IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Посни јадења
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Посни јадења

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 14>
Автор
Порака
Enigma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Enigma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 09:31
gi sakam site posni jadenja
Mojata dusha ne e pateka,da minesh i da zaminesh,mojata dusha ne e kamin da se zgreesh i da zaminesh,mojata dusha e bozji hram-vleguvash i ostanuvash tamu
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 12:37
So ogled na toa deka postam vo sreda i petok
si imam lista so posni jadenja..
Sendvic so tuna i pita so kompir
Mi se omileni...голема%20насмевка
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 12:47
..posna sarma..posno gravce... crveno pire...голема%20насмевка
Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 22:58

Туна слалата

Туна од конзерва се меша со ситно сецкан свеж спанаќ, ситно сецкана марула,младо кромитче, морковчиња сецкани на коцки (од туршија), соја сос, малку на врв на прст оригано и сето се полева со маслиново масло............уффффффф, прсти да излижеш
Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 23:01

Салата од макарони

Се варат макароните ( посни без јајца во нив). Се мешаат со моркови,краставички и карфиол од туршија сецкани на коцки и сето тоа се меша со посен мајонез.............исто така убаво........
Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 23:03


Салата од леќа

Леќата се вари, па во неа се додава варен зеленчук по желба (морков, грашок, пченка, боранија, брокула и сл).Се зачинува со маслиново масло, сол, соја сос, бибер.........
Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 23:08

Пржени буковки во сос од лук

Ситно сецкан лук се пржи на маслиново масло на тивок оган. Се додаваат печурките буковки (свежи) и се пржи кратко време. Потоа се додава малку бело вино и вода (може и млеко од соја по желба). Се крчка на сосема тивок оган додека сосот стане густ. Ако го сакате погуст може да додадете разматена смеса од малку интегрално брашно и вода. Зачини нормално по желба: сол, вагета, бибер и сл...........
Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 23:15


Полнети пиперки со соја трошки

Се попаруваат трошките со врела вода. Стојат така десетина минути и се цедат. Им се додава сенф и маслиново масло и стојат така уште десетина минути. Во меѓувреме се пржи лук, кромид, морков, целер,спанаќ, карфиол, брокула ( сите ситно сецкани). Се додаваат соја трошките и варен интегрален ориз.Зачини по вкус. Сето тоа се пржи на тивок оган и потоа со смесата се полнат пиперките.

П.С Со оваа смеса можат да се наполнат свежи или суви црвени пиперки, листови од свежа или кисела зелка ( во форма на сарма), со компири да се направи мусака и слично
Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 23:22



Супа со интегрално просо

Ситно се сечка лук, кромид, многу морков, брокула, карфиол целер (или други зеленчуци по желба) и се ставаат во млака вода. Кога ќе омекнат се додава рендан компир кој ќе ја згусне супата (или се може убаво да се изблендира и да се добие крем супа). Потоа се додава интегралното просо и си крчка сето тоа на тивко. Се ставаат малку сол и многу бибер. Откога ќе се тргне од шпоретот се става сув или свеж магдонос.

Потоа секој во чинијата си става по една лажица маслиново масло и лимон или јаболков оцет ( по желба)

П.С Посно, здраво, ептен вкусно
Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 23:24


Еве луѓе вака јадам јас сега кога постам..............а и кога не постам.......

Рецептите се едноставни, обични, како нашата традиционална кујна само без месо..........

Ќе ви пишам и други рецепти понатаму...ако пројавите интерес.........
Кон врв
Delfin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јуни.2005
Статус: Офлајн
Поени: 15178
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delfin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2009 во 12:53

Пожавче да пише некој посен рецепт среќа

Кон врв
Valeta Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 24220
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valeta Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2009 во 13:14
Чорба од соја
250 гр. соини парчиња
150 гр. свежи шампињони
1 главица кромид, 1 лимон, 100 гр. масло за јадење, 1 лажица вегета, магдонос црн пипер.
Се прелеваат со топла вода соините парчиња,и отстојуваат,кромидот се сецка и се пржи со маслото, се додаваат исецканит ешампињони. Соините парчиња се цедат се додаваат во кромидот и печурките, се динста поклопено.За време на динстањето додаваме од водата во која киснеа парчињата соја. Зачинуваме со вегета, црн пипер. Се вари на тивко околу 40 мин. На крај додаваме сецкан магдонос и сок од лимон.
Вистината е нашата најценета сопственост. Затоа ја употребуваме толку штедливо.
Кон врв
Valeta Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 24220
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valeta Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2009 во 13:23
Чорба „сваштара“
2 моркови
1 тиквичка
250 гр. грав
2 излупени компира
2 домата, корен од целер.
главица кромид,100 гр. ориз
масло за јадење, сол и црн пипер.
Во тенџере на оган се вари гравот,компирите,морковите и целерот се сецкаат на коцки. По 30 минути гравот го тргаме од оганот и го цедиме. Во тенџере се додава маслото,кромидот и се запржува, се додаваат парчињата целер,морковите и компирите, исцедениот грав, тиквичката и излупени и исецкани домати. се налева вода околу 2 л. Вариме на тивко 1 час.Потоа во чорбата го додаваме оризот Се додава црн пипер и вегета. Чорбата се вари уште 20 мин.
Вистината е нашата најценета сопственост. Затоа ја употребуваме толку штедливо.
Кон врв
Valeta Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 24220
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valeta Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2009 во 13:43
И нешто благо
Посна торта со јаболка
2 јаболки
150 гр.сецкани ореви
50гр. суво грозје
1 мала лажичка сода бикарбона
2 лажици мармалад
150 мл. масло за јадење
150 гр. шеќер, 150 мл. вода.
Во тенџере на оган ја ставаме водата,во садот ги додаваме шеќерот и маслото, и мешаме. потоа ги додаваме сувото грозје, оревите и мармаладот. Содата ја мешаме со брашното и ја додаваме во тенџерето , го рендаме едното јаболко на покрупната страна од рендето и мешаме.Тркалезниот калап за печење го намрсуваме со маргарин, и ја истураме содржината.Печеме на температура од 170 степени 40 мин.Ја вадиме тортата во чинија. Преостанатото јаболко го сечеме на тенки полукругови, и ги прелеваме со сок од лимон да не потемнат, ги редиме во форма на венец врз тортата, непокриената површина на тортата ја наросуваме со шеќер во прав.
Вистината е нашата најценета сопственост. Затоа ја употребуваме толку штедливо.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.