IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - ПЕСНАРИЦА НА МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПЕСНАРИЦА НА МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 30>
Автор
Порака
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 17:09
Дојди мајко испрати ме

Дојди мајко испрати ме
јас ќе си одам.
Јас ќе одам мила мајко
многу далеку,
оф мајко ле туѓа туѓина.
Јас ќе одам мила мајко
туѓа туѓина.

Да ги видам мила мајко
нашите браќа.
Да запејме мила мајко
песна убава.
Оф мајко ле песна убава,
песна пејме солзи лејме
за родниот крај.

Кога стигнав мила мајко
в' туѓа туѓина
таму сретнав мила мајко
браќа и сестри.
Оф мајко ле, браќа и сестри
песна пејме, солзи лејме
за родниот крај.


Дојди, дојди калеш море Димчо

Дојди, дојди калеш море Димчо
вечер на вечера
трала, ла, ла, ла, ла, трала ла, ла, ла
вечер на вечера.

Како да ти дојдам лично Севде
мајка ти е дома
трала, ла, ла, ла, ла, трала ла, ла, ла
мајка ти е дома?

Дојди, дојди калеш море Димчо
гајле ич да немаш
трала, ла, ла, ла, ла, трала ла, ла, ла
гајле ич да немаш.

Дојди, дојди калеш море Димчо
мајка, татко немам.
Мајка, татко немам калеш Димчо
тебе ќе те земам,
трала, ла, ла, ла, ла, трала ла, ла, ла
тебе ќе те земам.


Дојди, дојди малој моме

Дојди, дојди малој моме
долу во градина
цвеќе да набереш моме
букет да наредиш.

Букет да наредиш моме
мене да испратиш
мене да испратиш моме
оти војник ќ'одам.

Там ќе седам малој моме
до тринајс’ години
на петнајсе мило либе
јазе ќе се вратам.
Јазе ќе се вратам либе
тебе да те земам.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 17:12
Донка грло ја болеше

Донка грло ја болеше,
никој Донка не веруе,
ни свекрва, ни јатрва,
кој верује не е тука.

Донка прати едно писмо,
„брзо да си дојдеш Милан“.
Милан јавна брза коња,
си киниса каде дома.

Не се врна во меана,
си нарача чаша вино:
- Турај вино немерно,
давам пари неброени.

На пат сретна копачите,
па им вели, ем говори:
- Ој копачи, мили браќа,
копајте гроб за двамина.

На пат сретна носачите,
па им вели, ем говори:
- Ој носачи, мили браќа,
оставете бела Донка.


Доста време ерген одев

Доста време ерген одев,
доста лични моми водев.

Дојде време да се женам,
овој живот да го сменам.

Ај, нек' се пее, нек' се пие,
тешко оро нек' се вие.
Нек' се пеје нек' се пие,
машко оро нек' се вие.

Стара мајко сватој кани,
викни зурли и тапани.

Нека бидат сè одбрани,
стара мајко оро фани.

Ај, нек' се пее, нек' се пие,
тешко оро нек' се вие.
Нек' се пеје нек' се пие,
машко оро нек' се вие.

Спремај мајко бочви вино,
и ракија бардаклија.

Сè ти мајко за три сина,
ти ми мајко тешко мина.

Ај, нек' се пее, нек' се пие,
тешко оро нек' се вие.
Нек' се пеје нек' се пие,
машко оро нек' се вие.


Доста, доста лично ле Стојне

Доста, доста лично ле Стојне
слугинче слугуваш,
слугинче слугуваш ле Стојне
секој го горуваш.

Ајде, ајде лично ле Стојне
бегај ти за мене
бегај ти за мене ле Стојне
јас страдам за тебе.

Не можам, не можам бре лудо
ништо јас си немам
сираче сум јас пораснало
без мајка и без татко.

Ништо не ти сакам ле Стојне
засакај ме од срце
љубовта е скапа ле Стојне
најсакана до гроба.


Дремка ми се дреми

Дремка ми се дреми мила мамо
на црниве очи. [х2]

Ако ти се дреми мили сине
вечерај па легни. [х2]

Ај и да легнам мила моја мамо
фајде јас си немам.
Ај и да легнам мила моја мамо
дремка не ме фаќа.


Изменето од Miki_P - 05.Декември.2008 во 17:13
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 17:17
Ѓорушице црно око

Ѓорушице црно око,
ај, Ѓорушице црно око.

Промени се, накити се,
ај промени се, накити се.

Кој ќе пројде Симбиљ Кочо,
ај там' ќе дојде Симбиљ Кочо.

Ќе ти рече добро вече,
ај ќе ти рече добро вече.

Ти ќе му рече дојди вечер,
ај ти ќе му рече дојди вечер.

Дури не сме вечерале,
ај дури не сме вечерале.


Ѓул трендафил

Ѓул трендафил у баште вило, развило,
дошло моме аман, аман да го бере,
дошло моме аман, аман да го бере, оф аман.

Кај што брало там' заспало, се успало,
дошло моме дилберче да го буди, оф, аман,
дошло моме дилберче да го буди.

Стани, стани малој моме, лично моме,
либето ти се посврши и ожени, оф аман,
либето ти се посврши и ожени.


Ѓурѓово лето проклето

Ѓурѓово лето проклето леле
Ѓурѓица цвеќе мори береше.
Ѓурѓица цвеќе береше, леле,
мајкини скутои ги китеше.

Мајкини скутои китеше, леле,
мајка ги од скут, мори, фрлаше.
Нит' Ѓурѓа моја, нит' цвеќе, леле,
кога си мајка, мори, не слуша.

Ѓурѓице, бела божице, леле,
отиди горе на бачило.
Отиди горе на бачило, Ѓурѓо,
нарани бели, мори јаганца.

Не смеам, мајко, да одам, леле,
таму е Петре, мори, овчарот.
Таму е Петре овчарот, мамо,
он мене ќе ме, мори, заљуби.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 17:42
Една вечер

Една вечер сон сонував
че една пријателка
ко светлина ми се јави
над моето ми та легло.

Ко је видов се исплашив
умрената беше жива
таа ме праша кај е љубовта
која што беше неразделива.

Еј другару, збори, не плаши се
јас сум без коски и душа
оваа вечер дојдов кај тебе
додва збора да ти кажам јас.

Над гробот мој, ил на крстот
ил на мојот споменик
ко ке врвиш да внимаваш
очеквај нешто да најдеш ти.

Ке го најдеш оној прстен
кој што ми го даде ти
ке го земеш и закопаш
далеку негде в пусти крај.


Една мома љубам јас

Една мома љубам јас [2x]
и да љубам и да грлам
фајде нема ле, душо моја
Шеќерна, ти калеша неверна. [2x]

Бело лице љубам јас [2x]
и да љубам и да грлам
фајде нема ле, душо моја
Шеќерна, ти калеша неверна. [2x]

Гајтан веѓи љубам јас [2x]
и да љубам и да грлам
фајде нема ле, душо моја
Шеќерна, ти калеша неверна. [2x]

Руса коса мрсам јас [2x]
и да мрсам и да гледам
фајде нема ле душо моја
Шеќерна, ти калеша неверна. [2x]


Една мома с' мајка е

Една мома с'мајка е [3х]
грабнала чорапи, чорапи без пари
Една мома с'мајка е
грабнала чорапи, чорапи без пари.

Ашколсун на таа мома [3х]
што ми носи чорапи, чорапи без пари
Ашколсун на таа мома
што ми носи чорапи, чорапи без пари.

Една мома с'мајка е [3х]
грабнала сандали, сандали без пари.
Една мома с'мајка е
грабнала је сандали, сандали без пари.

Ашколсун на таа мома [3х]
што ми носи сандали, сандали без пари.
Ашколсун на таа мома
што ми носи сандали, сандали без пари.

Една мома с'мајка е [3х]
грабнала капела, капела без пари.
Една мома с'мајка е
грабнала је капела, капела без пари.

Ашколсун на таа мома
што ми носи капела, капела без пари.
Ашколсун на таа мома
што ми носи капела, капела без пари.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 17:45
Еднаш минав на мостето

Еднаш минав на мостето
видов моме на пенџере [х2]
со мајка си се караше.

Ајде со мајка си се караше
мајко ле мила посврши ме [х2]
арно момче одбери ми.

Ајде добро момче одбери ми
како мене, спроти мене
како црвено трендафилче
развиено каранфилче.

Нашла сум ти мила ле ќерко
како тебе, спроти тебе
како црвено трендафилче
развиено карамфилче.


Едно време си бев ерген

Едно време си бев ерген
ем работа си немав. [2х]
Трај лалај лалалалалалај
ем работа си немав. [2х]

Па си тргнав на прошетка
на прошетка во Битола. [2х]
Трај лалај лалалалалалај
на прошетка во Битола. [2х]

На прошетка во Битола
низ еврејските мали [2х]
трај лалај лалалалалалај
низ еврејските мали. [2х]

Там сретнав мома Еврејка
со коси растурени. [2х]
Трај лалај лалалалалалај
со коси растурени. [2х]

И је реков по славјански
да се сторит славјанка. [2х]
Трај лалај лалалалалалај
да се сторит славјанка. [2х]


Едно име имаме

Покрај Егеј Македонци,
покрај Вардар Македонци
и по Пирин Македонци
славно име, непокорно.

Едно име имаме
во душата го носиме
за тебе живот даваме
о Македонијо.

Како килим полиња
а до небо планини
реки златоносни
а езера бисерни.

Едно име имаме
во душата го носиме
за тебе живот даваме
о Македонијо.

Мајко Македонијо
балканска убавице
кој се родил во тебе
и живот дава за тебе.

Едно име имаме
во душата го носиме
за тебе живот даваме
о Македонијо.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 17:47
Едно малој моме

Едно малој моме [3х]
без мајка остана. [2х]

Расна ми порасна [3х]
и за мајка праша. [2х]

Тате мили тате [3х]
каде е мојата мајка?

Твојта мајка чедо [3х]
в црна земја спие. [2х]


Едно младо војниче

Едно младо војниче
коњчето си го пасеше [х2]
и на коњчето му велеше:

Паси ми, паси коњченце
јас ќе те пратам на далеку [х2]
далеку в' моето село.

Поздрав да и' носиш на мајка ми
на мајка ми на жената ми
дека сум болен ќе умрам
децата не ќе си видам.

Не ми е жал за мајка ми
ниту ми е жал за жена ми
тук' ми е жал за децата
деца сираци ќе останат.

Деца сираци ќе останат
нема јас да ги видам
оти сум многу далеку
далеку во туѓа земја.


Едно моме покрај Вардар оди

Едно малој моме
покрај Вардар оди,
покрај Вардар оди
на Бога се моли.

Дал го гледаш Боже
мојто верно либе. [х2]

Ако вино пие
на здравје да му е. [х2]

Ако по пат јаде
среќа да го среде.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 17:53
Еј море девојче

Еј море девојче лично, убаво
очите твои секој миг
со љубов ме гледаат
да се само мој,
да им се радувам
да ги љубам јас од срце
не ме оставај.

Рефрен:
Еј девојче мое
ах ергенче мило.

За тебе моме лудувам, моме лудувам
за тебе момче живеам, ти си живот мој.

Еј море девојче мило, убаво
твојата уста медена
со љубов ме бакнува
топли бакнежи
од срце ми даруваш
да ја љубам јас бре моме
не ме оставај.

Рефрен

Еј море ергенче мило, убаво
моево срце мило момче
ти го подарувам јас
да си само мој
да ти се радувам
да те љубам младо момче
ти си живот мој.

Рефрен


Еј мори Ленче, младо фиданче

Еј мори Ленче, младо фиданче, еј аман
што си бре Ленче расплакано јамди аман
оф аман, аман, што си бре Ленче плакано
оф аман, аман, да не си болно легнало?

Да не ти друшка завиде Ленче, еј аман
на твојта снага мермерна Ленче јамди аман,
оф аман, аман, на твојте очи черешови
оф аман, аман, и на твојта Ленче личота?

Да не те татко сретнало Ленче, еј аман
со друго либе в' темница Ленче јамди аман
оф аман, аман, низ тие тесни сокаци,
оф аман, аман, низ тие тесни сокаци?

Ниту ми друшка завиде, лудо еј аман
ниту ме татко искара, лудо јамди аман,
оф аман, аман, туку ми се либето посврши
оф аман, аман, за мојта верна другарка.


Еј севдалино, еј малој моме

Еј севдалино, еј меанџике
отвори ладна меана
ти да ме служиш,
ти да ме служиш,
бела љута ракија.

Рефрен:
Севдо ле оган душата ми гори
по твојта снага убава. [х2]

Еј севдалино, еј меанџике
елај до мене приседи,
ај ко да пијам,
ај ко да пијам
сакам да те милувам.

Рефрен
Севдо ле оган душата ми гори
по твојта снага убава. [х2]

Еј севдалино, еј меанџике
дали ќе дојдеш со мене
со мерак сакам, со тебе душо
се тебе да се ќердосам.

Рефрен
Севдо ле оган душата ми гори
по твојта снага убава. [х2]

Еј севдалино, еј меанџике
дали ме сакаш кажи ми,
ако ме неќеш,
ако ме неќеш
дај ми уште ракија.

Рефрен
Севдо ле оган душата ми гори
по твојта снага убава. [х2]

Изменето од Miki_P - 05.Декември.2008 во 18:02
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 18:04
Еј ти Марие, селвие

Еј ти Марие, селвие
дал имаш слатка леле вечера? [х2]

Имам бре лудо как' немам,
за тебе јагне леле печено,
а за сватови море варено.

Еј ти Марие, селвие
дал имаш место за спиење? [х2]

Имам бре лудо как' немам,
за тебе башка одајче,
а за сватови море тремови.


Еј ти Недо море, бела Недо

Еј ти Недо море, бела Недо,
што си толку Недо поранила,
чешма ли нема Недо во селото?

У селото лудо крај мегданот,
клети луѓе лудо помрсиле,
од дете крв лудо попрскале.

Има, има лудо, как' да нема,
у селото лудо, крај мегданот.


Еј Тодоре

Еј Тодоре, калеш Тодоре
каде одиш дилбере,
оган да те изгоре? [х2]

Еј Тодоре, калеш Тодоре
што ми креваш јадове?
Еј Тодоре, дилбер Тодоре [x2]
ајде кажи сега се.

Еј Тодоре, калеш Тодоре
ти ме море разболе,
саноќ мислам на тебе. [х2]

Еј Тодоре, калеш Тодоре
што ми креваш јадове?
Еј Тодоре, дилбер Тодоре [x2]
ајде кажи сега се.

Еј Тодоре, калеш Тодоре
зошто криеш од мене
љубиш друга или не? [х2]

Еј Тодоре, калеш Тодоре
што ми креваш јадове?
Еј Тодоре, дилбер Тодоре [x2]
ајде кажи сега се.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 18:06
Елај либе, елај

Елај либе, елај,
елај на колено,
еј, мило ле либе,
како сум ти болен.

Трева до колена,
оган до рамена,
еј, мило ле либе,
огин до рамена.

Околу фрлаат,
бомби и к*ршуми,
еј, мило ле либе,
бомби и к*ршуми.

Мене ме ранило,
среде во срцето,
еј, мило ле либе,
среде во срцето.


Елено моме, Елено

Елено моме, Елено
Елено моме, Елено
не гази сено зелено
ај не гази сено зелено.

Не гази сено зелено
не гази сено зелено
млади момчина косеа
тебе те Ленче просеа.

Тебе те Ленче просеа
тебе те Ленче просеа
за едно момче убаво
убаво, ем и богато.


Елено ќерко, Елено

Елено ќерко, Елено
ти една на мајка
што стоиш ќерко, што мислиш
што книга пишуваш. [2х]

На кого ќерко, на кого
книга ќе испраќаш
испраќам мајко, испраќам
до градот Едрене. [2х]

Едрене мајко, Едрене
на батко Илија
да купи мајко, да купи
за мене капела. [2х]

Капела мајко, капела
од триста гроша
да носам мајко, да носам
на ден за Илинден. [2х]
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 18:08
Ерген одев мајко

Ерген одев мајко, ерген одев
ерген одев мајко, поарно ми беше. [x2]

Се оженив мајко, се оженив
се оженив мајко, злото ме нападна. [x2]

Падна ми се мамо, падна ми се,
падна ми се мамо, либе болничаво. [x2]

Саноќ ми е мајко, саноќ ми е
саноќ ми е мајко, на рака лежало. [x2]

Па не можам мајко, па не можам
па не можам мајко, на коњ да се качам. [x2]

Ме качија мајко, ме качија
Ме качија мајко моите другари. [x2]


Ергенлак е мамо пашалак

Ерген си одев мамо наодев,
убави моми мамо заљубив,
ергенлак е мамо пашалак,
моминството е мамо везирство. [х2]

Убави моми мамо заљубив,
сè лични бели мамо кочански,
ергенлак е мамо пашалак,
моминството е мамо везирство. [х2]

Од сите мамо моми што љубев,
само ми беше една на срце,
ергенлак е мамо пашалак,
моминството е мамо везирство. [х2]


Ете така дедо Димо

Ете така дедо Димо
на старост се жени,
зеде жена на помлада,
стотин' кила мери.

Викна зурли, ем тапани,
триста и пет свата,
седум попа и три ѓака,
думи старосвата.

Па си трга на венчило,
сè што беше ојде,
до црквата, дедо Димо
без душа ми дојде.


Изменето од Miki_P - 05.Декември.2008 во 18:09
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 18:13
Жалајте го браќа Толета војвода

Жалајте го браќа
Толета војвода.
Толе војвода
за народ загина.

Жалајте го браќа
Толета војвода,
оти Толе падна
за наш'та слобода.

Толе војвода
за народ загина,
за наш'та слобода,
за Македонија.


Жали горо, црни сестро

Жали горо, црни сестро,
двајца да жалиме.
Ти за твоите лисја, горо,
јас за мојта младост.

Твојте лисја, горо сестро,
слана ги попари.
А мојата младост горо,
мајка ја зацрни.

Што ме даде, горо сестро,
многу надалеку.
Надалеку, горо сестро,
преку девет гори.
Надалеку, горо сестро,
зедов старо аро.

Твојте лисја, горо сестро,
в' пролет ќе разлистат.
А мојата младост горо,
нема да се врати.


Жална мајка

Жална мајка в' себе плаче
внуците ги теши,
бол во гради лут ја вие,
а ним им се смеши.
Ах спијте внуци мои
пак, пак ќе дојде тој
ќе ви пее за Битола
за наш роден крај.

Спијат внуци мајка плаче
очи солзи леат,
кај си синко да ги видиш
твојте мили деца?
Ах спијат деца твои
в' сон го слушат твојот пој
стани сине да ги видиш
стани сине мој.

Мајка плаче солзи течат
синот свој го жали
Благој Петров Караѓуле
во мисли го жали.
Оф единец мој ти
в' гради болка ти ни сви
стани чедо пеј ни песна
стани не ми спи.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 18:14
Жени ме мамо, жени ме

Жени ме мамо, жени ме,
жени ме, слатка ле мамо,
дур’ сум млад ерген. [х2]

Дури ме, мамо, дури ме,
дури ме, слатка ле мамо,
моми сакаат. [х2]

Дури ми, мамо, дури ми,
дури ми, слатка ле мамо,
китка прилега. [х2]

Да земам, мамо, да земам,
да земам, слатка ле мамо,
мома убава. [х2]

За тебе, мамо, за тебе,
за тебе и мојот татко,
радост голема. [х2]


Животе мој

Среќна љубов имавме
живот, песни сакавме
но за наша несреќа
останав јас без неа.

Животе мој, животе ти
зошто ме мене запусти?
Животе мој, животе ти
зошто ме мене зацрни?

Сега скитам осамен
пеам песна од срце
чувам тајни спомени
на далечни времиња.

Животе мој, животе ти
зошто ме мене запусти?
Животе мој, животе ти
зошто ме мене зацрни?

Мојот живот без него
како славеј без песна
мојот живот без неа
тажна врба без корен.

Животе мој, животе ти
зошто ме мене запусти?
Животе мој, животе ти
зошто ме мене зацрни?
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 18:18
За баба Ефтимица

Бибил во кафез во одајчето
жалосно пее, жалосна песна.
Ај стани, стани бабо Ефтимице
да го испратиш син ти Стојана [x2]
на гурбет ќе оди туѓа туѓина.

На гурбет ќе оди туѓа туѓина
туѓа туѓина, пуста Америка,
пари да спечали, назад да се врати
мајка да прегрни, свадба да направи. [x2]

Едно време стана баба Ефтимица
да го испрати син ѝ Стојана
неговото либе дробни солзи рони,
дробни солзи рони и му се моли:
немој, не оди туѓа туѓина
туѓа туѓина, пуста Америка.

Не мина време, време три години
На баба Ефтимица писмо ѝ стигна.
Во писмото пиши: не жали мајко
не жали мајко, не плачи либе
не плачи либе, пари не спечалив
пари не спечалив, младост си оставив.

Баба Ефтимица луто проколнала
пуста останала туѓа туѓина
пуста останала клета Америка,
зошто ми го зеде мојто прво чедо [x2]
мојто прво чедо син ми Стојана.


За Зарина
(Ој Зарино, прва севдо)

Ој Зарино, прва севдо [2x]
Еднуш јас дојдов дома ти. [2x]

Еднуш јас дојдов дома ти, [2x]
тебе дома не те најдов. [2x]

Тук' те најдов по комшии, [2x]
по комшии, по азбашчи. [2x]

Кај се нишаш на нишалка [2x]
со твоите први другари
со мојте баш душмани.

Мор Зарино, прва севдо, [2x]
ако ме љубиш, љуби ме,
ако не право кажи ми.

Ако не, право кажи ми [2x]
да си го барам чарето,
да не си губам времето.

Да си го барам чарето [2x]
младост течит како река,
а младост не е за два века.


За кого ти цути Дано лицето

За кого ти цути Дано лицето,
по кого ти шарат Дано очите,
за кого ја чуваш Дано снагата,
таа рамна снага Дано мермерна?

Галено, галено Дано кој ќе ја
твојата руса коса милува,
срмено елече Дано раскопча
твојто медно усте Дано целува?

Наскоро ми в' срце јадој ќе влезат
лице бело и румено овена
таа рамна снага бргу опадна
а и медно усте Дано овена.

Бог да бие сите мајки, татковци
што лакомат за богатство и пари
мили деца мажат, женат кај годе
поробуваат својте чеда до гроба.


Изменето од Miki_P - 05.Декември.2008 во 18:19
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 18:22
За Крушевската Република

Многу крвја, многу солзи
земја натопија
многу лисја гора смени
машка снага испи,
но по таа борба тешка
слобода ни блесна.

Во 1903-тата година
се создаде Република
во славно Крушево,
Македонска република
прва на Балканот.

Претседател прв ни беше
тој Никола Карев
со Македонски Војводи
сите Илинденци,
Даме Груев, Питу Гули
и Јане Сандански.

За слобода загинаа
славните војводи
на Македонците они
завет оставија,
да се борат за слобода
за Македонија.


За Фросина

Фросина седит на чардак
на шарен ѓерѓев везеше
лице је с'нце грееше.

Помина што ми намина
од Алил Паша кабатникот,
на Фросина е зборвеше:

Фросино моме убаво,
скри си го белото лице
со копринена шамија,
пашата седит на диван,
со шарената дуљбија,
да не те паша догледат.

Ушче зборот не дорече
пашата ми ја здогледа,
в' часот ми пушти гавази
на Фросина е зборвеја:

Фросино моме убаво
здраво живо од Алил Паша,
вечер да готвиш вечера
во шареното одајче.
Миндери да му постелиш,
перници да ги наредиш,
пашата да го пречекаш.

Алал е било на Фросина
на гавази му зборвеше,
ич гајле што му немаше:

Ајде бре, силни гавази
од Алил Паша пратени,
здраво живо на Алил Паша
да не се мамит да дојдит!

Да не се мамит да дојдит
не можам паша да чекам,
и пред паша не излегвам.
Јас си сум моме рисјанче,
јас си сум вера крстена.

Фросино моме убаво
ти голем бакшиш да дадеш,
Алил Паша го загубија
во Јанинската чаршија.

Во Јанинската чаршија
главата му ја шетаа
низ тие пусти сокаци.


Заблеало рудо јагне
(Драчевка)

Заблеало, заблејало рудо јагне леле,
среде трло, среде трло Стојаново.

Ој Стојане, ој Стојане млад стопане леле,
дури беше, дури беше млад неженет.

Дури беше, дури беше млад неженет леле,
ме пасеше, ме пасеше во горана.

Пасев трева, пасев трева детелина леле,
пиев вода, пиев вода од извора.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.