IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - МУЗИЧКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МУЗИЧКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2324252627 32>
Автор
Порака Обратен редослед
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2008 во 00:24
 
 
Светската музичка ѕвезда Брус Спрингстин најверојатно ќе настапи на наредното издание на новосадскиот фестивал „Егзит“. Иако организаторите се' уште официјално не потврдиле, покрај неговото име се спомнуваат и повеќе популарни изведувачи, кои во тој период се на летна турнеја во Европа. Меѓу нив се и легендарните „Лед цепелин“, „Кјур“, „Аеросмит“, Ерик Клептон, како и Џеф Бек и едни од најпопуларните групи „Колдплеј“ и „Рејдиохед“. Според најавите, по повод 10-годишниот јубилеј на најголемиот интернационален летен музички фестивал на ексју-просторите, кој ќе се одржи од 9 до 12 јули 2009 година, организаторите ќе донесат повеќе светски мегаѕвезди.

- Засега е рано да се зборува за имиња, но ние го следиме календарот на музичарите, односно гледаме кој е на турнеја во следната година и правиме планови како би можел да се вклопи во нашата програма. За жал, не можам директно да потврдам дека Спрингстин ќе биде меѓу изведувачите на следниот „Егзит“, зашто тоа би било кршење на деловната етика и нарушување на текот на преговорите со менаџментот, бидејќи е пракса имињата на учесниците да не се откриваат пред потпишувањето на договорот - вели неименуван извор за белградски „Прес“, кој не ги негирал информациите дека „Егзит“ преговара со менаџментот на „Шефот“.

Влезниците веќе се во продажба во Србија и во Хрватска, како и на веб-страницата www.gigstix.com. Во Македонија ќе се продаваат од наредната недела, а цената дополнително ќе биде утврдена.

Организаторот потврдува дека биле продадени 10.000 влезници за само неколку часа откако беа пуштени во продажба. Најевтините карти биле продадени за само 11 минути. Иако до фестивалот има уште осум месеци и се' уште официјално не е потврден ниеден изведувач, има огромен интерес од цела Европа. Публиката се потпира на позитивните искуства од претходните девет изданија, кога на неколкуте сцени на Петроварадинската тврдина можеа да се забавуваат на концертите на некои од најголемите музичари како Роберт Плант, „Бисти бојс“, Иги Поп, Били Ајдол, „Франц Фердинанд“ и други. 

Според резултатите на анкетата на организаторите на фестивалот во која ја прашаа публиката кого би сакале да видат на „Егзит 10“, најмногу гласови доби групата „Депеш мод“. Но, бендот ќе одржи концет два месеца порано во Белград, со што отпаѓаат од „игра“ за настап на Новосадскиот фестивал.
 
 
Кон врв
Eli Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Ноември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1968
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Eli Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2008 во 18:51


Калиопи, по хуманитарниот концерт во Загреб, вечерва пее на српскиот Радиски фестивал

Калиопи ќе настапи како специјален гостин на српскиот Радиски фестивал, кој ќе се одржи вечерва (недела, 7. декември) во Врњачка Бања.

На барање од организаторот, Калиопи ќе ја испее темата Љуби од новиот албум, која е голем хит на официјалните топ-листи во Србија. Исто така, Калиопи е и автор на текстовите на песните на Тамара Тодевска (Усне као крв) и на Ламбе Алабаковски (Кунем ти се), на музика и аранжман на Дарко Димитров, со кои тие ќе настапат во натпреварувачкиот дел од фестивалот.

Освен тоа, македонската поп-дива Калиопи со бурни аплаузи беше поздравена на хуманитарниот гала-концерт на тенорот Иво Гамулин - Џани, кој синоќа се одржа во престижната концертна дворана Ватрослав Лисински во Загреб. Во преполниот Лисински, Калиопи настапи како специјален гостин на првиот голем солиситички концерт на хрватскиот Андреа Бочели.

Во придружба на ревискиот оркестар на загребската филхармонија, Калиопи и Гамулин најпрво ја изведоа популарната дует-арија Con te partiro, со што предизвикаа бурни аплаузи во салата. Во вториот дел на концертот пак, Калиопи ја изведе легендарната Summer time од Порги и Бес на Гершвин. Со својата моќна и автентична соул-џез интерпретација на Summer time, Калиопи предизвика вистински овации кај публиката.

Освен Калиопи, на концертот настапија и Дорис Драговиќ, Радојка Шверко, Валентина Фијачко, Леонора Суриан и други. Концертот директно го пренесуваше Хрватската Радио Телевизија на својот сателитски програм...

Инаку, синоќешниот хиуманитарен концерт на Гамулин и пријателите, беше одржан со подршка на потпретседателката на Владата на Хрватска, Јадранка Косор, Министерството за здравство и социјални грижи и Градот Загреб, а сите средства собрани од концертот ќе бидат наменети за СОС Детското село во Хрватска.
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2008 во 01:20
 
Рок-гитаристот Џо Сатријани го тужи британскиот бенд „Колдплеј“ за плагијат на една од неговите песни. Според тужбата поднесена во судот во Лос Анџелес, популарниот гитарист обвинува дека песната Viva La Vida содржи „значителни оригинални делови“ од неговиот инструментален хит од 2004 година If I Could Fly. „Колдплеј“ чии песни често се споредуваат со оние на „У2“ во средата доби седум номинации за „Греми“, меѓу кои е и за најдобра песна за годината, токму за хитот Viva La Vida. Како автори на песната се наведени сите членови на групата, а името е инспирирано од дело на сликарката Фрида Кало.
 
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2008 во 01:55
 
 
 
 
Горан Танески и Горазд Чаповски, креативното јадро на групата Мизар, и по 25 години не престануваат со создавање музика. На истекот од годината кога култниот состав ја прославува 25-годишнината од своето постоење, тие повторно се во студио, каде што го финализираат својот нов материјал, кој, според нивните зборови, треба да биде уште едно ремек-дело.

Исто како и претходните четири албумски изданија, со кои остави значаен белег на македонската музичка сцена, но и на просторот на некогашната заедничка држава, и овој пат Мизар ќе се обиде да постави нови стандарди. Со новиот материјал групата нема да скршнува во некои други музички води, туку напротив, ќе се враќа кон своите корени, со звукот од раните осумдесетти години на минатиот век, кога ја почнува својата кариера.

“Тоа што моментално го подготвуваме ќе биде еден вид продолжение на нашата досегашна работа. За разлика од претходниот албум, со овој се навраќаме на стариот традиционален звук на Мизар од пред дваесетина години. Повторно го користиме византиско-црковното пеење, што беше наш заштитен знак, додека, пак, музичкиот дел ќе биде многу поагресивен и поентузијастички“ - објаснува гитаристот Горан Чаповски.

Засилување со црковен хор

Материјалот за новиот албум, кој ќе биде насловен “Детето и белото море“, речиси е комплетно снимен, а сега се прават финалните доработки. Тоа што е најинтересно е дека, покрај стандардната постава на групата, како вокално засилување е и црковниот хор Хармосин, во кој членуваат повеќе домашни хорски и црковни пејачи.

“Хорот Хармосин е најсоодветен за тоа што го правиме. Пеењето на момците одлично се вклопува во нашиот концепт. Едноставно тоа е хор што добро знае што ни треба нам“ - додава Чаповски.

Токму хорот ги дава потребната тежина и специфика на византискиот призвук, дополнет со моќните гитарско-ритмички делници. Секако тука повторно се и мрачните звуци што Мизар секогаш ги користи како подлога во своите песни.

Доколку се оди според планот, албумот ќе биде завршен до крајот на годинава, а како најава за неговото излегување, на 19. декември во Културно-информативниот центар во Скопје ќе биде промовиран и спотот за пилот-синглот Бело море. Спотот е во режија на Томи Алексов, човекот што долги години работи со Мизар и е потпишан како режисер на спотот за песната Ходен же, кој е снимен во средината на осумдесеттите години на минатиот век.

Прослава наредната година

По претставувањето на првиот видеозапис, мизаровци ќе се посветат на концертно промовирање на новото издание. Иако годинава тие прославуваат четврт век од оформувањето на групата, сепак, главниот славенички настан ќе се случи напролет, кога планираат да направат голем концерт во Скопје.

“Не е точно дека годинава ние како група не ја одбележавме 25-годишнината. Имавме повеќе настапи низ државава и надвор, а еве веќе го снимивме нашиот нов албум. Но ветуваме дека наредната година, ако даде Господ, некаде напролет, ќе направиме голем спектакуларен концерт, на кој ќе се појават сите музичари што некогаш биле дел од Мизар“ – вели Горазд Чаповски.

Се на се, новиот албум на Мизар ќе биде повод за многу нивни обожаватели, кои долги години чекаа, да ја чујат својата омилена група во изворна форма. Можеби ова нема да биде ново откровение, но затоа, пак, ќе биде ново продолжение.
 
 
 
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 02:55
За белградскиот концерт на Алис Купер беа продадени помалку од 800 влезници, па организаторите Лупа промоушн беа принудени да го откажат.

Концертот требаше да се одржи на 4-ти декември во Белградска Арена, но, и организаторите и менаџментот на оваа ексцентрична хеви-метал ѕвезда останаа затекнати од новонастанатата ситуација.

Во соопштението на Лупа промоушн се наведува дека се очекуваше поголем интерес, и дека воопшто не им е јасно како дојде до тоа Алис Купер да пукне во Белград, што беше изненадување и за неговиот менаџер.
 
 
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 01:28
 
Браќата Тавитјан го закажаа големиот промотивен концерт, на кој ќе присуствуваат голем број гости-музичари. Скопската публика ќе може да ужива во џез-звуците на Тавитјановци на 21 декември во Универзалната сала. Дики и Гаро велат дека ова ќе биде предновогодишен подарок за сите љубители на македонската музика.

- Сакавме на публиката да и подариме нешто специјално, па затоа решивме концертот да биде во времето на предновогодишната треска, кога луѓето се најрасположени за забава - рече Диран Тавитјан.

Како гостин на концертот ќе се појави реномираниот перкусионист Рани Крија, кој има соработувано со врвни имиња како Стинг, Херби Хенкок и Џо Завинул. Секака тука се и бугарскиот кавалџија Теодосиј Спасов и голем број македонски пејачи и музичари. На овој концерт триото ќе го промовира материјалот снимен во почетокот на оваа година во Њујорк, кој практично е нивен прв официјален студиски албум. Секако нема да бидат изоставени ниту темите од соло-албумите на Дики и Гаро.
Секој посетител на концертот ќе добие по еден примерок од нивните соло албуми.
 
 
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2008 во 16:01
 
 
Најпознатиот македонски пијано виртуоз Симон Трпчевски денеска ќе настапи во Лондон заедно со Лондонската филхармонија.

Концертот ќе биде диригиран од легендарниот пијанист и диригент Владимир Ашкенази со кој македонскиот пијанист веќе имаше заеднички концерт во Сан Франциско.

Трпчевски пред британската публика настапи и вчера и првпат го изведе третиот концерт на пијано од Рахманинов.

 
 
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2008 во 02:27
 
 
 
Robbie Williams пробал да се убие додека бил на дрога PDF Печати Е-пошта

Robbie Williams се почесто се појавува во медиумите не поради музиката туку поради неговото бизарно однесување.

По приказната за опседнатоста со вонземјаните, стигнува приказната дека сакал да се убие додека бил под дејство на дрога.

Пејачот призна дека  пред да се занимава со музика бил под дрога.Тој призна дека бил проблематичен адолесцент и дека еднаш пробал да се убие пред својата мајка.

Robbie по земањето на дрогата една вечер се вратил дома и помислил дека фудбалерите излегуваат од телевизорот.Одлучил да се избоди со нож.Среќа, мајка му излегла од собата  и го прашала што прави.„Ништо само да се избодам.Дали си за филџан чај?„-рекол Robbie.

Пејачот овааа приказна ја раскажал на неговиот блог.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2008 во 01:08
Постхумно објавено новото CD на Дино Дворник
 
Како што беше најавено, на 29-тi ноември е објавен новиот албум на Дино Дворник. CD-то “Пандорина кутија“, албум кој Дино не успеа да го реализира пред своето заминување од овој свет, во популарниот загребски Saloon го промовираше неговата сопруга Данијела, ќерката Ела, Алка Вуица, Тони Цетински, бендот Song Killers, кој го придружуваше на концертите... Атмосферата беше свечена и тажна...

“Ова е исклучително тежок ден, среќен и тажен. Да беше Дино жив денес ќе ми кажеше да не дрдорам многу, па ќе бидам куса“ – кажа Данијела Дворник.
Јас плачев на Божиќната песна, со која на сите ни посака Среќен Божик и Нова Година – изјави Алка Вуица, која потцрта дека Дино беше генијален, искрен, духовит, откачен, и над се голем човек.

На албумот Пандорина кутија, во издание на Dancing Bear се наоѓаат осум нови песни, а одлична критика за материјалот веќе се најде на web-порталот Muzika.hr
 
Кон врв
Tony Clifton Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 292
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tony Clifton Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2008 во 18:50
nov singl i spot na Prodigy-invaders must die    http://www.youtube.com/watch?v=EiqFcc_l_Kk
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2008 во 01:30
prodigy.jpeg
 
 
 
 
Наредната година, на 2 март, Prodigy ќе го издадат својот петти по ред студиски албум насловен „Invaders Must Die!“. Овој албум ќе биде и потсетување за сите љубители на клупската музика дека на сцена повторно доаѓа групата која во деведесетите ги издаде хитовите „Smack My Bitch Up“, „Everybody In The Place“, „Firestarter“, „Outerspace“... Prodigy и' дадоа сосема нов лик на денс - сцената, внесувајќи панк и рок елементи. После 11 години за овој албум групата е во полн состав: Лиам Хоулет, Кит Флинт и Максим.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2008 во 01:47

Нови правила за домашниот Евросонг

Македонскиот евровизиски претставник в година ќе се избира на фестивалот Скопје 2009, што за прв пат ќе има две полуфинални вечери. Кој ќе ги брани боите на нашата земја во Москва ќе се дознае по 19, 20 и 21 февруари, датумите кога во Универзална сала ќе се одржи манифестацијата. Последниот од нив е резервиран за големото финале. На Скопје 2009 ќе бидат изведени 32 композиции. На првото и на второто полуфинале ќе бидат отпеани по 16 нумери, а само осум од нив ќе влезат во финалето. За финалистите и за победникот подеднакво ќе решат гласовите од жири-комисијата и од телевоутингот.

- “Со ваквиот начин на избор сакаме да им дадеме можност на повеќе автори и пејачи. Сметаме дека ќе се избегнат фаворизирањата, а изборот ќе биде максимално транспарентен. Овој систем го применува и Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која воведе две полуфинални вечери и едно финале и на Изборот за песна на Евровизија“ - изјави Гордана Андрашевска, новата шефица на македонската евровизиска делегација.

Учесниците на фестивалот ќе пеат на матрица. Конк*рсот за фестивалот Скопје 2009 започна на 26 ноември и ќе трае до 25 декември. Уметнички директор на Скопје 2009 е Љупчо Мирковски, кој оваа функција ја извршуваше и на годинашниот Детски евросонг. Во евровизискиот тим се и продуцентот Гоце Саздановски и музичкиот уредник Мери Попова. Победничката композиција ќе ја претставува Република Македонија на 54. издание на Изборот за песна на Евровизија, што ќе се одржи на 12, 14 и 16 мај следната година во Москва, Русија.

Кон врв
DarlinG Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*Lara*Croft*

Регистриран: 09.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1621
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DarlinG Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2008 во 01:24
Животот на најпродаваната музичарка во американската историја наскоро би можел да заживее на даските во Бродвеј. Освен нејзиниот успех ќе биде прикажан и нејзиниот нерверн удар односно горчливиот развод со Томи Мотола. Се шушка дека за мјузиклот за Мараја Кери е загреана некоја моќна фаца од Бродвеј, а се зборува дека пејачката нема да биде луда и да ја пропушти оваа историска понуда. А има и што да се види. Нејзините родители се развеле кога Кери имала само три години, а таа останала да живее со нејзината мајка која е оперска пејачка. Мараја тргнала по мајчиниот пат, но сепак со малку помодерна музика, односно на свои 20 години преку ноќ станала позната. Пропастот на филмот All That Glitters и албумот Glitter резултирал со нервен удар. А ништо полесен не бил ни разводот од Томи Мотола, шефот на Сони Саунд. Она што е сигурно е дека на овој мјузикл нема да му недостасува спектакл. Сепак се работи за жена која е позната по своите ѓаволско тешки барања и услови.

Изменето од DarlinG - 27.Ноември.2008 во 01:24
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2008 во 20:42
  
 
Секси Hilary Duff PDF Печати Е-пошта

 Новиот спот на Хилари Даф  во Америка е забранет  зошто бил многу провокативен.

Спотот е за новиот сингл Reach Out и содржи екплицитни детали и елементи па затоа забрането е прикажувањето.

 

Хилари Даф издаде три албуми, Metamorphosis, Hilary Duff и Dignity, а проба  да биде и  глумица.Може да ја видите и во актуелниот филм „War Inc„ каде што глуми со србинот Сергеј Трифуновиќ како нејзино момче.

 



Изменето од blashka - 25.Ноември.2008 во 20:46
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2324252627 32>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.