високи баири Крај Вардара високи баири, леле крај Вардара високи баири. Крај баири зелени ливади, леле крај баири зелени ливади. Јули ваби млади Македонци, леле в' раце држат пушки малихери. Напред стои нијниот војвода, леле војводата тихо им говори. Ваја вечер Вардар ќе газиме, леле втора вечер Гевгелиско Поле. Трета вечер у Ниџе планина, леле там' се бијат наши мили браќа. |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Крај Вардара седеше
Крај Вардара седеше алтан капче везеше. [х2] Шеќериче, јабанџиче да пукниш ќе те земам. [х2] Алтан капче везеше, луто мајка колнеше. [х2] Шеќериче, јабанџиче да пукниш ќе те земам. [х2] Луто мајка колнеше, дробни солзи ронеше. [х2] Шеќериче, јабанџиче да пукниш ќе те земам. [х2] Крушево абер пристигна Крушево абер пристигна кој има синој големи комити да ги испрати во тоа славно Смилево. [х2] Стојан си немал синои [х2] само си ја имал Тодорка Тодорка една на мајка [х2] Тодорка една на татко. Тодорка на татко велеше купи ми пушка берданка и една сабја пренгија јас комита татко ќе одам. [х2] во тоа славно Смилево. А што беше лична Тодорка нарами пушка на рамо запаша сабја пренгија три години години шетала никој Тодорка не познал дека е Тодорка девојка. Кучињата лаат, пазарџии идат Кучињата лаат, пазарџии идат пуштај ме, калеш Митро да с'јодам. [2х] Тие кучина ос вечер лајат приседи калеш Димчо до мене прикрши рамна снага Митрина. Петлите пеат, зора се зори пуштај ме бела Митро да с'јодам. [2х] Тие се петли, петли лажовни приседи калеш Димчо до мене прикрши рамна снага Митрина. |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лажи, лажи Вере
Лажи, лажи Вере лажи кој ќе лажеш само мене Вере немој да ме лажеш. Јас си имам Вере леле јас си имам јас си имам Вере до три болести. Прва болест Вере леле прва болест прва болест Вере струмички меани. Втора болест Вере леле втора болест втора болест Вере в туѓина ќе одам. Трета болест Вере леле трета болест трета болест Вере умирам за тебе. Легнало моме заспало Легнало моме заспало на мајкино си колено аман, ѓули аман, таман што си моме заспало, големо соне видело аман, ѓули аман. На сон дојдоја три луди, три луди млади беќари аман, ѓули аман. Првиот што ми помина, тој ми потфрли јаболко аман, ѓули аман, тој што потфрли јаболко како него да се тркала аман, ѓули аман. Вториот што ми помина, тој ми потфрли злат прстен аман, ѓули аман, тој што потврли злат прстен низ него да се провира аман, ѓули аман. Третиот што ми помина, тој мене на сон целува аман, ѓули аман, тој што мене на сон целува со него да се ќердосам аман, ѓули аман. Легнало моме, заспало Легнало моме, заспало, легнало моме, заспало, под едно дрво високо. Легнало моме, заспало, легнало моме, заспало, и сладок сон сонувало. Оздола иде либето, оздола иде либето и на момето зборува. Ај да те водам до село, ај да те водам до село, свадба да си направиме. Свадба да си направиме, свадба да си направиме и двајца да се земиме. |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Леле Димче трчај лажи
Шест пати Димче аман се посвршил, а ниеднаш личен Димче не се оженил. Се вршам браќа, ама не се женам, за прстени море разни, златни, далечни. Леле, леле Димче, леле трчај лажи, сал се вршиш, ту бре Димче, еднаш не се жениш. Шест прстени златни носиш на рака, сал се вршиш, ту море Димче, еднаш не се жениш. Кола да имаш, аман ќе те мислат, а ти немаш кутри Димче, ни криво магаре. Куќа да имаш, аман ќе те зборат, а јас кутри личен Димче, колиби сонувам. Леле, леле Димче, леле трчај лажи, сал се вршиш, ту бре Димче, еднаш не се жениш. Шест прстени златни носиш на рака, сал се вршиш, ту море Димче, еднаш не се жениш. Ко конзул Димче, сал си дотеран, каранфили само бериш, на девојки даваш. Шест пати Димче аман се посвршил, а ниеднаш личен Димче море не се оженил. Леле, леле Димче, леле трчај лажи, сал се вршиш, ту бре Димче, еднаш не се жениш. Шест прстени златни носиш на рака, сал се вршиш, ту бре Димче, јаз'к да ти е! Еднаш не се жениш! Леле Јано Леле Јано, леле мила ќерко, а што седиш везден на ѓерѓефот? А што седиш везден на ѓерѓефот, а што везеш свилена марама? Леле мајко, леле стара мајко, не си везам свилена марама. Не си везам свилена марама, тук си везам македонско знаме. Да се сторам млада комита, да покријам млад Делчев војвода. Да покријам Делчев војвода, тој загина за Македонија, за Македонија. Леле мајко што ме роди Леле мајко што ме роди толку сиромав [2х] сиромав, сиромав, пусти раскапан сиромав, сиромав, леле без к'смет. Куќа имам жена немам леле сиромав [2х] сиромав, сиромав, пусти раскапан сиромав, сиромав, леле без к'смет. Врвци имам чевли немам, леле сиромав [2х] сиромав, сиромав, пусти раскапан сиромав, сиромав, леле без к'смет. Учк*р имам гашти немам леле сиромав [2х] сиромав, сиромав, пусти раскапан сиромав, сиромав, леле без к'смет. |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ленче болно лежи
Ленче болно лежи [х2] време три години и девет месеци. Над глава ѝ стои [х2] нејна стара мајка и на Ленче збори. Стани Ленче стани [х2] стројници ти дошле стројници скопјани. Како дошле мамо така да си одат јас си имам мамо либе струмичанче. Ленче бре душо Ленче бре душо, Ленче бре срце умирам, загинвам за тебе кога поминам, кога заминвам покрај твојто дуќанче аман изгор бре. Врви лудо, врви си ваму фајде си немаш лице мое бело, румено е армасано. Ленче бре душо, Ленче бре срце умирам загинвам за тебе кај и да одам тебе те гледам срцево мое ќе пукне. Врви лудо, врви си ваму фајде си немаш лице мое бело, румено е армасано. Ленче бре душо, Ленче бре срце умирам загинвам за тебе се ќе ти купам, сал да те земам цел век да бидеш со мене аман Ленче бре. Врви лудо, врви си ваму фајде си немаш лице мое бело, румено е армасано. Лешочкиот манастир Сардисале, сардисале, Лешочкиот манастир, сардисале, сардисале, арнаути слатинчани. Сардисале, сардисале, арнаути слатинчани. Абре попе егумене каде ти се комитите абре попе егумене каде ти се комитите. Абре паша кузум паша, јас комити не познавам, а бре паша кузум паша јас комити не познавам. Се налутил турскиот паша, го запалил манастирот Се налутил Гоце Делчев, ја запалил џамијата. |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лилјано моме убаво
Лилјано моме убаво, Лилјано пиле калешо, уште ли мома ќе одиш, уште ли светот ќе гори? На стари баби внучиња, на млади невести момчиња, жена и деца оставам, тебе Лилјано да земам. Немој, Лилјано, не чини, не оставај рана на срце, цел век јас ќе ти слугувам, тебе Лилјано да земам. Лилјано моме, Лилјано Лилјано моме, Лилјано, Слушај што вели Ѓорѓија, Аман, оф аман, Слушај што вели Ѓорѓија. Чифликот ќе си продадам, Тебе Лилјано да те земам, Аман, оф аман, Тебе Лилјано да земам. Трлото ќе си продадам, Тебе Лилјано да земам, Аман, оф аман, Тебе Лилјано да земам. Колку ти чини трлото, Толку ми чини грлото, Аман, оф аман, Толку ми чини грлото. Овците ќе си продадам, Тебе Лилјано да те земам, Аман, оф аман, Тебе Лилјано да земам. Колку ти чинат овците, Толку ми чинат очите, Аман, оф аман, Толку ми чинат очите. |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лична валандовчанка
Една мома калеша, што ја сретнав в' младоста, уште не ме остава, да ја сетам радоста. [х2] Очи бистри Дојрански уста зрела калинка [х2] лична Валандовчанка. Јас ја љубев искрено таа ми се заколна, дека уште ме сака, само мене до века. [х2] Очи бистри Дојрански уста зрела калинка [х2] лична Валандовчанка. Рујно вино од желбите утеха ми остави љуби ги разделбите. [х2] Очи бистри Дојрански уста зрела калинка [х2] лична Валандовчанка. Лулела е Јана Лулела е Јана Булино детенце. Ем го је лулела, ем го луто клела. Да ми даде Господ Булино детенце, денес да лулеам, утре да жалеам. Што не може Јана на вода да иде, на вода да иде, либе да си виде. |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Љубеле се двајца млади, еј!
Љубеле се двајца млади, Од малечко до големо, Еј, љубезен мој. Дојде време да се земат, еј! Дојде време да се земат, Мајка ќерка не ја дава, Еј, љубезен мој, Мајка ќерка не ја дава, Татко сина не го жени, Еј, љубезен мој. Решиле се двајца млади, еј! Решиле се двајца млади, Да ми одат во гората, Еј, љубезен мој. Ти ќе станеш јавор дрво, еј! Ти ќе станеш јавор дрво, Јас ќе станам јавор пиле, Еј, љубезен мој. Љубеше ме мајко убава Елена Љубеше ме мила мајко убава Елена, три години јас ја сакав, сè остана празно. Јас ја љубев, мила мајко, а друг си ја зеде. Ах, мила мајко, зошто јас ја љубев? Рана в' срце мила мајко она ми остави. Во недела мила мајко на венчило појде, а јас стоев, мила мајко настрана од неа. Дигна очи и ме виде и солзи порони. Ах, мила мајко, пак ќе си ја земам, ќе ја грабнам, мила мајко, ако е мажена. Па си тргнав да си одам с' тага на срцето и отидов, мила мајко, право во меана. Тага в' срце, мила мајко, јас да заборавам. Не се тагај, мила мајко оти сум јас пијан. Не се заборава, мајко убава Елена. Лесно не се заборава првата ми љубов. |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Љуби, љуби лудо младо
Љуби, љуби лудо младо [2х] дури лице ми е бело дури лице ми е младо. [2х] Љубам, љубам лудо младо [2х] дури срце љубов сака ајде дојди дај ми рака. [2х] Јас со тебе љубов водам [2х] каде сакаш лудо младо јас со тебе сал ќе одам ако тебе не те земам лудо младо ќе изгорам. Љубинке моме убаво Љубинке моме убаво, леле убаво што тажно везиш, ем плачеш што тажно везиш моме, ем плачеш? Дали ти се мрси конецот, леле конецот или те мачи меракот или те мачи моме меракот? Не ми се мрси конецот, леле конецот тук ме мачи меракот тук ме мачи лудо меракот. Сношти ми се либето армаса, леле армаса за мојта верна другарка за мојта верна леле другарка. Милето на Џајкови Милето на Џајкови Васето на Васеви Васе душо, Васе срце ајде да се земиме. Милето на Џајкови оварда без пет пари Васе, Васе, Васе душо ајде да се земиме. Од пуст офардалак си го продал сетрето Васе, Васе, Васе душо ајде да се земиме. Милкано моме мори Милкано, моме мори, Милкано, слушај што вели Осман Бег. Чифликот ќе си моме продадам, само тебе Милке моме да земам. Колку ти чини аго чифликот, збори пом меракот. Мирјано мори Мирјано Мирјано мори Мирјано слушај што ти вели Ѓорѓија аман, аман слушај што вели Ѓорѓија. Чифликот ќе си продадам тебе Мирјано да земам аман, аман тебе Мирјано да земам. Колку ти чини чифликот толку ми чини лицево аман, аман толку ми чини лицево. Нивите ќе ги продадам тебе Мирјано да земам аман, аман тебе Мирјано да земам. Колку ти чинат нивите толку ми чинат веѓите аман, аман толку ми чинат веѓите. Трлото ќе си продадам тебе Мирјано да земам аман, аман тебе Мирјано да земам. Колку ти чини трлото толку ми чини грлото аман, аман толку ми чини грлото. Mитра мома поповата Митра мома поповата, најубава во селото. Дошол шивач да ја бара, попот ѓавол не ја дава. Ој леле, леле, најубава, ој леле леле, во селото. Ој леле, леле, попот ѓавол, ој леле, леле, не ја дава. Не ја давам за шивачот, Митра в' село да ми седи. Ќе ја мажам за даскалот, во град Митра да ми седи. Ој леле, леле, најубава, ој леле леле, во селото. Ој леле, леле, во град Митра, ој леле, леле, да ми седи. Пројде време три години, никој Митра не ја бара. Тогаш викнал попадија, а бре попе, џурумлија. Ој леле, леле, што не ја даде, ој леле леле, за шивачот. Ој леле, леле, за шивачот, ој леле, леле, во селото. Митро, Митро мори Митро, Митро мори, Митро тага голема, отруј се Митро мори жива не ми оди. Гола си, боса, Митро, во широко поле. По жешкото сонце, Митро, в' куќи вруќини. Лето со лето Митро, српот на рамо, дете во раце Митро, ручок на глава. Митро моме Митро, Митро мори, Митро, тага голема. Ј' отруј се, Митро мори, жива не ми оди. Клето, са лето Митро, гола, ем боса. По жешкото сонце, Митро, уки вруќини. Ручок над глава, Митро, српот на рамо. С' дете в' раце, Митро, по жешкото сонце. Млад Гоце, млади војвода Млад Гоце, млади војвода излегол да се прошета, низ таја гора зелена, кај едно ладно изворче. Седнал да си почине, водица да се напие. Извадил медно кавалче, засвирил Гоце, запеал. Дружина ми го дочула, сета дружина ја собрал. Многу ми го фалат, бабо Многу ми го фалат, бабо мори вашето момиче. Бабо мори, вашето момиче. Кој го е видело, бабо мори, сè болно легнало. Бабо мори, во вашата куќа. И јас да го видам, бабо мори ако болен лежам. Бабо мори, ако болен лежам. Ако болен лежам, бабо мори во вашата куќа. Бабо мори, в' шарена одаја. Може ли цвеќе без вода Можеш ли лудо без мене можам ли и јас без тебе може ли цвеќе без вода зелена гора без лисја? Ќе дојдат утре по мене, а јас ќе мислам на тебе друга ќе имам крај себе но, на мене бре лудо ќе мислиш. Зар не помниш девојче што зборевме двајцата ние две лозници зелени двајцана до гроб? Што рековме речено што било поминало бре за друго сум таксано бре фаќај си пат. Ќе дојдат утре по мене, а јас ќе мислам на тебе друга ќе имам крај себе но, на мене бре лудо ќе мислиш. Можеш ли лудо без мене можам ли и јас без тебе може ли славеј без песна може ли светот без сонце. Мој роден крај Збогум и прости мој роден крај туѓина одам оставам рај. Мој роден крај рајска градина тешка е со тебе мој'та разделба. Има на светов земји богати ама ко тебе нема убави. Мој роден крај рајска градина тешка е со тебе мојта разделба. Каде да одам пак ќе се вратам тука сум роден, тука ќе умрам. Мој роден крај рајска градина тешка е со тебе мојта разделба. Мома крај извор седеше Мома крај извор седеше од рози венец плетеше изворот брзо течеше венецот вечно венеше. Ах, како течит тој извор така ми течат моите дни ах како венит венецот така ми венит младоста. А штом ќе пукнит пролетта и се' се живо распеват пак ќе ме прашаш мене ти колку ме мачит љубовта. Мома седи на пенџери Мома седи на пенџери, аман, аман, а момчето, аман, аман, под пенџери. Добро утро сараф момче, аман, аман, ил' си сараф, аман, аман, на парите. Не сум сараф на парите, аман, аман, тук' сум сараф, аман, аман, на момите. Мома уф зандана Дека се чуло џанам видело, Мома уф зандани џанам да леже, Уф Солунските темни зандани. Мома уф зандани џанам да леже, Зарде такови му пусти борџуве. Станала типла стара в зандане, Дали има мома тува да леже. Тука сам стара мајко, тува сам, Тука сам старе мале, зашто сам. Пуста ми коса мале искапа, Бело ми лице мајко подимне. Продајте стара мајко имајне На Турци пари мајко давајте. Турците пари ќерко не сакат, Турците тебе ќерко те сакат. Девет години мајко ка лежам, И оште девет ќе лежам. На Турци вера мајко не давам, На Турчин жена мајко не станувам. Моме оди на вода Моме оди на вода [х3] со две стомни шарени Оф аман, аман. И по неа беќарче [х3] и на моме говори оф аман, аман. Постој моме почекај [х3] да ти кажам два збора оф аман, аман. Да ти кажам два збора [х3] два збора два изгора оф аман, аман. Не ѝ рече два збора [х3] тук ја фати за рака оф аман, аман. Момите мамо момите Момите мамо, момите [х2] момите, момите сите убави, на знајат, не знајат љубов да водат. [х2] Дајте ги мамо, дајте ги [х2] дајте ги, дајте ги на ергените момите, момите сите убави. [х2] Ќе знаат мамо, ќе знаат [х2] ќе знаат, ќе знаат љубов да водат момите, момите сите убави. [х2] Момиче бело црвено Момиче бело црвено [2х] не оди рано на вода, леле не оди рано на вода. Водата ти е далеку [2х] бунарот преку Вардарот, леле бунарот преку Вардарот. Јас имам братче златарче ќе дојди да ме разбуди, леле ќе дојди да ме разбуди. Момче младо убаво Момче младо убаво [2х] калешо Македонче моиве очи прекрасни [2х] секој ден те гледаат. Сакаш, нејќеш да си моја и да љубиш друг. Животот е многу краток на овој чуден свет. Како вода течам јас и за тебе моме ќе умрам љубов моја дојди ми, сега ти и ти живеј само со мене. Море дојде време Море дојде време да си одам да си одам, да се разделам од другари и другарки. Море ќе ме носат Горна Џумаја да ме мачат тираните тираните, фашистите. Море доста оде, доста шета Море доста оде, доста шета, џан Софилој моме. Море доста ода, момчињата, бело ле, без белило. Море тие шо се оженати, џан Софилој моме. Море оставије невестите, бело ле, без белило. Море оставије невестите, џан Софилој моме. Море сосе нихни мошки деца, бело ле, без белило. Море тије шо се посвршени, џан Софилој моме. Море си вратије прстените, бело ле, без белило. Море моме седмојанче Море моме, моме, моме седмојанче, од кога си моме на седом години. Море моме, моме, моме седмојанче, зошчо ти се моме, плешчи згрбавени? Море лудо, лудо, море ти бре младо, одееќи лудо горе во планина. Одееќи лудо горе во планина, носеејќи лудо трлави пенушки. Море моме, моме, моме седмојанче, зошчо ти се моме, зоби попаѓани. Море лудо, лудо, море ти бре младо, јадееќи лудо ковчави ореви. Море моме, моме, моме седмојанче, зошчо ти се моме коси побелени? Море моме, моме, моме седмојанче, зошчо ти се моме коси побелени? Море лудо, лудо, море ти бре младо, седееќи лудо долу в' воденици. Ветор ми вееше, коса белееше, ветор ми вееше, коса белееше. Море сокол пие вода на Вардарот Море сокол пие вода на Вардарот [2х] Јане, Јане ле бело грло, Јане, Јане ле кротко јагне. Море ој соколе, ти јуначко пиле [2х] Јане, Јане ле бело грло, Јане, Јане ле кротко јагне. Море нели виде јунак да премине јунак да премине с' девет лути рани Јане, Јане ле бело грло, Јане, Јане ле кротко јагне. Девет лути рани, сите к*ршумлии а десетта рана с' нож е прободена Јане, Јане ле бело грло, Јане, Јане ле кротко јагне. Море три години Стамбол го шетав Ајде три години Стамбол го шетав, Темјано. Море си спечалив до три илјади, јагне Темјано, пиле шарено. Првата илјада коњче си купив, Темјано. Втората илјада такам за коњче, јагне Темјано, пиле шарено. Третата илјада тебе да те земам, Темјано. Третата илјада тебе да те зема, јагне Темјано, пиле шарено. Таман кинисав дома да си идам, Темјано. На среде поток коњче ми пукна, јагне Темјано, пиле шарено. Море чичо рече (Пајдушко) Море чичо рече да ме жени, море вчера рече, сега нејќе. Море вчера рече, сега нејќе, а па стрина Сава, ич не дава. Море не даваше, не даваше, море најпосле се сагласише. Море најпосле се сагласише, море ми згодише бела Неда. Море бела, бела как’ арапка, море т'нка, т'нка како мечка. Море качеше ја на колата, море, а колата прикрцаја. Море, а колата прикрцаја, море биволите примрцаја. Море кога Неда потеглише, море, до две даске се скршише. Море, до две даске се скршише, море, биволите с' уплашише. Море што си бевме големото друштво големото друштво - сите пијаници. Кој војник појде, кој в' затвор ојде, кој граница фати - назад не се врати. Море ако дај Бог да се собериме, горе Маркој Кули прле ќе печиме, Прле ќе печиме, вино ќе пијаме, вино ќе пијаме, моми ќе љубиме. Моми ќе љубиме, моми Македонки, моми Македонки - сите прилепчанки. Мори моме Магде заврти се мила Магде, ај заљуби се, се заради тебе Магде изгубив цел век. Руса коса имаш, свети како флорин, [2х] заврти се мила Магде, ај заљуби се, се заради тебе Магде изгубив цел век. Црни очи имаш, дај ми ги на мене, [2х] заврти се мила Магде, ај заљуби се, се заради тебе Магде изгубив цел век. Рамна снага имаш, дај да ти ја кршам, [2х] заврти се мила Магде, ај заљуби се, се заради тебе Магде изгубив цел век. Мори моме, што не дојдеш Мори моме, што не дојдеш, фустан да си земеш лудо. Три години, лично моме, шиен фустан стои, три години, лично моме, во дуќан ми стои. Лудо младо, моме, оф шеќерлија, лудо младо, моме, оф леблебија. Море момче, ако дојдам, фустан да си земам, лудо. Ако в' дуќан ти влезам, како ќе излезам, ако в' дуќан ти влезам, зло да не ме најде. Лудо младо, моме, оф шеќерлија, лудо младо, моме, оф леблебија. Мост ми ѕидат девет мајстори Мост ми ѕидат девет мајстора девет мајстора, до девет браќа мост ми ѕидат во Кратово во Кратово на река Манцева Дење го ѕидат, ноќе мост им паѓа се опкладиле деветте браќа која ќе снаа утре да дојде ручек да донесе на мајсторите нејзе ќе ја в' темел заѕидаме да ни затрае мост на реката. Вечерта кога дома дојдоа сите им кажале на невестите само не и кажа најмалото братче он не и' кажа на Рада невеста. Станала Рада ручек зготвила ручек им однела на мајсторите кога ја видело Радино момче викнало оно на глас да плаче. Кога ја фанаа Рада девери ја заѕидаја во темели Рада на девери милно се моли барем остајте ми десната града. Барем остајте ми десната града за да си надојам машкото дете. И оставија десната града за да си надои Рада единче. Изменето од Miki_P - 09.Декември.2008 во 23:21 |
|
Biolica
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 808 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Aj edna od mene
NE KAZVAJ LIBE DOBRA NOK ne odi doma rano ti najzgodno vreme e vo nokta volsebna e ova nok za nas.. Site spijaat a nie sme sami koristi dragi ti mene miluvaaj baknuvaaj beskrajno prekrasna e ova nok za nas... Jas znam deka druga ljubis tii jas znam deka mene mamis ti srcevo moe e za tebe i ne bi go dala jas na drug Za mene prolet ne razviva za mene cveke ne cuti za mene ti si prva ljubov i posledna ke mi bides ti ( za mene ti si prva ljubov za posledna ke se prashame:))))))) |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На сред село едно дрво
На сред село едно дрво едно дрво тополово на него од сите страни имињата напишани. Меѓу нив е и моето до името на момето што го љубам и милувам и во сонот го целувам. Од година на година расте дрво тополово а на него имињата израснаа се зближија. На срце ми лeжи мила мамо На срце ми лежи мила мамо на срце ли лежи, ај на срце ми лежи, мила мамо една лута змија. Не ми била змија мила мамо не ми била змија, ај не ми била змија, мила мамо тук' е кара Севда. Севдините очи, мила мамо Севдините очи, ај Севдините очи, мила мамо црни черешови. Севдините веѓи мила мамо Севдините веѓи, ај Севдините веѓи мила мамо морски пијавици. Севдината снага мила мамо Севдината снага, ај Севдината снага мила мамо тенка ем висока. Оди посакај ја, мила мамо оди посакај ја, ај ако ти ја дадат, мила мамо в' пајтон донеси ја. Ај ако не ја дадат, мила мамо постој, погледај ја. [На Струга дуќан да имам Што ми е мило ем драго, на Струга дуќан да имам. ОФ леле, леле либе ле срцево ми го џанам изгоре. Во Струга дуќан да имам, на кепенците да седам. Оф леле, леле либе ле срцево ми го џанам изгоре. На кепенците да седам, струшките моми да гледам. Оф леле, леле либе ле срцево ми го џанам изгоре. Кога ми одат на вода, со тие стомни шарени. Оф леле, леле либе ле срцево ми го џанам изгоре. Со наланите тропаат, срцево ми го копаат. Оф леле, леле либе ле срцево ми го џанам изгоре. |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Назад Калино моме
Назад, назад, Калино моме, Немој да одиш по мене. Кај нас си има висока гора, не ќе можеш да ја поминеш. Кај нас си има висока гора, не ќе можеш да ја поминеш. Ќе се сторам јас сокол пиле и пак кај тебе ќе дојдам. Гора ќе прелетам, кај тебе ќе дојдам, вечно твоја ќе бидам. Гора ќе прелетам, кај тебе ќе дојдам, вечно твоја ќе бидам. Назад, назад, Калино моме, немој да одиш по мене. Кај нас си има длабока река, не ќе можеш да ја поминеш. Кај нас си има длабока река, не ќе можеш да ја поминеш. Ќе се сторам јас мрена риба и пак кај тебе ќе дојдам. Река ќе препливам, кај тебе ќе дојдам, вечно твоја ќе бидам. Река ќе препливам, кај тебе ќе дојдам, вечно твоја ќе бидам. Назад, назад, Калино моме, немој да одиш по мене. Кај нас си има убава жена и две мали дечиња. Кај нас си има убава жена и две мали дечиња. Ќе се сторам јас црна чума и пак кај тебе ќе дојдам. Жена ќе ти сотрам, дечиња ќе гледам, вечно твоја ќе бидам. Жена ќе ти сотрам, дечиња ќе гледам, вечно твоја ќе бидам. Нани, нани Димче Нани, нани Димче, у шарена лулка, у бели пелени. Димче ќе ми нани, мама ќе го лула, голем да порасне. Голем да порасне, да го ожениме, од Солуна града. Дуни, дуни ветре, тивко јод морето, Димче да успиеш, голем да порасне. Направило моме Направило моме ладна меана в' градина. [x2] Ми се научило едно лудо младо да пие. [x2] Јало ми пило дури си испило коњчето. [x2] Седи ми со здравје мори малој моме в’ меана оди си со здравје море лудо младо без коња. |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Народе Македонски
Народе Македонски, со какви идеи си ти? Доста веќе, разбуди се, свести се не спиј ти. Не знаеш кој си, што си, други тебе знајат, страм голем је за тебе, сам да се не знајеш. Исклаја жени, деца, во село Загоричани, а пред аскерот турски, фрлајте оружјето. Опинци долри носат, писќули долери, фустани раскапани, ем празни патрони. Каде е Караиванов и дружината му? Мелас, Каравангелис Битола в затвор је тој. Нарочува бело Менде, порочува Нарочува бело Менде, порочува: „Како знојеш, аџи Павле да си дојеш“. Да си доеш, аџи Павле пред Петровден, пред Петровден, аџи Павле, две недели. Ако не доеш, аџи Павле, пред Петровден, ќа го најеш бело Менде оможено. Не виткај се Софче Не виткај се Софче, не крши се како змија низ тревата, ко риба низ водата. Софче, алтан чедо на мајка Софче, не ги гори ергените. Кога на оро Софче заигруваш како сонце огрејуваш, без вино ме опиваш. Софче, алтан чедо на мајка Софче, не ги гори ергените. Јас сиромав Софче, сам самувам кога тебе те сонувам окa вино испијувам. Софче, алтан чедо на мајка Софче, не ги гори ергените. Не виткај се Софче, не крши се како змија низ тревата, ко' риба низ водата. Софче, алтан чедо на мајка Софче, не ги гори ергените. |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не кажувај либе добра ноќ
Не кажувај либе добра ноќ не оди дома рано ти, најзгодно време е во ноќта прекрасна е оваа ноќ за нас. [х2] Сите спијат а ние сме сами користи драги ти мене, милувај бакнувај бескрајно волшебна е ноќ за љубење. [х2] Јас знам дека друга љубиш ти јас знам дека друга мамиш ти срцево мое е за тебе и не би го дала јас за друг. [х2] За мене пролет не развива за мене цвеќе не цути за мене ти си прва љубов и последна ќе ми бидеш ти. [х2] Не лажете се другарки Не лажете се другарки љубов да водите, љубовта е отровна отровен беше и тој. На улицата го сретнав, со друга стоеше со грбот ми се заврте и тивко ми рече. Јас си заљубив друга, заљуби си и ти. Писмата твои ги изгорев, изгори ги и ти. Од тука право дома на мама ѝ кажав. Запалив силен оган писмата ги изгорев. Од дома право си тргнав во Рилскиот манастир. Облеков црната руба до црната земја. Излегов да се прошетам и него го видов, со грбот му се завртев и тивко му реков. Познаваш ли ме познаваш која калуѓерка сум? Јас сум калуѓерката што верно те љубеше. Тогај се земја затресе и небо загрми, двајца се прегрнавме и мртви паднавме. Nе ми го лажи Ѓорѓи момето Не ми го лажи Ѓорѓи момето, џанам, момето ми е Ѓорѓи малечко. Момето ми е Ѓорѓи малечко, џанам, од седум-осумнаест години. Не ти го лажам бабо момето, џанам, оно се само лаже по мене. Оно се само лаже по мене, бабо, по мојта рамна снага висока, по мојта руса коса кадрава. Изменето од Miki_P - 08.Декември.2008 во 17:33 |
|
Внеси реплика | страница <1 1819202122 30> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |