IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - ПЕСНАРИЦА НА МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПЕСНАРИЦА НА МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 30>
Автор
Порака
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 18:25
Зајди, зајди јасно сонце

Зајди, зајди јасно сонце,
зајди помрачи се,
и ти јасна ле месечино,
бегај удави се.

Црнеј горо, црнеј сестро,
двата да црнејме,
ти за твојте лисја ле горо,
јас за мојта младост.

Твојте лисја горо сестро,
пак ќе ти се вратат,
а мојата младост ле горо,
нема да се врати.


Заљубив едно младо девојче

Заљубив едно младо девојче
што ми беше несвршено
кај се најждвевме, се' си кажвевме
болки на срце што си имавме.

Нашата љубов беше неверна
што си ја ние либе имавме
јас да те љубам, да полудеам
заради љубовта што си ја имавме.

Бог да убие либе мајка ти
што те потсврши за друго либе
колку е жално, колку е горко
јас да те љубам, друг да те земи.

Кога ќе умрам мори либе ле
ти на гробот мој либе да дојдиш
солзи да рониш, гласно да редиш
заради љубовта што ја имавме.


Замолил Стојан мајка си

Замолил Стојан мајка си, дејгиди
жени ме мамо, врши ме, дејгиди.

Жени ме мајко, врши ме, дејгиди,
за таа Тинка од село, дејгиди.

Мене ме срце тргнало по неа
умирам мајко загинвам за неа.

Тебе те Тинка не сака, дејгиди
зошто си Стојан млад, зелен, дејгиди.


Изменето од Miki_P - 05.Декември.2008 во 18:26
Кон врв
marco_antony Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11062
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marco_antony Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 18:39


zdravo MikiP

Ti posakuvam prijatno popladne ...
drago mi e sto pisuvas na ovaa tema ...
obicno vo drustvo sakame da ispeeme nesto ...
ama ni fali tekstot ...

vaka sega ...
ako ima i gitara ...
druzenjeto ke bide super ... !!!

                             PARADISE MACEDONIA
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 22:18
Ќе ми биде големо задоволство ако успеам некои мигови да Ви ги направам поудобни. Поздрав.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 22:32
Запеала Љуба во градина

Запеала Љуба во градина [x2]
да ја чуе Науме во планина. [x2]

Си остави стадо отворено [x2]
до стадото шарено кавалче. [x2]

Од кавалче змија проговара [x2]
расти, расти ти трево зелена. [x2]

Да порастиш таман до колена [x2]
ко ќе врви Љуба низ градина
да ја каснам Љуба за ногата.


Запеј песна Македонко

Запеј песна Македонко
ти испрати голем поздрав надалеку
поздрави браќа, сестри на три страни
од Охрид до Пирин дур до Солуна.

Твојта песна Македонко
ќе расплаче многу срца разделени
невидени браќа, сестри многу години
со тие граници разделени.

Запеј песна Македонко
да се зберат браќа, сестри Македонци
сите ние да запејме, да се чуе
од Охрид до Пирин, дур до Солуна.


Заплакало е Мариово

Заплакало е Мариово, заплакало
за тој ми Ѓорѓи, Ѓорѓи Сугарев
каде си Ѓорѓи сега да дојдиш
леле да дојдиш
од душманите да не к*ртулиш.

Слушам ве народ, народ поробен, изгубен
слушам ви гласој, гласој жалосни
сега за скоро јас ќе дојдам, ќе пристигнам
со триесет одбрани момчина
сите со пушки маликери, маликери
сите со наганц rеворвери.

Бог да ги бие шпиуните, Параловци
Ѓорѓија што ми го предадоја
слушај бре Ѓорѓи, Ѓорѓи Сугарев
леле послушај
ако сакаш ти да к*ртулиш
накачи горе кај чукарите, кај манастирот
ако да сакаш ти да откинеш.

Тогај се Ѓорѓи, Ѓорѓи излага, се прелага
накачи горе кај чукарите
кога ќе види, што ќе види, Ѓорѓи Сугарев
од сите страни Ѓорѓи сардисан.

Тогај извикна Ѓорѓи Сугаре, провикна
на неговата верна дружина
клавајте гуните пусии, леле пусии
зошто се камен тешко најдува.

Згрмеја пушки, пушки аскерски, крвави,
сета дружина му ја избија.
Тогај извади нагант rеворвер, Ѓорѓи Сугарев
самиот крвта си ја пролеа, [2х]
Ѓорѓи Сугарев,
жив на душмани не се предаде.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 22:35
Заспала Јанка, Јанинка

Заспала Јанка, Јанинка леле
заспала Јанка, Јанинка
на мајкино си колено [x2]
заспала Јанка, Јанинка
на мајкино си колено.

А мајка и ја будеше леле
а мајка и ја будеше,
стани ми ќерко стани ми
денес се ќерко не спие,
а мајка и ја будеше
денес се ќерко не спие.

Пукнала мајко треснала леле
пукнала мајко треснала,
ах што бев слатко заспала
и сладок сон сонувала. [x2]

На сон дојдоја три луди леле
на сон дојдоа три луди,
три луди млади момчина [x2]
на сон дојдоа три луди
три луди млади момчина.

Први ми даде злат прстен леле
први ми даде злат прстен
втори ми даде јаболко,
трети ме мене целуна. [x2]

Тој што ми даде злат прстен леле
низ него да се провирам,
тој што ми даде јаболко
зелен да биде до гроба. [x2]

Тој што ме мене целина леле [x2]
дај ми го Боже на јаве
со него век да векувам. [x2]


Затрепери Козјак планина

Трепери Козјак планина,
Крсто војвода проваѓа,
по њега чета комитска,
комитска, баш Македонска.

Проговара Крсто војвода:
- „Тамо е село Довезен,
тамо е Јован Довезенски,
тамо са српски четници.

Искачај Јован Довезенски,
Предај се куче четничко,
дувло ќе ти изгоримо,
чета ќе ти заробимо“.

Запукаа пушки комитски,
љута се битка зададе.
Љута се битка зададе,
српска се чета предаде.


Зачукале тапаните

Зачукале, зачукале тапаните
се собрале, се собрале сватовите.

Румба, румба, румба ба
лиду, лиду, лиду ду
ајде чудо големо.

Ми јавнале, ми јавнале мулињата
запалиле, запалиле лулињата.

Румба, румба, румба ба
лиду, лиду, лиду ду
ајде чудо големо.

Ќе ми одат, ќе ми одат по невеста
по невеста, по невеста преку Вардар.

Румба, румба, румба ба
лиду, лиду, лиду ду
ајде чудо големо.

Ми дотекол, ми дотекол силен Вардар
ми однесе, ми однесе невестата.

Румба, румба, румба ба
лиду, лиду, лиду ду
ајде чудо големо.

Почнал зетот, почнал зетот да ми плачи
а сватови, а сватови за дарови.

Румба, румба, румба ба
лиду, лиду, лиду ду
ајде чудо големо.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 22:38
Збогум мајко, јас отидов

Збогум мајко, јас отидов
дојде денот да заминам.
Разделба ми срце мачи
и пак ме тера да пејам.

Збогом татково огниште,
збогом браќа и сестри.
Збогум другари, ем другарки,
стари и млади дечиња.

За последно збогум ви кажам,
последен пат ви гледам јас.
Било каде и да идам,
вечно ќе ве споменвам.

А за тебе, мила мајко,
јас ќе жалам, ем тажам.
В' туѓа земја, непозната,
живот ле мајко ќе поминам.


Земај ми го мили тате тоа девојче

Земај ми го мили тате тоа девојче [x2]
тоа девојче охриѓанче. [x2]

Јас ти неќам мили синко тоа девојче [x2]
Тоа девојче охриѓанче. [x2]

Јас си сакам мили синко Битолчанче [x2]
Битолчанче миразличе. [x2]

Јас си неќам мили тате битолчанче [x2]
тук си сакам првото либе. [x2]


Земи нож прободи ме

Сите што љубеа
со љубов се зедоа
свадби весели си направија.

Ние двајца млади
најмногу се сакаме
пак не си се земаме.

Земи нож прободи ме
земи пиштол уби ме
само мене немој, не оставај ме.

Зарем не ми веруваш?
Грев ќе имаш на душа
на нозе се исушив.

Ние двајца млади
најмногу се сакаме
пак не си се земаме.

Земи нож прободи ме
земи пиштол уби ме
само мене немој не оставај ме.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 22:41
Земјо Македонска

Земјо Македонска, уважавам те, [2х]
земјо Македонска,
земјо турско-ропска Македонијо
уважавам те.

Уважавам твојте Македонијо
гори високи, [2х]
горите висојте
и во теб’ херојте Македонијо
што ги раѓаш ти.

Потем се белеат Македонијо,
безбројни стада, [2х]
стадата белеат
а гроздови зрејат Македонијо,
по твој ридови.

Ништо не те плаши Македонијо,
на овој бели свет,
кој душман ќе влезе
жив нема да излезе Македонијо,
ти го ставаш в гроб. [2х]


Зошто ми се срдиш либе

Зашто ми се срдиш либе
срдиш не доаѓаш?
Дали коња немаш либе
или друм не знаеш?

Врана коња имам либе
до три друма знае,
само ти се срдам либе
за сношната вечер.

Јас ти реков: добро вечер
ти ми рече: дојди вечер.
Јас ти реков: добро вечер
ти ми рече: дојди вечер.

Дојди вечер на вечера
дури не сме вечерале,
дури не сме вечерале,
вити порти затвориле.

Рајна на порти стоеше,
Рајна на порти стоеше,
меракот си го чекаше,
меракот си го чекаше.

Оф, ој Рајне Бурева
прибери ме мили Боже при неа
Оф, ој Рајна Бурева
јас не можам мили Боже без неа.


Зошто си ме мајко родила

Зошто си ме мајко родила, леле, ле
цел живот не си ме видела
ти си машко чедо створила, леле, ле
и на друг си радост мајко дарила
леле оф амам, леле, ле.

Херој биди мила мајко ти, леле, ле
што си среќна ѕвезда родила
јас ќе цветам мајко како сјај, оф леле
за мојот мила мајко роден крај
леле оф амам, леле, ле
за мојот мила мајко роден крај.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 22:43
Зошто ти ме оставаш

Зошто ти ме оставаш
кажи Маре, кажи ми,
зошто ме забораваш,
кое момче ќе љубиш?

Сношти дојде татко ти
со мајка ми збореше,
свадба ќе ни правеа,
за нас двајца збореа.

Бог да бие татко ти
од сè што ми побара,
а јас него ниедно,
оти сум сиромавче.

Жал ми е од срцево
дека не сум со тебе,
оти руба си немам,
дека сум сиромавче.

Јас не слушам татко ми
руба Маре не сакам,
сега ќе се земиме
тргај Маре со мене.


Зурли трештат на сред село

Зурли трештат на сред село,
тапан бие рум-дум-дум,
млади моми и ергени,
до две ора вијат.

Оздола иде стар бел дедо,
засукал мустаќи,
право трга на орото
и тој да се фати.

Го здогледа баба Неда,
за рака го фати,
каде одиш старо-аро,
оро да им грдиш?
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 22:53
И ние сме деца на Македонија

И ние сме деца на мајката земја
на мајката земја, на Македонија.
на нашата земја, на Македонија.

И ние имаме право да живејме.
како и другите живот што живеат.
А ние страдавме, гладни умиравме.

Слобода немавме правдини никакви
кога ги баравме, в затвор се најдовме
во фурни не стават за да не изгорат.

Прстите ни кршат и крвта ни пијат
а ние смели сме, и горди умиравме.
Горди умиравме, не се предававме.

Живот не жалевме, младост си дававме
за наши правдини смели умиравме. [х2]
Парола имавме: Смрт или Слобода
Смрт или Слобода за Македонија,
за Македонија, земја поробена.


И таму е мојата родина
(Песна за Христо Узунов)

И таму е мојата родина
далеку Македонија
јас сакам таму да загинам
а ти ме заборави за век.

И таму е мојта мајка
и таму има божји свет
јас сакам таму да загинам
а ти ме заборави за век.

Не плачи мила мајко
не рони солзи крвави
ако Христо Узунов падна
на врагот жив не се даде.

Сестрите нема да ми идат
на мојот гроб осамотен
и мајка нема да ми идат
да леит солзи за мене.

Не жали мила моја родино
и сите Ви другари мој
ако Христо Узунов падна
на врагот жив не се даде.


И три години станаа

И три години станаа
откако болен лежав,
и никој не се решават
кај мене да дојдит.

О, гори не зеленејте
и птици не пејте,
љубовта ме напуштат
и скоро ќе умрам.

И венец направете
од мајски цвеќиња,
дајте го на другарите
да ми го донесат.

Да можам ангел да станам,
по небо да шетам,
да видам кој ќе те љуби
и душа да му земам.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 22:55
И ќе дојде време

И ќе дојде време и ден, о да,
ти ќе плачиш, ќе вениш за мен'.
Но, тогаш ќе бидит веќе касно,
јас ќе бидам во гробот студен.

Ти думај се дур' је уште рано,
штом те љубам, љуби ме и ти.
Не оставај млада да загинам,
во очајање и разни мечти.

Не прави ми толку многу маки,
многу маки, воздишки, солзи.
Прегрни ме и кажи ќе ме љубиш
и тури крај на мојте маки.

Ќе побараш друга како мене,
не ќе најдиш, запомни си ти.
После смртта за тебе ќе настанат
најгорчливи и најтешки дни.


Иди ја мајко посакај

Иди ја мамо посакај,
Марија, наша мамо комшивка.
Ако је неја не давет,
та имат сестра мамо помала.

Ако и неа не давет,
та имат снаа, мамо, вдовица.
Ако и неја не е давет,
плевната ќе му мамо запалам.

Да горит, мамо, да горит,
како што срце горит по неја.


Извикна Јана провикна

Ај извикна Јана, провикна
извикна Јана провикна
од високите чардаци
од сребрените пармаци.

Ај озгора идат војводи
озгора идат војводи
со нив ми носат...

Ај на рамо маликерите
на рамо маликерите
на појас леворверите. [2х]

Ај на појас леворверите
на појас леворверите
на гради патрондашите.

Ај извикна Јана провикна
извикна Јана провикна
удрете браќа, удрете
удрете не се бојете.

Ај удрете, не се бојете
удрете не се бојете
овде не ми е.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 22:57
Излегов да се прошетам

Излегов да се прошетам (леле) [2х]
низ Битолските сокаци, леле
низ тие тесни чикмаци.

Там најдов моме убаво (леле) [2х]
Руса си коса чешлаше, леле
љуто си мајка колнеше.

Пукнала мајко, треснала (леле) [2х]
зошто ме роди убава (леле) [2х]

Не можам мајко д'отидам (леле) [2х]
низ таа пуста чаршија леле
од тие пусти беќари. [2х]

На мермер камен седеја (леле)
лута ракија пиеја
ништо си мезе немаа леле
мене ме мезе сакаја. [2х]


Излегол Јане прошетал

Излегол Јане прошетал, леле
низ таа Пирин Планина
низ таа Пирин Планина, леле
низ тоа поле широко.

Нарамил пушка на рамо
настранил капа на чело
на пат ми сретна овчарче, леле
на овчарче вели, говори.

Овчарче младо чобанче, леле
дали ја виде четата
дали ја виде четата, леле
четата на Јане Сандански.

Видело сум ја слушнало, леле
сега за Јане збореа
каде е Јане Сандански, леле
четата да си прибере.


Излези моме на чардакот

Излези моме на чардакот,
да видиш моме оро големо.

На оро моме, на оро,
млади ергени, убави моми.

Везден шетам моме, само гледам,
до тебе моме да заиграм.

Срцето ми гори за тебе,
не можам моме без тебе.

Изменето од Miki_P - 05.Декември.2008 во 22:58
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 23:00
Излези моме Русанке

Излези моме Русанке,
излези да ме пречекаш.
Излези да ме пречекаш
и коња да ми одседлаш.

Не ми излегла Русанка,
тук' је излегла мајка е.
Тук' је излегла мајка е,
мајка е, наш'та душманка.

Мајка е, наш'та душманка,
што сака да не раздели.
Што сака да не раздели,
две срца да ни одвои.

Русанка ми се посврши
за Хаџи Димчо, чорбаџи.
За Хаџи Димчо, чорбаџи,
за 150 жолтици.


Излези, стара мајко

Ја излези, стара мајко,
надвор до портата,
па да чуеш, стара мајко,
што песна се пее.

Да го чуеш, стара мајко,
твојот син комита,
песна пее, стара мајко,
в' планина ќе оди.
Песна пее, стара мајко,
песна за слобода.

Збогум мајко, збогум жено,
збогум мили деца.
Мојта жена, стара мајко,
пушка малихера.
Мојте деца, стара мајко,
дребните к*ршуми.
.....


Илчовице млада невесто

Илчовице млада невесто,
дали си чула разбрала?
Дали си чула разбрала,
оти е дошол ајдутот?

Оти е дошол агутот,
агутот мустак бегутот?
Иловице млада невесто,
имате село големо.

Имате село големо,
имате моми убави.
На снага тенки, високи,
на лице бели, црвени.

Иљчовице млада невесто,
ареса ми се, бендиса.
Ареса ми се, бендиса,
млaдото невесте Илчово.


Ино моме веселино

Ино моме веселино
ме изгоре како вино,
ме накити ти со цвеќе,
што нема, нема да свене веќе. [x2]

Ино моме веселино
ми отвори небо сино,
кај што лутам како облак,
по твојата снага топла. [x2]

Рефрен:

Ино моме веселино
наточи ми чаша вино
подари ми небо сино,
да те пијам да испијам,
подари ми небо сино
јадови свои јас да скријам.

Ино моме веселино
ми отвори небо сино,
кај што лутам како облак,
по твојата снага топла. [x2]

Ино моме веселино
наточи ми чаша вино,
подари ми небо сино,
да те пијам да испијам.

Рефрен

Ино моме веселино
наточи ми чаша вино
подари ми небо сино,
да те пијам да испијам,
подари ми небо сино
јадови свои јас да скријам.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2008 во 14:20
Ја излези либе на пенџерето

Ја излези либе на пенџере
дати видам либе бело лице.
Бело лице либе црни очи
и твојте либе гајтан веѓи.

Да ми дадеш либе една слика
спомен мило либе од љубовта
кога ќ' одам либе во туѓина
да ја гледам либе, ем да плачам.

Ќе ти дадам лудо китка цвеќе
да ја носиш лудо на туѓина
кога китка лудо ќе овени
бело лице лудо потемнело.

Бело лице лудо потемнело
црни очи лудо пропаднале [х2]
долги коси лудо земја скрила.


Ја излези стара мајко

Ја излези стара мајко на пенџерето,
па да видиш кој помина, умрев за него.

Ми помина Осман Бегот, мила мајчице
ми помина Осман Бегот, умрев за него.
Кај што одит ветар веит, умрев за него
кај што седит сонце греит, умрев за него.

Ќе се грчам, ќе се турчам, мила мајчице,
ќе се грчам, ќе се турчам, умрев за него.
Ќе го земам Осман Бегот, умрев за него.

Ќе ме носит во Охрида, мила мајчице
ќе ме носи во Охрида, умрев за него.
Ќе ме шетат со кајчето по езерото.


Јадна Доца леб месила

Јадна Доца леб месила,
заб'равила сол да тури.
Куде иде, све казује,
јадна Доца леб месила,
јадна Доца леб месила,
заб'равила сол да тури.

Дочуле гу терзиите,
запишале на аршини.
Куде иде, све казује,
јадна Доца леб месила,
јадна Доца леб месила,
заб'равила сол да тури.

Дочуле гу овчарите,
запишале на кавали.
Куде иде, све казује,
јадна Доца леб месила,
јадна Доца леб месила,
заб'равила сол да тури.

Доце ми се досетило,
дека сол не му турило,
па почнала да га соли,
и леба га пресолила.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2008 во 14:21
Јана грло заболело

Јана грло заболело,
не е грло како грло. [x2]

Море не е грло како грло
тук' е в' грло лута рана. [х2]

Никој Јана не верува,
ни мајка е, ни татко е. [x2]

Кој што Јана веруваше
не е тука, е далеку. [x2]

Не е тука, е далеку
е далеку в' град Солуна. [x2]


Јана мајко луто колне

Јана мајко џанам луто колне
што ме зеде мајко на далеку
на далеку преку Вардар
аман, аман преку Вардар.

На далеку преку Вардар
преку Вардар мајко у бегови
да им метам рамни двори
рамни двори шим широви.

Да не можам џанам да се видам [х2]
нит' со мајка нит' со татко
нит' со мојто прво либе.


Јанке ле Јанке убава

Јанке ле, Јанке убава
облечи бела промена.
Облечи бела промена
па слези Јанке сред село.

Па слези Јанке сред село
да видиш чудо големо.
Да видиш оро големо
и да се фатиш на оро.

Не можам либе да дојдам
нели сме пусто роднина.
Тате и чичо два брата
мама и стрина јатрви.
Тате и чичо два брата
јас и ти први брачеди.

Јано ле Јанке убава
широко поле крај нема.
Широко море крај нема,
ситно камење број нема.
Длабоко море дно нема
убава Јана род нема.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,180 секунди.