IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Дали е потребен штрајк во образованието
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали е потребен штрајк во образованието

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2829303132 35>
Автор
Порака
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2008 во 06:11
... porano velevme Sekoe cudo za tri dena...sega velime bog da ne cuva od SONKovno tolkuvanje na zakonite...  Cvetanovski za Dnevnik "objasnuva" na site da im bide jasno...ama samo nemu ne mu e jasno deka nema parcijalno realiziranje na kolektivnite dogovori... I deka benificiite kje gi dobijat...i toa najmnogu...tokmu direktorite koi toj kje gi tuzi...
Штрајкот заврши, наставата продолжи
Заврши осумдневниот штрајк во образованието со договорот што завчера го потпишаа СОНК и министрите за образование, култура и за труд и социјална политика. Синдикатот издејствува да се потпишат колективните договори за основно и за средно образование. Тие ќе се применуваат веднаш, освен тој за платите на наставниците кој ќе чека до јануари 2010 година. Зголемувањето од 900 денари ќе почне да се исплаќа со јунската плата за 2009 година, а трансформацијата на работниот однос од определено на неопределено ќе се направи до крајот на март.

- Советот ја прифати спогодбата со повеќе од потребното двотретинско мнозинство. Со неа генералниот штрајк прекинува, а СОНК оствари најголем дел од барањата - оцени Дојчин Цветановски, претседател на синдикатот.Има членови на СОНК што, иако ја прифатија спогодбата и решија да не штрајкуваат, воопшто не се задоволни од Владата.

- Не сме задоволни од тоа што го добивме со спогодбата, но во оваа ситуација немаме друг избор. Моравме да се откажеме од штрајкот поради неподносливите притисоци врз нас - велат тие. Цветановски потенцираше дека новините во колективниот договор што го потпиша со министерот за образование Перо Стојановски важат само за членовите на СОНК. Тој додаде дека спогодбено ќе биде решено и прашањето за одработување на деновите поминати во штрајк.

Пријави за штрајкбрехерите

СОНК ќе поднесе кривични пријави против директори на училишта, инспектори и против тие за кои ќе се докаже дека го прекршиле Законот за штрајкот и вршеле притисоци врз штрајкувачите.

- Ќе бараме да бидат разрешени директорите и инспекторите, а претставниците од локалната самоуправа, по оваа ситуација, не треба повторно да се кандидираат - рече Цветановски.

Анета Тодевска

... Ocigledno na covekot od "postenjeto" ne mu e arno.  Dogovorot e potpishan so ministerot koj e rabotodavec na vrabotenite vo obrazovanie.  Kolektivnite dogovori imaat dvajca potpisnici, a vazat za site vraboteni, pa duri i za direktorite. Ne mi e jasno kako kje gi goni krivicno direktorite, od koi pari kje se plati kaznata bidejki vladata sega urgentno kje gi razreshi. Znaci li toa deka kje gi goni licno ili kje gi tuzi ucilishtata. Parite vo ucilishtata ne se na direktorite tuku na vrabotenite. Cvetanovski mora da sedne ubavo da go procita zakonot za da ne dava takvi izjavi. A za kandidaturite za  izborite, ne odlucuva toj. Daskalite imaat pamet barem tolku da svatat deka Dojcin gi prevede zedni preku voda, deka "lokalnite majki i tatkovci" im se makei i ocuvi, deka vo ovaa drzava ushte dolgo obrazovanieto ne e obrazovanie tuku pole za prtisko-sonkovski presmetki i racunici.


Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2008 во 06:25
Denovive naj aktuelna ralisticna prikazna vo nasheto obrazovanie e ovaa...prezemena od Dnevnik...koja pocnuva vaka...
Си бил еднаш еден штрајк

Владата и СОНК ги завршија преговорите. Штрајкот заврши, просветарите на хартија добија дел од тоа што го бараа. Кажано со спортски речник - натпреварот заврши нерешено. Но, само навидум. Кога ќе се сумираат резултатите, произлегува дека СОНК „закла вол за кременадла“. Синдикатот доби малку, но изгуби многу. Она што останува како горчлив вкус по Пировата синдикална победа е фактот дека членството ја изгуби вербата во слободата на здружување. Се увери дека правата што ги гарантира уставот, воопшто не се загарантирани во македонската политичка практика и дека таа само декларативно се повикува на тој устав. По овој политички опструиран штрајк, членството на СОНК, но и граѓаните во земјава неповратно изгубија верба дека во земјава е можна каква било форма на синдикално организирање и дејствување, па дури и формално.

По притисоците со кои власта претходно го скрши штрајкот на СОНК, прашање е дали некој во иднина воопшто ќе помисли, а камоли да се дрзне да ги бара своите синдикални права преку пасивен протест со чмаење на работните места, а уште помалку преку активен штрајк. Во оваа земја таа приказна заврши. Дојчин Цветановски може краткорочно да се гордее на својот мал синдикален учинок, кој заврши како „решение на почек“ ,но долгорочно треба да биде загрижен за „тестаментот“ што му остана на синдикалното здружување во Македонија. Особено, треба да биде загрижен за тортурата што ја доживеа наставничкиот кадар за време на штрајот, како и за архивата од податоци за ученици, родители и наставници, која може да биде злоупотребена од власта за спектар од реваншистички постапки. Меѓу битката за демократијата и за хранарината, настрадаа правата. За жал, тие не може да бидат надоместени со никаков колективен договор.

Анета Тодевска

... revanshisticki postapki zasega  kje nema. Premierot  Gruevski MORA da gi iscisti tie "siledgii za ednokratna upotreba" , mora da si gi ispere racete od niv. Samo taka kje ja povrati stabilnosta na raznishanata od kataklizmickite zemjotresi doverba shto ja imashe kaj  narod. Prikaznite deka SDSMovcite se krivi ne palat, ne bea SDSMovci tie shto pretea, shto ucenuvaa. SDSMovcite bea angazirani na nastava, tie rabotea, tie bea shtajkbreheri.


Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2008 во 11:02
Originally posted by lilica lilica напиша:

Само информативно,да Ви кажам дека оредени структури ги режирале сценаријата на сите случувања околу целиот штрајк.Синоќа синот ми кажа(оди во средно)дека уште минатата недела професорот по физичко,случајно го сретнал и му рекол во среда ќе учиме. И...стварно ...синоќа објавија престанок на штрајкот,а информацијата од професорот ВИСТИНА!!    Ќе имаше гладување,продолжување со радикални мерки, ама изгледа се беше само заради добивање на договори за работа на оние со договор на одредено време.А директорите мислам дека ги поставува локалната власт,централната ги плаќа.Така што никој никого неверувам да отпушти.Само,како успеа Дојчин,толку мудро,во конспирација да изведе се-АЛАЛ ДА МУ Е!Никој од школите не претпостави или некако да насети дека е местенка,на ист начин како во комунизмот(наместени кавги,расправии,гласања)Е,па за следниот штрајк професори-размислете!Поздрав
П.С.Самата не верував во зборовите од син ми, ама нема друго објаснување-местенка.Некој спомна дека е Дојчин човек на сегашната Власт.


и јас така слушнав... дека во среда почнуваме.... изненадувањеизненадувањеизненадување и стварно почнавме изненадување
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2008 во 15:44
...saniranje na posledicite...
НАСТАВНИЦИТЕ СЕ ВРАТИЈА НА РАБОТА
Утре ќе се знае дали ќе се одработи штрајкот

Министерството за образование и наука утре ќе одлучува како ќе се надополнат часовите што беа изгубени поради штрајкот во образованието. Просветните инспектори ќе достават податоци кои училишта работеле, каде имало скратени часови, а каде наставата била во целост прекината.
Министерсот за образование Перо Стојановски вчера изјави дека за изгубената настава свое мислење ќе даде и Бирото за развој на образованието, но и синдикатот на СОНК.
"Одработување дефинитивно ќе има, но ќе треба да одлучиме во која форма тоа ќе биде. Не можам сега да кажам дали зимскиот распуст ќе биде скратен, или пак ќе одлучиме да се одработат две саботи, а другите изгубени денови да се заменат со деновите предвидени за екск*рзија или за други активности", вели Стојановски.
Искуствата од претходните штрајкови во образованието покажуваат дека часовите никакош не биле одработувани. Генералниот штрајк на СОНК во 2004 година траеше три недели, или 15 работни дена. Ниту еден не беше одработен. Истото се случи и во 2002 година кога генералниот штрајк на наставниците траеше 9 дена.

Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2008 во 15:54
јас знам дека син ми ќе биде многу разочаран ако ги одработувате
убав тој на мајка
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
zenmaster Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Interceptor

Регистриран: 05.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4262
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zenmaster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2008 во 16:27
Mnogu e ! Dva meseca sekoja sabota na skolo....stvarno e mnogu .
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2008 во 16:38
сега родителите треба да не ѓи пуштаат децата во саботите
Кон врв
ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3392
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZoraNaSlobodata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2008 во 19:32
Originally posted by mrzla mrzla напиша:

сега родителите треба да не ѓи пуштаат децата во саботите


Браво
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
Кон врв
IQ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Darling

Регистриран: 11.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 12382
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај IQ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2008 во 19:34
ajde, ajde, neka odat tamu na shkolo, sho e ovoa samo po kafikji da se sedelo

[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2008 во 20:00
Еее родители обединете се и вие имате законски права,како што дојчин си ги бараше правата и со добар (не)организиран штрајк сега ќе казнувал директори и други....
Не да знаете и ние како родители имаме право нашите деца да ги заштитиме никој нема право зо закон одредени работните денови да ги менува и да наметнува учење во саботите,тоа е крајно и во одредени случаеви.
Ако веќе се оди по закон сега и казни за сите прекршители.
Инаку сеуште образованието е државно,а правата и обврските се уште доволно не ги познаваме.
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2008 во 20:13
...more shto kje se zasakaldisaat ako ne gi pushtite decata vo shkolo.... ta ministerot...ta Dojcin... 
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 06:31
... i posle bitkata so lesnotija se stanuva general...taka sega site znaat shto se sluci...kako se sluci...  i se trudat da dobijat politicki poeni. samo stravot od lokalnite izbori kje gi zashtiti prosvetnite rabotnici od kazni. Kje miruvaat spisocite na "odbranite"za kazni  do izborite.
Izvor Dnevnik

Терор, понижување и лицемерство


Заврши штрајкот на просветните работници. Заради сите заткулисни работи, заради достоинство на наставниците, треба да се проговори отворено со поинаква информација до јавноста од онаа што ја пласира Владата.СОНК настапи со три барања- потпишување на колективните договори, зголемување на надоместокот за храна и превоз и трансформирање на работниот однос од определено на неопределено време на околу 8.000 привремено ангажирани наставници. Штрајкот почна со ентузијазам и единство, но единството траеше многу кратко. ВМРО-ДПМНЕ почна да ги користи сите можни и невозможни форми на притисоци, уцени од најдолен вид и невидени притисоци кон сите учесници во штрајкот.

 Гневот на партиските јуришници од општините, кои патем немаат никаков контакт со образованието, најнапред го почувствуваа врз себе наставниците примени на определено време со уцена за губење на работните места. Потоа на ред дојдоа партиски определените наставници од ВМРО-ДПМНЕ, кои беа повикани на партиска дисциплина, а по нив, директорите на кои јасно им беше ставено до знаење дека ќе бидат разрешени и казнети ако не го скршат штрајкот. Почнаа да се прават и тајни списоци за отпуштања наставници. Директорите, сироти, загрижени за своите фотелји, потпомогнати од партиските јуришници на ВМРО-ДПМНЕ почнаа невиден притисок и терор врз наставниците, спротивно на сите европски повелби и правила на штрајк, спротивно на уставно загарантираното право за недавање услуги во услови на штрајкување.

Ова беше јасно соопштено и од страна на претставникот на Европската интернационала на синдикатите. Каде постои штрајк со работење? Кој воопшто ќе се осврне на штрајкувачи што работат, даваат услуга? А оваа форма на штрајк упорно ја заговараше Владата, директорите и злоупотребени родители. Се дојде до таму што лекции од раководење на директорите почнаа да им делат и некои ученици што едновремено се членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Како родителите беа инструирани да вршат невиден притисок, се виде од медиумскиот прилог за случајот во Македонска Каменица. Ужас.Како поминуваше времето, растеше очајот кај наставниците. Ги искараа и ги исподелија. Компактни и сложни колективи престанаа да бидат тоа. Ја свртеа јавноста против нив, ги сатанизираа. Уживале големи права. И ова е најголемата придобивка што Владата ја оствари од овој штрајк. И премиерот преку медиумите повикува партиите да не вршат партиски притисок врз штрајкувачите. Лицемерство или што?

Потпишаниот колективен договор не ја содржи одредбата за минимална загарантирана плата што беше основниот проблем во преговорите и со СДСМ. Каде е сега таа одредба? Се реши ли проблемот? Ни од далеку. Правниот дел на колективниот договор кој се потпиша не бил спорен никогаш. Хранарините ќе се зголемеле во јули, 2009? Па од јануари 2009 почнува новиот концепт со бруто-плати каде што хранарината и превозот се вградени во висината на бруто-платата. Со познатата еквилибристика, најнапред во новата пресметка на бруто-платата ќе се намали хранарината и превозот, а потоа во јули ќе се доведат на сегашно ниво.

 И тоа ќе биде прикажано како покачување. Впрочем, ќе видиме. И СДСМ не дозволи зголемување, не се амнестираме, затоа бевме казнети. Но барем беше еднаков пристапот кон сите буџетски корисници, а не за едни да се биде мајка, а за други маќеа. Наставниците нека го споредат двојното зголемување од 10 отсто на платата, и зголемената потрошувачка кошница и нека заклучат кога се живееше подобро. Со минимално покачување на платите од 10 отсто во времето на СДСМ и без инфлација, или сега, под сегашните услови?

Проф. д-р Тале Герамитчиоски

Posledicite od "ubavinite" shto im gi obezbedi vladata na SDSM i gospodinot Tale Geramitciovski gi cuvstvuvaat i sega. Vo toa vreme prosvetarite bea narekuvani "mecki zashtiteni so zakon"

Tie za svoite "storeni ubavi" go dobija zasluzenot. Ke pocekame da vidime shto kje dobijat segashnite "blagodeliteli"


Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 20:36
Не е јасно што прикажуваш со претставување на целосни написи на функционери на сдсм,нивните мислења не се воопшто релевантни за дискусија кога уште повеќе го знаеме тале герамитчија за еден добар шпекулант и манипулатор.И нивната дискусија е повеќе негодување за своите постапки односно зошто тие не ги правеле сличните работи,а знаеме дека од нив гледавме доста поголеми идиотизми.
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 21:23
Originally posted by IQ IQ напиша:

ajde, ajde, neka odat tamu na shkolo, sho e ovoa samo po kafikji da se sedelo



цццц... те нема два месеца, ќе дојдеш и воа ќе кажеш.... плазење...намигнување...голема%20насмевка...големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2829303132 35>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.