|
ПЕСНАРИЦА НА МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ |
Внеси реплика | страница <1 1415161718 30> |
Автор | |
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бело лице љубам јас
Бело лице љубам јас [x2] и да љубам и да гледам фајде нема, ле душо моја. Шеќерна, ти калеша неверна. [x2] Црни очи љубам јас, [x2] и да љубам и да гледам фајде нема, ле душо моја. Шеќерна, ти калеша неверна. [x2] Гајтан веѓи љубам јас, [x2] и да љубам и да гледам фајде нема, ле душо моја. Шеќерна, ти калеша неверна. [x2] Медно усте љубам јас, [x2] и да љубам и да гледам фајде нема, ле душо моја. Шеќерна, ти калеша неверна. [x2] Билбил пее во планина Билбил пее во планина, моме седи во градина. Билбил моме наговара: - Ајде моме да пееме. Ако мене ти натпееш ќе ти дадам планината. Ќе ти дадам планината, со се гранки, сосе буки. Ако тебе јас натпеам ќе ти земам градината. Ќе ти земам градината, сосе цвеќе, сосе тебе. Билбил моме натпеало, му ја зеде градината. Му ја зеде градината, сосе цвеќе, сосе моме. Билбил рано пее Ајде да си речиме една песна, многу гласовита. Еднаш мајка јунак раѓа, оној ми е билбил, билбил рано пее, пее во мај месец. Ајде да си речиме уште еднаш, да се сторат два пати, две очи мома има... Ајде да си речиме уште една, да се сторат три пати, три на крст пирустија... Ајде да си речиме уште една, да се сторат четири пати, четири моми на орото... Ајде да си речиме уште една, да се сторат пет пати, пет прсти рака има... Ајде да си речиме уште една, да се сторат шест пати, шест месеци пол-година... Ајде да си речиме уште една, да се сторат седум пати, седум дена во недела... Билјана платно белеше Билјана платно белеше на охридските извори. Оздола идат винари, винари белограѓани. Винари бeлограѓани, кротко терајте карванот, да не ми платно згазите, платното ми е даровно. Билјано моме убаво, ако ти платно згазиме, со вино ќе го платиме, ем бела лута ракија. Не ви сакам виното, тук' ви го сакам момчето, што напред води карванот што фесче носит над око. Што фесче носит над око и мене гледат под око. Билјано, моме убаво, момчето ни е свршено. За него вино носиме, в' недела ќе го жениме. Да би го вода однела и мене ми го донела, да би го змија к'снала со мојве долни запчиња. Билјане моме убаво Билјане моме убаво, на сон те браќа водиле. На сон те браќа водиле во таја града Костура. Билјане моме убаво, качи се горе на чардак. Качи се горе на чардак, разгледај долу на поле. Ах мори мајко, мајчице, оздола идат ветрови. Оздола идат ветрови, ветрови, бури, ратови. Билјане моме убаво, не ми се бури, ветрови. Не ми се бури, ветрови, тук' ми се силни сватови. Ах мори мајко, мајчице, жива ќе лежам во гроба. Жива ќе лежам во гроба, Костурско момче не земам. Битка се бие кумановско поле Битка се бие кумановско поле, битка неравна. Пелинце ми гори, Пчиња жално плаче, матна и крвава. Карпуш војвода со Димче Еребица ? собраја дружина, млада убавина, душман да истерат. Ми згрмеја пушки, ми паднаја мушки, младите херои. Душмани клети покажаја пети, дојде красна слобода. Битола, бабам Битола Битола, бабам Битола таму се живот живее. Таму се живот живее, таму се јаде и пие. Битола, мајска природа, Битола рајска градина, со лични моми убави, на лице бели црвени. Битола бабам Битола, кој ми те тебе проколна? Да раѓаш моми убави, да горат сите беќари. Крепи се буцо, крепи се, мене ме пијан пак носат. Мене ме пијан пак носат, низ битолските чикмаци. Крепи се буцо, крепи се Битола да ја шетаме. Битола да ја шетаме, дур' да си пајтон најдиме. Битола, мој роден крај Битола, мој роден крај во тебе сум роден мене си ми мил. Битола, мој роден крај, јас те сакам од срце знај. Битола мој роден крај, јас те сакам, за тебе пеам. В' многу градови, села пројдов, од тебе поубав нигде не најдов. Битола, мој роден крај, јас те сакам од срце знај. Битола мој роден крај, јас те сакам, за тебе пејам. Како дете одев по тебе и бос во тебе пораснав јас не сум ти гост. Битола, мој роден крај, јас те сакам од срце знај. Битола мој роден крај, јас те сакам, за тебе пеам. Еј роден крај, кој би можел збогум да ти рече, да не заплаче? Битола, мој роден крај, јас те сакам од срце знај. Битола мој роден крај, јас те сакам, за тебе пеам. Благуно дејче мори пожаранче Благуно дејче мори пожаранче отвори ми џам 'ли пенџер, сакам да те видам јас. Деј гиди Аце море аџамија, како да ти јас отворам, кога не те сакам јас? Благуно дејче мори пожаранче, ја подај ми руси коси, сакам да ги мрсам јас. Деј гиди Аце море аџамија, што да давам руси коси, кога не те сакам јас? Благуно дејче мори пожаранче, ќе продадам сарај куќа, само да те земам јас. Блазе тебе Митро Блазе тебе мори Митро што татко си имаш, ајде, што татко си имаш. Што ти е направил Митро, сред село меана, ајде, сред село меана. Точи, точи мори Митро вино, ем ракија, ајде, вино ем ракија. Кога ќе се вратам Митро, скапо ќе ти платам, ајде, скапо ќе ти платам. Сè жолти жолтици Митро, на гуша да носиш, ајде, на гуша да носиш. Бог да бие кој прв почна Бог да бие кој прв почна, кој прв почна, мило либе, да ми оди. Да ми оди на печалба, на печалба, мило либе, в' Америка. Три години без работа, без работа, мило либе, ем без пари. Параходот веќе пристигна, пари немам, мило либе, да се качам. Ако сакаш да си дојдам, продај си го, мило либе, ѓерданчето. Ако не стаса ѓерданчето, продај си го, мило либе, елечето, праќај пари, мило либе, да си дојдам. Бог да бие мојта мајка Бог да бие мојта мајка [2х] де мори Јано де, де, де де мори душо де. [2х] Што ме даде на далеку на далеку, преку Вардар да мори Јано де, де, де де мори душо де. [2х] Да не можам да се видам нит со мајка нит со татко де мори Јано де, де, де де мори душо де. [2х] Нит со мајка нит со татко нит со браќа нит со сестри де мори Јано де, де, де де мори душо де. [2х] Нит со браќа нит со сестри нит со мојто прво либе де мори Јано де, де, де де мори душо де. [2х] Бог да бие мојта мајка маќеа Бог да бие мојта мајка маќеа срам да ѝ е, арам да ѝ е, на мојта мајка маќеа. Што ме даде това село Јаменско, срам да ѝ е, арам да ѝ е, тоа село Јаменско. Јаменчани среда, петок не знајат, срам да ѝ е, арам да ѝ е, среда, петок не знајат. Се зедов во сабота вечерта, срам да ѝ е, арам да ѝ е, во сабота вечерта. Понеделник ме пратија на нива, срам да ѝ е, арам да ѝ е, ме пратија на нива. Ми дадоја празна торба без лебец, срам да ѝ е, арам да ѝ е, празна торба без лебец. Се наведнав кога сонце изгрева, срам да ѝ е, арам да ѝ е, кога сонце изгрева. Се исправив кога сонце зајдува, срам да ѝ е, арам да ѝ е, на мојата мајка маќеа. Бог да бие Наумчето Бог да бие џанам Наумчето што ми стана Наум утро рано [х2] утро рано Наум во Недела. Па си спрема Наум брза коња па си тргна Наум за Битола. На пат сретна џанам бела чешма, до чешмата една стара баба. Ќе те прашам бабо да ми кажеш дал је жива бабо твојта внука, [х2] твојта внука бабо, лична Евда? Штом ме праша синко ќе ти кажам мојта внука синко се посврши, [х2] се посврши синко во Битола во Битола синко, Баир маало. |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бог да бие Русе твојта мајка
Бог да бие Русе твојта мајка твојта мајка Русе, Ангелина, твојта мајка Русе, Ангелина. Што не те дават Русе за Џоџета за Џоџета Русе од Филевци. Тук' ми те дават Русе за Номета, за Наумета Русе, од Банџовци. Нејќи го Русе џанам тој Наумета, тој ти сакат Русе многу пари. Само Џоџе Русе пари нејќит, само тебе Русе ми те сакат. Бог го јубил Русе тој Никола тој Никола Русе, резилето. Што му дават Русе голем фурсат да те грабит Русе за полноќе со колџии Русе, велештани полојната Русе, охриѓани. Џоџе врвит џанам со кајчето, Русе седит џанам на мосчето. Сал си веслат Џоџе, песна пеит, песна пеит Русе, сè за тебе никој око Русе не му клават. Таксај мајко, таксај, што ќе таксаш: на Илија мајко, жолти чевли, на Климета мајко, шал кошула, на Парета мајко, таки френски, на Ташета мајко, рало гашчи, а на Џоџета мајко, тарапанци. Ќе те носит Русе, Свети Наум тамо Џоџе, Русе ќе те венчат и на гробот Русе ќе си легнит, белким умот Русе ќе му дојдит. Дал' ќе му дојдит Русе ил' ќе му излезит. Бог да бие, Тино мори Бог да бие, Тино мори Тино, мори, твојта стара мајка Тино, мори, твојот стари татко деј. Што ми те армаса, Тино Тино, мори, мошне надалеку Тино, мори, Тино, мори дур' на Гевгелија, деј. Дур на Гевгелија, Тино Тино, мори, за Дељо Турунџула Тино мори, Тино мори за Дељо Турунџула, деј. Дељо болен лежи, Тино Тино, мори, Дељо ќе умре Тино, мори, Тино, мори Дељо ќе умре, деј. И на Дељо думат, Тино Тино, мори, Дељо ќе да умри, деј Тино, мори, Тино, мори Дељо ќе да умре деј. Бог да ги бие Арапите Бог да ги бие [х2] Бог да ги бие Арапите Арапите од Арабистан. Што ми ојдоја, што навлегоја што ми ојдоја во град Битола во град Битола во ливаѓето. Ги к*рдисале, ги к*рдисале ги к*рдисале шаторите ги закачиле бајраците. И што му рекоја на Битолчанки отворете ја чаршијата чаршијата и дуќаните. А Битолчанки што му рекоа ај да сјојте од кај дојдовте чаршијата е затворена. Чаршијата е затворена [х2] чаршијата не ја отвараме. [х2] Бог да го убие мамо Бог да го убие мамо, бог да го убие, комшичето мамо, терзичето, леле, комшичето, мамо, терзичето. Тесно ми го скрои мамо, тесно ми го скрои, елечето мамо, џамаданчето, леле, елечето мамо, џамаданчето. Оф, аман, оф, љубов, оф, тенка половина, за комшичето, леле, оф, тенка половина за комшичето. Тесно ми го скрои мамо, поарно ми стои, елечето мамо, џамаданчето, леле, елечето мамо, џамаданчето. Оф аман, оф, љубов, оф, тенка половина, за комшичето, леле, оф, тенка половина, за комшичето. Дај ме мори мила мамо, дај ме мила мамо, за комшичето мамо, за терзичето, леле, за комшичето мамо, за терзичето. Оф, аман, оф, љубов, оф, тенка половина, за комшичето, леле, оф, тенка половина, за комшичето. Бог да го убие Шефки Качакот Бог да го убие џанам тој Шефки Качакот, тој Шефки Качакот тоа бесно куче. Што ми посегнал џанам битолските села, битолските села, село Могилово. Ој ти бре Шефки море ти бре бесно куче на небо те барав, на земја те најдов. Дури те најдов Шефки нозете ме болат, нозете ме болат од тешки к*ршуми. Доста си носел Шефки таа бердан пушка, сега рече Господ јас да ја носам, доста си носел Шефки таа остра сабја, сега рече Господ јас да ја носам. Доста си јавал Шефки таја брза коња, сега рече Господ јас да ја јавам. Бог да убиет дебрани Бог да биет дебрани, бог да убиет дебрани. Дебрани долно граѓани, дебрани долно граѓани. Што настанаје аздии, што настанаје аздии, по таја река Радика, по тије села рисјански. Грабиле што ми грабиле, грабиле што ми грабиле и едно невевче земале, и едно невевче земале. Оделе што го воделе, оделе што го воделе, младо невевче по страна, младо невевче по страна. Невевче лично, калешо, да не ти тежит рувото, или ти тежит ѓерданот, или ти тежит ѓерданот? Нити ми тежит рувото, нити ми тежит рувото, нити ми тежит ѓерданот, нити ми тежит ѓерданот. Тук' ми е жал за лудото, тук' ми е жал за лудото, кога го вие колевте, кога го вие колевте. Кога го вие колевте, кога го вие колевте, право во мене гледаше, крвави солзи ронеше. Болен лежи катил Ѓорѓи Болен лежи катил Ѓорѓи, в Солунски зандани. Дење лежи катил Ѓорѓи, ноќе го испрашуваат. Кажи, кажи катил Ѓорѓи, кај е твојта пушка? Кај е твојта пушка Ѓорѓи, пушка малихера? Ал' ме праша клети душман, право ќе ти кажам. Право ќе ти кажам душман, нема да те лажам. Глава давам клети душман, пушка не кажувам. Пушка не кажувам душман, пушка маликера. Кажи, кажи катил Ѓорѓи, каде го спечали? Каде го спечали Ѓорѓи, тешкото имање? Планини сум шетал Турчин, бегови сум клало. Пари сум земало Турчин, пари неброени. Е, од тука сум спечалил тешкото имање. Болен лежи Миле Поп Јорданов Болен ми лежи Миле Поп Орданов [х2] над глава му стои стара му мајка, жално го жали, милно го плачи. Стани ми, стани, мое мило чедо, [х2] твојте другари по сокаци одат, жални песни пеат, тебе те спомнуват. Бог да го прости Миле Поп Орданов, [х2] Миле Поп Јорданов за народ загина, за народ загина, за Македонија. Неговите сестри в' црно облечени, [х2] свадба ќе прават, брата ќе женат, брата ќе женат за Македонија. Неговата мајка в' црно облечена, [х2] свадба ќе прави, сина ќе жени, сина ќе жени за Македонија. Болен лежи млад Стојан Болен лежи млад Стојан болен лежи и ќе умри над глава му младата невеста с' машко дете на раце солзи рони, солзите капат по Стојаново лице. Стојан се подразбуди и тихо ѝ прозбори: Ој, Невено ти млада невесто што ми лади лицево дали силна роса подроснува или силни дождови? А Невена му вели: Стојане бре, мили стопане ниту ситна роса подроснува нити силни дождови. Моите солзи по лице ти капат од селански неправдини. Синоќа кај чешмичето селани се збираа збор зборвеја кога ти ќе умреш дете да ми задават мене ќе ме земат, далеку однесат за пари ме продадат. Болен ми лежи млад Стојан Болен ми, болен ми лежи млад Стојан, леле на висок, на високите чардаци, на високите чардаци. Мајка му, мајка му вели, говори, леле: стани ми, стани ми сине Стојане стани ми сине Стојане. Не можам, не можам мајко да станам, леле тешка ми, тешка ми куќа на глава, тешка ми куќа над глава. Тешка ми, тешка ми куќа над глава, леле, машко ми, машко ми дете на раце, машко ми дете на раце. Болен ми лежи млад Стојан - (друга верзија) - Болен ми [х2] ај болен ми лежи млад Стојан леле на висок, ај на високите чардаци. До него седи мајка му леле на Стојан, ај на Стојан вели говори. Стани ми [х2] ај стани ми сине Стојане леле да видиш, ај да видиш оро големо. До сека [х2] ај до сека мома и момче леле до твојто, ај до твојто либе две момчиња. Не можам [х2] ај не можам мајко да станам леле тешка ме ај тешка ме болест фатила. Жално е [х2] жално е мајко, тешко е леле да љубиш, ај да љубиш друг да го земе. Бор садила мома Евгенија Бор садила мома Евгенија [х2] бор садила ем бога молила. Дај ми боже бор да ми порасне [х2] да се качам на борови ветки. Да си видам сред море гемија [х2] во гемија окован демија. Раце му се в' синџир заклучени [х2] нозе му се в' букаги стегнати. На рамена два сива сокола па ги пита мома Евгенија со ш' ги рани два сива сокола. Одговори окован демија парче сечам соколи ги ранам солзи ронам вода ги напивам. [х2] Брала мома капини Брала мома капини [x3] во чичови градини оф, аман, аман, аман. Ја здогледал падарот [x3] и на моме говори оф, аман, аман, аман. Постој моме почекај [x3] да ти речам два збора оф, аман, аман аман. Крени моме фустанот [x3] да не газиш бостанот оф, аман, аман, аман. Сечи моме косите [x3] да не мрсиш лозите оф, аман, аман, аман. Изменето од Miki_P - 04.Декември.2008 во 11:56 |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
В' недела дојде лудо младо
В' недела дојде лудо младо у нас на гости. [x2] Седе два дни, седе три дни седеше недела. Па си тргна да си оди туѓа туѓина. Лудо младо не оди в' туѓина лудо младо, земи ме лудо младо со тебе. Не ме кани лудо младо при тебе да дојдам, [x2] јас си имам лоша мајка и стари татко. [x2] Лудо младо не оди в' туѓина лудо младо, земи ме лудо младо со тебе. Јас не можам да те земам тебе со мене, [x2] јас си имам друго либе и машко дете. [x2] Лудо младо не оди в' туѓина лудо младо, земи ме лудо младо со тебе. Василке млада невесто Василке млада невесто зошто се млада омажи? Зошто ме мене остави, зошто си клетва подгази? Зошто ме мене Васке остави, зошто си клетва подгази? Додека беше Васке девојка, нива ми беше твојто маало, и твојте Васке комшии, и твојте први роднини. И твојте Васке ле комшии, и твојте први роднини. Откога се мило либе омажи, не ми е мило твојто маало, ни твојте Васке комшии, ни твојте први роднини. Ни твојте Васке ле комшии, и твојте први роднини. Проклета да си Васке до века, зошто ме мене младо остави, зошто си клетва подгази и на љубовта заборави. Зошто си клетва Васке подгази и на љубовта заборави. Ваташа Ми заплакало селото, селото Ваташа тринаесет роса младинци носат Мокришко горе, в долови. Целото село станало, станало на нога дајте ги вамо нашите деца еј Вие клети крвници. Џелати клети не слуша, не слуша народот митралез оган фрлија поган. в градите машки младински по тија млади полиња родни ридишта голи Тиквешки. Тогај се народ подигна, подигна младно и тргна смело да запре семе фашистичко клето за навек. Вечна љубов пак ќе водиме Како да те оставам ил да те заборавам, [x2] и да сакаш не знаеш без мене не ќе можеш. [x2] Вечна љубов пак ќе водиме еден до друг пак ќе одиме среќни нека бидат денови нека пукнат душмани. Сите ми се потсмеваат дека љубам бекрија, [x2] ни на Север, ни на Југ, како мене нема друг. [x2] Вечна љубов пак ќе водиме еден до друг пак ќе одиме среќни нека бидат денови нека пукнат душмани. Јас пак љубов не кријам од тебе не заспивам, [x2] се ќе имаш од мене се ќе сторам за тебе. [x2] Вечна љубов пак ќе водиме еден до друг пак ќе одиме среќни нека бидат денови нека пукнат душмани. Виена лоза, виена Виена лоза виена, не ми е лоза виена. Тук' ми е мома армасана, армасана невенчана. Недела свадба ќе правиме, сватови ќе пречекуваме. Сватови ќе пречекуваме, од това село Претино. Од това село Претино, за младо момче убаво. Вино пијам, ем ракија Вино пијам, ем ракија [x2] коња јавам аџамија. [x2] Коњ ме шета горе, доле [x2] горе, доле низ тоа поле. [x2] Ме однесе в' ладна меана [x2] у меана до три моми. [x2] Прва точи, друга носи [x2] а третата мене ме гледа. [x2] Па ја качив на коњчето [x2] ја однесов право дома. [x2] Во влашкото маало Во влашкото маало жолти куќи високи. [x2] Ој Јанино, баш Јанино жолти куќи високи. [x2] Крај порти ми седеше момето на Илчови. Крај порти ми седеше и на ѓерѓеф везеше. Ој Јанино, баш Јанино и на ѓерѓеф везеше. [x2] Оздола иде млад Стојан и на моме говори: дај ми го моме ѓерѓефот ќе ти дадам два гроша. Ој Јанино, баш Јанино ќе ти дадам два гроша. [x2] Не ѝ даде два гроша тук' ја фати за рака. [x2] Ој Јанино, баш Јанино тук' ја фати за рака. [x2] Во Јордање Во Јордање крештајуштусја, Тебе Господи, Троическоје јависја поклоненије, Родитељев бо глас свидетелствоваше Тебје, возљубљенаго го Тја Сина именуја, и Дух во видје голубиње, извјествоваше словесе утвржденије, јављејсја Христе Боже, и мир просвештеј, слава Тебје. (Се пее на празникот Богојавление (Водици) Во ливаѓе ладен извор има Во ливаѓе ладен извор има, крај изворот трева зелена. Во тревата листе фатив, во листето писмо напишано. Во листето ситно напишано, кој се сака да си се земе. Во нашето село куќа шимширова Во нашето село куќа шимширова де дилбер моме шарена одаја. Тамо се собрале сите млади момци, де дилбер моме редум со момите. Јас си дома чекам либе да ми дојде, де дилбер моме либе ќе дојди. Малку го почекав и го недочекав, де дилбер моме на седенка појдов. Кратко си почукав, врата се отвори, де дилбер моме татко да ти видов, де дилбер моме мојто либе тамо. Колку лесно било моме да се лаже, де дилбер моме самата го видов, де дилбер моме ерген да се љуби. Во ноќта си месечина Во ноќта си месечина, во денот си светлина. Како твојта убавина, нема друга на светот. Прво и прво, кога те видов в' душа пламен се роди. А од тогаш сè до сега, кој сум, кај сум, не се знам. Те сонувам, тебе љубам и те сакам во срце. Те милувам, тебе те љубам и солзи си пролевам. Ангел ли си од небото, што си толку убава? Со твојата слатка уста да ми шепниш името. Во Струмица на улица Проклет да биде среќа да не виде кој прв започна. Кој прв започна љубов да води две срца да страдаaт. Често со него се среќавам срце ми трепери, срце ми трепери душа не ми дава како да му прозборам. Во Струмица на улица пред него излегов грбот ми го сврте и тивко ми рече: „Јас не те сакам. Јас си заљубив друго либе заљуби си и ти“. Очи насолзени, срце натажено отидов далеку проклет да биде среќа да не виде кој прв започна. Кој прв започна љубов да води две срца да страдаат. Водарки Моми на вода одеа, со тие стомни шарени. Темна ги вечер затече, стомни им корен фанаа. Темна ги вечер затече, стомни им корен фанаа. Пеејќи песни убави, берејќи цвеќе шарено. Сите ми моми набрале, планинско цвеќе убаво. Дафина мома набрала, алова китка трендафил. Возот браќа тргнува Возот браќа тргнува право за Германија, стари мајки остануваат дробни деца да гледаат. Одиме, пееме, солзи рониме тој прв што замина сал го колниме. [x2] Со либето одиме пари да спечалиме, пари да спечалиме, куќа да направиме. Одиме, пееме, солзи рониме тој прв што замина сал го колниме. [x2] Наши верни другари таму ќе не пречекаат, ергени ќе пеат жените ќе жалат. Одиме, пееме, солзи рониме тој прв што замина сал го колниме. [x2] Војник одам На пат тргам, војник одам јас либе, многу далеку. Татко, мајка, браќа и сестри сите вас ве оставам. Мило либе, ти не ме жали, не плачи солзи не рони, радосно чекај ме. Дојде време да си заминам либе, многу далеку. Со другари пат не чека нас дури на граница. Мило либе, ти не ме жали, не плачи солзи не рони, радосно чекај ме. Две години бргу ќе минат либе, јас ќе се вратам. Ќе ми бидеш лична невеста моја ќе си до гроба. Мило либе, ти не ме жали, не плачи солзи не рони, радосно чекај ме. Врана коња јавам јас Врана коња јавам јас, одам по невестата. Врана коња јавам јас, одам по невестата. Одам по невестата, дал' ќе ми ја дадат? Одам по невестата, дал' ќе ми ја дадат? На сред село тапан чука, оро се вие. На сред село тапан чука, оро се вие. Оро се вие, мома водеше. Мома водеше, оро красеше. Татко ѝ ја дава, село не ја дава. Татко ѝ ја дава, село не ја дава. Село не ја дава, оти е убава. Село не ја дава, оти е убава. Ќе умрам мајко, загинам, без неа дома не одам. Ќе умрам мајко, загинам, без неа дома не одам. В село слуга ќе бидам, само неа да земам. В село слуга ќе бидам, само неа да земам. Во 1762 лето Илјада и седимстотин шесдесет и второ лето в Охрида од Цариграда дошел Салаор. Еј! Дошел Солаор. Се претставил пред Арсенја наша патрика честнаго и му рек'л слово горко, слово жалосно. Еј! Слово жалостно. Царска волја е да тргнеш денеска за Цариграда на тебе од врли Грци, голем поплак е. Еј! Голем поплак е. Собрал патрик свое стадо в црква свјати Климентова благослов му дал последен, р'це заплетил. Еј! Р'це заплетил. Д'лго време липал старец в молчење в'сенародно и по бела брада ронел с'лзи горешти. Еј! С'лзи горешти. Слушајте ме мили чеда јас ќе ида в Цариграда на мене од врли Грци голем поплак е. Еј! Голем поплак е. Грцки патрик ќе ни строши славна Охридска Столица и мене до смрт ќе држи в заточение Еј! В заточение. Ќе прати владици Грци лицем светци срцем в'лци ќе ве дават, ќе ве стрижат, ќе м'лзат до крв. Еј! Ќе молзат до крв. Меѓу народа ќе сејат несогласје и раздори, да се мразат син со татка и со брата брат. Еј! И со брата брат. И ќе викнете до Бога и крило не ќе најдете, смирени ќе наведете глави доземи. Еј! Глави до земи. Ќе ми бидете сираци, така било написано. Елате ми да ве гушнам за последен п'т. Еј! За последен п’т. Ч'рна т'га поразила старо, младо, м'жи, жени, Вси со р'це заплетени с'лзи проливат. Еј! Солзи поливат. Тој ги гушка, тие тажни му целуват десна р'ка и од р'ка как' од извор с'лзи се лејат. Еј! Солзи се лејат. Вјахнал Патрик брза коња и неволно уп'тил се. Тога грмкиј плач народен небо процепил. Еј! Небо процепил. Умилил се чесниј Патрик, свалил шапка навезана, погледал kon сино небо, љуто прок'лнал. Еј! Љуто проколнал: „Ох! послушај, мили Боже! Aир никога да немат Стамче беј и Бујар Лигдо, Пејко челеби! Еј! Пејко челеби. Милостивиј Бог послушал патричка горешта клетва, слава нихна, семе нихно погубил со шум. Еј! Погубил со шум. И сега во куќи нихни ткае пајак пајачина и на пусти стрехи нихни хукат хутове. Еј! Хукат хутове. Изменето од Miki_P - 04.Декември.2008 во 16:55 |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Гена ми појде на чешма
Гена ми појде на чешма стомните да си наполни [х2] јунак од гора да лади [х2] раните да му исцели. Ах Гено, Гено убава донеси вода студена. [х2] Наполни Гена стомните накачи патот кон дома, [х2] отвори порте капиџик [х2] подаде стомне на јунак. Ах Гено, Гено убава донеси вода студена. [х2] Дигна ми јунак стомнето разлади грло јуначко поврати снага ајдучка, однесе Гена во гора. Ах Гено, Гено убава донеси вода студена. [х2] Гина, Гина лична Гина Има едно згодно моме во нашето мало место едно моме многу лично, многу лично, симпатично. Гина, Гина лична Гина Гина, Гина убавица, Гина, Гина опа Гина Гина, Гина убавица. Снага има како вила коса долга к'о примена, очи црни черешови веѓи морски пијавици. Гина, Гина лична Гина Гина, Гина убавица, Гина, Гина опа Гина Гина, Гина убавица. Лице бело к'о синирче устето ѝ к'о кутивче, заби бели бисерови штом се смее сонце грее. Гина, Гина лична Гина Гина, Гина убавица, Гина, Гина опа Гина Гина, Гина убавица. Кога појде низ чаршија старо младо се свртува, да ја види лична Гина наша Гина убавица. Гина, Гина лична Гина Гина, Гина убавица, Гина, Гина опа Гина Гина, Гина убавица. Гледај ме, гледај либе Гледај ме, гледај либе гледај ме, гледај, ах верно либе нагледај ми се. Денес сум тука либе денес сум тука денес сум тука ах, верно либе утре заминвам. Партизан ќ'одам либе Партизан ќ'одам Партизан ќ'одам ах, верно либе Славеј Планина Славеј Планина, либе Славеј Планина Славеј Планина ах, верно либе во Караорман. Од там ќе гледам либе Од там ќе гледам Од там ќе гледам ах, верно либе славна Дебарца. Славна Дебарца либе славна Дебарца ах, верно либе се' изгорена. Ја изгореле либе ја опљачкале ја изгореле ах, верно либе ѕверој фашисти. Го пратиле дедо в' планина Го пратиле дедо в' планина, мечките да го изедат. Ене го дедо кај иде, полна му торба со мечиња. Бре, бре, лош дедо бре. Го пратиле дедо на нива, зајаците да го изедат. Ене го дедо кај иде, п'лна му торба со зајчиња. Бре, бре, лош дедо бре. Го пратиле дедо во бања, жените да го избањат. Ене го дедо кај иде, со две-три жени под рака. Бре, бре, лош дедо бре. Го фатиле клети турци едно моме Го фанале едно моме, едно моме најубаво, го фанале едно моме, најубаво, најубаво во селото. Му врзале двете раце, двете раце наопаку, му врзале двете раце, двете раце, двете раце наопаку. Кажи, кажи малој моме кај се крие Гоце Делчев? Кажи, кажи малој моме, најубаво кај се крие Гоце Делчев? И да умрам, да загинам, јас за Гоце не кажувам! И да умрам да загинам, клети Турци јазе Гоце не кажувам! Гори Балкан Гори Балкан, гори Балкан во горна Дебрца во горна Дебрца, Балкан, село Арбиново. Стари Дејан свадба прави свадба прави со ѕверови од никаде помош нема само Ѓурчин од Слатино. Само Ѓурчин од Слатино и тој Климе Злестовчето. Градел Илија манастир Градел Илија манастир, градел Илија манастир, градел Илија манастир, оф аман, аман, на врв на Пирин Планина. Оздола иде Ирина, оздола иде Ирина, оздола иде Ирина, оф аман, аман, и на Илија говори: Земи ме батко Илија, земи ме батко Илија, земи ме батко Илија, оф аман, аман, во твојта тесна ќелија. Калуѓерица да станам, калуѓерица да станам, калуѓерица да станам, оф аман, аман, црно морало да носам. Не можам моме Илино, не можам моме Илино, што ти се руси косите, оф аман, аман, и ти играат очите. Косите ќе ги исечам, косите ќе ги исечам, Косиве ќе ги поцрнам, оф аман, аман, очиве ќе си ги скротам. Гроздано моме убаво Гроздано моме убаво најубав грозд во лозјето кој ми те ерген погледнал пијан си оди до гроба. [х2] Твоите очи Гроздано две црни зрна гроздови дај ми ги да ги погледнам слеп јас да одам до гроба. [х2] Твојата уста Гроздано ко медно вино црвено дај ми ја да ја целивам нем јас да одам до гроба. [х2] Твојта снага мермерна пастрмка риба Охридска дај ми ја да ја прегрнам сакат да одам до гроба. [х2] Грозен гавран Над мене грозен гавран лета, во кљунот десна рака носи, на неа златен прстен блеска, т'гата страшна ме мачит. Кажи, ој птицо, црна ти каде ја најде таја рака? Со овој прстен на мене познат од најубав спомен драг? Прозбори гавран, проклет и црн: од Криволак се враќам јас. Голема битка, битка таму стана, на бој свидетел бев јас. Таму се пушки биеја без број, прелетав јас храбро, смел. Гранати паѓат в' црната земја, војнички тела ронеја. Течете солзи во потоци, з'шчо моето либе лежи в' гроб осамотен, не ќе се врати при мене. |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да ме молат не се женам
Да ме молат не се женам да ме молат да ме колат не, не, не се женам не не, не се женам не. Ако земам млада мома не ќе се заврти дома не, не, не се женам не не, не се женам не. Ако земам мома стара дење ноќе ќе се кара не, не, не се женам не не, не се женам не. Ако земам распуштена не ќе седи ни два дена не, не, не се женам не не, не се женам не. Ако земам удовица ќе донесе многу деца не, не, не се женам не не, не се женам не. Да ти пукне мила мајко најмилото Да ти пукне мила мајко најмилото, што ме даде, мила мајко, пусти Варош. Оф, леле, леле, леле, пусти Варош, оф, аман, оф аманам, пусти Варош. Пусти Варош, мила мамо, кај Митриќевци, Митриќевци, мила мамо, многу луѓе. Оф, леле, леле, леле, многу луѓе, оф аман, оф аманам, многу луѓе. Сум месила, мила мамо, девет зелници, ред не дојде, мила мамо, јас да каснам. Оф леле, леле, леле, јас да каснам, оф аман, оф аманам, јас да каснам. Ми велеа, мила мамо, сум каснала, сум каснала, мила мамо, кај мајка ми. Оф леле, леле, леле, кај мајка ми, оф аман, оф аманам, кај мајка ми. Да сум бистра вода Да сум бистра вода, мори мамо, да сум бистра вода, мамо мори, мамице, јас знам кај да течам. Јас би текла, мамо мори, јас би текла, стале, мамо мори, мамице, близу Митровица. Јас би текла, мамо мори, јас би текла, стале, стара мори душице, крај мојето либе. |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Давај ме мила мамо, давај ме
Давај ме мила мамо, давај ме за тоа мила мамо циганче. Аман, оф аман, мила мамо тоа циганче. Устата му е мамо кутивче забите му се мамо бисери. Аман, оф аман, мила мамо заби бисери. Куќата му е мамо колиба, за мене мила мамо палата. Аман, оф аман, мила мамо за мене палата. Дење го гледам, мамо, циганче, ноќе го гледам, мамо, галапче. Аман, оф аман, мила мамо тоа галапче. Умирам, мила мамо загинвам, за тоа мила мамо циганче. Аман, оф аман, мила мамо тоа циганче. Дај ми мамо динар, до два Дај ми мамо динар, до два да си купам промена да се променам мила моја мамо за да ме либе мамо бендиса. Дај ми мамо динар, до два да си купам белило за да набелам мојто црно лице за да ме либе мамо бендиса. Дај ми мамо динар, до два да си купам црвило за да нацрвам мојто медно усте за да ме либе мамо бендиса. Дал не ти е жал бре Миеле Дал' не ти е жал бре Миеле дал' не ти е жал бре дал' не ти е жал бре Миеле за село Конопиште? Село Конопиште Миеле село Конопиште село Конопиште Миеле полно лични моми. За ладните сенки Миеле за ладните сенки за ладните сенки Миеле ем та' вода студена. Таа руса, риџа Миеле таа руса, риџа таа руса, риџа Миеле таа калеш Митра. |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дали думаш либе
Дали думаш либе дали паметуваш кога бевме мило либе двата на прошетка? [x2] Нели ми велеше нели се колнеше јас не љубам друго либе освен тебе душо? [x2] Ја земи ножето распарај срцето тамо ќе си најдеш либе две срца вљубени. Дали знаеш мила мајко Дали знаеш мила мајко што сум несреќна стално дома сама седам надвор не смеам. Еј мила мајко проклета да си Еј од либето што ме раздели. Од либето што ме раздели без да сакам јас в' гради болка ми остави на срце мраз. Еј мила мајко проклета да си Еј од либето што ме раздели. Дали пак тој ќе се врати јас да го чекам до две думи јас да му кажам дека ќе умрам. Еј мила мајко проклета да си Еј од либето што ме раздели. Две години тајна љубов нека секој знај таа мене ќе ме мачи дури до гроба. Еј мила мајко проклета да си Еј од либето што ме раздели. Дали знаеш мило либе Дали знаеш мило либе кога двата се љубевме? Како два галаби бели ширно високо летавме. Кој ни скрши мило либе крилца бели та паднавме? Крилцата ни се скршија мене тешко ме ранија. Ние бевме мило либе трендафили два румени в' мајско утро расцветани еден до друг посадени. Али никна, не изникна судбата нас не раздели еден од друг на две страни еден од друг с' тешки рани. |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дали знаеш моме паметуваш
Дали знаеш моме паметуваш кога бевме моме во ливаѓе? Кога бевме моме во ливаѓе, во ливаѓе моме под тополи? Сите пари моме ми ги зеде без пет пари моме ме остави. Дај ми малку моме од парите да си купам моме брза коња. Да си купам моме брза коња да не одам моме пеш до село. Кучињата моме да ме лајат а момите моме да се смејат. Дали си се наспало Дали си се наспало, мори дилбер бела Јованке, три вечери без мене? Јане ле мори калешо, три вечери без мене? На четврта јас дојдов, мори дилбер бела Јованке, тебе дома не најдов. Јане ле море калешо, тебе дома не најдов. Тук' те најдов по комшии, мори дилбер бела Јованке, со твоите посестрими. Јагне ле мори калешо, со твоите посестрими. Ако ме љубиш, љуби ме, мори дилбер бела Јованке, ако не, право кажи ми. Јагне ле море калешо, ако не, право кажи ми. Ако не, право кажи ми, мори дилбер бела Јованке, да си го барам чарето. Јане море калешо, да не си губам времето. Дано ле Данче убава Дано ле Данче убава Дано ле стројна гиздава што си ми замислена што си ми натажена? Дали те некој навредил или те мајка искара, та твојте црни очи често се полни солзи? Ниту ме некој навредил ниту ме мајка искара, туку ме либето превари за друга сношти се армаса. |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дафина болна легнала
Дафина болна легнала над глава до три доктора болна е, болна преболна ќе умре млада Дафина. Мајко ле мила мајчице повикај ми го либето два збора да му прозборам до срце да го изгорам. Дури не мине година бела руба да не носи бела руба да не носи и друго либе да не проси. Дафинка платно белеше Дафинка платно белеше дилбер Дафинко на бели Дунав, Дунав, е. Силен је ветер повеје, в' кајче ле мило Дафинка ми је понесе. Мајка е ќерка бараше: - Ќерче ле мило каде си ќерко Дафино? Еве сум мајко в' темнина мајче ле мило не можам мајко д' излезам. Нозеве ми се врзани мајче ле мило со раки до три корења. Рацеве ми се сплеткани мајче ле мило од бесценети камења. Дафино вино црвено Дафино вино црвено момчето ти е заспало [2х] на каракамен планина [2х] на сува рида без вода. Ми поминале ајдути гунчето му го украле [2х] в меана му го продале. Вмеана му го продале за бела љута ракија [2х] за рујно вино црвено. Ако му го зеле гунчето нека ми е живо момчето. |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дафино црвен каранфил
Дафино моме мори црвен каранфил кога ти видов белото лице, црните очи црните очи, гајтанли веѓи, умрев за тебе. Дафино моме мори срце ми гори моме севда ме мори. Дафино моме мори црвен каранфил кога ти видов китка во коса, умрев за тебе китка во коса, црвен каранфил, умрев за тебе. Дафино моме мори срце ми гори моме севда ме мори. Од гледање бре лудо фајде си немаш мене ме мама лудо ветила уште малечка. [х2] Лудо ле лудо младо срце ми гори лудо севда ме мори. Лудо ле лудо младо бре, а бре будало не чекај лудо не губи време појди за мене. [х2] Лудо ле лудо младо срце ми гори лудо севда ме мори. Дафино моме мори срце ми гори Дафе севда ме мори. Двама се љубеа мамо Двама се љубеа мамо Двама се љубеа Двама се љубеа мамо време три години време три години мамо па и шест месеци. На момчето мајка беше на момчето мајка на момчето мајка беше голема душманка. [х2] Па не ми дадоа мамо па не ми дадоа па не ми дадоа мамо двајца да се земат. [х2] Момчето умрело мамо момчето умрело момчето умрело мамо в' сабота навечер, а момето умре мамо рано во недела. Дебарцо ти си борбена Дебарца солзи пророна за своите славни херои Сатеска жално пробучи цела со крв се обои. Дебарцо ти си борбена од Ботун се до Пресека. За тебе песни ти пеам во тебе мирно живеам во село славно Сливово братство единство изгради. Дебарцо ти си борбена од Ботун се до Пресека. Кога херои гинеа на твоите деца мислеа, дали ќе светне слобода во тебе мирно да живеат. Дебарцо ти си борбена од Ботун се до Пресека. Славеј Планина запеа партизански песни херојски сонцето кога изгрева пред него вие стоите. Дебарцо ти си борбена од Ботун се до Пресека. |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Девет години болен лежав
Девет години болен лежам в' рајски градини [2x] солзи ронев. [2x] С' превез девојче плаче над гроб и ми се смеит [2x] да сум бил роб. [2x] Не си достоен, ох ангел мој ко не си воен, не си достоен јунак во бој. [2x] Сама ќе дојдам, ох драги мој крст да ти сложам, венец да положам на гробот твој. [2x] Девет години (верно да љубиш) Љубев јас едно лудо младо, оно ми беше несвршено. Девет години на срце лежи, рана на срце ми остави. Многу је тешко верно да љубиш, верно да љубиш девет години. Многу је тешко верно да љубиш, тага в срцето ми остави. Нашата љубов не је верна, ниту пак беше права истина. Јас да те љубам, друг да те има, каде и што сум не се знајев јас. Многу је тешко верно да љубиш, верно да љубиш девет години. Многу је тешко верно да љубиш, тага в срцето ми оставаш. Ако јас умрам, ти се молам, ти да ми дојдиш на гробот мој. Солзи да рониш и да ме жалиш, стара љубов што си имавме. Многу је тешко верно да љубиш, верно да љубиш девет години. Многу је тешко верно да љубиш, тага в' срцето ми остана. Девојко лична румена Девојко лична румена кој ли те тебе милува? [х2] Само твојте очи бре лично моме со нежен поглед ме милуваат. Љуби ме, љуби ме бакнежи даруј ми, за љубов искрена две срца тагуваат. Девојко ти ѓаволеста ај да ми бидеш невеста? [х2] Море лично момче не чекај дојди само за тебе јас живеам. Љуби ме, љуби ме бакнежи даруј ми, за љубов искрена две срца тагуваат. Девојко тенка висока, остани моја до века. [х2] Твоја верна љубов јас земам момче и со тебе момче ќе живеам. Љуби ме, љуби ме бакнежи даруј ми, за љубов искрена две срца тагуваат. |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Девојко убава
О, девојко, девојко убава, убава запеј ми, запеј ми да чујам јас. О, девојко, девојко убава, убава заиграј, заиграј да видам јас. Ако сакаш да ти запејам треба да ме милуваш, ако сакаш да ти заиграм треба да ме бакнуваш. На, на, на, на... Девојченце љубиш ли ме мене Девојченце, девојченце љубиш ли ме мене девојченце љубиш ли ме мене? [x2] Јас те љубам, јас те љубам на сон те сонувам, јас те љубам, на сон те сонувам. [x2] Штом сонуваш, штом сонуваш на кого кажуваш, штом сонуваш на кого кажуваш? [x2] Јас кажувам, јас кажувам на мојата мајка, јас кажувам на мојата мајка. [x2] Ко кажуваш, ко кажуваш што ти мајка вели, ко кажуваш што ти мајка вели? [x2] Мајка вели, мајка вели заљуби го ќерко, мајка вели заљуби го ќерко. [x2] Дедо мили златни Дедо оди на пазар, коња јава без самар. Дедо мили, златни, бабина прва љубов, дедо мили, златни, бабиново момче. Баба јава на муле, дедо пуши со луле. Дедо мили, златни, бабина прва љубов, дедо мили, златни, бабиново момче. Дедо оди на бостано, баба праша са фустано. Дедо мили, златни, бабина прва љубов, дедо мили, златни, бабиново момче. Баба иде од нивата, дедо гледа во тавата Дедо мили, златни, бабина прва љубов, дедо мили, златни, бабиново момче. Дедо иде на ручок, баба пече цел кравчо. Дедо мили, златни, бабина прва љубов, дедо мили, златни, бабиново момче. |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дејгиди луди млади години
Дејгиди луди млади години [x2] летнавте како сиви галаби. [x2] Летнавте како сиви галаби [x2] паднавте во момините дворови. [x2] Паднавте во момините дворови [x2] преспавте во момините пазуви. [x2] Барем се ерген мамо нашетав [x2] низ таа влашка земја богата. [x2] Влашки моми мамо заљубив [x2] и кара влашки мамо невести. [x2] Ергенство, мила мамо пашал'к, [x2] моминство, мила мамо везилство. [x2] Делба делила Делба делила тај бела Рада, делба делила тај бела Рада, и ха. На сека мома по едно момче, на бела Рада црно Арапче, и ха, и ха. Па се чудила што да му прави па се чудила што да му прави, и ха. Па му купила три оки сапун, па го одвела Дебарски бањи, и ха, и ха. Дебарски бањи на топла вода, три дни го мила, два дни го трила, и ха. Па му претрила десното уво, десното уво, левото рамо, и ха, и ха. Па го качила на бела коња, па го качила на бела коња, и ха. Коњ се белее, он се црнее, коњ се белеје, он се црнеје, и ха, и ха. Детенце мало Детенце мало, с' погледот бистар, без грижи и без јадови. На тебе има насмевка блага, сè ти се чини весело. Весело мило мајкино чедо, само со песни заспиваш. Во себе имаш безгрижен живот, а ништо дете не разбираш. Младоста свети в' лицето твое, усните в' осмех ти играат. Уште си мало, невино мало, си гледаш мајка, го гледаш небото. А јаска слуга, измачен, беден в' планини, в' поле, ливаѓе. В' палати, в' сараи и кај чорбаџии, нем слуга на измамници. Прости ми, темницо, лажна и мрачна, во тебе гнијат херои. Тука болести страшни добиваат, сè млади јунаци, Македонци. |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дигни си моме очите
Дигни си моме очите да видам плакало ли си, да видам плакало ли си, плакало ли си или не? А зошто лудо да плачам свршија ли се ергени, свршија ли се ергени, како за тебе момите? Не се бре моме свршиле но нема други како тебе, но нема други како тебе, по срце и по табиет. До кога браќа мили Македонци до кога Грци ќе толчат со лажното верно духовенство милата наша родина. Зошто то Вие причина станавте преди петстотини години народната ни патријаршија со лаги ни ја презедовте. Каде се нашите писатели каде се нашите списанија се' е, се' е прав и пепел сторено од грчката егзархија. Станете сите браќа Македонци од сите македонски градови и да викнеме сите со глас голем бегајте Грци не Ве сакаме. Добро ми дошле сватовите Добро ми дошле сватовите [х2] кое добро ми носите? Ваша ќерка, ваша внука а на мене мила снаа. Ајде, ајде да се напиеме рујно вино лута ракија [х2] да сме среќни и весели до година на крштевка. Добро ми дошла невесто еј, дали жалиш за мајка ти, Добро ми дошла невесто еј, дали жалиш за татко ти, дали жалиш мило братче или мила сестра? Ајде, ајде да се напиеме рујно вино лута ракија [х2] да сме среќни и весели до година на крштевка. Ајде сите оро да заиграме лесно оро да се вие, силна песна да се пее в' срце радост да се слее. Ајде, ајде да се напиеме рујно вино лута ракија [х2] да сме среќни и весели до година на крштевка. |
|
Внеси реплика | страница <1 1415161718 30> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |